|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Жената во исламот
12.1.2010 12:27:54   
profesorica
Ајде да видиме кој е ставот на жената во исламот, а што праксата на муслиманите (добрите верници, но и оние кои злоупотребуваат)

дали е точно дека жена несмее да присуствува на погреб?
Имав една другарка муслиманка, не и дозволиле да присуствува на погребот на татко и, или за да присуствува требала да испчитува некои правилаuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Жената во исламот
12.1.2010 12:29:29   
profesorica
Положбата на жената во исламот


Наоѓајќи ја жената во крајно подредена положба, исламот не само што со извесни прописи и ја ублажил таа очајна состојба, туку и од темел ја менува. За време на појавувањето на исламот и пред тоа, промената на постоечката состојба на жената била првата социјална револуција, а воедно и смртен удар на дотогашните погледи и сваќања на народите во кој што исламот се појавува.

Покрај многуте ставови кој специјално се третира женското прашање, во Куранот има и една сура која го носи насловот „Жени“. Тоа започнува со зборовите: „Луѓе, плашете се од Аллах , кој ве створил од една душа.“ (Ен-Ниса 1). Со овие зборови се истакнува дека сите се луѓе, и мажите и жените.
Вооедно се истакнува дека сите луѓе пред Aллах се еднакви; не се прават ни расни, ни класни разлики, па така треба да биде и пред сите човечки закони.

Жената во предисламското опшество, и во моментот на почетокот на објавата, не играла никаква улога, а не била и во можност поради запоставеноста и подреденоста. Таа не била личност туку исламот ја створил како личност.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Жената во исламот
12.1.2010 12:31:03   
Mammy
Бидејќи маж ми е Муслиман, знам по нешто..
Да точно е дека жените не одат на погреб..
Многу зависи колку се религиозни..
Маж ми е доста либерален во тој поглед, а со оглед дека јас сум православна, мада огромен неверник сум, тој воопшто не ме замара, ниту инсистира на нешто..

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Жената во исламот
12.1.2010 14:44:57   
mother 29
Јас имам читано за тие жени во албански семејства дека биле само керки,едната се пребразува во маж и го води семејството,се откажува од брак,од својот живот како жена!
само имаа име ,не знам како ги викаа?помош

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Жената во исламот
12.1.2010 14:55:41   
niki
 А слушнавте за новиот закон во Франција мислам беше, парично ќе бидат казнувани сите кои од религиозни или други побуди се забрадуваат на јавни места? Не фатив баш се пред некој ден на вести гледав и сега незнам дал на грчки или српски канал гледав. Законско ослободување на муслиманките од прангите на религијата. Како ќе реагираат на ова мажите што сакаат да им бидат покриени жените?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Жената во исламот
12.1.2010 15:22:54   
Матеа
Леле Професорица кај ја најде темаваuser posted image Баш вчера се шетаме со мм и поминува една покрај нас цела во црно само очите и се гледаат и јас навистина се изненадив. Овде има такви ама ваква скроз немав видено само очите да и се гледаат прав нинџа. Да не ме разберите погрешно не е напишано со негативна конотација само мене така ми заличи женава пошто беше и ноќе имаше double effectuser posted image И јас таква целата велам е ова е премногу како ова можи да се дозволува, затоа што навистина ми падна жал за жената како беше целата забрадена како јајце ни ѕирка ни проѕирка, а мм ми вели а оти ти се дотеруваш се шминкаш и носиш здолништа, фустани и ред др. работи? Па велам тоа е карактеристика на жена и мислам дека тоа е ок. А тој мене е па и таа мисли дека нејзиното е ок затоа што е така воспитана во тој дух, со тој стил.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 12.1.2010 15:25:37 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 0:54:35   
mina_m
ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Леле Професорица кај ја најде темаваuser posted image Баш вчера се шетаме со мм и поминува една покрај нас цела во црно само очите и се гледаат и јас навистина се изненадив. Овде има такви ама ваква скроз немав видено само очите да и се гледаат прав нинџа. Да не ме разберите погрешно не е напишано со негативна конотација само мене така ми заличи женава пошто беше и ноќе имаше double effectuser posted image И јас таква целата велам е ова е премногу како ова можи да се дозволува, затоа што навистина ми падна жал за жената како беше целата забрадена како јајце ни ѕирка ни проѕирка, а мм ми вели а оти ти се дотеруваш се шминкаш и носиш здолништа, фустани и ред др. работи? Па велам тоа е карактеристика на жена и мислам дека тоа е ок. А тој мене е па и таа мисли дека нејзиното е ок затоа што е така воспитана во тој дух, со тој стил.


