|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Егзема (атопичен дерматит)
24.5.2009 7:58:01   
Еца
Егзема е една од полесните алергични реакции на кожата што се појавува во најрана доенечка возраст, во првите 3 до 4 месеци, кај деца чии двата родитела се алергични. Најчесто се појавува на обравчињата, околу устата, зад ушите, на вратот и ретко на телото. На лицето се појавува изразено црвенило над кое се појавуваат меурчиња со бистра течност, која понекогаш е жолтеникава од инфекцијата што се појавува од јакиот јадеж на детето. Причинители се хранителните алергени, контактните алергени и сапуните и парфемите што се користат за нега на детето. Почесто се појавуваат при внесување кравјо млеко, ако мајката не го дои детето. Може да се изгуби кон третата и четвртата година, а понекогаш да остане до пубертетот, со повремено губење и појавување. Се препорачува елиминациона диета (наоѓање и отфрлање на причинителот), хранење на детето со посебни млека што се со преработени белковини и не предизвикуваат алергија. Детето има потреба од посебна нега на кожата: да не се употребуваат креми што содржат кортикостероиди (хормони) и креми што содржат хемикалии. Кожата се негува со антибактериски средства ако е инфицирана или само со маслени витамински течности. Најважно е да се врши редовна контрола кај лекар, кој ќе ја следи исхраната на детето.

    Бидејќи имавме проблеми со егзема на лицето користевме креми Linola feet и Eucerin(црвената линија), а за бањање масло од истата колекција на Eucerin.Презадоволна сум!


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
10.6.2009 0:42:45   
lide78
uste go imame ovoj problem i na 5 god i toa najmnogu se manifestira na racete,na zadkolenicite,preponi i sega veke poretko na liceto.koristevme i kremi(Avene) i piese samo soino mleko do 15 meseci.sega sekoj den ja mackam od glava do peti so Pavloderm i se nadevam eden den ke se resime od ova

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
10.6.2009 7:43:28   
Еца
Лидемој совет(а и совет од имунолог по ова прашање и користење на павлодерм, ќе ти рече подобро да не ја користиш кремата).Најдобро да ја земеш Еуцерин црвената линија и тоа масната купка за бањање(и Мартина имаше по телото)која е енверојатно добра, и само со неа да ја бањаш, бидејќи е наменета за таква кожа со егземи, а од креми јас ја користев и еуцерин кремата за осетлива кожа, но резултатите беа неверојатни од Linila Fett (кремата е околу 700 денари, ама вре4ди)Мартина веќе нема  егзема, а има 3.5 години.Сега ја мачкам со Линола од време на време.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
1.8.2009 13:18:13   
Палешка РР
Марио има некој чуден вид на егзема на нозете, а понекогаш се јавува и на рацете. Кожните лекари во Прилеп го нарекуваат и мајасол, а во Скопје егзема.
На некои места кожата му се зацрвенува, станува крута, потоа пука, го чеша, краен стадиум е што течи лимфа и крв user posted image . Сме го носеле секаде, во болница во Скопје, каде му правеа и алерготест, во една приватна кожна амбуланта во Скопје, во Прилеп кај сите кожни лекари, кај надрилекари, тревари и бајачи,  сме ги пробале буквално сите масти за негова возраст, ништо, ама баш ништо не помага. user posted image
Му поминува САМО од водата, или песокот на Охридското езеро. Уште првиот ден кисне во вода цел ден (како и сите деца) и до вечерта нема ни трага ни глас од егземата. Инаку маки мачиме цела година.
Сега слушнав дека имало ординација за алергии во Неготино, само никако не можам да најдам контакт, жената се вика Костадинова Благица. Ве молам, ако некој има број да ми каже.
Исто така, ако сте чуле за ваков или сличен проблем, ве молам пишете ми, спремна сум да појдам и на крајот на светот user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 1.8.2009 13:20:04 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
18.8.2009 20:53:03   
bojanas
Probajte ja kremata na Skender. Za moite deca deluva.
Maliot ima atopiski dermatit pd 2 meseca i sega na 4 godini so sekoe namaluvanje na imunitetot mu se javuva i kozata mu e kako karton.
Davajte mu kinderimun prasok i nosete go na more znacitelno se namaluva pojavuvanjeto.
Isto taka i kremata Protopic 0.01% od Grcija ja koristevme i imase dobri efekti. Ja ima vo Grcija i kosta okolu 35 evra

