|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во прилепс...
26.6.2014 10:07:48   
Ki4iko
Со оглед на сериозноста во овој момент ,сметам дека е потребно да се подискутира на оваа тема, ајде трудници од Прилеп и околината кажете како и каде да се породуваме ние кои 9 месеци во себе носиме нов живот и со целото срце посакуваме лесно породување, каде да го оствариме тоа кога во прилепската болница ситуацијата е загрижувачка сметајќи дека во одделот има само 2 доктори, каде ќе се оди,Битола ли? И што ќе биде со нас? Мора да ја развиеме свеста помеѓу нас,не смееме да дозволиме да се заташка овој проблем ,кој очигледно стои во позадина веќе 1 месец,битолските доктори не се исплатени и не сакаат да вршат служба во болницата , а што со нас?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
26.6.2014 10:09:53   
Ki4iko
И не само тоа, ке може ли некоја членка што се породила во овој период да не запознае со ситуацијата во одделот?

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
26.6.2014 13:58:24   
Melanija RR
ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА БЕЗ ГИНЕКОЛОГИЈА

Прилеп - Дали гинеколошкото одделение од прилепската болница „Борка Талески“ ќе стане амбуланта или ќе го врати реномето што го имаше пред неколку децении, ќе одлучи Министерството за здравство. Бидејќи во овој оддел од вработените четири доктори, сега активно работат само двајца, еден ќе се пензионира наскоро, а еден доктор, не кријат ниту колегите, ниту раководството на болницата, целосно не ги извршува обврските. За овој кадровски проблем не може да се бара алиби, зашто е очигледно дека не е решен навреме. Бидејќи за специјализација на еден гинеколог се потребни 5 години, ако само пред 5 години се согледале последиците од кадровскиот недостиг и се интервенирало, денес немаше и болницата и граѓаните да се соочат со овој голем проблем. Одговорноста од квалитетно пружената здравствена заштита во гинеколошкото одделение е поголема во однос на сите други болнички оддели. Бидејќи овде, во прашање се два живота, на родилката и на бебето.

Од прилепската болница потврдуваат дека тројца гинеколози од Битола дежураат и дека во моментов нема проблем на гинеколошкото одделение. Но, сепак, останува прашањето како натаму ќе се решава овој изразен кадровски проблем.

Извор:утрински.мк

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
26.6.2014 14:03:10   
Melanija RR
Неверојатноuser posted image за се се има пари ,има и за реклами за зголемување на наталитет но нема за услови и доктори по болници.Срамота два живота се во прашање user posted image

До кога и кога жените пред да забременат, во бременост и родилки се доведени во ситуација со сво средства да се борат, до кога жените со мака ќе се борат за своите права, за своите деца.... до кога !!!

Се додека ова едноумие не престане и жените ќе може да крене глас за себе и за своите идни и сегашни чеда

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
26.6.2014 14:33:43   
sonc90
znaci imam rodnini od na mm stranata u PP i samo ke kazam deka gi zalam tie sto imaat potreba da vlezat vo Prilepskata Bolnica zaso taa bolnica e cela haos ne samo Ginekologija(eve go nasiot slucaj-se dogovarame 2013 god. da ja docekame tamu,vo megju vreme vnukot na mm koj togas imase 1 godinka se razbole,vecerta za N.Godina deteto kreva 39 temp. i odma zapalivme kolata go odnesovme u bolnica...1.edvaj najdovme personal,2.naogjame 1 sestra i jatrva mi i kazuva sto e rabota i ovaa na toa i vrakja: i so da mu praam jas?gleas oti nema doktor! 3.dever mi pocnuva sve zivo i divo da pcue a dole gradonacalnikot na PP so (najverojatno) direktorot na bolnicata cestitaat prvo dete u godinata i slusaat sto se slucuva i dvajcata ne mavaat recka) Sto e poentata na prikaznava?-I benzinskite stanici rabotat za N.Godina pa ne gi molis benzin da ti natocat a ne pa doktori od koi zivotot ti zavisi a niv nigde gi nema baska sto koga moze gradonacalnikot toa da go slusa i da go ignorira sto ima da zborime ponatamu?znaci oni site znaat kakva e situacijata i bas gi boli ku*ac...epa kako zdrastvoto ke ni bide podobro koga vakvi raboti se slucuvaat,Boze mili u 21 vek nie sme tolku unazadeni...lugjeto vselenata ja prosetaa a u MK uste problemot so zdrastvoto ne e resen

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
27.6.2014 10:42:34   
Ki4iko
Сега не само што сум лута и бесна, туку и презагрижена, па дали може да се вложува во центарот на градот за глупави манифестации,како што и битолскиот доктор Чапраговски рече ,имаат пари да ја платат Цеца 60 000 евра, а докторите нема кој да ги исплати. Што да правиме ние, трудниците кога ќе ни дојде терминот, сите да се шетаме до Битола???? А што ако некој нема можност или ситуацијата е во итност??? Јас ова не го разбирам ,до каде ќе оди овој случај,тажно и срамно за нашиот град и нашата земја.Презагрижена сум...

