|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Здрава исхрана
24.5.2009 8:05:42   
Еца
Повеќето знаеме дека треба да се храниме здраво. Знаеме дека високата содржина на масти, и холестерол во храната не се добри за нaшето здравје. Но малку сме несигурни околу тоа, што точно треба да измениме во нашата исхрана за да таа биде здрава. Неколку едноставни упатства може да ви помогнат да разберете што треба да промените во вашите навики во исхраната.
Консумирајте помалку храна од животинско потекло. Холестеролот е присутен само во храна од животинско потекло, како што се месото, јајцата, пилешко, млечни производи ( млеко, путер, сирење , јогурт).
Консумирајте помалку масти. Исклучете ги производите кои содржат тип на масти кои предизвикуваат срцеви болести. Избегнувајте: масло за готвење, крем сосови, маргарин, млеко, јогурт, путер, сирење, месо, пржени продукти, живина.
Консумирајте повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки. Овие храни се богати во витамини, минерали и јагленохидрати, неопходни за енергија.
Консумирајте повеќе храна богата со влакнести материи. Влакнестите материи се наоѓаат единствено во растителната храна. Важни се, бидејќи ја подобруваат функцијата на цревата, го намалуваат ризикот за срцево заболување и ризикот за некои типови на канцер. Влакнести материи се наоѓаат во: грав и грашок, овошје, зеленчук, интегрален леб и цереалии. Овие храни покрај влакната содржат и други нутритивно важни компоненти. Затоа е подобро да се консумира храна богата со влакнести материи, а не суплементи.

Колку вие внимавате на вашиот начин начи на исхрана?



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Здрава исхрана
24.5.2009 10:40:00   
emce
Mnogu vnimavame i jas i maz mi,so ogled na toa deka se obiduvame da dobieme malecko,a ne sovetuvaa deka ishranata e mnogu bitna za zacnuvanjeto,mnogu jademe ovosje,zelencuk, zitarici i mnogu, mnogu riba

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Здрава исхрана
24.5.2009 10:42:00   
Еца
user posted image user posted image user posted image Браво Емче само така продолжете,зошто навистина исхраната е многу важен фактор за здрав живот. И јас многу сакам риба,а и често ја јадеме.Најчесто купуваме пастрмка,некако нема многу коски и баш е вкуснаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот emce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Здрава исхрана
17.6.2009 8:42:11   
Еца
Ние сме тоа што јадеме вели една стара поговорка. Храната е извор на енергија и хранливи материи кои се потребни телото да функционира правилно.
Хранливите состојки кои секојдневно треба да ги конзумираме се:
-Карбохидрати (шеќери и растителни влакна)
-Протеини (како и 22 амино киселини)
-Масти (заситени,монозаситени и полизаситени масни киселини)
-Минерали и
-Витамини
Во искраната ставете акцент на пилешкото месо и рибата. Лесни се конзумирање, а не бараат многу време за приготвување.
Дома секогаш имајте свежо овошје и зеленчук, со цел ако почувствувате глад да посегнете по јаболко или свежа салата, наместо сендвич или торта.
Пијте вода, барем по 3 литри вода дневно. Чаевите делуваат смирувачки и овоможуваат дополнително внесување на вода во организмот.
Со добро испланирана кујна можете да потрошите малку, а сепак да имате квалитетна исхрана. Уште на почеток донесте одлука дека веќе нема да јадете „junk food.
Колку што е можно помалку конзумирајте алкохол. Алкохолот е токсичен и некорисен извор на енергија,така што може да се конвертира во маст. 1грам алкохол е еднаков на 9 калории. Складирањето на повеќе вишоци калории води до здебелување и зголемување на телесната тежина.

Ако имате дилеми околу вашата исхрана консултирајте се со нутриционист кој за вас може да изработи лична програма за здрава исхрана.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Здрава исхрана
8.7.2009 23:20:56   
Еца
9 главни причини за лошо здравје

1*Брза храна – богата со масти и сиромашна со хранливи материи.
2*Консумирање на премногу преработена храна.
3*Неактивен начин на живот.
4*Загадена околина на живеење.
5*Стрес.
6*Одредени лекарства.
7*Недостаток на диететски влакна од овошјето, зеленчукот и интегралните житарици.
8*Премалку здрави извори на протеини во храната која ја јадеме, а кои се неопходни за задржување на здрави мускули и коски.
9*Недостаток на вистински одмор.

Извор: СЗО (Светска здравствена организација)


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Здрава исхрана
9.7.2009 8:08:31   
mami
1- имам
2- имам
3- немам
4- имам
5- имам
6- немам
7- имам
8- имам
9- имам дефинитивно
мислам дека според горенаведеното се квалификувам за крајно не здраво живеење, ама не е до мене, до општеството еuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Здрава исхрана
15.7.2009 0:47:44   
mis.
Против анемија

Секое утро на гладен стомак треба да се изеде едно рендано јаболко прелиено со сок од половина лимон, 1 лажица шумски мед и 1 лажиче сок од дренки.

Против ишијас

Гнилите јаболка (најдобро е доколку се диви) се одличен лек против ишијас. Болните места едноставно се обложуваат со јаболката, и тоа се повторува со денови сè додека не се почувствува олеснување.

Против меланхонија

Во водата за капење (која треба да биде премногу врела) се додаваат 5-6 лажици јаболков оцет и 1 Л. чај од смрекини бобинки. По 15-минутно капење испијте сок од свежо јаболко со лимон и мед или чаша јаболков оцет.

