|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
11.2.2015 12:58:21   
vezilka RR
Вечната љубов кон едно битие е измислица на фрустрирани и грди баби. Баби кои едвај нашле само еден кој ги сакал. Вечната љубов кон едно битие е лажлива конструкција на болно љубоморни умови. Стапица во која паѓаат неупатените... Љубете барем еднаш повеќе од еднаш


Богами и јас мислам дека само еднаш вистински се љуби е чиста лага. Љубиш толку пати колку што ќе си дозволиш. Ако застанеш на еднаш, ти си тој/таа што губи, се лишуваш од една љубов повеќе, од дел од себе кој е наменет да се даде некому, на крајот од самиот себе.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
11.2.2015 22:03:04   
niki
vistina ako ja sretnes na 13 i umres na 15 i se najde nekoj sekspir da ja opee
e ako troa podolgo imas namera da zivees i pritoa zivees vo nasevo vreme, mit, ne vozmozno

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
11.2.2015 22:05:46   
mommy_angels RR
Е ова се коси со се што верувам и со сите мои принципи.Мислам дека само една личност може да остави вистински траг во мојот живот.Не дека не сум сакала и други луѓе во минатото ,но ништо од тоа не може да се спореди со ова што сега го имам.Кога имам желба и потреба да се жртвувам и да исполнам негови желби и потреби,без трошка сомнеж дали треба или не треба така ,мислам дека тоа е она вистинското.Се разбира тоа е возвратено. Се разбира секој еден човек треба да проба и искуси повеќе и различни работи за да може да го препознае што сака и што му треба.Мое мото е сакајте се луѓе,но кога ќе сфатите дека сте наишле на правиот човек,чувајте си го себично user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
11.2.2015 22:12:04   
Defne90 RR
Моето мислење во врска со оваа тема е дека вечната љубов кон едно битие е само мит.Може така си мислиме затоа што она љубено битие во иднина ни станува само навика без која мислиме дека не можеме да си го замислиме животот.Срцето има и секогаш ќе има љубов во себе без ралика колку љуби или колку го кршат.Така да после секоја голема љубов може со сигурност да има и друга голема љубов.Вечната љубов кон едно битие само мит е според мене.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
11.2.2015 23:07:09   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Е ова се коси со се што верувам и со сите мои принципи.Мислам дека само една личност може да остави вистински траг во мојот живот.Не дека не сум сакала и други луѓе во минатото ,но ништо од тоа не може да се спореди со ова што сега го имам.Кога имам желба и потреба да се жртвувам и да исполнам негови желби и потреби,без трошка сомнеж дали треба или не треба така ,мислам дека тоа е она вистинското.Се разбира тоа е возвратено. Се разбира секој еден човек треба да проба и искуси повеќе и различни работи за да може да го препознае што сака и што му треба.Мое мото е сакајте се луѓе,но кога ќе сфатите дека сте наишле на правиот човек,чувајте си го себично user posted image user posted image user posted image

Потпис сега се чудам како сум можела да се замарам и нервирам за нешто што тогаш сум мислела дека е љубов а било нешто мало и безвредно многу различно од она што го имам со мм,ама сигурно да не постоеле такви ''љубови" денес толку не би го ценела мм и тоа што сме го изградиле заедно

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 10:50:26   
niki
mene mi e glupavo da gi negiram site prethodni, kolku god da bile nekoi od niv bezvredni ostavile traga na mene kako i jas na niv, pa ne sme roboti da vleguvame samo vo fizicka interakcija duri da dojde nekojsi prav vistinski sovrsen ili neznam kakov, cuvstva sekogas postojat za sekoj covek so kogo gradime nekoja vrska bez ogled na toa kolku ke trae taa
isto taka kolku god da mi e jako ova sto sega go imam so segasniot toa ne znaci deka vecno ke bide taka sakale nie ili ne
sto znaci? toa ako edniot go snema od bilo koja pricina toj drugiot ke ostane da pati i da neguva cuvstva za nesto sto ne postoi veke i ke ceka da umre dozvoluvajki zivotot da pominuva pokraj nego
sekako deka ona sto go imas i vredi treba da si go cuvas i neguvas dodeka ti e dadeno da go imas no koga edna vrata ke se zatvori druga se otvara i nikoj ne treba da bide slep na toa nitu da se lisuva nesto dobro da mu se slucu od strav deka toa prethodnoto e nenadminlivo, najvistinsko ili vecno


