|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Заштитни креми за сончање
30.6.2009 14:40:05   
mis.
Кои кремови,млека вие ги користите за да ја заштитите вашата кожа од штетното влијание на сонцето и од изгореници?Дали истите сретства ги користат и вашите деца или за нив купувате посебни?Кој е факторот за кој се одлучувате,за кој мислите дека е доволен за да ја заштити вашата кожа?Има ли ефект од нив и колку си вредат за цената која што ја имаат?
Обично купувам на black up млеко 20ф и крема 30ф и сум презадоволно.Неа ја користам и за децата и мислам дека е ефтина и добра за немената која ја има.Гледам има и нова линија бекутан за сончање па може оваа лето ќе се префрлам на неа па и двете се на алкалоид.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Заштитни креми за сончање
30.6.2009 14:45:00   
mami
ние лани не му стававме ништо, ми рекоа дека под 6 месеци ништо не се мачка, а он имаше само 3 кога бевме во Охрид...Ние користиме блек ап фактор 30 а за него земавме новиот крем на Бекутан, со фактор 50 бидејќи е плавичко и нежно и одма се вцрвенува, а со кремава сега нема ништо, супер е, а и убаво мирисаuser posted image па летово може и јас да се префрлам на неаuser posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Заштитни креми за сончање
30.6.2009 14:47:27   
mis.
Во тинехв со купени 3 производи на бекутан за сончање давале комплет за деца блуза со панталончиња.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Заштитни креми за сончање
30.6.2009 14:52:40   
mami
да? ауу па ке одам да му купам
па и јас му гокористам уљето понекогашuser posted image user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Заштитни креми за сончање
30.6.2009 15:20:40   
mis.
mami уље нема само во колекцијата на бекутан само млеко,крема за сончање и крема за после сончање.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Заштитни креми за сончање
30.6.2009 15:25:40   
mami
абе мислев на обичното уље од бекутан, ова знам дека се само тие триuser posted image user posted image user posted image ке почнам и тие да му ги користам, па убави сеuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Заштитни креми за сончање
30.6.2009 17:00:44   
Еца
Дефинитивно блек ап, наш производ ас со извонреден квалитет.Со ништо не би ги заменила.user posted image user posted image user posted image Од Нивеа на Мартина и се појави алерфија, аод блек ап, никаква реакцијаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Заштитни креми за сончање
1.7.2009 0:23:59   
Боцко
блек ап е сосем ок, иако под итно би му го сменил името зашто многу е смешно, особено за странци (го правел некој што нема поим од англиски). за стефан имавме чико (поточно кико) со фактор 30 и млеко за после сончање и супер се. но, бекутан ме замисли годинава, наше е и добро е. мислам ќе биде хит. со цена не се мери, а квалитетот му е одличен плус прилагоден за наши деца и поднебје.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Заштитни креми за сончање
11.12.2009 10:32:26   
mami
зимското сонце исто знае да предизвика изгореници, па не заборавајте да ги мачкате децата со заштитен крем кога излегувате..Пред две недели кога бевме на Водно иако Лука спиеше цело време, си беше намачкан со бекутан кремата за сончање.Знам јас како горам, па него превентивно морав да го намачкам

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2010 13:45:32   
penelopa
Да ја актуализираме и оваа тема. Повеќето веќе размислуваат каде на годишен одмор...па сигурно размислувате и каква крема за сончање да купите. Да ги споделиме искуствата: какви креми користите, со кој заштитен фактор, една за целото семејство или посебно за вас, посебно за децата?

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2010 13:51:51   
Saturn
Првата година со ќерка ми на одмор (11 мес имаше тогаш) користев на бубхен за деца, лани имаше скоро 2 години и ги купив на Бекутан за деца и тубата и млекото, но мноогу тешк се размачкуваат, особено тоа 50 фактор во туба. Оваа година имам и 6 месечно бебе (прилично беличко) и купив Еуцерин 50+ фактор за деца. скапо е ама е како спреј и полесно ќе се мачка, башка верувам во тој бренд. И Бекутан се квалитетни, за нас купив Блек ап од Алкалоид, но оваа година тие на Бекутан ќе ги прескокнам само поради тешкото размачкување. Не за друго ќе му ја вцрвенам кожичката на бебето додека да ја размачкам, а ќерка ми па ич не трпи долго време да ја мачкам, лани се мачев со тоа размачкување.

