|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кегелови вежби
6.11.2009 20:04:37   
ripce
ПОТЕКЛО НА КЕГЕЛОВИТЕ ВЕЖБИ

Кегеловите вежби го добиле своето име по нивниот пронаоѓач, гинекологот Д-р Арнолд Кегел. Д-р Кегел уште во 1940 г. ги препорачувал овие вежби на жени кои имале проблем со неконтролираното испуштање на урина, што често се случува во бременоста или после породувањето, но исто така и во повозрасните години. Тоа не значи дека кегеловите вежби не се полезни и за мажите. Полезноста на кегеловите вежби е таква, што би било многу добро да бидат вклучени не само во бременоста, туку и понатаму во текот на целиот живот.

ДЕЈСТВО НА КЕГЕЛОВИТЕ ВЕЖБИ

Кегел вежбите помагаат да се зајакнат мускулите во малата карлица. Со тоа помагаат во зајакнувањето на мускулите на: бешиката, ректумот, матката, вагиналните мускули и уретрата.
  • За време на бременоста, заради притисокот кој го прави матката врз бешиката, честа е појавата на неконтролирано испуштање на мала количина урина. Со овие вежби тоа ќе се намали или ќе се спречи.
  • Кегел вежбите помагаат и да се зацврснат мускулите кои учествуваат во текот на породувањето. На жените кои ги практикуваат, тоа им овозможува полесно породување.
  • Ако научите како да ги стегате овие мускули, во текот на породувањето кога ќе треба да ги опуштите мускулите, тоа ќе Ви биде многу полесно.
  • Посилните мускули во малата карлица овозможуваат матката и другите органи побрзо да си дојдат на свое место после породувањето.
  • Хемороидите се честа појава во текот на бременоста или после породувањето. Со кегел вежбите се постигнува зголемена циркулација на крв во ректумот. Тоа ги намалува шансите за добивање на хемороиди.
  • Зараснувањето на раната од епизотомијата и породувањето е побрза кај жени, кои ги практикуваат овие вежби.
  • Со Кегел вежбите се намалуваат шансите за распукување во текот на породувањето.
  • Со јакнење на мускулите во малата карлица се постигнува и поголемо сексуално задоволство.
  • Полезни се и за воспоставување на поголема контрола врз мокрењето во покасните години.
КАКО ДА ГИ ПРАКТИКУВАТЕ

Се работи за истите мускули, кои Ви овозможуваат контрола врз мокрењето. Кога мокрите и ги стегнете овие мускули, млазот на урина треба да запре. За да бидете сигурни дека сте ги пронашле вистинските мускули, пробајте да ги стегнете за време на мокрењето. Доколку без проблем можете да го контролираре млазот урина, Вашите мускули се во одлична форма. Ако пак не се баш во толку добра форма, не се грижете. По неколку недели вежбање ќе станат. Внимавајте кога вежбате да не ги стегате околните мускули, ниту пак да го задржувате здивот. Треба да работат само мускулите во малата карлица. На почетокот можеби ќе Ви изгледа тешко, но за кратко време ќе ја совладате вештината. Почнете со вежбите на следниот начин:
  • Стегнете ги мускулите на малата карлица (исто како да го задржувате млазот урина) неколку секунди, потоа олабавете ги неколку секунди.
  • Повторете го истото 10-20 пати, неколку пати во текот на денот.
  • За време на вежбањето дишете нормално.
  • Не ги стегајте мускулите на: задникот, бутините, стомакот ит.н.
  • Кога ќе Ви зајакнат муслулите, ќе можете да го продолжите времето на стегање на истите до десетина секунди, како што ќе можете да го зголемите и нивниот број во една серија.
  • Почнете полека, постепено ќе ги усовршите.
  • Направете ги редовна рутина во текот на бременоста.
Добрата страна на овие вежби е што се исклучително полезни, како во текот на бременоста, така и во целиот живот. Освен тоа можете да ги практикувате на било кое место: додека се возите во автобус, додека чекате во ред во продавница, додека гледате телевизија, додека шетате ит.н. За да не ги заборавате ,можете да си направите рутина која ќе Ве потсетува на нив. Нпр можете да направите по една серија кога ќе седнете да ја гледате омилената серија, кога ќе си ја проверувате поштата, пред да си легнете, односно пред било која активност, што ќе Ве потсетува на нив.

< Поракaта ја уредил anica -- 6.11.2009 20:05:08 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кегелови вежби
7.11.2009 18:31:36   
Еца
Во контекст на темата имаме дискутирано  КЛИКНИ ТУКА

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кегелови вежби
7.11.2009 19:22:51   
ripce
Ок Елена , ама мислев дека ова треба да оди како посебна тема зашто Кегеловите вежби, како што напишав не се однесуваат само на уринарната инконтиненција

< Поракaта ја уредил anica -- 7.11.2009 19:23:23 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кегелови вежби
7.11.2009 19:39:05   
Еца
Не, не Аница во ред е. Јас само додавам да види некој дека имаме дискутирано конкретно за инконтиненција. Темата е во ред.user posted image Поздрав!

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кегелови вежби
7.11.2009 20:20:01   
ripce
Мило ми е дека се разбравме user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кегелови вежби
8.11.2009 21:24:52   
Боцко
добра работа. мажите често имаат директна корист од истите.
user posted image user posted image user posted image
не ми земајте за кусур на жегите, денес ете најдов малку време да се опуштам и да се дружиме и мило ми е поради тоа...