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
27.6.2014 11:12:50   
deluxe
Ova e vtor pat kade sto trudnicite se isprakaat vo Bitolskata bolnica.I jas sum od Prilep, se sekavam edna godina pred da zabremenam (2010 ili2011) bese istiot problem,navodno,nehigienata vo oddelenieto I negova rekonstrukcija.Potoa se vrati vo funkcija. No spored mene ginekoloskoto oddelenie od Prilep go bie los glas ili vodat propaganda protiv nego,doktorite koi sto nekogas rabotea tamu,a sega rabotat na privatno.Taka bese I slucajot so mojata maticna,koja po nikoja cena me mi davase upat za da se porodam vo Prilepskata bolnica, tuku uporno nastojuvase da odam vo BT,odnosno vo Plodnostuser posted image Jas na svoja raka,bez upat si se porodiv vo Prilep, i vidov deka od seto toa sto mi go trubese maticnata, nemalo vrska (demek nehigiena,malku personal I bla bla)
Naprotiv bev prezadovolna od tretmanotuser posted image
Spored mene nekoj mati nekoja politika.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
27.6.2014 12:18:14   
Палешка РР
Факт е дека гинеколози во прилепската болница нема. Кај нема, па и да не бидат исплатени тие што доаѓаат од Битола е тотално неодговорно. Плус, двајца гинеколози се во редовен работен однос од кои едниот е пред пензија, а другиот има лоша репутација. И што да прават приватните гинеколози освен да праќаат во Битола или Скопје? Мислам дека не е политика туку реална алармантна состојба.
И јас сум од Прилеп и можам да кажам дека проблемот постои со години.
А на една трудница кога ќе и се каже да оди во друга болница, тогаш таа ќе направи се и сите од семејството ќе смогнат сили и ќе платат породување на приватно, со цел да не биде загрозено здравјето на мајката и детето.
Повикувам како граѓанин на Прилеп оваа ситуација во Гинеколошкото одделение да биде под итно ставена на дневен ред.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
27.6.2014 14:26:53   
deluxe
Paleska vo nasata bolnica osven tie dvajca sto GI kazuvaat doktori so losa reputacija ima trojca novi specijalisti koi veke rabotat tamuy,edniot od niv me porodi a drugiot e nacalnik na oddelenie.Znaci ne e samo toa problemot personalot veke se ispolnuva. Jas imam mnogu dobro iskustvo so novite doktori(Prilepcani).Moram da napomenam,koga se poragav na smena bea doktorot koj me porodi(prilepcanec,togasen specijalizant I dokt. Od Bitola)Dodeka nasiot doktor ne se trgna ni minutia od mene,procueniot bitolski dokt. na TV si gledase. turski serii, so maksimum pusten glasot na televizorotuser posted image Pa sega precenete ja strucnosta i profesionalnosta...

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 27.6.2014 14:37:00 >

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
28.6.2014 18:17:15   
Ki4iko
Deluxe RR како да не живееме во истиот град user posted image .И јас прв пат се породив во 2010 година 3 недели пред да ја затворат болницата заради нехигена,и тоа каква нехигиена, дали влеговте во вецето,каде ви клаваа клизма? дали имавте нон стоп топла вода во собата? Ве молам, ни тогаш и ни сега не е подобро, пред 6 месеци се породи моја роднина која беше презадоволна од битолските лекари што ја породија тогаш,зарем вие се тешите со специјализантите ,3ца колку што се засега, ццц не ми се верува, ситуацијата е повеќе од алармантна,не ни сакам да помислам со што се се задоволувате како граѓани на една современа земја....

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
28.6.2014 18:23:40   
Ki4iko

ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Ova e vtor pat kade sto trudnicite se isprakaat vo Bitolskata bolnica.I jas sum od Prilep, se sekavam edna godina pred da zabremenam (2010 ili2011) bese istiot problem,navodno,nehigienata vo oddelenieto I negova rekonstrukcija.Potoa se vrati vo funkcija. No spored mene ginekoloskoto oddelenie od Prilep go bie los glas ili vodat propaganda protiv nego,doktorite koi sto nekogas rabotea tamu,a sega rabotat na privatno.Taka bese I slucajot so mojata maticna,koja po nikoja cena me mi davase upat za da se porodam vo Prilepskata bolnica, tuku uporno nastojuvase da odam vo BT,odnosno vo Plodnostuser posted image Jas na svoja raka,bez upat si se porodiv vo Prilep, i vidov deka od seto toa sto mi go trubese maticnata, nemalo vrska (demek nehigiena,malku personal I bla bla)
Naprotiv bev prezadovolna od tretmanotuser posted image
Spored mene nekoj mati nekoja politika.