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2010 13:53:11   
Maca25
Ние користиме Soleval на Rosal 50 фактор. Нина ја мачкам со таа крема пред излегување од дома, а и сега кога ќе одиме на одмор, а и јас ја користам. Јас за на одмор би се земала за мене 20 фактор. Преубаво мисриса.

user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2010 14:13:59   
big_mama817
да бекутан со фактор 50 само за  син ми бидејќи му е нежна кожата

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2010 17:18:58   
Snowhite RR
И ај и овде да пишам, со бекутан колекција за сончање одат гратис фустанче за девојчина и костумче за момчина, дали некој знае како изгледаат и колку пари е колекцијата?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Заштитни креми за сончање
18.6.2010 14:12:43   
brineta88
Матичната ми рече да земам заштитен фактор 30 и рече прашај во аптека немора да биде некоја марка туку да биде наменето за бебиња.
Прашав и ми ја дадоа Solarius  на галафарм со 32 заштитен фактор
и ми рече дека може да го мачкам само двапати дневно.

_____________________________

Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Заштитни креми за сончање
28.6.2010 22:23:21   
Snowhite RR
Заштитете го вашето бебе од сонцето

Сончевата светлина содржи ултравиолетови зраци, кои можат да му нанесат краткотрајна или долготрајна штета на вашето бебе. Сонцето може да предизвикаат многу повеќе од неудобност и болка. Значителните изгореници во детството може да предизвикаат развивање на рак на кожата подоцна во животот. Бебешката кожа е многу нежна и треба да биде правилно заштитена од сонцето.

Како и возрасните, така и бебињата со посветол тен треба повеќе да се заштитуваат, дури и во облачни денови. Можете да ја заштитите нежната кожа на вашето бебенце со помош на кремови со заштитен фактор или со покривање на кожата.

КРЕМОВИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Секогаш употребувајте кремови за заштита од сонце, кои се специјално наменети за заштита на бебешка кожа. Ако употребувате кремови за возрасни, можете да предизвикате иритација на бебешката кожа.

Користете кремови со висок заштитен фактор (SPF50), за да му осигурите на вашето бебе максимална заштита од ултравиолетовите зраци. Но, внимавајте. Кремот нема да стои цел ден на кожата на бебето. Дури и да стои кремот по кожата, не го оставајте бебето изложено да сонце кога е висока температурата.

ОБЛЕКА ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Капата е можеби првото нешто што ви доаѓа на ум, кога станува збор за заштита од сонцето. И во право сте да мислите така. Капата ја заштитува нежната кожа на лицето на бебето и го заштитува главчето од силното сонце. Најдете капа која ќе му биде удобна на вашето бебе, за да не ја вади постојано.

За да го заштитите телото на бебето, потребно е да му облечете маица. Маицата треба барем да биде со куси ракави, затоа што рамената се сончаат најбрзо кога се изложени на сонце.

ЧАДОР ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Користете и дополнителна заштита за бебето, кога го изложувате на сонце. Постојат мали чадорчиња кои се прицврстуваат на количката, за да биде заштитено вашето најмило додека сте на прошетка. Можете да го менувате аголот на чадорчето за да ја заштитите максимално кожата на бебето.

