|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Синдром на пролетен умор!
20.5.2015 7:58:51   
mommy_angels RR
Нетрпеливо ја очекувавте пролетта, а сега, кога упорната зима конечно се предаде, се чувствувате исцрпено, безволно и немате сила да ги извршувате...


...вообичаените активности, а камоли да уживате во првите топлите сончеви денови.

Тоа се симптоми на пролетниот умор, од кој според некои проценки, од година во година страда секој десети жител на планетата.

Оваа состојба е последица од начинот на живеење во текот на есента и зимата. Премногу мрсна и тешка храна, нередовно земање на витамини и минерали, премалку сончева светлина и физичка активност доведуваат до пад на енергијата.


Особено е важно да не го прескокнувате појадокот. Во ендостаток на време, за ужина ќе ви користи и некое свежо овошје. Уморот најдобро го отклонува витаминот Ц, па јадете киви, портокали и лимон, исто како во зима.

Сокот од лимон или портокал користете го и за преливање на салата од овошје и зеленчук. На вашата трпеза нека се најдат и пиперката и магдоносот кои се особено богати со овој витамин.

Бирајте и намирници богати со растителни влакна, како што се јаболката и мешункастите растенија, а супата или чорбата нека ви бидат неиазоставен дел од ручекот. Тие ќе ви обезбедат доволно течности, минерали и витамини.

Во борбата против умор идеална е рибата. Поновите истражувања покажале дека исхраната богата со риба делува стимулативно на процесите во организмот и му пружа дополнителна енергија.
Важно е да пиете доволно течности, најмалку литар и половина дневно. Водата ќе ви помогне да го регулирате варењето и побргу да ги ослободите насобраните токсини, при што се намалува чувството на умор.

Во водата можете да исцедите малку лимон, што дополнително ќе ве освежи, а корисна е и минералната вода која ќе ви го избалансиа нивото на минерали во организмот.
Избегнувајте го кафето, црниот чај и газираните напитоци. Иако од почеток ќе ви изгледа малку напорно, потрудете се редовно да шетате, да возите велосипед, да трчате.... односно да се знаимавате со спорт. Тоа на вашето тело ќе му даде повеќе кислород и повеќе енергија.

Извор: Црно Бело

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 20.5.2015 12:31:16 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Синдром на пролетен умор!
20.5.2015 8:21:14   
mommy_angels RR
По моја стручна проценка user posted image ,мене ова ме фати.Немам сила ни да сработам нешто по дома,ниту пак да посветам внимание на маже user posted image .Ми фали сила и енергија мноооогу.Еве овде прочитав многу корисни совети.А некој од вас со лично искуство?
Помагајте жени или доаѓајте на пеглање и чистење кај мене user posted image
А за мм да не зборувам.Ако не превземам нешто ,ќе си најде швалерка.И тоа заслужено,па калуѓер да беше,ќе попуштеше

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Синдром на пролетен умор!
20.5.2015 8:55:30   
Bea
mommy_angels, јас во овој мод бев едно месец-два сигурно user posted image .
Немав ни сила ни волја за ништо. Едвај станував на сабајле - со 15 пати snooze на телефонот, од работа доаѓав дома како претепана и само гледав да прилегнам на тросед. Домашни работи фаќав кога ептен немаше каде... И ми се смачи од самата себе и еден ден реков - ова мора да престане.

Не дека сега сум супермен :) ама се променија работите. Генерално ги правев работите што ги имаш и самата споделено во постот погоре.
Од исхраната најголема промена ми беше воведувањето на смути напитоци наутро. Кај нас мм е задолжен за тоа и секој ден пиеме 0.5 литар најразлични комбинации (банана, киви, авокадо, спанаќ, дур немаше купувавме смрзнати јаготки, малини, сега веќе ставаме свежи, ставаме сок од портокал, лимон, цитрон, цвекло, морков...) На комбинациите навистина им нема крај. Најнормално ручам, пијам кафе, каснувам и благо, гледам само да не јадам после 20:00.

И врапчињата знаат дека треба да се пие околу 2 литри вода дневно, ама јас едноставно вода не пиев. Литар, едвај. И од недоволно течности ми паѓаше притисокот, ми се спиеше, малаксував. Најважно е ОРГАНИЗМОТ ДА БИДЕ ХИДРИРАН. Најновото откритие ми е сега од пред две недели. Заради хиперстимулација во процесот на IVF морав да внесувам огромни количини на изотонични напитоци и електролити. Од нив имав многу поволно влијаније на организмот и тоа како се чувствував, па сега од време на време земам по една кесичка (1 чаша) електролитен напиток.

