|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Грчеви во бременоста
27.3.2009 8:05:55   
Еца
Кој знае, кој не знае, јас сум 5ти месец од бременоста, но имам еден проблем,а тоа е грчеви во мускулите на нозете.И тоа ми се случува ноќе и многу често.Ноќеска од болка и солзи ми дојдоа на очи,пред некое време проблем беше само левата нога, а ноќеска и двете.Последен пат кога му кажав на гин. тој ми рече да земам магнезиум, а го земам веке од 3 ти месец,и денес мислам повторно да зборувам со него.И во првата бременост имав грчеви во нозете ама тоа беше последните 2 месеца и тоа многу ретко,а сега е поинаку.Доколку некоја од вас имала сличен проблем нека ми го напише своето искуство.

< Поракaта ја уредил Elena -- 27.3.2009 16:55:34 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Грчеви во бременоста
27.3.2009 10:10:33   
Julie1
Голем број на жени во бременоста имаат грчеви во бедрата и во нозете. Колку што јас имам слушано причина за тоа може да е лоша циркулација, недостаток на калциум или положбата на бебето, кое може да притиска на некој нерв и со тоа да осетите остра болка во нозете. Во последниот случај логично е ако ја промените положбата може да си помогнете бебето да не притиска повеќе на тоа место. Исто знам дека постојат и труднички појаси, но сепак треба да се советувате со гиниколог за тоа како и за можноста да се зема калциум.

< Поракaта ја уредил Elena -- 27.3.2009 16:55:50 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Грчеви во бременоста
1.4.2009 6:46:38   
Еца
Еве да ви кажам дека успеав да го надминам овој проблем, др ми даде калциум да пијам само 5 дена, и маирање на нозете.Секоја вечер пред спиење ги масирам со помада од невен, и мислам дека помадата многу ми помогна, ајде баш ќе видам дали грчевите ќе се појават по прекинувањето на калциумот па ќе ви пишам.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Грчеви во бременоста
2.9.2009 7:17:12   
Палешка РР
Еве и јас синоќа добив грчеви во нозете, на едната нога посилен грч, што се уште ме боли и кривам со ногата user posted image
Минатиот пат ја прашав докторката, ако случајно се појави, ми рече да ги мачкам мускулите на нозете со маст Hepathrombin, за подобра циркулација. Но се си мислам дека треба да пијам и некој минерал, како што рече Елена, или калциум, или магнезиум. user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Грчеви во бременоста
2.9.2009 7:54:08   
mami
абе каков Хепатромбин...тоа на мајка ми и го даваа пред да и го извадат тромбот од нога, за да подобро и циркулира крвта од него...мислам дека трудница може само проблем да направи со таа крема.
И мене ми се појавуваа грчеви, таму некаде последните 2 месеца и се будев плачејќи и вриштејќи и ми помагаше само магнезиумот што си ги пиев секој ден по едно или две зависи и секоја вечер масажа на цело тело. Кутар мој сопруг колку го малтеретирав, ама помагаше.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Грчеви во бременоста
2.9.2009 7:56:05   
Палешка РР
Тогаш подобро што не купив од таа маст и мене ми беше сомнително user posted image
Ќе си купам денес Магнезиум шумливи. user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Грчеви во бременоста
11.10.2009 13:00:51   
Snowhite RR
И мене ми се згрчува понекогаш мускулот под коленото, кога се разбудувам на утро. Прво се исплашив, да не ми тромб или нешто слично, ама потоа мислев дека ми е од спиењето. А јас пиев шумливи Магнесол, ама тие за притисокот ми ги даде, дали се исти со магнезиум? Кажете ми ако знаете, ако не се исти да си купам тогаш такви шумливи, оти јас не и кажав на докторката за овие грчеви, а пак кај неа ќе одам дури по еден месец.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Грчеви во бременоста
9.8.2011 11:28:49   
arh_diz
Piev magnezium i nemav problemi so grcevi.Posle poroduvanje imav problemi

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Грчеви во бременоста
9.8.2011 11:35:45   
miana
Jas ne gi pijam Mg i veke odamna nemam grcevi user posted image user posted image user posted image   Inaku sega da se napijam,nokeska ke me stegne grc..verojatno mi gi opusta mnogu muskulite i otkako ke mu pomine dejstvoto me pukaat novi grcevi... Neobjasnivo ama po\rovereno..eve veke mesec dena ne gi pijam i nema nieden grc

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Грчеви во бременоста
30.8.2013 1:58:06   
Snow Queen
Ноќта 19 на 20ти завршив во Чаир, имав срашни болки и грчење на мускули во горниот дел на стомакот, а болките само се префрлуваа од лево десно низ цел стомак...но долниот дел не. И многу ме болеше дијафрагмата на моменти воздух не можев да земам, плус десна рака и нога ми трнеа.
По пола саат 40 мин. бидејќи не се смируваше отидовме на лекар, а таму подобро да не отидев толку лош однос имаа :devil: што ноќта си реков, јас овде не се пораѓам.
Ме прегледа вагинално и на ехо, ми вика со пло.вода,бебето срцето,шумови се е во ред...имаш само недостаток на калциум и магнезиум затоа имаш грчеви. Тоа беше дијагнозата,...а болките после не ми престанаа до 6 сабајлето, плус цел ден повраќав и бев максимално исцрпена.
Поради случката со болките и грчевите нели ми рекоа да пијам калциум и магнезиум.
Од магнезиумот купив Magnetrans, во кесички кој се истура директно на јазикот.
user posted image
И калциум, му реков за трудници, ми рече овој бил најслаб Calcium 600 plus vitamin D
user posted image


_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Грчеви во бременоста
7.11.2013 14:48:33   
snowbool
Da grcevite velat se od nedostatok na Mg,inaku i jas go pijam od pocetok na bremenosta skoro od vtori mesec i nemam problem so grcevite ama mi se slucuvalo koga ke se premoram so rabota , vecerta malku vo nozete da mi se zgrcuval muskulot ama na sekunda pa pominuvase , sreka sto piev Mg, prvo i jas od onoj Mg direkt zemav a podocna zemav od od 250 mg na pharma vital -gi ima vo Zegin i ima 150 tableti za tri meseci(mala reklama)

(Одговор на членот Snow Queen)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?