Против опстипација

Извонреден начин да се регулира столицата и да се отстрани запекот е секојдневно да се зема оброк од 1 печено јаболко со леб или уште подобро, со 1 лажица јачмен, пченица или 'рж.

За потење

Се сечка јаболкото и се вари во малку вода сè додека не се добие каша, се додаваат мед и лимонов сок и се пие врело. Предизвикува потење, кое е добро при настинка, грип и висока температура.

Храна за доенчиња

Се ренда излупено јаболко и на 1 лажица се додаваат 2 лажици мелени бисквити, 2 лажици шеќер во прав и 1 лажица сок од лимон.

Каша од јаболко

Обична каша од јаболко го подобрува сонот и ги лекува болестите на крвта.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Здрава исхрана
23.7.2009 15:28:23   
mami
Не пијте вода, јадете ја

Наместо да пиете само вода, здраво е да се храните со намирници кои се богати со вода (лубеница, ананас, краставица) како и со минерали, аминокиселини и витамини.
user posted image
Дури и рекламните кампањи веќе одамна се базираат на тоа дека треба да пиете најмалку осум чаши вода дневно. На тој начин ќе ја избегнете дехидратацијата на кожата и во исто време ќе го детоксицирате целиот организам. Да не спомнуваме како водата го затвора апетитот па нема да бидете гладни како вообичаено.

Сепак најновите истражувања покажуваат дека е подобро е да ја јадете отколку да ја пиете. Со други зборови, здраво е да се храните со намирници кои се богати со вода, но и со други материи.

Според последната студија на истражувачите од Универзитетот во Aberdeenu, подобро ќе се чувствувате доколку уживате во овошје богато со вода, отколку во некој спортски напиток.

По секојдневното консумирање квалитетот на кожата значително ќе се подобри.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Здрава исхрана
12.8.2009 9:24:22   
mami
Сокот од цвекло ја зголемува издржливоста


Сокот од цвекло ја зголемува отпорноста и ја зголемува животната снага, а луѓето кои редовно го пијат дури за 16 отсто можат подолго да вежбаат, велат британските научници.

Експертите од University of Exeter заклучиле дека нитратот кој го има во зеленчукот помага во редукцијата на вдишувањето кислород, поради што телесните вежби не заморуваат толку многу.

За сокот од цвекло и претходно се знаеше дека помага при намалување на крвниот притисок, а научниците сега веруваат дека нивното открие би можело да им помогне на лицата кои имаат кардиоваскуларни, респираторни и проблеми со метаболизмот.

Шестдневното испитување е направено врз осум мажи на возраст од 19 до 38 години, кои непосредно пред тестирањата добивале по 150 милилитри сок од цвекло. Тестот, меѓу другото вклучувал и возење велосипед.

Во вториот дел од истражувањето, на истите испитаници шест дена по ред, непосредно пред тестовите им е даван плацебо, сок рибизли.

После редовното пиење на сокот од цвекло, групата можела да вози велосипед 11,25 минути, што е за 92 секунди подолго во споредба со периодот кога пиеле плацебо.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Здрава исхрана
7.9.2009 11:06:50   
mami

Триците, кои важат за особено здрав производ сепак не би требало да се користат за ублажување на проблеми со цревата. Иако ги препорачуваат токму за вакви проблеми, експертите предупредија дека триците можат да ги влошат веќе постојните проблеми со варењето.

Експертите откриле дека влакната со кои изобилуваат триците можат да ги влошат симптомите на иритираниот цревен систем. Сепак, друг вид влакна кои лесно се топат во вода навистина помагаат при вакви проблеми.

Овој здравствен проблем се среќава кај секој 10-ти човек. Лекарите на пациентите со овие проблеми им советуваат зголемено внесување влакна во организмот и пиење повеќе вода. На овие пациенти им се препорачува повеќе да се движат. Најновите истражувања сепак покажуваат дека сите влакна не се исти и оти при изборот на намирници треба да се внимава.

Според последното истражување триците повеќе нанесуваат штета отколку што помагаат.

„Направивме истражување на група од 275 пациенти со симптоми на иритирани црева. Се покажа дека триците сепак немаат здравствена корист и оти пациентите не ги поднесуваат најдобро. Всушност, триците ја влошуваат ситуацијата, изјави Рене Бијкерк од универзитетот Утрехт, Холандија.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Здрава исхрана
18.9.2009 14:52:42   
profesorica
10 продукти за кои мислите дека се здрави, а не се