za ovie zeni e zalno sto i dodeka spijat liceto pak im e pokrieno,znaci ne smeat da si go otkrijat liceto voopsto nit mazite znaat kako izgledaat nitu pak sopstvenite deca mozat majkata da si ja prepoznaat(samo po glasot).imase bas vakov slucaj na tv kazuvaa deka edna vakva se razvela t.e sudot i odobril da se razvede od prosta pricina sto po tolku dolgi godini brak mazot i posakal vo niedno vreme od nokta dodeka spiela da i go otkrie liceto i da ja vidi,megutoa koga se razbudila zenava bila zaprepastena od pomislata na mazot i vednas pobarala razvod,a toj kutriot povtoruval deka nikogas nema da mu se povtori vakov grev da napravi,ama ne mu zapalilo.Samo se cudam ovie zeni koga odat po decata da si gi zemat od skolo kako im uspeva da si se pronajdat vo tolkava guzvauser posted image

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:04:20   
mother 29
jas pak mislam deka ne e do tolku ekstremno..deka sepak "pagat na iskusenie".ne mi e zamislivo nikogas da ne go otkrijat liceto pred decata ,barem nasamo!user posted image

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:15:16   
Mila na mama
Колку што имам прочитано исламот никаде не забранува сопругот и децата да ја видат жената. Жените во кругот на семејството не се покриени,а  не се покриваат ни пред други жени само пред други мажи. Нивните свадби се одделни посебна свадба за мажи посебна за жени ( ова мислам за С.Арабија дека беше). Знам дека за да патуваат им треба придружба од машки член на семејството и дозвола од сопругот. Кај нас не ќе да е така.
Секоја религија има секти кои произлегуваат од неа посебни групи кои ги водат до екстрмни граници некои од пропишаните правила или го искривуваат учењето. Земете ги за пример овие ѕверови во Авганистан кои ја користеа верата како оружје за затупување и политичка контрола.

Турција имаше таков закон за забрането забрадување и покривање на јавни места како факултети, училишта и сл ама пред скоро време беше изменета и сега е право на избор што сметам дека е сосем во ред ако жената сама избере да се покрива но тоа навистина да биде избор без машки притисок.

Еднаш на Си ЕН ЕН гледав интервју со една муслиманска активистка која изјави дека бројот на обиди за силување на покриена жена која шета сама неверојатно мал за разлика за обидите за силување врз жени кои да речеме се "нормално" облечени.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:22:05   
mina_m
i mene bas vakvava situacija mi e nekako bez vrska ,mnogu od ovdeka lugeto tvrdat deka bilo vistina,duri do pred nekoe vreme zenskite devojcinja ovdeka idea celite taka pokrieni vo skolo,megutoa drzavava ovde voopsto ne go podrzuvase toa i izglasaa zakon kade sto moraa da bidat obleceni vo skolska uniforma kako i site drugi ucenici,ili ako se roditelite protiv ovoj zakon i dokolku decata ne go ispocituvaat ova tie bea brkani od skoloto,za zal poveketo roditeli ne gi prifatija nekoi zakoni i si gi otpisuvaa decata na sila od skolite.....

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:28:26   
arh_diz
Jas imav drugarka vo sredno uciliste koja bese muslimanka nikoj ne znaese deka e taa muslimanka. I taa sama kazuvase deka doma zenata moze da ja gledaat neodi do tolku zavitkna.Isto kazuvase deka zenite i mazite ne odat vo dzamija vo isto vreme

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:28:37   
mina_m
jas kolku sto znam od musliman do musliman ima razlika,da muslimani se ama sepak imaat razlicni obicai i zakoni...

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:31:08   
arh_diz
Toa e isto kako kaj nas pravoslavnite. Sekoe naseleno mesto ima svoj obicaj za nekoj praznik.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:32:18   
mina_m
i jas imav drugarka muslimanka pa bea mnogu moderni i voopsto ne bea zavitkani so samii nit nadvor nitu pak doma,zatoa i rekov od musliman do musliman ima golema razlika,zavisi od koja zemja se lugeto...

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:33:19   
mother 29
pa da.ima golema razlika od onie emancipirnite Muslimanki  i onie od zatucanite planinski predeli.....

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:34:59   
zami
tocno.
drugarka mi e bosanka, muslimanka, pa kaj niv nikoj ne se zabraduva.
kolega imav, albanec, musliman, kazuvase deka majka mu se zabraduvala, ama zena mu ne, iako ne e nekoja skoluvana da kazes, so osnovno skolo, domakinka, ama kaj nas vo firma doagase nezabradena.
ama se poveke gledam mladi devojcinja zabradeni vo skopjevo, toj del ne mi e jasen. Neli nasive se zabraduvaat otkako ke se omazat, a ne dodeka se devojki?
i neli na klon gledavme deka doma, pred deca maz, majka tatko ne se zabradeni samo pred drugi nepoznati mazi i po ulici.