Сега е убаво времето и голем е денот. Секој ден шетаме со мм. Не е кујзнае каква активност, ама во споредба со излежавање пред ТВ - одлична е.
И мораш самата да се тераш некако, да се мотивираш. Денес едно, утре друго - ќе тргне работата.

Значи од мое искуство, овие неколку совети. Не е ништо посебно, само треба континуирано да се применува.

А верувам и сутуацијата со мажле ќе се промени :)

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Синдром на пролетен умор!
20.5.2015 12:37:31   
vezilka RR
Мене па напротив, напролет ме фаќа елан за се. Овој период, напролет куќата ми „свети“ како никогаш. user posted image Зимно време немам волја за ништо. Туку пусто друго ме мачи мене, ја стварно немам време се да завршам што имам на ум а богами и у „роковник“. Не е до пролетта, сум си зела преголем залак, или имам проблем со менаџирање на времето. user posted image Уствари мислам дека 15 саати рмбање, ( што е просек на една жена)што на работа, што по дома, што со деца, богами ќе ти снема сила.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Синдром на пролетен умор!
20.5.2015 22:38:49   
lukajana RR
Мами и мене ме фатила твојата болест,викаат се викала мрза ама јас не им верувам ништо не разбираатuser posted image .
Ништо не ми се работи и се пополека и на рати сработувам а што е уште поинтересно колку повеќе работа имам толку помалку ми се работи.
Чудна некоја болестuser posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 20.5.2015 22:40:07 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Синдром на пролетен умор!
21.5.2015 8:05:49   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Мами и мене ме фатила твојата болест,викаат се викала мрза ама јас не им верувам ништо не разбираатuser posted image .
Ништо не ми се работи и се пополека и на рати сработувам а што е уште поинтересно колку повеќе работа имам толку помалку ми се работи.
Чудна некоја болестuser posted image

Хехехех мрза,каква мрза ти се молам,гледаш луѓето се изнамачиле да измислат современо име,ти па мрза user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Синдром на пролетен умор!
21.5.2015 10:13:56   
miana
Јас сум приметила дека, а дојдам дома, веднаш ручам и седнам да пијам кафе,одма клапнувам и не ме бива за ништо... Има лек и за тоа...
Доаѓам дома, веднаш ручам ( бидејки сум на диета и едвај чекам да дојде ручекот ) и после ручекот, станувам и веднаш почнувам со средување по дома,.. Прво кујната ја фаќам, средувам што сме ручале, па средувам купишта алишта што керками ги исповадила од плакари додека си дојдеме ние од работа, пуштам машина за перење, пуштам правосмукалка, бришам прашина, собирам алишта и после, на раат си клапнувам...И уште ако треба на зумба да одам, супер ми доаѓа.Е кога ке се вратам од Зумба, за ништо не ме бива user posted image се туширам, пружам алиштата што се испрале и се комирам user posted image Е некогаш сево ова го правам пред да седнам да ручам и после ручекот си клапнувам на раат... И до вечерта пак децава направиле хаос user posted image
Најголема мрза ме фака ако ручам и одма заседнам, е тогаш и кранови не ме дигаат... user posted image

< Поракaта ја уредил miana -- 21.5.2015 10:15:45 >


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Синдром на пролетен умор!
21.5.2015 14:02:30   
blue_blue
е баш ова ме има фатено последниве 2 недели....абе ништо не ми се прави и само ми се спие...си викам кај да е ќе помине....

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Синдром на пролетен умор!
24.5.2015 13:14:15   
bucko mal
Jas na prolet odlicno funkcioniram.Sakam sonce,svetlina I bash poradi toa cela sum polna so energija. Ama zatoa na zima,kako sto rano se stemnuva taka mene mrak na oci mi pagja.
Na primer denes,imashe sonce I dodeka nie izlegovme se skri,zaduva veter I tolku od shetanjeto. I sekako deka ke se cuvstvuvam umorno, cel den vo kujna okolu shporet.

< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 24.5.2015 13:15:52 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?