Hopeful RR
|
Се уште сум вознемирена од видеото, не можам да се приберам... Инаку, ние имаме дома камера која ја купивме од Алиекспрес. Си има своја ип адреса, си ја инсталиравме мм и јас на мобилните и можеме да гледаме во живо каде и да сме. Ја ставивме не да шпионираме, туку да ги гледаме бебињата, како видео бебифон. За камерата знаат и баби и дедовци, се во ред. Имав еден настан кој многу ме успаничи - дојде свекрва ми да ги види бебињата и викам ај да излезам да прошетам по продавници. Случајно, надвор излезена, ми текна да ѕирнам што прават, и ајде, се ок - едното бебе лежи, свекрва ми го држи другото бебе. Не одобрувам држење во раце со саати, тоа изричито им го зборувам на бабите, пошто после јас ќе си имам проблем, ќе сакаат нон стоп да ги држам и двајцата, што е невозможно. Се исклучив, и ми текна после некое време, и гледам бебињата си лежат на тросед, свекрва ми седи на фотелја, и некоја непозната личност облечена во црно доаѓа накај бебињата и го зема едното во раце. Камерата нема некој голем опсег и не можев да видам кој е, ни дали е маж или жена. А бе луѓе, како не се онесвестив на плоштад, не знам. Нозе ми се пресекоа, си викам да трчам дома, далеку сум... Личноста излезе од кадар и не знам ни кој е, ни што е... Тек после некое време видов дека е вујната на мм, која потоа, бидејќи цело време гледав што се случува, постојано го држеше бебето во раце, и тоа само тоа, додека другото си лежеше така. Гледав се додека не бев на 30м од дома, тоа па тоа. Ѕвонам дома, влегувам и гледам дека бебињата се легнати на кревет (јасно дека кога сум заѕвонила го легнале, да не видам дека го држи) и бебе во тој момент почнува да плаче, да рика, нормално. И кога прашав што се случило, што правеле, ме излажаа и ми рекоа дека цело време бебињата спиеле и лежеле, што многу ме навреди и налути. Ако не почитуваш барање од мајка, да не се држи бебе во раце, барем имај храброст и кажи ми - го држев бебето, мерак ми беше. Секако нема да ја задавам жената, ни вујната, ни свекрва ми. А лажењето и криењето посебно ме навреди, се осетив страшно потценета и небитна како мајка. Може претерувам, ама тоа ме потресе. Долг пост кој и нема многу врска со ова, но чисто како споредба што видов - непознат човек со бебињата, и колку ме погоди, а не па да видам нешто вакво како на снимката... Не знам што би правела, се плашам дека не би ја имала присебноста на овие родители да чекам полиција и суд, а не сама да направам нешто. Хорор, вистински хорор. Се надевам дека бебето ќе биде ок и дека нема да има никакви последици од овој настан, и дека родителите наскоро ќе можат ова да го остават зад себе и да не носат трауми. А во однос на дадилки, мојот став е дециден - градинка. Никогаш не би оставила дете на дадилка, каква сака нека е. Мислам дека дете треба да расте со други деца, да си игра и да се развива соодветно и активно, а не да дреме дома со дадилка. Еве нека не го удира и малтретира, доволно е да гледа турски серии по цел ден и за мене тоа е пак запоставено дете.
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 10.9.2015 14:53:14 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|