Палешка РР
|
Значењето на фолната киселина за одржување на здравјето на организмот Фолната киселина, витаминот од комплексот на Б витамини, е клучен фактор во синтезата на DNA, т.е., во градењето на сите нови клетки и на клетките на плодот. Од самиот почеток на бременоста двојно се зголемени потребите за фолна киселина. Доколку во текот на бременоста не се внесува доволна количина на фолна киселина, може да дојде до нејзин дефицит во организмот. Фолната киселина е термолабилна и во голема мерка се уништува со преработката на храната. Како делува фолната киселина? Фолната киселина е неопходна за синтеза на ДНК, значи за изградба на сите нови клетки, па според тоа, и на клетките на плодот (фетусот). Ако во овој период нема доволно фолна киселина, може да дојде до појава на дефекти на плодот. Токму поради тоа, во раниот период на бременоста неопходно е редовно снабдување на организмот со доволни количини на фолна киселина. Потребите за фолна кислеина во периодот на бременоста се значително поголеми од препорачаните дневни количини (RDA). Превенцијата на малформациите на плодот (расцепена уста и непце, разни малформации на срцето, на р`бетниот мозок, на рацете и на нозете) се постигнува со земање на суплементи на фолна киселина. Покрај тоа, фолната киселина директно е вклучена во изградбата на материјата S-adenozil-L-metionin (SAMe), од која во голема мерка зависи расположението. За да не расте нивото на хомоцистеинот во крвта, повторно е потребна фолна киселина. Според тоа, фолната киселина овде претставува прав заштитник. Се покажало дека фолната киселина може да помогне и при целијакија, Crohn – ова болест, гингивит, улцерозен колит итн. Каде ја има фолната киселина и дали е можен нејзин дефицит во организмот? Најдобар природен извор на фолна киселина се: гравот, темнозеленото лиснато овошје, морковот, цитрусното овошје, кајсиите, пченичните р`кулци. Разновидната исхрана би требала да обезбеди доволни количини на овој витамин за нормално функционирање на организмот. Неправилната и едноличната исхрана може да доведе до дефицит на фолна киселина, дури и во западните земји. Истражувањата покажале дека има неочекувано голем број на луѓе со благ дефицит на фолна киселина, што надобро се гледа по тестот на хомоцистеинот во крвта. Малку фолна киселина – зголемен холецистеин. Зголемен холецистеин – зголемен ризик за срцев инфаркт и обратно. Всушност, превентивното земање на фолната киселина би можело да спречи 13 500 смртни случаи годишно од кардиоваскуларни заболувања во САД. Дефицит на фолна кислеина е можен кај алкохоличарите и кај жените кои долго време користат контрацептивни таблети. Дозирање, токсичност и интеракции Бремените жени би требале да земаат од 400 до 800 /μg фолна киселина дневно, со цел да ги превенирааат малформациите на плодот. На другите жени им се препорачуваат дози од 400 /μg дневно. Интересно е дека фолната киселина од природните извори послабо искористува од синтетската фолна киселина во готовите препарати. Фолната киселина им се препорачува и на старите лица. Општо, при користењето на фолната киселина нема несакани ефекти. Но, додавањето на фолна киселина во исхраната во доза од 100 x RDA може да предизвика интоксикација кај лицата со дефицит на витамин Б12, што има за последица оштетување на нервите. За среќа, ова ретко се случува. Имено, фолната киселина е неопходна да се искористи витаминот Б12 во организмот. Лековите против киселини во желудникот (антациди) ја блокираат апсорцијата на фолната киселина. Лековите против реума и рак можат да доведат до интеракции со фолната киселина.
< Поракaта ја уредил Elena -- 21.6.2009 14:05:08 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
|