Уште еднаш да се разбериме,и ајс се пораѓав во истата болница и бев презадоволна од третманот тогаш во 2010,ама вие велите НАВОДНО немало хигиена , цела јавност виде во какви тоалети одат родилките и пред да се породат, и дека гинеколошкото одделение го бие лош глас user posted image user posted image user posted image ,зошто така мислите,сигурно има причина нели , најодговорно тврдам дека прилепското гинеколошко одделение ги има најлошите услови за породување во Македонија, и сега уште ова фалеше,да се шетаме до Битола, исто како да сме од село, големо НЕ за оваа ситуација!!!!!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
28.6.2014 20:47:51   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Ki4iko Јас не ја опишувам нашата болница како хотел со 5 звездички,убаво ги паметам вецињата каде што ставаат клизмаuser posted image Но јас сакам да кажам дека не сме до толку зависни од Битолчани како што се кажува,дека нема ниту еден доктор како што се кажува...Навистина двајцата доктори кои се спомнуваат се пропала инвестиција,тие дури не ни работат таму,формално стојат.Додека јас како што кажав сум ДА !! презадоволна од специјализантите кои веќе се Доктори специјалисти,и се професионалци во својата работа.Тие се голема надеж за гинеколошкото одделение.Тука траба да се затресе министерството за здравство,да се вложи во условите во одделението и во обука на нови доктори,за да не се најдеме повторно во ваква ситуација.Сепак ке напоменам дека тука се мати некоја политикаuser posted image Мислам дека се разбравме со овој пост и двете пишуваме за исти работи но на различен начинuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
28.6.2014 21:18:35   
deluxe
За овој кадровски проблем не може да се бара алиби, зашто е очигледно дека не е решен навреме.

Значи како што стои во изворот кој ни е прикажан во оваа дискусија ,станува збор за кадровски проблем ,јас се задржав на оваа проблематика а попатно се продискутира за нехигиената.Може да се каже дека е лоша,но во споредба со 2005г.кога се породив со првото дете,можам да кажам дека сега е супер.Тогаш немаше ниту ред,ниту хигиена.Собите на родилките беа како хорор филм.Секој влегуваше во соба на посета во секое време,баш како на панаѓур,еден дојди,друг заминиuser posted image user posted image Сега барем има некој ред и хигиена,поради што во 2010 г.мораше да се затвори .Затоа јас правам споредба од тогаш(2005) и сега (2012 кога се породив со второто).и затоа мојата проценка беше дека не е лоша хигиенатаuser posted image Имало и бетар.....user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
30.6.2014 11:29:30   
Ki4iko
Само да си се повикуваме на Господ и на помош, оти не гледам друго во оваа ситуација, се работи за 2 животи од секоја личност и кога може олку несериозно да се постапува во " професионален оддел" , изгледа ќе треба да се шетаме до Битола.... Кој како можи и дали можи.....

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
30.6.2014 14:09:22   
deluxe
Тоа е ,тоа...user posted image Останува само да се молиме на Бога да се средат побргу работите,инаку навистина е ризик за трудница со болки да патува 45км....Но вчера низ муабет со една пријателка,слушнав дека на докторите им исплатиле,и тие веќе се вратиле да работат тукаuser posted image Дали е тоа точно или дезинформација не знам,но дајБоже да е точно.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
17.7.2014 20:30:11   
lina8
dali nekoj go znae doktorot jove ivanov sto raboti vo prilepskata bolnica? kakvo mislenje imate za nego?

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
26.7.2014 12:27:53   
Ki4iko
Деновиве дознав дека битолските доктори се на своите работни места,платите му ги ветиле user posted image и успешно продолжува приказната во прилепската болница, е сега да веруваме дека приказнава и понатаму ќе биде успешна, со среќа на сите трудници од Прилеп и прилепско user posted image

(Одговор на членот lina8)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
13.11.2014 11:52:08   
Ki4iko
темата е пак иста, битолските доктори не иделе повеќе во прилепската болница.Дали може некоја членка што се породила сега брзо да каже за условите,кои лекари се во моментот,или да си го фаќаме патот за Битола на време?user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
4.3.2015 21:42:46   
Melanija RR
Скандал во Прилеп: Жена обвинува дека бебето ѝ починало од нестручно породување

Дваесет и осум годишната Мери Стојаноска отишла да се породи во болницата во Прилеп, а од таму заминала со тешки комликации и бебе кое починало по четири дена на Клиниката за детски болести. Стојаноска обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп и бара одговор од надлежните од што почина нејзиното новороденче.

Оваа млада жена за НОВА раскажува дека имала нормална бременост која редовно ја следел матичниот гинеколог. Поради изминување на терминот на 13 јануари матичниот гинеколог ја упатил на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но таму не ја примиле со образложение дека се уште е рано за породување.
========== ==================

На Гугл копирајте го насловот и ќе ја најдете целата статија од денешен ден user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Ситуацијата во гинеколошкиот оддел во при...
5.3.2015 22:39:39   
Палешка РР
Зарем требаат жртви за да се промени некој закон?!
Верувам дека детето ќе било живо ако жената била породена навреме, па макар и со царски рез. А не да ја остават две недели и повеќе по термин непородена.
Ах Македонијо, Африка не ти е рамна!

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?