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 9:59:06   
niki
Тоа забрадувањето, ајде и некако ќе го сватам, нека оди на сметка на моден детал, стил или традиција како и да е. Но нивната подреденост ја гледам во тоа што жените се добри додека се дома и го гледаат семејството децата, а во случај на развод или смрт на сопругот право на децата има мажот или неговото семејство. Значи тие се дома слугинки, машини за раѓање и немаат право да се врзуваат со сопствените деца. Еден случај имаше во моето соседство каде умре сопругот, а таа уште не породена беше и се врати кај родителите нејзини, а кога се проди бебето го остави кај свекорот и свекрвата. Јас како жена која родила свое дете, неможам да сватам каде тука заминала љубовта. Ако со мажот врската била пресметана, присилна, без емоции, со животот кој 9 месеци го носела во утробата зар ниедна емоција не се развила да така без да се свртиш назад го напуштиш. За сметка на традицијата, на религијатаuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 11:07:45   
talisman
Бидјејќи сум муслиманка, ај да се обидам да ви помогнам и да ви разрешам многу од заблудите кои, за жал, ги прочитав. Најпрво морам да напишам дека, читајќи поединечни размислувања, изгледа ние баш живееме едни покрај други, а не едни со други, што е некако тажноuser posted image

Како прво, жените овде не одат на погреб од едноставна причина што кај нас муслиманите на погребувањето се гледа на друг начин. Ние дури и не викаме дека човекот умрел туку дека се преселил од еден на друг свет. Не дека се сваќа нормално умирањето т.с преселбата на некој близок, туку не се сваќа ни толку трагично како кај останатите. Жените не одат бидејќи повеќето неможат да се воздржат, а да не лелекаат, плачат, кукааат и тогаш се прави уште поголем хаос. Затоа е и прифатено дека е подобро да не одат на погреби.

Што се однесува до покривањто на телото, во Кур“анот је дадено дека жената треба да си ги покрие своите телесни украси и истите да ги открива само пред сопругот. Е сега, постојат дилеми што се смета за украс кај жената и соодветно на тоа е прифатено како таа ќе се покрива. Покривањето кое го прифатиле речиси сите муслиманки се нарекува Хиџаб и опфаќа покривање на косата, вратот, рацете до дланките па се до зглобовите на нозете. Значи, лицето, дланките и стопалата не се покриваат со тоа што не смее да се носи тесна, проѕирна или некоја облека која привлекува внимание. Покривањето кое на многумина им смета ( меѓу нив се вбројувам и самата ) се нарекува НИКАБ и подразбира целосно покривање на жената, значи и лицето и дланките со ракавици. Никаде во ниту една исламска книга нема да најдете барање до жената да се покрие на тој начин и сметам дека тоа е искомбинирано со обичаи кои со текот на времето се пренесени и кај нас. Не сакам да навредам никого, но ОГРОМНА ГЛУПОСТ е да се мисли дека лицето на тие жени не им го гледа никој, па дури и ни сопругот ниту децата. Тие се така покриени во надворешниот свет, а дома функционираат сосема нормално. Значи, ако сакаат носат фармерки, миничи, кратки панталони, се шминкаат, со каква сакаат фризура или боја на косата. Тоа е нивен начин на живот, тоа го избрале и нема апсолутно никаква причина да се мисли за нив дека се вакви или онкви. Мој совет е, доколку сакате да дознаете нешто за нив и нивниот живот, слободно пријдете им и прашајте ги, верувам дека ќе ви кажат и појаснат. Ако не тие, тогаш прашајте ме мене и што знам ќе ви кажамuser posted image

Што се однесува до Франција вистина е дека е забрането носење хиџаб што по мене преставува голема дискриминација. Зошто на чесните сестри и монахињите не им е забрането покривањето ??? Кај нас верничката која сака да ја практикува својата вера, меѓу останатото, мора да е покриена како треба. Што незначи дека е помалку убава и интелегентна од останати жени. Едноставно, тоа е избор и ако говориме за демократија тогаш кој е тој што може да си даде себе си право некому да му го ускрати правото на верско определување.

Е сега, што се однесува до правата на жената во Исламот мислам дека сите останати може да ни позавидат. Проблемот за жал е во тоа што и многу мажи муслимани ги знаат и ги злоупотребуваат, па ето се добива впечаток дека муслиманката треба само да раѓа деца, да биде слугинка и да нема никаков социјален живот. Жената има право на образование ( посебно што таа ги воспитува поколенијата ), работа, свој приход со кој самата располага. На оваа тема често и со мм се зезам, бидејќи постојано му набивам на нос дека по Шеријатот ( исламски закон ) тој како глава на семејството е даден д го „ влече товарот„ а јас сум таа која треба да ужива user posted image  Во моето семејство никогаш не е доведено во прашање моето и образованието на сестра ми, си завршив високо образование, се вработив и си го живеам животот ускладен кон социјалните и верски принципи со кои сум опкружена.