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
18.8.2009 20:55:13   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image Бојанас, ти благодарам за корисните информации сигурна сум дека ке им помогнат на мамичките кои си имаат проблем со егземата

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
6.10.2009 21:43:21   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Markoimama

Mojot MArko ima 6 mes i od 30 dena mu se pojavuva crvennilo na licenceto, pomalo ili pogolemo krugce so suva kozicka, koe nabrzo isceznuva za pak da se pojavi po nekoe vreme. Toj od 30 tina dena pie hipp 1. Okolu 4 mes mu se pojavi crvenilo koe se zadrza skoro do 5,5 mes, a od 4 mes pocnav da mu voveduvam ovosni i zelencukovi kasicki i mlecna kasa so jabolko na hipp. Crveniloto pocna da se siri, a i dolgo veke bese zadrzano pa otidovme na kozno i ni rekoa deka e od hipp 1 i da pocneme so hipoalergeno mleko na hipp. Go pie veke skoro 1 mes, se izgubi crveniloto vo prvite 2 ned, no sega pak pocna da se javuva. Taka da problemot ne sme go resile i ispagja deka ne e od mlekoto. Imal li nekoj slicen slucaj i doktor koj bi go preporacale? Sakame da odime na klinika, no ne znaeme koj doktor e dobar. Ne sakam da gubime vreme i deteto da go lisuvam od se ona sto treba da go dobiva za ovaa vozrast vrz osnova na pretpostavki na nekoi "lekari"



ИЗВОРНА ПОРАКА: Markoimama

Probavme i so hipoalergeno mleko i so stroga dieta, samo cicanje i H.A. ama pak se pojavi. Ne e nekoja golema povrsina i ne go cesa ama e tuka i me vadi od takt. Me upatija na klinika i od tamu na imunologija da sme mu vadele krv od vene na glavceto da ispitame alergija na kravjo mleko. Pak se konsultirav so edna pedijatarka koja mn ja pocituvam i me drzi kaj nea toa sto ima dobieno prva nagrada za doktor pedijatar vo Makedonija i taa me sovetuvase da ne go lisuvam deteto od nisto sto treba d ajade vo ovoj period, da si vnimavam i da si davam se sto treba, deka atopiski dermatit se javuva kaj 99 posto pd decata, vo pogolem ili pomal oblik i do 1-2 god samo ke iscezne kako ke se zajakne imunitetot. Da ne go maltretiram so kremi, vadenje krv, doktori i kliniki. Da mackam so zastitna krema na mustela ili eucerin i da vnimavam da ne se siri. I sega sum mn posmirena a i pocna poleka da se gubi. Se nadevam deka brzo ke pomine.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Драга Маркоимама
Мустела за бањање од колекцијата Стелатопиа - специјално за кожа склона кон атопичен дерматит. Не е ефтинко (околу 800 ден) ама е 100% ефикасно и исплатливо. Мила беше само на доење кога почнаа да и се појавуваат црвени суви печати на лице и по тело не големи ама доволно да ме загрижат. Педијатарот ни препорача да се бањаме со Стелатопиа и мачкање со Пантексол. По една недела се исчезна. Негата си ја продолживме  на ист начин. Мустела не ја менувам за ништо на свет.
Мислам дека на Марко не му е од Хип. Атопичниот е наследен и може да се влоши. Мене и ден денес иако сум возрасна ми се појавува обично на нервна база. Ама со Мила го решивме проблемот.
Поздрав