  1. Житарици – житариците се промовирани како здрави и хранливи и се препорачуваат за намалување на телесната тежина. Доколу го прочитате составот на житариците ќе забележите дека тие се богати со шеќер и сол и дека витамините и минералите кои тие ги содржат се добиени по хемиски пат.
    Здрава алтернатива: за појадок - овес, млеко и банана; омлет со кромид и домати и слично.
  2. Колачи од овес – овие колачи се направени од овес и мешани зрнести плодови кои се здрави за јадење. Меѓутоа, оние кои можат да се набават во продавниците се мешани со сирупи како на пр. сирупот од пченка, кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Некои вакви колачи исто така содржат и чоколаден чипс кој ги прави исто толку “лоши” како и обичното чоколадо.
    Здрава алтернатива: домашно подготвени овесни колачиња.
  3. Овошни јогурти – кога на амбалажата ќе прочитате “без маснотии” не значи дека станува збор за здрава храна. Овие производи содржат шеќери, сирупи од пченка или вештачки засладувачи.
    Здрава алтернатива: обичен јогурт со парчиња од свежо овошје.
  4. Леб – лебот е достапен за сите и во исто време е вкусен, но не е толку здрав како што мислите. На одреден вид на леб ќе забележите да пишува дека е составен од цели пченични зрна. Ова не значи ништо посебно. И црниот леб исто така содржи сирупи од пченка и вештачки (заситени) масти, па со негово прекумерно конзумирање може навистина да се здебелите.
    Здрава алтернатива: намалете ја количината на леб во исхраната.
  5. Сендвичи – многу често на некои сендвичи ќе забележите “фитнес” или пак “со ниска масленост”. Ова не значи ништо бидејќи сендвичот содржи салата богата со шеќери, малку зеленчук и протеини и многу бел леб.
    Здрава алтернатива: подгответе си сендвичи дома.
  • Пакуван овошен сок – дури и 100% овошните сокови имаат шеќер како додаток, особено фруктоза. Вишокот на фруктоза предизвикува дебелеење, лош холестерол, лоша контрола врз апетитот и сл.
    Здрава алтернатива: пијте домашно подготвени сокови или јадете свежо овошје.
  • Спортски пијалоци – спортските пијалоци најчесто се промовираат како замена за електролити, јаглехидрати и сл. Меѓутоа вистината е дека се работи всушност за зашеќерена вода.
    Здрава алтернатива: пијте вода за време на вежбањето, протеини и јагле-хидрати после вежбањето.
  • Салати од ресторани за брза храна – станува збор за салата богата со шеќери, пржени лепчиња од рафинирано бело брашно или бели тестенини. Понекогаш, подобро е дури да нарачате двоен чизбургер отколку пилешка салата.
    Здрава алтернатива: сами подгответе си свежа салата.
  • Замрзнати оброци. Нема ништо лошо во замрзнатиот зеленчук или овошје. Но, на замрзнатите оброци често може да се забележи “со ниска масленост” или “здрава храна”. Вистината е дека станува збор за преработена храна, богата со шеќери и натриум. Ве советуваме да избегнувате замрзната храна.
    Здрава алтернатива: гответе ги своите оброци за тековнот ден, навечер или наутро.
  • Диетални газирани пијалоци – диеталната сода содржи вештачки засладувачи како што на пример е контроверзниот аспартман (метил хемиско соединение добиено од природни амино киселини). Проверете колку се здрави овие вештачки засладувачи и одлучете сами дали ќе ризикувате.
    Здрава алтернатива: вода, вода со исцеден лимон, зелен чај.



    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот mami)
  • Непосредна врска до пораките: 11
       RE: Здрава исхрана
    18.10.2009 0:47:21   
    jovanka
    Vo emisijata Hodnici sto obrabotuva temi od zdrastvoto bese nacnata mnogu ubava tema za decata i zdravata ishrana doma ,vo gradinka i uciliste. Obidete se kako roditeli sto pocesto na vasata trpeza da imate tradicionalna makedonska hrana za da gi zastitime od takanarecenoto fast fud debeleenje koe ponatamu vo zivotot nosi nus posledici.user posted image user posted image user posted image

    _____________________________

    Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: Здрава исхрана
    18.10.2009 1:03:06   
    mami
    тоа да, но последната репортажа што ја гледав беше дека во градинките децата не ги добиваат сите оние дневни количини на витамини, минерали, протеини..всушност беше истакнато дека таму воопшто не се води сметка за тоа... и што ако јас му давам дома здрава храна кога тој во градинка се храни нездравоuser posted image

    (Одговор на членот jovanka)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: Здрава исхрана
    3.11.2009 19:25:31   
    mis.
    Најчести совети што ги добивате од нутриционистите се: што повеќе овошје и зеленчук, риба, интрегрални житарки...Но, кои намирници ќе ги одберете – пиперка или лук, скуша или крап, јаболко или банана, во многу нешта зависи и од Вашата возраст. ИСХРАНА СПОРЕД ГОДИНИТЕ АКО ИМАТЕ 20 ГОДИНИ Цел на исхраната: да не претерувате. Дваесетгодишниците (и малку постарите) можат да јадат сè што сакаат, но во умерени количини. Не ја отежнувајте работата на цревата. Јадете најмногу овошје, зеленчук и интегрални житарки. Така ќе си го прочистите организмот, а кожата ќе ви биде мазна и сјајна.

    Појадок:
    кафе од јачмен, киви, јогурт со житарки, или Лимонада, 1 филџан чај, 3 препечени парчиња леб со мед или мармалад.

    Ужина:
    Свежо сезонско овошје и пакетче крекери.

    Ручек:
    1 чинија шпагети со домат, парче месо на скара, некој обарен зеленчук, парче интегрален леб и чаша миксирано овошје.

    Ужина:
    3 сливи и 1 чаша јогурт.

    Вечера:
    Обарен зеленчук со грашок, или грав, или чорба од ориз и риба, салата, парче интегрален леб и 1 овошка. Ако имате 30 години Цел на исхраната: да се држи холестеролот под контрола, бидејќи почнува да расте. Затоа, посоодветно е да конзумирате немасна храна како риба, бело месо, зеленчук и овошје.

    Појадок:
    1 филџан црн чај, или 1 чаша млеко со 2 бисквити.

    Ужина:
    1 сезонска овошка или цедено јужно овошје.

    Ручек:

    1 чинија ориз со грашок или шпагети со школки и салата од свеж зеленчук и 1 овошка.

    Ужина:
    1 мало јаболко или 2 сливи.

