|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вакцинирање на бебе
31.3.2009 6:53:05   
Еца
Дали редовно го вакцинирате своето дете? Кое е вашето мислење за вакцините?Како реагираат на вакцините,имавте ли несакани дејства?


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 24.5.2014 16:07:33 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вакцинирање на детето
31.3.2009 6:57:14   
Еца
Јас Мартина досега редовно ја вакцинирав, освен што ја немаме примено вакцината за заушки, поради претпазливост од алергијата, но сега добивме дозвола и деновиве ќе ја вакцинирам.Не верувам многу во вакцините, не знам зошто, еве пример за тоа ни е епидемијата на заушки што ја имаше пред некој месец, а се разболеа и вакцинирани деца.Не знам,некако сите тие вакцини ми личат како еден добар бизнис на фармацевските куќи, но од друга страна си викам па може и навистина се една превентива на детето.
Досега фала богу со сите вакцини помиавме добро,без температури, отоци,а за наредните, ќе видиме.user posted image Мислам дека оваа за заушки правела исип по телотоuser posted image како што слушнав,дали вие имате некое искуство, за да знам што ме чека, да не паѓам во несвест...


< Поракaта ја уредил Elena -- 31.3.2009 6:59:46 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вакцинирање на детето
13.6.2009 13:19:42   
mami
И ние досеа редовно се вакцинираме, само оваа последнава нешто ни се пролонгираше заради афтите ама денес бевме на матичен ни рече нема ништо ама чисто превентивно да продолжиме уште два дена со прополисот, па во понеделник на вакцина

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вакцинирање на детето
15.6.2009 12:16:42   
mami
Замислете бевме денес на вакцина и Лука си ја заврте главата накај сестрата и цело време гледаше де во неа, де во иглата во рачето и и збореше нешто на сестрата, ни глас да пушти да плаче, ништо, на крај дури и отиде кај неа да ја изгушкаuser posted image user posted image user posted image user posted image затоа мама ке паднеше во несвест кога ја виде иглата како влегува кај него во рачеuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вакцинирање на детето
19.6.2009 14:15:51   
mami
Имунизација (вакцинација) е постапка со која се овозможува заштита од заразни болести. Имунизацијата е најдобар начин за заштита на децата од тешки болести кои можат да предизвикаат и смрт. Во Р. Македонија децата бесплатно се вакцинираат против:
    Хепатитис Б Туберкулоза Детска парализа Дифтерија Голема кашлица Црвенка(Рубеола)
  • Вакцините содржат ослабени или убиени причинители на болести. Приготвени како вакцина, тие не можат да предизвикаат болест кај детето.
  • Со внесување на вакцината во организмот на детето се предизвикува природен начин на заштита, со создавање на одбрамбени антитела и клетки. Ако во текот на животот детето се зарази со болеста за која е вакцинирано, стекнатата отпорност по вакцинацијата ќе го заштитува од тешка болест и компликации.
  • За долготрајна и целосна заштита на детето, потребно е да се дадат различен број на дози од вакцините, во одредени временски растојанија и во различна возраст на детето. За таа цел постои календар за вакцинација.
    Зависно од видот, вакцината се дава со:
      инекција (во мускул, поткожно) лажиче (да се испие)

    Пред секое вакцинирање , детето задолжително се прегледува. Вообичаена, лесна инфекција на дишните патишта, со умерено покачена темепратура, не треба да биде причина за одлагање на редовниот термин за вакцинација. На вашиот педијатар, секако треба да му кажете ако детето имало:
      Тешка реакција по преходна доза на вакцина Тешка форма на алергија Ослабен имунолошки сиистем (заради болест или примање на лекови) Примање на крв или друг вид на крвни продукти Тешкотии во невролошкиот развој
    Врз основа на податоците од разговорот со родителите и прегледот на детето, лекарот ќе одлучи дали детето ќе се вакцинира.
      Најдобро е имунизација да се спроведува според календарот за имунизација, бидејќи само редовната и потполна имунизација обезбедува сигурна заштита на детето. Доколку од оправдани причини се пропушти редовниот термин, вашиот педијатар, според важечките препораки за конкретната ситуација, ќе препорача кога да се продолжи со имунизацијата.