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Драга Маркоимама
Мустела за бањање од колекцијата Стелатопиа - специјално за кожа склона кон атопичен дерматит. Не е ефтинко (околу 800 ден) ама е 100% ефикасно и исплатливо. Мила беше само на доење кога почнаа да и се појавуваат црвени суви печати на лице и по тело не големи ама доволно да ме загрижат. Педијатарот ни препорача да се бањаме со Стелатопиа и мачкање со Пантексол. По една недела се исчезна. Негата си ја продолживме  на ист начин. Мустела не ја менувам за ништо на свет.
Мислам дека на Марко не му е од Хип. Атопичниот е наследен и може да се влоши. Мене и ден денес иако сум возрасна ми се појавува обично на нервна база. Ама со Мила го решивме проблемот.
Поздрав


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
2.11.2009 1:14:52   
Еца
На Мила и се појави егзема на лицето, коленцата и лактовите. По консултација со имунолог почнав исто како со Мартина (бидејќи и со неа го имав овој проблем) да ја бањам со маслена купка Еуцерин и крема Еуцерин- црвената линија. Многу се нервирам, ама тоа ми е. Знам дека околу третата година се повлекува, а до тогаш...user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 2.11.2009 1:15:07 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
2.11.2009 15:08:54   
mis.
Леле еца баш ми е жел што истото мораш и со Мила да го поминеш но сега барем си по упатена кон проблемот и полесно можеш да се справуваш со него.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
3.11.2009 19:17:38   
Еца
еве какво и е лицето и тоа малку смирено од кремата Еуцерин

user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
4.11.2009 12:31:20   
mother 29
а сте пробалае ли  со ДЕКОТАЛ!?

aaaaaaaaa и ова Мустела за бањање од колекцијата Стелатопиа - специјално за кожа склона кон атопичен дерматит. Не е ефтинко (околу 800 ден) ама е 100% ефикасно и исплатливо

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 4.11.2009 12:32:29 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
5.11.2009 10:51:54   
mother 29



еј ајде пробајте со декоталот за егземата,имам јас пријателка со таков проблем и тоа користам..ептен ефикасен бил!од 4 месеци може слободно да се користи.

< Поракaта ја уредил mis. -- 9.12.2009 18:58:09 >
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
25.11.2009 11:15:40   
Mila na mama
Најчести иританти на кожата кои можат да ја влошат состојбата кај пациенти со атопичен дерматит:
Волнени и синтетички влакна (облека, покривки)
Сапуни и детергенти
Некои парфеми или козметички производи
Хлор, разредувач, минерално масло
Песок, прашина, чад од цигари
Влакна од животни
Цвеќиња и полен


_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
16.12.2009 15:28:06   
Еца
За да се смири егземата на кожата на детето кое сеуште цица мајката од исхраната треба да исфрли: млеко и млечни производи, јајца, чоколадо, какао, житарици, конзервирана храна, кикирики, мандарини, портокали, лимони, киви, чипсови, смоки... (или колку е можно помалку да јаде од сето наведено). Ова јас го знаев, но денес повротно докторката убаво ме потсети дека треба се да исфрлам за да и се смири егземата на Мила кој почна да се повлекува од Стелатопиата, но на тој начин само ја смирува, значи морам јас да ги исфрлам алергените од исхраната. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
16.12.2009 16:17:01   
mis.
И јас го имам слушнато тоа дека мајката додека дои не треба да конзумира храна и продукти што доколку детето ги прими би предизвикале алергиска реакција.Преку мајчиното млеко алергените се пренесуваат и на бебето.Во секој случај претпазливо.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:07:33   
Еца
Денес на имунологија докторката кога ја прегледа Мила воопшто не и се допаднаа егземите. Не знам што и значеше тоа, потоа ми рече дека и светела кожата и тоа не и се допадна user posted image user posted image user posted image а мене срцето ќе ми излета. Ми даде упати за испитување на вредности на ИГЕ, ЦРП, железо во крвта, имунолошки статусuser posted image и веќе не знам што се, некакви си протени... утре ќе одиме и треба да и земат крв од вена. Еве уште од сега си плачам.user posted image Што ли се значи ова не ми кажа само знам дека наредната среда во 14 часот ќе знам што е работаваuser posted image а то тогаш ќе си умрам од мака