    Вечера:
    Лосос или бранцин подготвени во мрсна хартија, без маснотии или стек од мисиркино месо печен скара, 1 чаша црно вино, јаболко или грејпфрут. АКО ИМАТЕ 40 ГОДИНИ Цел на исхраната: борба против слободните радикали кои почнуваат да оставаат трага на ткивата. Затоа, конзумирајте намирници кои се богати со антиоксиданси, што во иднина ќе ви биде корисно во борбата против срцеви заболувања, но и за подобра меморија.

    Појадок:
    1 шолја зелен чај, 1 овошен јогурт, или 3 тенки кришки препечен леб со малку мед, кафе и свежо исцеден сок.

    Ужина:
    3 кајсии или 1 јаболко

    Ручек:
    1 чинија шпагети зачинети со лук, маслиново масло и пиперка, или макарони со обарен зеленчук, или салата од домати и кромид, 2 интегрални крекера.

    Ужина:
    1 мала чинија шумско овошје, или црно грозје.

    Вечера:
    Парче свежа туна испечено на скара, или 2 хамбургери од соја со обарен карфиол, 1 интегрална земичка, 1 овошка.

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: Здрава исхрана
    3.11.2009 19:29:14   
    mis.
    Пирамида на здрава исхрана user posted image
    Пирамида на здрава исхрана Ова е пирамидата на здрава исхрана креирана од експерти нутриционисти од Харвардската школа за јавно здравство (Harvard School of Public Health). Пирамидата е базирана на најдобрите научни докази кои се на располагање за поврзаноста на исхраната и здравјето. Оваа пирамида претставува водич за тоа што и колку треба да се јаде за подобро здравје. Пирамидата на здрава исхрана е втемелена во основата на дневната физичка активност и контролата на тежината. Зошто? Овие два поврзани елементи имаат силно влијание врз шансите да се остане здрав. Тие исто така влијаат на тоа што и како јадеме и како храната дејствува на нас. Останатите коцки во пирамидата на здрава исхрана вклучуваат:
    • Храна од интегрални зрна (во повеќето од оброците). На нашето тело му се потребни јаглехидрати главно за енергија. Најдобри извори на јаглехидрати се целите од овес, интегрално пченично брашно и кафеав ориз. Организмот не може да ги свари целите зрна толку брзо како обработените јаглехидрати како белото брашно. Ова ги спречува нивоата на шеќерот во крвта и инсулинот од качување, па спуштање, премногу брзо. Подобра контрола на шеќерот во крвта и инсулинот може да го контролира гладот и да го спречи развојот на дијабетис, тип 2.
    • Растителни масла. Добри извори на здрави незаситени масти вклучуваат маслинки, соја, пченка, сончоглед, кикиритки и други растителни масла но и масна риба како лососот. Овие здрави масти не само што ги подобруваат нивоата на холестерол во крвта (кога се јадат наместо високо обработени јаглехидрати), туку го штитат и срцето од ненадејни и потенцијално смртоносни ритмички проблеми.
    • Зеленчук (во изобилство) и овошје (2-3 пати дневно). Исхрана богата со зеленчук и овошје може да ги намали ризиците од срцев напад или удар; штити од најразлични типови канцер, го намалува крвниот притисок, дејствува превентивно на појавата на хемороиди, штити од катаракта и макуларна дегенерација, што е главна причина за губење на видот кај луѓето над 65 годишна возраст, и.т.н.
    • Риба, живина и јајца (0 до 2 пати). Ова се важни извори на белковини. Многубројни научни студии препорачуваат дека јадењето риба може да го намали ризикот од срцево заболување. Пилешкото и мисиркиното месо се исто така добар извор на белковини и може да содржат ниско ниво на заситени масти. Јајцата, кои долго време беа критикувани поради тоа што содржат доста холестерол, не се толку лош избор колку што се мисли. Всушност, едно јајце е многу подобар појадок од крофна пржена на масло кое изобилува со транс масти или кифла од бело брашно.
    • Јаткасти плодови и мешунки (1 до 3 пати). Јаткастите плодови и мешунките се одлични извори на белковини, влакна, витамини и минерали. Многу врсти јаткасти плодови содржат здрави маснотии (бадеми, ореви, кикиритки, лешници и ф'стаци) кои се добри за срцето.
    • Млечни производи или додатоци со калциум (1-2 пати). За изградбата на коските и нивната цврстина е потребно калциум, витамин D, физичка активност и многу повеќе. Млечните продукти се главен извор на калциум. Но, освен млекото и сирењето, кои може да содржат многу заситени масти, има други здрави начини како да се земе калциум. Три чаши полномасно млеко, на пример, содржи исто толку заситени масти колку и 13 ленти пржена сланина. Ако сте љубител на млечни производи, обидете се Вашиот избор да бидат продуктите без масленост или со малку масленост. Ако, пак, не сакате млечни производи, суплементите на калциум нудат лесен и ефтин начин да ја внесете потребната дневна количина калциум.
    • Црвено месо и путер (Користете ги ретко во исхраната): Овие се наоѓаат на врвот од пирамидата на здрава исхрана бидејќи содржат многу заситени масти. Ако јадете црвено месо секој ден, преминувањето кон исхрана со риба или пилешко неколку пати неделно може да ги подбри нивоата на холестерол во крвта. Исто тоа важи и на заменувањето на путерот со маслиново масло.
    • Бел ориз, бел леб, компири, бели макарони, сода и колачи (Користете ги поретко): Оваа храна може да предизвика брзо и прекумерно зголемување на шеќерот во крвта што може да доведе до зголемена телесна тежина, дијабетис, срцево заболување и други хронични нарушувања. Јаглехидратите од целите зрна предизвикуваат побавно и порамномерно покачување на шеќерот во крвта што не ја надвладува способноста на организмот да се справи со овој толку потребен, но потенцијално опасен нутритиент.
    • Мултивитамини: Дневен додаток од мултивитамини и мултиминерали пружа одредена врста нутриционистички резерви. Додека тоа на никој начин не може да биде замена за здравата исхрана или надоместок за наздравата исхтана, може да ги пополни празнините од хранливи материи кои некогаш ги погодуваат и најревносните поборници на здравата исхрана. Не ви е потребно некоја скапа марка на витамински суплементи.
    • Алкохол (умерена употреба): Резултатите на повеќе студии препорачуваат дека умерено пиење алкохол дневно го намалува ризикот од срцево заболување. Умереноста е многу важна, бидејќи алкохолот има ризици исто како и придобивки. За мажите, добар баланс е конзумирањето 1 до 2 пијалоци дневно, а за жените најмногу до еден пијалок дневно; меѓутоа, ризиците од пиење, дури и кога е тоа умерено, ги надвладуваат добивките се до средното животно доба.
     