На плажа пазете да не го изложувате бебето на сонце, особено од 10 до 5 часот. Користете ги сите можни начини за да ја заштитите неговата нежна кожа. Дури и да е облачно, вие погрижете се вашето бебе да биде заштитено од ултравиолетовите зраци, кои продираат и преку облаците.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот brineta88)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Заштитни креми за сончање
14.6.2011 0:01:06   
pavcule
Jas ja prasav maticnata kakva krema za soncanje(imame 6mesececi),i taa mi ja preporaca Eucerin bidejci pretstavuva medicinska kozmetika.Mi izvadi edna brosura i vnatre pisuvase za bebe od 6 meseci krema (od nivnata programa ) so faktor 25SPF a za od godina pa natamu 50SPF.E sega malku e solenko 865den. ama ce zastedime na naseto t.e.za nas so mm ce si kupime poeftino samo da ima za user posted image , pa ce vidime.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Заштитни креми за сончање
14.6.2011 8:38:35   
anedespo
Treba mnogu vnivavanje so kremite. Jas imav kupeno Johnson so faktor 50, i dobi hiperpigmentacija koja se povlece so tek na vreme i ne e opasna , ama e grda na izgled. Kako golema fleka na kozata , kako beleg. Znaci samo isprobano i so preporaki od drugite mami. 

(Одговор на членот pavcule)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Заштитни креми за сончање
14.6.2011 10:02:40   
topce
јас сум пробала со Мустела исто има фактор 50 и супер се покажа, дури и вруќаниците кои малото ги добива кога и е многу топло успеваше да ги смири. сум пробала и со black up со 30 фактор ама некако многу тежок ми се виде, мислам на размачкување и на впивање и мислам дека повеќе ја потеше, така да си се вративме на мустелата. сега размислувам за dr Haushka med колекцијата па ќе видиме. да малку се поскапи како креми ама има резултат.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Заштитни креми за сончање
14.6.2011 18:32:27   
bebe82
ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Jas ja prasav maticnata kakva krema za soncanje(imame 6mesececi),i taa mi ja preporaca Eucerin bidejci pretstavuva medicinska kozmetika.Mi izvadi edna brosura i vnatre pisuvase za bebe od 6 meseci krema (od nivnata programa ) so faktor 25SPF a za od godina pa natamu 50SPF.E sega malku e solenko 865den. ama ce zastedime na naset__o t.e.za nas so mm ce si kupime poeftino samo da ima za user posted image , pa ce vidime.


И нашата матична ми ја препорача Еуцерин со фактор 25, и точно е посоленка со цената, АМА најважното не содржи парабени кои се многу штетни за кожата.
За user posted image најскапото, а за нас black up user posted image .

< Поракaта ја уредил bebe82 -- 14.6.2011 18:36:59 >

(Одговор на членот pavcule)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Заштитни креми за сончање
14.6.2011 18:33:17   
arh_diz
Zastitni kremi za soncanje koristam od bottega verde  faktor 30 i sum mnogu zadovolna.Posebno sum zadovolna so kremata za posle soncanje koga ke izgoram a taa ladi ne se custvuva nikakva toplina a i kozata stanuva meka ubava
za user posted image kupiv Mustela i Avene dvete se faktor50 neznam kako ke gi podnese pa poradi toa kupiv dve razlicni marki

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Заштитни креми за сончање
15.6.2011 13:47:26   
darfil
Неколку години користам Каротен и сум презадоволна.За децата користам фактор 50,а за мене и мм Фактор 15.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Заштитни креми за сончање
15.6.2011 14:33:22   
penelopa
Обично за мене користам Нивеа или Гарниер фактор 30 а годинава за user posted image ќе купив фактор 50 сеуште се мислам која маркаuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот darfil)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2013 21:47:35   
Bethany
Лани за син ми (тогаш имаше десет месеци) користев Бекутан спф 50, и остана бел ко да не беше на море user posted image Па затоа сега пак му земав од Бекутанот.
А за мене , поради алергијата, пронајдов Еуцерин наменети за кожа подложна на алергии на сонцето, додуша немаше денес во аптеката, ми кажаа утре дека ќе ми донесат, па ќе земам таква. Малку е поскапа, ама слушав добри препораки, па ако биде ок ич нема да жалам. Само се уште двоумам дали фак. 25 или 50?
Да не има некој со сличен проблем со алергија на сонце и која крема ја користевте?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Заштитни креми за сончање
16.6.2013 23:04:21   
Felly RR
Штом имаш алергија на сонце, земи фактор 50 без размислување. Јас лани прв пат видов како изгледа алергија на сонце кај мм, прво и него го убедував дека повеќе од 30 не му треба, ама кога видов како реагира на сонце, оваа година би му купила и 70 ако има. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?