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 11:09:54   
mommy_angels RR
Никој не рече дека ако на некој начин партнерите се разделат,другиот да се зарече на вечна самотија.Животот продолжува секогаш и мора така да биде, независно од причината за разделба.
Секој еден е свесен во каква врска се наоѓа,а таа правилната,несебична и взаемно возвратена постои само еднаш во сечиј живот.Нормално дека секој човек поминат низ нашиот живот остава траг,но само еден остава печат.Може да се сака многупати и на различни начини,но срцето секогаш се присеќава на оној од кого при самата помисла ти се стоплува душата.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 11:45:57   
niki
da no so sekoj so koj sto si bila vo vremeto dodeka si bila so nego ti se stopluvala dusata na pomislata na nego
ili bar jas taka razmisluvam, sto god da ne razdelilo dosega imam zaboraveno, se sekavam na ubavite raboti, na ljubovta togas koja me terala da bidam so niv, nemam namera da se vrakam bidejki toa e vo minatoto, no ne sakam ni da brisam bidejki taka cuvstvuvam deka se brisam sebe si
toa sto e sega e sega no isto taka e menlivo i ne postoi garant deka zasekogas ke bide taka
i od kade da znam deka toa sega e najgolemoto deka e pecat a ne traga, sto ako pecatot ne doslol seuste a jas mislam deka sega go ziveam, ili na ovoj pecat sega posle 10 20 godini se pojavi nekoj drug i ostavi pogolem poizrazen i pojasen pecat....
jas se cuvstvuvam seuste premlada za bilo sto vo zivotov da go nabljuduvam kako naj naj i kraj nema nadminuvanje, deka sum dostignala nekoja absolutna vrednost posle koja nema nisto pogolemo poubavo posilno

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 12:08:40   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

..а таа правилната,несебична и взаемно возвратена постои само еднаш во сечиј живот.Нормално дека секој човек поминат низ нашиот живот остава траг,но само еден остава печат.Може да се сака многупати и на различни начини,но срцето секогаш се присеќава на оној од кого при самата помисла ти се стоплува душата.


Ама ич не мислам дека само еднаш се случува. Баш напротив, тврдам дека се случува повеќепати. Мене досега ми се случи два пати. Можеби и уште некој пат ќе ми се случи. Имам два оставени печати, кога избледил првиот, се направи место за вториот. Јас никако, ама баш никако не можам да тврдам дека оваа љубов сега ќе трае вечно. Ништо не можеме од напред да знаеме, нели. Само знам дека ќе трае, додека трае.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 15:37:27   
Палешка РР
Ајде да ја погледнеме темава и од друга страна.
Се заљубувате на 16 години, прв дечко, прва љубов, прв сексуален однос, се прво. Со истиот човек брак, деца...
Дали нема да станете фрустрирана личност со тек на време? Дали, ама искрено да си признаеме, нема да ви заигра срцето никогаш и за никого?
За таква вечна љубов е отворена темава.

Јас ви тврдам дека тоа е невозможно. Едноставно невозможно.
Не мора да изневерите...но човечко битие сте, не сте камен ниту растение...чувства ќе се појават.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 16:06:51   
niki
ma kakva god da e prikaznata ne veruvam deka e mozno nesto vecno da trae
prosto nie samite se menuvame i toa sto ni bilo bitno na 16 godini ne moze da ni bide isto bitno i na 30 i na 50
i spored toa kade sme vo momentot mozeme da najdeme ljubov koja ni e potrebna vo toj moment
e sega koj sto ke napravi so cuvstvata e prasanje za polemika i ima milion faktori koi ke vlijaat ishodot da bide vakov ili onakov
definitivno ne se ostanuva so nekogo zatoa sto e toj vrv nad vrvovite eden edinstven vecen i nenadminliv neizzivean
mislam zar vie za sebe imate cuvstvo deka ste tolku prokleto dobra riba, licnost covek zena i sopruga da site zeni sto ke gi sretne vasiot maz gi zasenuvate zasekogas i toa sto go videl vo vas nikogas ne go vidi vo niedna druga