    (Одговор на членот mis.)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: Здрава исхрана
    4.11.2009 12:39:37   
    mother 29
     извор.ЗДРАВА ИСХРАНА-врема за јаболка
    Јаболкото како симбол на убавина и искушение го среќаваме уште во најраните библиски записи на самите почетоци на цивилизацијата од времето на Адам, преку грчките митови и војни во кои често се спомнува. Неоспорно била главен актер во создавањето на Њутновата теорија на гравитација, а свое место најде и во детските бајки. Во современиот свет ниту малку не губи од популарноста со оглед дека е заштитен знак на општопознатата компјутерска компанија Аппле.
    Но, бидејќи пред се таа е синоним за здравје и виталност, ќе ве запознаеме со нејзините нутритивни карактеристики и вредности.
    Состојките на јаболкото од гледиште на нутриционистите се урамнотежени и потполни, па не чуди изреката дека едно јаболко дневно ве држи понастрана до лекарот, односно многу корисно делува на физичкото здравје, а најценета е во модерната диетологија особено поради големото количество пектин, кој создава чувство на ситост.

    Нутритивните својства на јаболкото:
    Плодот на јаболко е богат со хранливи состојки, па така 100 г јаболка содржат :
    85 г вода
    0,2 г протеини
    0,1 г маснотии (најмногу во семките)
    11 г шеќер (фруктоза, глукоза и сахароза)
    2 г влакна
    4 г сол и минерали меѓу кои калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, железо, јод, цинк, манган и силициј во траги.
    Јаболкото е и вреден извор на витамини - Ц, Б1, Б2, А.
    Во месото и кората на јаболкото помеѓу другото присутна е и танинската киселина која влијае на метаболизмот, мастите и нивното таложење во црниот дроб.
    Разновидноста на јаболкото се гледа во нејзината боја која се протега од светла до темноцрвена, жолта, зелена или прошарана варијанта. Големи разлики има и во вкусот, а мирисот и вкусот и го дава состојката терпенин.

    Лековито делува:
    Го забавува стареењето.
    Свежото јаболко се користи кај кожните болести, запек, болести на бубрезите. Додека пак ренданата и оксидирана јаболка е одлична против диареа.
    За прочистување на организмот најдобро е да се јаде наутро, на празен желудник, а бидејќи е едно од ретките овошја кое не предизвикува интестинална ферментација, го подобрува варењето и по оброкот.
    Како средство за смирување, јаболкото пред спиење значи пријатен сон.
    Кај воспаление на грлото добро е грлото да се исплакне со течност добиена од варење на 3 исечкани јаболки во 3 л вода.
    За поубава насмевка: секој залак на јаболко е своевидна масажа на непцата па го јакне коренот на забите, ги чисти им дава сјај и белина.


    < Поракaта ја уредил mother 29 -- 4.11.2009 12:40:00 >

    (Одговор на членот mis.)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: Здрава исхрана
    13.11.2009 15:36:29   
    profesorica
    ЗДРАВ ПОЈАДОК

    Станувате наутро, набрзина се облекувате, брзате да стигнете на работа и немате време за појадок. Можеби по пат ќе земете некој ѓеврек, печиво, лиснато тесто, кроасан, пита, бурек, ако имате среќа и време додека сте дома можеби ќе си спржите јајца, ќе сварите виршли, ќе спремите некој сендвич со шунка и кашкавал или ќе си направите тост. За жал, кога станува збор за здрава исхрана, ниту една од опцииве не е некој одличен начин да се почне денот. Навистина многу луѓе имаат проблем што се однесува на здрав појадок – или немаат време да го приготват, или пак, немаат некој голем избор.
    Немањето време е навистина проблем, бидејќи значи дека го почнувате денот со празен стомак, па додека да стигнете на работа или училиште/факултет, нивото на шеќер во крвта ви е на опасно ниско ниво и вие самите чувствувате потреба за благо. Ви треба инстантна доза од шеќер, која вообичаено се состои од кроасани, благи печива, крофни или некој друг лош избор. Лошиот избор на храна е исто така проблем. Кога веќе ќе го напуштиме домот, сѐ што можеме да најдеме низ вообичаените места за појадок е или со премногу јаглехидрати (кифли, ѓевреци, пити, кроасани, тостови, крофни), или пак со многу масти (пржени јајца, пирошки, бурек, ладни сендвичи со шунка, сланина, кашкавал…). Изгледа дека сме заглавени со лош избор… Тогаш, што ни останува да јадеме наутро? Всушност, има навистина голем избор. Јас ќе ви дадам неколку интересни, едноставни и вкусни предлози, а и вие самите ќе можете да си најдете нешто што ќе одговара на вашиот вкус и динамика. Тоа што треба да го барате, треба да е богато со протеин и без сатурирани масти, да има интегрални состојки, да вклучува ниско маслено млеко или млечни производи и да содржи влакна и натриени. Но, што ако пак немате време? Мора да најдете време! Направете време! Разбудете се 15 минути порано. Подгответе го појадокот претходната вечер и чувајте го во фрижидер. Подгответе нешто набрзина и изедете го на пат кон работа, или веднаш кога ќе пристигнете и не дозволувајте никогаш да помине повеќе од 1 час од будењето до појадокот. Јас лично ја препорачувам првата опција. Станете малку порано, убаво е да имате време да се напиете едно кафе или топол чај заедно со вашиот појадок, додека сѐ уште сте дома и пред да започне дневното лудило.

    ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ, ЛЕНЕНО СЕМЕ, БОБИНКИ И БАДЕМИ

    За мене, навистина совршениот појадок. Има одлична пропорција помеѓу јаглехидратите, протеините и мастите, многу е лесно и брзо за правење, ви ја дава потребната енергија за во текот на денот и го стабилизира нивото на инсулин во крвта. Подгответе го набрзина, мешајќи го овесот со млеко или вода и додадете ги сите останати состојки. По вкус, додадете малку мед или цимет, но не многу, а ако имате потреба од екстра енергија додадете и пола миксирана банана.

    СВЕЖО ШУМСКО ОВОШЈЕ, ОВОШЕН ЈОГУРТ, ЖИТАРИЦИ

    Оваа комбинација е многу слична на претходната, но содржи малку повеќе калории и има малку поголема енергетска вредност. Внимавајте на масленоста на овошниот јогурт – нека не биде повеќе од 1.5%, т.е. колку помалку, толку подобро. Житариците може да бидат било кои, но пак читајте ги енергетските вредности на етикетата, бидејќи многу лесно можат да ве наведат да земете житарици со многу шеќер и калории. Мои омилени се муслите од јаболко и чоколадо. Ги има во сите продавници, а имате и релативно голем избор на вкусови.

    ПРЖЕНО ТОФУ

    Поздраво е од пржени јајца. Се приготвува брзо. Додадете кромид, пиперки или некој друг зеленчук. Додадете зачини, а може и малку сос од соја. Јадете го заедно со интегрален леб. Тофу-то е вид на сирење кое се добива во процес на коагулација на соино млеко, на сличен начин како што обичното сирење се добива од млекото. Го има во сите поголеми маркети.

    СВЕЖА ОВОШНА САЛАТА

    Исечкајте колку што сакате јаболка, диња, лубеница, бобинки, портокали, круши, банани, грозје, сите или било кои сезонски овошја, вашите омилени овошја, додајте малку сок од лимон и една лажица мед. Одлично.

    ПРЖЕНИ ЈАЈЦА СО ПИПЕРКИ


    Јас лично не обожувам пржени јајца, но сигурно има многу луѓе кои ги сакаат. Очигледно не е најдобриот избор за појадок, но ако направиме неколку мали измени на стандардните пржени јајца, ќе добиеме многу поздрав оброк. Наместо целите јајца, пробајте да ги одделите само белките. Имаат чисти протеини и се многу поздрави од жолчките. Пропржете ги со малку маслиново масло (а не сончогледово), додадете брокула, кромид, секако пиперки и зачини. Оди одлично со тост од интегрален леб.

    < Поракaта ја уредил profesorica -- 13.11.2009 15:37:36 >


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот mother 29)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: Здрава исхрана
    13.11.2009 15:45:50   
    mami
    СВЕЖО ШУМСКО ОВОШЈЕ, ОВОШЕН ЈОГУРТ, ЖИТАРИЦИ

    Оваа комбинација е многу слична на претходната, но содржи малку повеќе калории и има малку поголема енергетска вредност. Внимавајте на масленоста на овошниот јогурт – нека не биде повеќе од 1.5%, т.е. колку помалку, толку подобро. Житариците може да бидат било кои, но пак читајте ги енергетските вредности на етикетата, бидејќи многу лесно можат да ве наведат да земете житарици со многу шеќер и калории. Мои омилени се муслите од јаболко и чоколадо. Ги има во сите продавници, а имате и релативно голем избор на вкусови.


    дефинитивно мојот омилен појадок..а и на Лукаuser posted image

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: Здрава исхрана
    13.11.2009 15:49:15   
    profesorica
    Правилен баланс на исхраната


    Според традиционалната медицина, балансирањето на вкусовите води до физичка и ментална благосостојба. Секако дека оброк кој содржи слатко, солено, кисело и луто е подобар од оној кој има само еден или два вкуса. Затоа следете ги следниве чекори за да уживате во јадењето.

