|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Опаѓање на косата
27.3.2009 21:58:01   
mis.
Има ли некој проблем со опаѓање на косата?Јас немав таков проблем после првото породуваер но после второто мислам дека ќе останам без коса?Има ли некој ваков проблем?Со што го реши?Има ли решение?Дојам мислм дека е од доењето ама оваа ни та престане.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Опаѓање на косата
28.3.2009 6:41:47   
Еца
Јас го имав тој проблем по првото породување,и со ништо не го реешивuser posted image да хормони некому паѓаат заби, некому коса,некаде мора да удри,а плус што кај секој човек има периоди на паѓање на косата, тоа е обнова така да не можеш да бидеш сигурна од што е, ама ништо страшно така ми викаа мене.Сега ми паѓа, но нормално е тоа,е ќе видиме како ќе биде по ова породување,којзнае може ќе отворам тема паѓање на забите.user posted image уште тоа ми фали...

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Опаѓање на косата
28.3.2009 13:34:35   
Julie1
Внесувањето витамини помага во обнова на косата. Ги препорачувам Мерц комплекс од Б витамини за коса, кожа и нокти. Ги има во нашиве аптеки.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Опаѓање на косата
28.3.2009 14:49:22   
Marija
Kosata pocnuva da pagja otprilika posle cetiri meseci od poragjajot  i ke prestane kaj sedmiot. Nova si raste i ke se nadoknadi ne e strasno.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Опаѓање на косата
28.3.2009 15:24:18   
mis.
Марија мојата почна да паѓа кога Стефан имаше 3 месеци и еве не престанува.Се надевам дека до 7 месеци се ќе се нормализира.Пијам пивски квасец ама од него изгледа само апетит ништо друго.

(Одговор на членот Marija)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Опаѓање на косата
23.4.2009 15:25:16   
mami
mojata pocna posle 2 meseca od poragajot da paga, ama mnogu, duri i mi bese strav da se isceslam, koga prestanav da go dojam za dva do tri meseci se stabilizira i ne paga poveke...maticnata mi rece deka e samo od doenjeto od nisto drugo

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Опаѓање на косата
27.6.2009 23:33:22   
selma
i na mene mnogu mi paga kosata moeto bebe e staro 5 meseci na 3 meseci pocna da mi paga kosata i eve skoro sve mi e gotova nisto ne mi pomaga i neznam sto da pravam stanav kelava ako znae nekoj kako da mi pomogne neka mi kaze ce mu bidam mnogu blagodarna user posted image

_____________________________

SELMA

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Опаѓање на косата
27.6.2009 23:38:56   
mis.
Селм јас ја скратив и престана да ми паѓа.Пробај така мислам дека ќе престане и кај тебе.

(Одговор на членот selma)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Опаѓање на косата
27.6.2009 23:56:09   
milijana
Za da ne vi paga kosata pijte b12 i b6 toa se vitamini koi mnogu znacat za kosa, nokti,koza.Ne e loso da se pie i vitamin ce ili da cedite limoni(barem eden dnevno)Za da zajakne vlaknoto se preporacuva kna ili letna masaza od dva casa na sonce otkako prethodno ke ja namackate cela glava so smesa od 1 jajce, 2 lazici golemi jabolkov ocet. izmatete ja taa smesa so viluska i stavete ja na kosata.Zavitkajte se so nekoe kese ili kapa zxa farbanje i na sonce barem dva saata.toa se preporacuva ednas nedelno.Ova vi e provereno.Jas ne bi se odlucila za nikakvi drazei merc.Duri ako mozete najdete svinski sapun..pa ke vidite kolku ke vi se iscisti glavata od perut i cesanje.Pozz

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Опаѓање на косата
28.6.2009 8:29:35   
Еца
user posted image user posted image user posted image Фала за советите Милијанаuser posted image Сигурно ќе се испробаат и некому ќе бидат од голема помош!

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Опаѓање на косата
3.7.2009 10:49:24   
Еца
Ако Вашата коса е без сјај и јачина и почнува да опаѓа, време е да промените некои од навиките, а посебно во исхраната.Почнете со внесот на вода. Знаете дека лекарите препорачуваат најмалку два литри вода дневно, па затоа само напред, голтка по голтка.

Исто така намалете го кафето и газираните сокови. Наместо кафе напијте се топол чај, а наместо газирани пробајте свежо цедени сокови.

Косата може да опаѓа и заради габични или вирусни инфекции, но и како последица на земањето на одредени лекови. Ако забележите дека темето Ви е суво и се перута или пак кожата на главата Ви е црвена и Ве чеша, побарајте стручна помош.

Доколку сте под стрес или држите некоја екстремна диета, тоа исто така ќе се одрази на Вашата коса. Затоа земајте додатни витамини, а пред се железо и втамините Ц и Б.
Причината за паѓањето на косата може да биде и од генетска природа, но тогаш за жал нема лек.

Инаку нормално е дневно да се губат околу 100 влакна при миењето и чешлањето на косата.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Опаѓање на косата
14.7.2009 23:53:38   
Еца
Жените кои редовно се фарбаат и користат останати хемиски препарати, со текот на времето косата им станува ретка. Фарбите и хидрогените освен што го горат и сушат влакното, влијаат на скалпот на главата и се причинител за уништување на колагенот кој го храни влакното.