jas se smetam prokleto prosecna vo toj pogled a takvi se i mazite so koi se pletkam cel zivot i mozam takvi prosecni da gi sakam i da prestanam da gi sakam za da zasakam pak nekoj prosecen

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
12.2.2015 18:47:14   
Палешка РР
Тука лежат два проблеми, во проклето добра риба, како што начна ники.
Ако сте проклето добра и маж ви/дечко ви да ве сака до небото, ќе ве загледуваат и други, а и вие некогаш ќе сакате да си ги испитате проклето добрите заводнички способности.
На жената во крвта и е да флертува и не можете да ме убедите дека не е така, а до каде ќе оди тој флерт - секоја сама си одредува граница.
Верност, посветеност на семејството да, постои...но вечна љубов..не, не...тоа е лоша лага.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
14.2.2015 22:33:09   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Тука лежат два проблеми, во проклето добра риба, како што начна ники.
Ако сте проклето добра и маж ви/дечко ви да ве сака до небото, ќе ве загледуваат и други, а и вие некогаш ќе сакате да си ги испитате проклето добрите заводнички способности.
и не можете да ме убедите дека не е така, а до каде ќе оди тој флерт - секоја сама си одредува граница.
Верност, посветеност на семејството да, постои...но вечна љубов..не, не...тоа е лоша лага.



ne gi gledam zenite tolku vulgarno, nitu mazite
svetot e prepoln so prekrasni luge so koi ni se vkrstuvaat patistata koi sto mozat da ne voodusevat da ne pomrdnat od mestoto na koe mislime deka cvrsto stoime, da razbudat vo nas pozitivna energija, da ni donesat nasmevka na liceto, toplina vo srceto i radost vo dusata
ljubovta e cuvstvo koe se cuvstvuva so srceto, nie po navika veruvame deka vrvot na ljubovta e seksualniot cin, zatoa i potrebata partnerot da ni bide sopstvenost nad koja imame ekskluzivitet
no toa ne e ljubov, ljubov e sloboda da cuvstvuvame, sloboda da si dozvolime site tie prekrasni luge da ni ja doprat dusata, da ostavat traga na nas, da ne napravat posrekni...
i ne morame za da pocuvstvuvame ljubov kon nekogo da jurisame kako na plen dur i seksualno ne go osvoime, i duri ne rasprskame na milion mali parcinja se ona sto gradime so covekot so koj sme odlucile da go delime zivotot
ljubovta se cuvstvuva, ne se reklamira, taa se dava ne se zema, i se javuva sama bez da ja povikuvas gonis, lovis
koga lugeto bi znaele na ljubovta samo da i se prepustat i da ja cuvstvuvaat so polno i otvoreno srce bez da ja teretat so vecnosti i ocekuvanja svetot bi bil mnogu poubavo mesto za ziveenje

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
15.2.2015 8:26:59   
tincule
Човекот може да љуби повеќе пати, но не на ист начин. Тоа е факт, а дека ќе останеме со една личност или повеќе тоа е наш избор. Во животот имаме различни патишта и не водат во различни ситуации, на секого може да му наиде некој или некоја која ќе му ја топли душичката или ќе се најдат како души. Но дали ќе ја избереме таа особа или не зависи од нас самите па затоа јас мислам дека секој човек може да љуби повеќе пати и повеќе личности но не на ист начин. Љубовта ќе ја манифестираме различно во зависност од моменталната ситуација, возраста, зрелоста, околностите и ситуациите. Но нашата душичка ќе си знае и ќе си чува и тлее и негува. Јас сакав два пати на 16 и на 21. Со едниот сум сеуште. Со другиот растев можам да кажам и таа љубов беше многу поинаква од оваа сега. Се разделивме зашто сватив и дека созреавме како различни луѓе со различни интереси и патиштата не водеа на различни места. Со сопругот и сега се менуваме како созреваме така си бараме она што мислиме дека ни треба, се сакаме но љубовта е поинаква отколку пред 10 години кога бевме помлади. Ситуациите и времето си го направија своето. Јас немам потреба да барам друга љубов, но тоа не значи дека ако јас не ја барама нема да ми дојде user posted image По емоциите сме различни од животните и колку и да сакаме не можеме секогаш да ги контролираме нашите емоции.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
20.2.2015 12:09:18   
Melanija RR
Мит user posted image ниту верувам во вечна љубов ниту во една љубов