    1 Купувајте повеќе несолени продукти, за да ги комбинирате полесно вкусовите;
    2 Разгледајте и други можности за посолување на храната освен сол. Како на пример соја сос, коцка за супа, пармезан или некој зачин;
    3 Снабдете се со различни видови на оцет, како и сок од лимон или лимета;
    4 Балансирајте ја киселоста со слатки додатоци. Мед или кафен шеќер ќе ви помогнат во тоа. Италијанците, киселоста на доматот знаат да ја измешаат со шеќер;
    5 Внимателно со зачините. Во јадењето се додава помалку, а остатокот од зачините може да се остави на масата, па секој гостин да си реши колку ќе употреби по свој вкус. За да направите оптимално јадење, зачините ставајте ги на почетокот од готвењето;
    6 Обидете се, понекогаш, да го замените црниот бибер со кари, чили, пиперче или сенф. Така ќе му дадете посебен вкус на јадењето.
    ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ
    • направете рамнотежа помеѓу сезонската храна и несезонскот ориз
    • киселиот вкус се надополнува на крајот од готвењето
    • ако користите оцет балсамико, не додавајте ништо слатко во вашата салата
    • кромидот, црвените пиперки, сувото грозје и сушените јаболка се природни состојки кои може да ја зголемат слаткоста на оброкот


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: Здрава исхрана
    23.11.2009 12:40:58   
    profesorica
    Срушени митовите околу прехранбените навики?!


    Во народот постојат бројни верувања поврзани со прехранбените навики. Често постарите не советуваат да земаме витамин Ц доколку сме настинати, или пак да не јадеме во доцните ноќни часови бидејќи ќе се здебелиме. Познатиот експерт за диети, Кетрин Колин ни разоткрива неколку најзастапени „митови“.

    Доколку јадете касно ќе се здебелите

    Во народот постои верување дека доколку јадете пред спиење калориите ќе останат непотрошени и со тоа  ќе добиете на тежина. Но, бројните истражувања докажаа дека калориите внесени во доцните часови не влијаат врз вашата тежина, се додека одговараат на дневните потреби на вашиот организам.

    - Калориите се калории, нема разлика дали сме ги внеле ноќта или преку ден. Мора да внимаваме на количината, а не кога ги внесуваме.

    Лошо е да вежбате веднаш по дневниот оброк

    По јадењето, одредена количина на крв е насочена кон вашиот систем за варење, и ако вежбате на вашите мускули ќе им биде потребно повеќе крв, па поради тоа во народот постои митот дека не е добро да се вежба по јадењето.

    Но, во секој случај, вежбање по јадењето е здраво сè додека не ги преоптоварите мускулите, бидејќи може да добиете грчеви во стомакот. Витаминот Ц ги намалува симптомите на настинката и грипот

    Витаминот Ц ги штити клетките од оштетување и го подобрува имунолошкиот систем. Поради тоа е настанато верувањето дека овој витамин може да помогне во борбата со настинката и грипот.

    Но, истражувањата докажаа дека витаминот Ц делува кај личностите кои се изложени на тешка физичка активност, како на пр. кај спортистите и одличен е како превентива. Овој витамин е бескорисен кога ќе не фати настинката или грипот.


    На организмот му се потребни два литра вода дневно

    Истражувањата покажаа дека на возрасните мажи им се потребни два литра вода дневно. Но, водата се содржи во храната која што секојдневно ја консумираме. Количината на вода потребна на организмот зависи од тежината. Доколку пиете повеќе течности тогаш повеќе ќе мокрите, што значи дека внесените количини течност не постигнуваат никаков ефект.






    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 20
       RE: Здрава исхрана
    23.11.2009 12:42:26   
    profesorica
    Смалете го внесувањето на сол


    Ако сте еден од оние кои редовно додаваат сол во своето јадење, без воопшто да пробаат да го вкусат, тогаш препорачливо е да ја  прочитате оваа статија. Имено, лекарите и нутриционистите истакнуваат дека препорачана дневна количина на натриум е една чајна лажичка сол, а ако имате висок крвен притисок тогаш треба и помалку. Но, неодамнешното истражување покажа дека голем број од луѓето консумираат многу повеќе сол од една лажичка дневно.

    Поради тоа ви носиме неколку совети кои би ви помогнале да го намалите внесувањето на сол во вашето тело.
    user posted image
    Кога е можно, препорачливо е да користите свежи состојки за подготовка на својот оброк. Имено, често солта се користи како параван за вкус и непотребно се користи во салатите. Место сол, користете лимонов сок и свежи зачински билки.

    Прочитајте ја етикетата на готовите производи. Само затоа што храната не е солена, не мора да значи дека не содржи сол. Дури и слатките производи може да содржат значителна количина на сол. Имајте на ум дека додатоците како сенф, мајонез па дури и кечап содржат натриум.

    Користете исклучиво морска сол, по можност онаа во која нема додаван јод.

    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 21
       RE: Здрава исхрана
    23.11.2009 12:51:17   
    Bogdancanka
    немам проблем за солта,можам јас и без сол не сум баш по соленото и мм често ме кара за тоа затоа што ставам по ептен малку сол

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 22
       RE: Здрава исхрана
    23.11.2009 12:55:07   
    profesorica
    ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

    немам проблем за солта,можам јас и без сол не сум баш по соленото и мм често ме кара за тоа затоа што ставам по ептен малку сол


    леле исто и јас

    а додека кај маж ми во фамилија сите додаваат сол.


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот Bogdancanka)
    Непосредна врска до пораките: 23
       RE: Здрава исхрана
    23.11.2009 13:56:32   
    beki RR
    Дали некој знае што е chia seeds, латинското име му е Salvia hispanica и дали го има кај нас.