      Доколку во тек на целиот свој живот не дојде во контакт со предизвикувачите на тешките заразни болести, нема да му се случи ништо. Но, ако биде изложено на било која од овие болести, сигурно ќе се разболи, при што се можни комликации и смртен исход. Многу е важно да се знае дека болеста сигурно ќе се пренесе на децата и возрасните во околината, кои што не се отпорни затоа што не се вакцинирани или не ја прележале болеста. Тоа значи, појава на епидемија со непредвидлив број на смртни исходи. Со имунизацијата, не ги заштитуваме само своите деца, туку и внуците и правнуците. Како илустрација, тешката болест позната како големи сипаници (Вариола вера), повеќе не постои, благодарение на имунизацијата. Затоа, децата денес повеќе не се вакцинираат со оваа вакцина. Со целосно спроведување на програмата за имунизација, наскоро се очекува искоренување и на детската парализа, а потоа и на малите сипаници.Несакани ефекти на имунизацијата се ретки и ризикот за компликации е знатно помал за детето и заедницата, отколку имунизацијата да не се спроведува.
      Околу половина од вакцинираните деца ќе пројаваат некаква реакција на местото каде ја примиле вакцината . Најчесто е тоа свраб со црвенило , оток или болка. Околу 25% ќе пројават вознемиреност и покачена темепратура. Овие несакани појави се отстрануваат со ставање на ладни облози и примена на антипиретици и аналгетитци (панадон, евентуално бруфен и сл). Покрај тоа , како и при секое друго заболување , на детето треба да му се дава лесна храна и обилно течност. Доењето е тогаш најдрагоцено. Околу 15% од децата кои примиле вакцина против морбили, 7-10 дена по вакцинацијата може да пројават симптоми, кои наликуваат на блага инфекција со морбили-митигантни морбили (нетипичен исип по кожата, мала темепература). Околу 10% од децата вакцинирани против рубеола, по 2-8 недели може да пројават реакција во форма на болка и благ оток на зглобовите. Вакцината против заушки ретко дава компликации. Многу ретко, по вакцинацијата може да се јават потешки несакани ефекти: акутна енецефалопатија, конвулзии во првите три дена по вакцината, висока темепратура со упорен плач и состојба слична на шок и анафилактичка реакција, веднаш по примање на вакцината. При пројава на вакви симптоми, детето треба веднаш да се однесе на лекар. Повторното примање на таа вакцина, кај овие деца е забрането (контраиндицирано).

    (Одговор на членот mami)
  • Непосредна врска до пораките: 5
       RE: Вакцинирање на детето
    16.7.2009 14:58:22   
    bojanas
    Навистина веќе не знам дали вакцинацијата е ок!
    Во САД вакцините гинаведуваат како главен причинител на аутизам.
    Моите пријателки од Словенија не ги вацинираа своите деца, па ништо не им стана.
    Една пријателка во моментов е во Италија и работи во лабораторија во имунолошки завод каде што тестираат и прават вакцини и нејзин заклучок е дека никој од нејзините колеги не ги вакцинира своите деца.
    Кога ќе се сетав на Ди-Те- Пер вакцината што ја прими Лука и 39 температура 2 дена косата ми се крева.
    Дали навистина мора?
    Веќе не сум сигурна дека вакцините се ок

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 6
       RE: Вакцинирање на детето
    16.7.2009 15:04:50   
    mami
    бојанас, точно е дека во САД вакцините ги ставаат како една од причините за појава на аутизам но затоа што таа една вакцина(незнам точно која е) треба да се даде во точно определен период од развојот на детето( моментално преведувам една статија за аутизам и таму е убаво објаснето па ке видиш кога ке ја објавиме) и ако се даде порано предизвикува аутизам, мислам дека нашите на тој момент не внимаваат баш многу.
    Теператураа е нормална појава, но она што мене ми пречи е тоа што примаат и по три вакцини одеднаш...па ги боли децата.Не ли може да се распоредат во различни денови, мислам јас сум во состојба секој втор ден да одам на вакцина само да не го боцкааат три пати во исто време