Вечна е да речеме е онаа кога е голема и ставаме печат да БИДЕ вечна, а дали ќе биде ??? Може да биде вечна но не и љубовно.Од љубов би требало да дојде до брак ,ама може да се сака 30 год? Невозможно се сака од срце и поради се. Па таа вечна љубов не е идеална, па нешто што фали може да доведе до нешто друго и нешто друго.

Се сака онолку луѓе колку ќе ни се допаднат. Демек младешката не е вистинска бидејќи е нецелосна. Верувам дека се сака на многу начини и цел живот. Љубовта е сакање по секоја цена за некого, или љубовта е сакање со сите да и не? Од тоа зависи дали е вечна

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

svetot e prepoln so prekrasni luge so koi ni se vkrstuvaat patistata koi sto mozat da ne voodusevat da ne pomrdnat od mestoto na koe mislime deka cvrsto stoime, da razbudat vo nas pozitivna energija, da ni donesat nasmevka na liceto, toplina vo srceto i radost vo dusata

ljubov e sloboda da cuvstvuvame, sloboda da si dozvolime site tie prekrasni luge da ni ja doprat dusata, da ostavat traga na nas, da ne napravat posrekni...


Убаво пишано и вистинито

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
21.2.2015 16:41:59   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Вечната љубов кон едно битие е измислица на фрустрирани и грди баби. Баби кои едвај нашле само еден кој ги сакал. Вечната љубов кон едно битие е лажлива конструкција на болно љубоморни умови. Стапица во која паѓаат неупатените... Љубете барем еднаш повеќе од еднаш


Богами и јас мислам дека само еднаш вистински се љуби е чиста лага. Љубиш толку пати колку што ќе си дозволиш. Ако застанеш на еднаш, ти си тој/таа што губи, се лишуваш од една љубов повеќе, од дел од себе кој е наменет да се даде некому, на крајот од самиот себе.


Не би била толку сурова во описот - грди и фрустрирани баби, но се согласувам дека проблемот е во умот, негова фикција и проекција.
Вечна љубов е мит на несигурни во себе, или исплашени, или фрустрирани од Х причнини индивидуи.
Секоја љубов е вредна во моментот додека трае, но кога ќе заврши не значи дека не треба да се остави простор за следна.
Блазе тој што нашол вечна љубов user posted image


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Вечна љубов кон едно битие..мит или вистина?
26.3.2015 0:24:50   
deluxe
Vecna ljubov postoi!!! No taa ne se naojga vo licnostite koi pominale niz zivotot,taa se naojga vo licnosta koja ostanala vo mojot zivot ,so kogo zaedno ja neguvame I hranime ljubovta da raste I da se odrzuva.Spored mene ne treba da se poistovetuvaat vecnata ljubov so nostalgijata(kon nekoj koj ne e so vas).I nostalgijata e cuvstvo ,jako emotivno kako ljubovta ,no tuka nema hranenje na ljubov kako sto treba da bide obostrano,tuka edniot ja cuvstvuva a drugiot ne.Dodeka vecnata ljubov e vzaemna I trae.,Taa ne se gubi,taa postoi nekogas so razlicen intenzitet,no opstojuva niz vremeto.Taa ljubov ke postoi se dodeka dvajcata ja neguvaat I cuvstvuvaat.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 17
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?