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Кегелови вежби
27.12.2009 9:45:03   
ripce
Поголемо сексуално задоволство – за него и за неа
Дали знаете дека постојат вежби кои можат да го зголемат уживањето во сексот? Со редовно вежбање, за само неколку недели, се постигнуваат неверојатни резултати, а Вашата упорност ќе биде наградена единствено со позитивни ефекти. Зголеменото сексуално задоволство и поинтензивниот оргазам ќе ја зголемат Вашата самодоверба и ќе го подобрат квалитетот на Вашиот живот.


Во 1948-та гинекологот др. Арнолд Кегел дошол до заклучок дека зајакнувањето на пелвичните (карличните) мускули им помага на жените со инконтиненција (неконтролирано мокрење), која се појавува по породувањето. Тој осмислил едноставни вежби со стегање и опуштање на мускулите на долниот карличен дел. Жените кои ги практикувале таканаречените Кегелови вежби, набрзо сфатиле дека тие имаат и изненадувачки придружен ефект – поинтензивен оргазам. Кегелови вежби за мажи Кегеловите вежби можат и на мажите да им помогнат со одредени проблеми, како на пример со прераната ејакулација. Резултатот им годи и на мажите и на жените.
Пелвичните мускули им даваат поддршка на органите за репродукција и на мочниот меур. По породување, операција, како последица на зголемена телесна тежина или пак со стареење овие мускули слабеат и се опуштаат. Токму затоа тие не ја извршуваат својата првична функција и положбата на органите се менува.

Како последици можат да се појават:
  • инконтиненција (неконтролирано мокрење- на пр. при кивање, кашлање, смеење)
  • хемероиди,
  • болки во грбот,
  • инконтиненција на изметот,
  • намалено уживање при сексуалниот однос,
  • неспособност за постигнување на оргазам,
  • прераната ејакулација.
Позитивни ефекти од Кегеловите вежби кај мажите и кај жените Со правилно применување на Кегеловите вежби, 50 до 80 проценти од луѓето ги почувствувале ефектите и ги намалиле проблемите поврзани со опуштените пелвични мускули. Редовното секојдневно стегање и опуштање ги зајакнува мускулите, а резултатите се забележуваат веќе по четири недели. Но, кај некои случаи подобрувањето се забележува дури по три месеци.

Позитивни ефекти кај жените:
  • зајакнати пелвични мускули,
  • подобрување на инконтиненцијата,
  • зголемено уживање при сексуалниот однос,
  • способност за постигнување на оргазам,
  • поинтензивен оргазам.
Позитивни ефекти кај мажите:
  • намалени проблеми со прераната ејакулација,
  • оргазам без ејакулација,
  • поинтензивен оргазам,
  • посилни мускули кои ги подржуваат тестисите (токму затоа тестисите се „кренати“ повисоко)
Како да ги почувствувате пелвичните мускули? Најлесниот начин да ги почувствувате пелвичните мускули е при мокрењето да ја задржите урината на еден момент. Мускули на стомакот, бедрата и задникот треба да бидат комплетно опуштени.
Кога ќе го направите тоа, ќе знаете за кои мускули се работи. Тоа се оние кои се стегаат за време на оргазам. Внимание – ова е само тест! Не повторувајте го повеќе пати. Практикувањето на вежбите за време на уринирањето може да предизвика инфекција на уринарниот тракт. Исто така, внимавајте на правилното вежбање – тоа не подразбира стегање на мускулите на стомакот, бедрата и задникот. Како се прават Кегеловите вежби? Доколку почувствувате некаква нелагодност, болки во стомакот или грбот, најверојатно не ги правите вежбите онака како што треба. Не зголемувајте го бројот на повторувањата или пак времето на стегање, бидејќи на тој начин можни се спротивни ефекти. Основна вежба:
1) испразнете го мочниот меур
2) стегнете ги пелвичните мускули и останете така 10 секунди
3) комплетно опуштете ги мускулите

Се препорачува повторување на вежбата во десет серии трипати на ден (наутро, на пладне и навечер). Вежба1
1) стегајте ги ПМ 5 секунди
2) комплетно опуштете ги мускулите и останете така 1 секунда

Вежба 2
1) стегајте ги ПМ 5 секунди
2) опуштете ги мускилите 1 секунда
3) стегајте ги ПМ 1 секунда
4) опуштете ги мускилите 1 секунда
5) повторно стегнете ги ПМ една секунда
6) комплетно опуштете ги ПМ и останете така 10 секунди

Вежба 3

1) стегнете ги ПМ сосема малку и останете така 5 секунди
2) потоа малку повеќе стегнете ги ПМ и останете така уште 5 секунди
3) стегнете ги ПМ најмногу што можете и останете така уште 5 секунди
4) сосема малку опуштете ги ПМ и останете така 5 секунди
5) потоа малку повеќе опуштете ги ПМ и останете така уште 5 секунди
6) комплетно опуштете ги ПМ и останете така 5 секунди

Можете да вежбате на кое било место и во кое било време -– во кревет, додека седите, стоите, за време на сексуалниот однос...Најлесен начин да се навикнете на вежбите е да ги практикувате за време на извршувањето на секојдневните задачи. Кој ќе забележи дека вежбате?
Овој текст е информативен и неможе да замени стручно мислење на доктор.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Кегелови вежби
29.1.2010 15:24:31   
pericka
user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Кегелови вежби
4.1.2013 14:53:24   
arh_diz
Interesni vezbi gi nemam praveno jas , treba da pocnamuser posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот pericka)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Кегелови вежби
4.1.2013 15:09:54   
kikicka
Јас ги имам правено и навистинасе добри user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?