|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Опседнатост на детето со лик од цртаните
23.11.2013 13:04:57   
Snowhite RR
Вчера бевме на роденден и детево буквално е опседната по Cars, колите на Меквин, абе дома еден куп количина има и се во знакот на Cars, од играчки, чаши, шишиња, алишта и не дава да му допреш некое количе или пак да го фрлиш, ауу тешко тебеuser posted image
Михаил досега не се опседнал ептен со некој лик, на периоди менува, еден период беше Мики маус, па Спајдермен, сега претежно Пинк пантер гледа, ама не се опседнува нешто ептен да гледа и да сака само во тој стил да му се купува нешто

Дали вашите деца се опседнати со некој лик од цртаните филмови?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
23.11.2013 15:07:17   
Mihaela 2010
Leleee a Mihaela pa e opsednata so Tom i Jeri i ova trae i trae vekje povekje od edna godina...abe sekoj den mora ona da izgleda crtani so niv,pa mi bara nekoi plisani igracki,rodendenot ni bese so torta so tom i jeri,i sega sakala od dedo mraz nesto so tom i jeri da i donese,pa sega ke trcam po prodavnici da najdam nesto,mada osven plisani nemam drugo nisto videno..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
23.11.2013 15:56:17   
Felly RR
М пак е опседната со принцези. Не до толку, ама сепак - сака да и раскажувам приказни со принцези, тортата за роденден сега да биде со принцези, сакала блуза со принцези, боенка за во градника купивме со принцези, на youtube нон стоп ја гледа принцезата Софија.
Еве ОВАА и е омилена песна.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
23.11.2013 16:17:53   
Палешка РР
Миа е опседната со Маша user posted image
Не би го нарекла тоа опседнатост, туку имитирање....сите глупости Маша што ги прави, тоа пискањето, смеењето..се исто прави.
И плус го тера брат и Медвед да биди user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
23.11.2013 23:34:34   
zzaa
Ева е опседната со сунгерот Бобuser posted image , има 4 перници со Боб, чаша со Боб, таа и е омилена и само од неа пие вода ако и дадам друга чаша одма се лути и го бара Боб , неколку лепенки за на врата со Боб, топка со Боб, и кај и да идеме ако го види сунгерот боб збеснува да и се купи.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
23.11.2013 23:35:49   
elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
И плус го тера брат и Медвед да биди user posted image user posted image

user posted image Миа е закон.user posted image
Кај нас е актуелен Бумба моментално, не знае уште за да бара и други работи со тој лик ама не дај Боже да помислиш друг цртан да и пуштиш за промена.user posted image Не гледа само ако е надвор, дури е дома по сто пати во ден.


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
24.11.2013 11:15:46   
AnnaMolly RR
Филип со недели е опседнат со Спортакус од „Мрзливиот град“. ЦЕЛО време додека е дома на компјутер си пушта Мрзливиот град и само скока и го имитира Спортакус. Вчера со разете се држи за подот, а нозете ги кренал на ѕид, скоро стој на раце направи. Скока, прави склекови... ОБАВЕЗНО дома шета со капа и очила како Спортакус, од фотелја скока директно на страницата на троседот и се закачува како пајак за неа... Еден ден ми е страв да не се повреди од толку скокање :)

До сега не бил вака опседнат со некој лик.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
24.11.2013 11:25:34   
Палешка РР
И Миа едно време со Спортакус беше опседната, ако е девојче. Таа од биро скокаше на под и на маса се качуваше, сакаше лустерот да го дофати да се нишала на него user posted image
Избегнував да и го пуштам Мрзливиот град оти многу луди идеи имаше user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
24.11.2013 14:46:34   
vezilka RR
Темава е како за нас. Никола е опседнат со цртнатиот Ninjago. Тој е Кол, а нам ни се ообраќа со имињата на другите нинџи. Цел ден само тоа зборува и игра, ако не гледа на комјутер. Друго не игра. Се му се мечеви, нончаки и ѕвездици. Става на главата капа преку очи ко божем му е маската. Детево сериозно е опседнато со нинџиве. Немаме чаши и такви реквизити со нинџи, но само затоа што не сме сретнаале. Верувам дека ако наидеме на такво нешто во продавница, било што, дека нема да можеме да излеземе без тоа. Фазава му трае месец, два мислам. Јас се надевам дека скоро ќе му помине оти преку глава ми е од мечување.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
24.11.2013 18:48:06   
Snowhite RR
Па и тебе те чекав на оваа темаuser posted image