Совети:

Користете благи шампони за миење на косата, од билки. Чајот од камилица и коприва многу ќе ви помогне. Значи сварете чај од камилица или коприва (прво од листовите после од коренот) процедете го откако ќе постои 10 минути, и исплакнете ја косата. Можете да изматите и две белки, нанесете ги на влажна коса и по неколку минути исплакнете.

Коренот е најдобро да го триете со масло од лаванда или орев помешано со една лажица глицерин. Многу помага и маслото од рицинус, го нанесувате само на коренот при секое миење на косата. Уште поубаво би било доколку оставите да делува додека спиете.

За тие што се фарбаат, мора да внимавате да користите фарби кои не содржат амонијак, а ако се соочувате со големо опаѓање подобро е да престанете со бојадисување.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Опаѓање на косата
15.7.2009 0:00:47   
mis.
За да се спречи опаѓањето на косата таа треба да се мие со чај од рузмарин.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Опаѓање на косата
15.7.2009 11:44:34   
Twins
      Zdravo jas sum nova  i sakam da vi pomognam.  Probajte napravete go ovoj miks i mijte se so nego kako so sekoj obi~en {ampon. ·         1 kosili {ampon od 500ml. ·         AD masleni kapki celo  {i{ence ·         Pantenol rastvor celo {i{e ·         Kantarionovo maslo isto celo {i{ence ·         i Ricinusovo maslo 2-3 supeni la`ici Se ova zaedno go me{ate vo edno pogolemo {i{e }e dojdi okolu700-800ml. vkupno I go koristite kako najobi~en {ampon. Go koristite samo nego ne i drug {ampon.  Barem mene mi pomognaklo sekoga{ koga mi pa|a kosata . Pozdrav

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Опаѓање на косата
15.7.2009 11:47:21   
Twins
   Tekstov malku bezveza izleze ama probvav kirilica user posted image . Ako ne go razbirate ke go prepisam pak

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Опаѓање на косата
15.7.2009 12:16:06   
mami
твинс овде има објаснето убаво како да воведеш кирилица и да пишуваш лесно со неа http://www.ringeraja.mk/forum/m_280/mpage_1/key_/tm.htm#280

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Опаѓање на косата
24.7.2009 14:11:31   
mami
приметив дека летно време повеке ми паѓа од причина што цело време ми е во реп и ја тегнам и затоа паѓа повеќе, а особено кога се породив, дека и го доев и да не ми сметакосата цело време ми беше врзана и ми паѓаше ужасно, затоа кога ке се породите, ако имате долга коса, подобро собирај те ја со штипка, не ја затегајте многу и кога ке можете пуштете ја слободно да паѓа

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Опаѓање на косата
24.7.2009 15:34:01   
big_mama817
i mene otkako se porodiv mnogu mi pagase kosata i jas ja skrativ i navistina pomogna user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Опаѓање на косата
7.8.2009 21:14:51   
Natasha5
lele i mene mnogu mi paga kosava posle porogajot,mislam ke ocelavamuser posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Опаѓање на косата
7.8.2009 21:20:54   
mami
немој да ј врзуваш со стегач, само штипка и лабаво колку да ја кренеш

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Опаѓање на косата
19.8.2009 20:47:28   
mimicka
Еве веке три месеци како сум породена и косава ми паѓа многу и што е ужасно сега си најдов дупки над ушите и кај тилот user posted image . Ве молам за совет помагајте. Јас знам дека треба да паѓа коса по породување ама ова е вон контрола ке останам со три влакана во буквалаuser posted image . Инаку се ишишав кога правевеме  40 дена до раменици, предходно ми беше до половина и од тогаш почна да ми паѓа еве веќе скоро два месеци. Навистина сум избезумена мозеби е смешно ама си ја сакам косата многу и од секогаш ми била гордост. А сега.....user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Незнам каде да одам и што да правам user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Опаѓање на косата
19.8.2009 23:12:05   
mami
 мимичка не паничи, тоа е сосема нормално, особено ако доиш, и мене ми се поретчи ептен, пиев витамин Е и Бкомплекс но не помогна баш многу, кога си ја прашав матичната ми рече- кога ке престанеш да доиш ке видиш дека ке се изрегулира се..и навистина, кога престанав, малку по малку почна да ми се врака старата убава коса, така што сега за сега би ти препорачала само да не ја врзуваш со стегач туку само штипка и тоа лабаво

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Опаѓање на косата
19.8.2009 23:30:35   
mimicka
Мами ти се имаа појавено дупки ? 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Опаѓање на косата
19.8.2009 23:39:58   
mami
па скоро да...имав густа убава коса, која едвај ја собирав со голема штипка, а после ми се проретчи до толку што можев да ја собрам со обично мало штипче или од оние тенкине стегачи..еве ја сега, после цела година сеуште не е вратена како што беше но оди натаму

(Одговор на членот mimicka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Опаѓање на косата
19.8.2009 23:47:27   
mimicka
Леле Мами ми го врати user posted image на место. Многу се испаничив, знаеш жени и коса. 

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?