    (Одговор на членот bojanas)
    Непосредна врска до пораките: 7
       RE: Вакцинирање на детето
    21.7.2009 23:54:17   
    Joka
    Jas sum za redovno stavanje na vakcini i jas vakcinite gi kupiv od grcija i kerka mi nemase nikakvi reakcii

    _____________________________

    Jovana 2 godini

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 8
       RE: Вакцинирање на детето
    13.8.2009 22:54:22   
    Еца
    Наташа5 ме интересира дали Јана ја прими втората доза од Вакцината за Хепатит Б и како ја поднесе?

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот Joka)
    Непосредна врска до пораките: 9
       RE: Вакцинирање на детето
    13.8.2009 22:59:43   
    Natasha5
    dada ja primi i super bese nemavme nikakva reakcija.

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 10
       RE: Вакцинирање на детето
    13.8.2009 23:01:24   
    Еца
    А зошто ете и вие сте ја примиле на еден месец, и нас така ни рекоа а секаде каде што читам за оваа вакцина пишува на вториот и шестиот месецuser posted image

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот Natasha5)
    Непосредна врска до пораките: 11
       RE: Вакцинирање на детето
    13.8.2009 23:05:24   
    mis.
    Елена па тоа се рачуна како почеток на 2 месец.Еве и таа на 13 месеци ја ставаат на роденденот.

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: Вакцинирање на детето
    13.8.2009 23:09:23   
    Еца
    user posted image user posted image user posted image Оф мори мајко!Е Мис ова беше опасна дилемаuser posted image user posted image Фала на објаснувањето, убаво рекле старите, питај-не скитајuser posted image user posted image user posted image

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот mis.)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: Вакцинирање на детето
    13.8.2009 23:34:00   
    nadica
    vo sekoja zemja razlicno se vakcinira strucen tim od eksperti(se nadevam) deka odlucuva koja vakcina na kolku meseci se prima i jas sum za vakcinacija ako ne se vo red nema da se primenuvaat eve na pr. vo uk do 2 meseci nemaat vakcina a potoa si imaat niven kalendar za vakcinacii

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: Вакцинирање на детето
    14.8.2009 9:35:41   
    big_mama817
    fala bogu i nie do sega gi primivme site vakcini koj bea vo kalendarot za imunizacija do nasata vozrast slednata ni e zdravje vo 2011 god. obicno ima mali reakci kako pokacena temperatura i togas mnogu e osetliv a da ja primivme i ona za meningitis user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

    _____________________________

    Децата се најголемо богаство :)

    (Одговор на членот nadica)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: Вакцинирање на детето
    14.8.2009 9:48:16   
    mami
    како ги поднесуваат постарите деца вакцините? мене ме плаши тоа што сме во ноември на вакцина, ке има 18 месеци ама знаејќи колку преташе за тие досега, незнам што ме чека кога ке биде поголем и ке разбира повеќеuser posted image

    (Одговор на членот big_mama817)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: Вакцинирање на детето
    25.8.2009 23:05:11   
    Еца
    Денес Мартина прими ДИ Те Пер првата ревакцина, а Мила не ја прими втората доза за Хепатит Б бидејќи има малк осип по телото кај мешето и ке одиме во вторник. Досега Мартина не ми качи Т, па ќе видиме како ќе биде ноќеска.Се жали само дека ја боли рачето, што е најнормално.

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: Вакцинирање на детето
    23.9.2009 13:35:33   
    Mamickaa
    Molba do site mamicki...ako moze nekoja od vas(normalno ako saka) da gi zapise po red vakcinite od raganje,na kolku meseci i kako se vika vakcinata i zasto e,bi vi bila preeemnogu blagodarna...barav po net ama pak ne mi e jasno so tie tabeli a i iskreno preplasena sum od tie vakcini...na poslednata imavme golema reakcija ama toa ke vi pisam drug pat,koga ke bidam poslobodna imam cel referat za toa...user posted image
    Cekam odgovor plsss...