Инаку М и со Дора е опседант моментално само ме тера на прва да сум пуштела да не почнел Дора. А вчера пред спиење се спремаме, облекуваме пижами и вика ајде да го исклучиме ТВ и ни вели ајде сега тројцата кажете Да го исклучиме телевизорот, Успеавмеuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
10.12.2013 13:38:27   
vezilka RR
Еве до каде иде опседнатоста на детево мое со нинџиве. Пред некој ден ми вика мамо јас те сакам до нинџите, тооолку многу. Леле што ќе се прави. И проблемот зошто сака бебето да биде машко е за да може со него да си игра нинџи. Според него женски не играат нинџи, бидејќи во цртаниот има само еден женски лик кој е малку запоставен.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
6.2.2014 17:35:09   
princessa
N e opsednata so miki i mini maus i kuceto pluto. Sekoj den mora da izgleda crtan film so niv, pa imame cela kolekcija od igracki so nivniot lik, pa casi, cinii, garderoba...Dobro sto gi saka niv a ne so Hello Kitty, zasto uzasno me nervira taa mackauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 8:11:14   
mommy_angels RR
А моја Маша ? user posted image
Не ми е јасно како не и досадува.Ајде тоа,ама почна да имитира што прави Маша user posted image .ММ почна да се плаши,вика ако стане како ова детето од цртанов тешко нас user posted image user posted image user posted image
Кога ќе подразмислам малце па и не е толку смешно,некои од бељите на Маша не се баш безопасни user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 8:46:29   
princessa
user posted image user posted image user posted image
Toa im e samo faza , ke im projde. Kojznae pak posle so sto ke se zanimavaat. Masha e simpaticna, nekogas i nie ja gledameuser posted image

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 8:48:37   
vezilka RR
Нашата опседнатост со нинџите малку стивна..добро е. Сега сме фокусирани на Бен 10 и на нашата нова љубов Гормитите. Боже, боже, од убаво, поубаво. Добрата работа е тоа што во некои прилики Бен 10 носи лилакови панталони и успеавме да го разбиеме стереотипот дека розевата и лилаковата боја биле за женски, па повторно пиеме од розеви чашки без викотници.

А за опасноста од повторување и имитирање на финтите од цртаните, тоа мислам дека од било кој цртан, дури и од оној кои изгледа најнаивен, таа постои.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 12:29:30   
AnnaMolly RR
Најнова опсесија му се Том и Џери. Тој е Џери и цело време сака така да му се обраќаме, не со Филип туку со Џери. Вчера дури и ми рече да сум му ископала дупче во ѕидот за таму да си живее :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 12:37:21   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Најнова опсесија му се Том и Џери. Тој е Џери и цело време сака така да му се обраќаме, не со Филип туку со Џери. Вчера дури и ми рече да сум му ископала дупче во ѕидот за таму да си живее :)


user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Ете до каде иде опасноста од опседнатоста со цртаниве.Да и нам Никола ни вика да му се обраќаме со името на лиот кој гоодбрал а нам ни се обраќа со имињата од другите ликови во цртаниот, хехе, дури и на јавно место. Еднаш кога бевме кај педијатерот, и чекаме во собата на сестрата со уште неколку луѓе, а тој си игра таму нешто со играчките, и се врти ме вика, Џеј, Џеј, дојди да ми помогнеш, оваа змијата ме нападна. user posted image user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 15:38:10   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


Еднаш кога бевме кај педијатерот, и чекаме во собата на сестрата со уште неколку луѓе, а тој си игра таму нешто со играчките, и се врти ме вика, Џеј, Џеј, дојди да ми помогнеш, оваа змијата ме нападна. user posted image user posted image

Леле Везилке ме изнасмеа. user posted image Ние не сме до толку опседнати, одамна не ми побарала да играме принц и принцеза. Инаку глумевме порано сцени од приказните. Па ми дава цвеќиња, и демек јас одам кај принцезава. Па танцуваме заедно. Смешки. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
7.2.2014 16:08:26   
Defne90 RR
Ha ha ha bogami koga ke se zanesat decata vo crtanite znaat da bisat epten interesni.Nie edno vreme bevme opsednati so sportakus,postojano ripase i skokase niz doma,demek toj bil sportakus.Posle mu pomina toa pa pocna da se zamisluva deka e bananamen pa duri pocna banani da jade.Sega malku ni popomina i nam opsednatosta,taka sega samo e opsednat so toa pepa prase obavezno da se izgleda pred spienje.Ponekogas znae da gi imitira tie prasinjata kako si igraat ama poretko

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
8.2.2014 0:26:48   
mama_06
Дора ми е ноќна мора! И тортата за роденден беше со Дора и Диего. А ако ме прашате која сум, големи се шансите да ви одговрам: ,Јас сум мапа,јас сум мапа, јас сум мапа``

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
8.4.2014 10:37:08   
vanessa30
NIE Sme vo znakot na NJINGA NJINGA NII (prevod -Lightning McQueen( cars)

(Одговор на членот mama_06)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
10.4.2014 8:56:32   
vezilka RR
Лелеее ние имаме нова опсесија, Супермен. По цел ден облака и соблака дуксерот, демек од Кларк Кент се претвора во Супермен. Сега репликите од мрморењата во сон му се однесуваат на Луис Лејн, демек ја спасува. И нормално, сега мене ми се обраќа со Луис Лејн. user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Опседнатост на детето со лик од цртаните
11.4.2014 8:59:22   
Mihaela 2010
A nie periodov sme preokupirani so Ubavicata i zverot,ama bukvalno samo za toa se zbori,se raskazuva ,se gleda na dvd,duri i tortata ke ni bide so Ubavicata i zverotuser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?