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 24
       RE: Здрава исхрана
    28.11.2009 11:00:49   
    ripce
    Ротквица - храна и лек

    user posted image

    Опис и потекло

    Ротквицата (Raphanus sativus) е повеќегодишна билка од фамилијата на зелките (Brassicaceae). Зборот „rudhira“ на санскритски, или „rude“, „rudo“ и „reod“ на саксонски јазик, значи „крв“ или „да се обои во црвено“, од каде потекнува и името на оваа билка, дефинирано по бојата на нејзиниот корен. Се претпоставува дека ротквицата потекнува од јужна Азија и дека можеби има потекло од дивата врста - Raphanus raphanistrum, која расте покрај обалата на Медитеранот. Ротквицата интензивно се одгледувала во Египет во времето на фараоните. Колкаво значење имала ротквицата за старите Египќани покажуваат сликите на sидовите на храмовите и гробниците. Познато е дека Египќаните, кои ја граделе Кеопсовата пирамида околу 1900-та година пред нашата ера, ја користеле ротквицата заедно со лукот и кромидот, бидејќи сметале дека таа храна им го чува здравјето. Ротквицата посебно ја ценеле Грците и Римјаните. Во народната медицина на овие народи, ротквицата била користена како природен лек против кашлица и воспаление на дишните патишта. Како прастара културна билка се одгледувала во Кина, пред повеќе од 3000 години. Во Франција, ротквицата не е култивирана се до 16-от век. Во времето на ренесансата, во Франција ротквицата посебно се ценела поради своето лековито дејство на лачењето на жолчката. Ротквиците спаѓаат во ретки билки, кои по 20-30 дена од сеењето даваат сочен, меснат корен со лут вкус и остар мирис. Бојата на коренот на ротквицата варира од бела, сива, црвена, па до црна. Без разлика на бојата, сите имаат сличен нутритивен состав.
    Нутритивен состав
    Ротквицата е идеален плод за нискокалорични салати. Енергетската вредност на ротквицата е мала, содржи малку калории, а богата е со витамини (посебно со витамин Ц) и минерали (калиум), растителни влакна и фолати. Во 100 грама ротквици има 28 kcal/117 KJ. Носители на калориите се јагленохидратите. Во минералниот состав на ротквицата доминира калиумот (233 mg), а потоа следат калциумот, натриумот, фосфорот и железото. Од витамините, најзастапени се: витаминот Ц и витамините од Б – групата.
    Лековити својства
    Ротквиците содржат супстанции кои даваат лут вкус и остар мирис, па во исхраната најчесто се користи како додаток на салати и како зачин. Ротквицата е погодна како „аператив“, затоа што го подобрува лачењето на желудечните сокови и ја подобрува работата на цревата, а со самото тоа го подобрува и варењето на храната. Затоа, ротквицата се препорачува во исхраната кај лица со отежнато варење, помага при опстипација (затвор). Поради големата содржина на калиум, ротквицата е добар природен диуретик, односно го зголемува исфрлањето на течностите од организмот. Одност на калиумот и фосфорот во ротквицата е таков жто овозможува добро искористување на калциумот. Витаминот Ц од ротквицата помага во стварањето на колагенот, ја зголемува апсорпцијата на железото од цревата, го јакне природниот одбрамбен механизам на телото, го забрзува заздравувањето на раните, учествува во синтезата на невротрансмитерите во мозокот. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кои ги исфрла од телото канцерогените слободни радикали. Истражувањата кои ги спровел „National Institute on Aging“ докажале дека витаминот Ц го зголемува нивото на „добриот холестерол“ - HDL (липопротеин со голема густина), кој од артериите ги отстранува мастите, па на тој начин го намалува ризикот од атеросклероза и срцев удар. Според тоа, ротквиците се и природен лек за превенција и лекување на кардиоваскуларните заболувања. Пригментот антоцијан, која ја дава бојата на коренот на ротквицата, го привлече интересот на научниците, поради своите лековити својства. Овој пигмент има антиканцерогено дејство и влијае на обновувањето на крвта. Истражувањата кои се спроведуваат со цел да се испитаат антиоксидативните својства, покажале дека појакиот интензитет на бојата на роткивицата го појачува и антиоксидативното дејкство. Антиоксидансите во исхраната се поврзани со намалувањето на срцевитге заболувања, некои видови на рак и со малкуларна дегенерација на окото. Свежиот сок од ротквица е стар народен лек, а помага при воспаление на жолчната кеса бидејќи го зголемува излачувањето на жолчката. За лекување на заболувања на жолчната кеса, сокот од ротквица се припрема на следниов начин: ротквицата се лупи, се ренда и се цеди сокот. Од ротквица со средна големина може да се добие 250 грама сок. Сокот се пие во текот на денот, околу 100 до 150 грама, поделен на помали дневни дози. По 4 до 5 дена, се препорачува да се направи пауза од 2 до 3 дена. Роткивицата треба да се зема подолго време, за да биде ефикасно нејзиното делување. Се препорачува и сок кој се приготвува од еднакви количини на ротквица и морков,, а се зема по една мала шољичка пред ручек. Ротквицата и свежиот сок од ротквица благотворно делуваат на излачувањето на слузта од дишните патижта, па се препорачуваат при бронхит, настинка, грип, инфекции на дишните патишта, кашлица. Сокот од ротквицата ја намалува и главоболката.
    На кои лица им се препорачува ротквица?
    Ротквицата не им се препорачува на лицата со воспаление на слузницата на желудникот и цревата (гастрит, колит), како и на лица со чир на желудник или дванаестопалачно црево и на лица со бубрежни заболувања.





    (Одговор на членот beki RR)
    Непосредна врска до пораките: 25
    Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
    Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    Цртани филмови.
    пеперутка16

    Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?