|
RE: Кифли, пити, теста... -Рецепти 9.2.2016 8:51:54
|
|
|
|
lukajana RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: pucilda BRZA PITA 3.jajca 1 solja za kafe zejtin 1 solja za kafe jogurt 1 pecivo 15 lazici brasno sol 2 straka praz jajcata se matat so lazica,se dodavaat zejtinot,jogurtot,pecivoto,brasnoto isolta,toa se mesa i na kraj prazot,i susam.....se stava vo tepsija podmackana so zejtin i se pece prvo na 250c,pa se namaluva na 200c i se pece 30minuti. koga e gotova pitata se poprskuva so voda i se pokriva so krpa. jas si ja pravam nekogas za dorucek,a i gosti ako mi dojdat nenajaveni, moze mesto praz koj ne jade,da se stavi sirenje,salamce,kecap,spanak.... ИЗВОРНА ПОРАКА: miana Ајде по барање на Арх-диз РР пишувам репецт за пастрмајлија 1 кг брашно 1 свеж квасец сол шекер ( малку ) Зејтин ( од прилика пола филџан за кафе ) Вода по потреба Можеш да ставиш и една чаша јогурт ( за да биде мекичко тестотото ) Јас ставам се од прилика 1 кг кртина свинска и истата ја сецкаш на коцкички ја зачинуваш со сол,црвен пипер,малце бибер. ( не е лошо да отстои неколку часа вака зачинете во фрижидер ) Го замесуваш тестото и го оставаш да нарасне. Кога ке нарасне го делиш тестото на колку сакаш пастрмајлии ( на еднакви делови на пример 4 ) Тепсијата ја мачкаш со маргарин.Тестото го замесуваш малце,го ставаш на тепсијата и со прсти правиш форма на пстрмајлијата со венец на краевтие нели. Се реди тестото со месото и ставаш маргарин ( или маст ) овде-онде на пастрмајлијата. Ја печеш на 200 степени и пред крајот ја вадиш ја посипуваш со матено јајце и ја вракаш да се допече.Кога ке ја извадиш од рерна ја премачкуваш на краевите од венецот со маргарин ,оставаш 5 мин покриена со крпа и удри на јадење. Пријатен апетит ( и јас ке правам викендов - ме подлажа ) Ако има прашања - тука сум.Незнам колку јасна бев во објаснувањево ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska * Ау мианке ме настрви и мене сега, ама дај точни мерки и колку време точно се пече, ајде направи и мери се до грамови , за нас ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR Ау мианке ме настрви и мене сега, ама дај точни мерки Еве ти 1кг брашно 1 квасец ( ке го растопите квасецот со млака вода и малце брашно - да нарасне ) пола филџан зејтин 1 филџан јогурт 1 лажица голема - шекер 1 рака сол 1кг кртина сол од прилика - знаете како се соли месо црвен пипер 1 лажица голема бибер од прилика Јајца за секоја пастрмајлија по едно ( ставете му малце сол ) И еве да речеме од 1 кг брашно искачаат 4 патрмајлии ( зависи какво тавче имате и која големина ги сакате ) Не ги правете многу дебели зошто нараснуваат бајаги. ИЗВОРНА ПОРАКА: miana И маргаинот го заборавив. Мачкаш тепсија убаво да е цела покриена и сецкаш мали коцкички за врз пастрмајлијата ( или ставаш свинска маст по малце овде - онде ) И ги премачкуваш со маргарин на крај .. ИЗВОРНА ПОРАКА: miana devojki napravivte li pastrmajlii? Jas bev vredna i napraviv i toa 8 pastrmajlii napraviv od 1,5 kg brasno eve vi slikav da vidite kako izgledaa pred i potoa ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki Пастрмајлија А таа се подготвува вака: Се прави тесто од квасец (пресен, да надојде), брашно, сол, масло за јадење и вода. Откако тестото ќе надојде, се прават сосема тенки (0,7 мм) „чамци“ , и се редат врз нив парченца ситно сечкано, зачинето, барем неколку часа отстојано со зачините, месо. Месото може да биде пилешко, но по правило се става свинско, а традиционално- овчо. Откако пак ќе скисне, се попрскува со масло и се пече на 220 степени, во загреана фурна. Кога ќе зарумени, во „чамчето“ се става малку разматено, колку да се врзе, јајце и се пече уште пет минути.
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 11.2.2016 23:44:38 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
|
|
|