Ах да, не носам ниту хиџаб ниту никаб, значи не сум покриена ама си ја почитувам религијата и ја практикувам колку можам. Постам за Рамазан, клањам ( муслиманите се молат 5 пати дневно и таа молитва се вика НАМАЗ ) кога можам, ги почитувам моите верници а се обидувам да ги разберам и останатите, затоа обидете се и вие.... Не донесувајте заклучоци пред да се обидете да добиете одговор на прашањата кои ве мачат, бидејќи така ќе бидете посклони кон создавање предрасуди кои само ве одалечуваат наместо да ве доближуваат до останатите.

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 11:14:01   
ripce
Не донесувајте заклучоци пред да се обидете да добиете одговор на прашањата кои ве мачат, бидејќи така ќе бидете посклони кон создавање предрасуди кои само ве одалечуваат наместо да ве доближуваат до останатите.


талисман колку убаво напишано, поготово последнава реченица user posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот talisman)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 11:17:33   
pacuvce
Колку убаво напишано...Вистина е дека живееме во едно општество,а знаеме многу малку и сме оптоварено со многу предрасуди...Секој треба да си ја почитува верата и да го прави тоа што таа го наложува...user posted image user posted image user posted image за талисман...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 11:20:13   
m@gic
talisman bas ubavo napisano-odlicno objasnuvas nekoi rabotiuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 11:27:02   
caci20
Nie zalno e ama vistinito ne si ja poznavame nasata hristijanska religija, a kamo li drugite. Treba prvo da se zapoznaes sebesi isvoite koreni pa potoa da gi zapoznavas i procenuvas drugite

(Одговор на членот m@gic)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 12:30:32   
mina_m
ИЗВОРНА ПОРАКА: mina_m

ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Леле Професорица кај ја најде темаваuser posted image Баш вчера се шетаме со мм и поминува една покрај нас цела во црно само очите и се гледаат и јас навистина се изненадив. Овде има такви ама ваква скроз немав видено само очите да и се гледаат прав нинџа. Да не ме разберите погрешно не е напишано со негативна конотација само мене така ми заличи женава пошто беше и ноќе имаше double effectuser posted image И јас таква целата велам е ова е премногу како ова можи да се дозволува, затоа што навистина ми падна жал за жената како беше целата забрадена како јајце ни ѕирка ни проѕирка, а мм ми вели а оти ти се дотеруваш се шминкаш и носиш здолништа, фустани и ред др. работи? Па велам тоа е карактеристика на жена и мислам дека тоа е ок. А тој мене е па и таа мисли дека нејзиното е ок затоа што е така воспитана во тој дух, со тој стил.


za ovie zeni e zalno sto i dodeka spijat liceto pak im e pokrieno,znaci ne smeat da si go otkrijat liceto voopsto nit mazite znaat kako izgledaat nitu pak sopstvenite deca mozat majkata da si ja prepoznaat(samo po glasot).imase bas vakov slucaj na tv kazuvaa deka edna vakva se razvela t.e sudot i odobril da se razvede od prosta pricina sto po tolku dolgi godini brak mazot i posakal vo niedno vreme od nokta dodeka spiela da i go otkrie liceto i da ja vidi,megutoa koga se razbudila zenava bila zaprepastena od pomislata na mazot i vednas pobarala razvod,a toj kutriot povtoruval deka nikogas nema da mu se povtori vakov grev da napravi,ama ne mu zapalilo.Samo se cudam ovie zeni koga odat po decata da si gi zemat od skolo kako im uspeva da si se pronajdat vo tolkava guzvauser posted image



ovoj slucaj sto go napisav go gledav na tvuser posted image ,neznam zasto bi davale takva dokomentarna emisija ako se se lazgiuser posted image
mm ima dvajca najdobri skolski drugari Libanci,bas i so niv razgovaravme na ovaa tema istoso ni go potvrdija deka postojat vakvi zeni vo nivnite kraevi,megutoa deka ne se site takvi,neznam koja bi bila poentata da bideme pogresno informiraniuser posted image

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 12:37:17   
Mammy
Ајде за повеќе да се информирате во однос на жената во Исламот, прочитајте ги книгите Принцеза Султана, Ќерките на принцеза Султана, Илјада сјајни сонца, Никаде без ќерка ми..
Така да некои работи ќе ви станат појасни.
Сепак има огромна разлика во почитувањето на исламот кај нас во Македонија, на Запад, па во арапскиот свет..

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Жената во исламот
13.1.2010 12:44:39   
mina_m
tocno taka mammyuser posted image ,jas vo takva zemja ziveam kaj sto ima mnogu razlicni religii i obicaii i znam deka sekade e razlicno...

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?