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: Вакцинирање на детето
    23.9.2009 13:44:36   
    Еца
    Во текот на првата година детето треба да ги прими следните вакцини:
    *БСЖ вакцината против туберкулоза. Се дава веднаш после раѓањето на детето со инекција.

    *ХЕПАТИТ Б (против жолтица тип Б)исто така се дава веднаш по раѓање и се повторува во вториот и шестиот месец.Се дава со инекција.

    *Вакцина против заболувања предизвикани од бактеријата ХЕМОФИЛУС ИНФЛУЕНЦЕ тип Б (Хиб)се дава со полни два месеци, до навршени 6 месеци, во 3 дози, на растојание од 1-3 месеци

    *ПОЛИО вакцината против детска парализа.Се даваат две капки со лажиче.За да се заштити детето потребно е да се вакцинира на растојание од 42 дена.

    *ДТП е комбинирана вакцина која го штити детето од дифтерија, голема кашлица и тетанус.Се дава со инекција.За да се заштит детето потребно е три пати да се вакцинира на растојани од 30 дена.

    *МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница,заушки и рубеола.Се дава со инекција веднаш после првиот роденден.

    Очекувано е по вакцинацијата кај некои деца да се јават реакции кои брзо поминуваат: болка, црвенило, оток, покачена температура, намален апетит, плачливост.Овие реакции се незначителни во споредба со последиците од болеста која се јавува кај деца кои не се вакцинирани.


    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот Mamickaa)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: Вакцинирање на детето
    23.9.2009 13:47:36   
    Еца
    Мамичка и те молам кога имаш време обавезно да ни напишеш што се случило со твоеот детенцеuser posted image   http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%9D%D0%B5%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8_%D0%BE%D0%B4_%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BD%D0%B0!/m_21045/tm.htm

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 20
       RE: Вакцинирање на детето
    24.9.2009 19:41:04   
    Mamickaa
    Еленче фала ти најмногу за брзиот одговорот,срце сиии,секогаш си тука кога ни треба нешто хитноuser posted image БРАВО!!user posted image user posted image user posted image

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 21
       RE: Вакцинирање на детето
    28.9.2009 22:48:43   
    mis.
    Среќна мама како поминавте на вакцина?Имате ли некоја реакција од вакцината?user posted image

    (Одговор на членот Mamickaa)
    Непосредна врска до пораките: 22
       RE: Вакцинирање на детето
    28.9.2009 22:54:07   
    BEBICA
    monika redovno ja vakcinirame i samo prviot pat koga primi di-te-per placese dva saati i otece malku mestoto  no so oblogi i projde, a posle toa nemavme nikakvi nus pojavi.sega treba posle prviot rodnden da primi MMR vakcina no pedijatarot ne predupredi da prethodno Monika obavezno mora da ima probano jajce, t.e. zolcka od jajce za da ne se desi da ima alergiska reakcija.

    (Одговор на членот mis.)
    Непосредна врска до пораките: 23
       RE: Вакцинирање на детето
    29.9.2009 12:58:35   
    bordan
    redovno go vakciniravme Oleg i veke do 1god zavrsivme konecno.So prvata di te per kacivme t 38 i placenje so vtorata t37.5 i placenje a so tretata samouser posted image ama site placenja ni bea vo duet i toj i jas.oti ne e placliv ic ama togas crkase ke puknev od maka i samo cekav denot da pomine a so toa i bolkata i placenjeto.ama toa e site primaat pa i nie da ne ni bide utre premisla 

    (Одговор на членот BEBICA)
    Непосредна врска до пораките: 24
       RE: Вакцинирање на детето
    29.9.2009 13:01:10   
    mis.
    Бордан не се секирај тоа ќе се заборави.Се за здравјето за нашите најмили.user posted image

    (Одговор на членот bordan)
    Непосредна врска до пораките: 25
    Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
    Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    Цртани филмови.
    пеперутка16

    Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?