< Поракaта ја уредил Еца -- 23.12.2009 13:08:50 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:10:20   
big_mama817
Еца се надевам дека не е ништо сериозно мисли позитивно и се ќе биде добро че видиш

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:11:37   
arh_diz
Eca ti si edna od najpozitivnite na forumov takva bidi i za sebe i se ke bide super . Mislam deka ne e nisto strasno

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:13:21   
mother 29
ајде сигуно не е ништо страшно!немој пред време да си правиш филмови!

ма 100 %  не е ништо!user posted image user posted image

ајде оди гушка на Мила еднаш од мене!user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:14:02   
Mila na mama
Е ова најмногу ме нервира кога лекар ќе каже нешто недокажано и те остава во недоумица па уште и да се нервираш цела недела. А следниот четврток е 31 и се ќе им биде набрзинка на докторите па да ја фатиш за коса и да ја тепаш што те оставила така на клинци да седиш толку време. Ако не е сигурна за нешто нека побара испитувања ама нека те утеши демек да видиме како е за секој случај не е страшно да ги почекаме резутатите. Вака ќе каже ова не ми се допаѓа и свети кожата и оди ти сега дома и чукај си ја главата што скаала да каже колку е страшно и сл како мајка се ќе си помислиш. Ужас само да не е ништо страшно и брзо да и помине на Мила

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:16:12   
BEBICA
Eca ajde mila smirise.Znaes kako ti nas ne smiruvas.Site znaeme deka sega ti e tesko no se ke bid vored.
Ajde ti site nas ne tesisi i hrabra si.Nemozam da te gusnam smileovite me zezaat no eve vaka ke pisam te guskam mnoooogu silno.user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:29:19   
mis.
Сигурно е предвреме кревање паника и правење филмови но мајка пусто можеш ли да одиш против себе.Се ќе биде во ред без паника само.user posted image user posted image user posted image за Мила

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:29:24   
Bile
Eli ne se sekiraj, sto i da e ke pomine. Te molam nemoj da se nerviras bidi hrabra i cvrsta bidejki mu trebas na tvoeto dete da mu pomognes i da napravis se sto e najdobro za nego. Za dvete........

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:36:37   
Еца
Знам дека сум паничар, ама искрено секогаш од непознато се плашиме нели, да знам точно за што се работи подруго е, вака...малку ми дојде тешко, ама со вас се е полесно. Навистина сум среќна што ве имам и што во секој момент можам да си ја изпразнам душичката.

Сега зборев со Др.Митка па ме смири малку. Како и да е сигурна сум дека со целата оваа енергија која ја имаме тука ќе пребродиме се.user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 13:41:44   
bojanas
Еца без паника! Иге и имунолошки статус е задолжително а се земе кај деца со ваков тип на атопија за да се утврди на што е алергично детето (млеко, прашина и сл). Лекарот рекол дека не и се допаѓа егземата бидејќи е влажна (и тоа сум го прошла и поминува) што не е убаво за бебето зошто може да и се разрани егземата (набави си ракавички).
Би ти препорачала да си најдеш некој познат на имонологија за побрзо да ти ги напраат резултатите зошто понекогаш се чека и неколку недели. Ако ептен ја чеша и ја разранува кожичката околу егземата стави и многу малку афлодер или белогент маст- иако се со кортикостероиди барем за кратко ќе и ја смири. Ако имаш некој да ти набави протопик од Грција набави си- исто дејство има со кортиостероидните масти но најбитно е што не содржи кортикостеоиди.
Не ја облекувај премногу за да не ја иритира. Инаку Мустелата е ОК и стелатопиа и стелатриа иако мислам дека Еуцерионот има најдобар ефект.
Само храбро ќе порасне и ќе помине

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?