|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Супи!
1.4.2009 11:58:14   
kati
Какви супи приготвувате и кои ви се омилени и ајде по некој рецепт за домашна супа?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Супи!
1.4.2009 12:08:35   
kati
јас многу сакам пилешка супа, секогаш кога приготвувам во водата ставам сечкан морков, целер, пашкенат, роквица, мало компирче, брокула и магдонос(овие две 5 мин пред крајот на варењето), бибер, може и малку кромидче и на крај ставам готова супа пилешка од подравка или алпска

(Одговор на членот kati)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Супи!
1.4.2009 16:36:43   
vesna_kr
Вкусна природна супа, правам од зеленчук:морков,пашканат,грашок,компир,малку ептен фиде, целер и магодонос, и секако зачини.
Мила ми ја јаде и супер е.

(Одговор на членот kati)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Супи!
4.5.2009 14:26:37   
mami
најубава супа ми е кога ке ставам во водата се ама буквално се од зеленчук(морков, компир, целер, пашканат,грашак,брокула,магдонос) што има во фрижидерот..и супа со кнедли- заради Лука, ептен ги сака...

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Супи!
5.5.2009 10:51:31   
kati
јас ако заборавам некогаш да ставам морков порано, пошто нели потешко се вари, го рендам и ете ми експрес супа

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Супи!
26.7.2009 15:49:17   
mami
видиш не ми текнало на тоа..некогаш и немам толку време за да чекам да се свари морковот па ова добро би ми дошло

(Одговор на членот kati)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Супи!
30.9.2009 12:43:19   
profesorica
Јас правам најчесто пилешка супа, од водата кај што се варело месото + ставам компир, морков, фиде и сол.магдонос не додавам бидејќи не го обичам башuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Супи!
30.9.2009 12:49:53   
mis.
Истата и јас ја правам но знам и брокула да додадам дома ја јадеме доста често.
Мм работи со сувомеснато и ми носи коски и од нив правам супа.Дома неможев да замисламда ја јадам но кога е направена од мм   мммммммммммммммммммммм

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Супи!
30.9.2009 12:51:45   
profesorica
Да понекогаш ставам и брокула заради Дамјан и целата супа добива посебен шмек.мм и Дамјан ја обожаваат.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Супи!
30.9.2009 12:54:22   
mother 29
јас ставам и пашканат.Мајка ми имаат во дворот и ми дава.Марко го обожава!баш чудно ми е како го сака а има специфичен мирис и вкус.ама баш убаво,многу е корисен!Знае тој да ме изненади,убав тој на мама!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Супи!
30.9.2009 13:02:53   
ostoun
Kompir i morkov rendan se varat za pet min. moze meso meleno kocka za supa i knedli sama gi pravam a ako nema knedli stavam fide soja troski i jajce . ( moze i domat ,paskanat, broku.la sto imas od zelencuk toa)

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Супи!
27.12.2009 8:53:48   
ripce
Какви супи приготвувате и кои ви се омилени и ајде по некој рецепт за домашна супа?


За син ми правам исклучиво домашна супа со пилешко, морков, компир, пашканат, брокула, тиквичка... му ставам лепче и павлака и многу ја сака.
А за мене и мм, најчесто првам крем супи со печурки, брокула.
Поготово сега кога е ладно многу често јадеме супа.


< Поракaта ја уредил ripce -- 27.12.2009 8:54:30 >

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Супи!
27.12.2009 9:05:35   
Anushka
спите ми се специјалност:
пробај супа од тиква, на пример. Направи ја исто со се` како пилешката, ама во неа вари и парче-две тиква (без кора). Потоа измиксај ја, додај млеко и павлака и ќе добиеш прекрасна амеркаска чорба од тиква.
Исто, ако сакаш да направи густа супа/чорбичка, можеш тој ефект да го постигнеш без брашно, ако при варењето додоадеш малку палента и млеко,  на крај дел од зелнчукот (на пр. брокулата) измиксаш.  Во ваквите крем-супи многу вксно е пред служење да се стави по едн лажица павлака и 3-4 крукчиња бејк-ролс (ама пред служење, да не се раскашават). Исто, препорачувам домашни кнедли: матиш јајце со малку сол и лажиче зејтинче, па малку по малу додаваш гриз. Се` додека не се згусне (како погуст сутлијаш). Потоа, во супата пред крај на варењето, со жешка лажица се црпи од смесата и се спушта во супата да се довари.
Уште еден трик за брза и лесна супа: кога вариш компир за пире, не ја фрлај водата (во неа има се` што излегло корисно од компирот), туку додај зачини по желба (коцка, вегета и сл.) остави некое компирче да и` даде смисол на супата, додај малку сечкан магдонос и 250 л. јогурт. Мнг освежува!
Сепак, мојата свеки секогаш се фали со нејзината супа. А ја прави од ќеса, готова...  

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Супи!
27.12.2009 9:23:36   
Anushka
а најубава супа (освен пилешката) е супа од коска. Побарај во месарница голема говетска коска да ти ја скршат малку. Вари ја подолго и додај зеленчук за супа и главица кромид ресечена на пола, па потпечена на рингла. На крај во оваа богата, зимска супа се ставаат кнедли од гриз или њоки. Њоките се прават: се вари компир (1-2) се микса, се додава брашно малку, сол, малку путерче и јајце, да се згусне. Се меси тесто, од кое се обликуваат малецки перничиња и се спуштаат во супата да се доварат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Супи!
27.12.2009 10:03:49   
mis.
Пред 2 дена мм донесе коски телешки т.е една беше преполовена но едвај во големо тенџере ја собере.Ја вареше 2 саати и од водата кај што се варела коската прави супа.Внатре става морков рендан,сецкани компири,пашканат,целер,брокула,лук и зачини.Тој е специјалист за вакви супи.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Супи!
20.2.2011 15:38:05   
Maca25
Супата е задолжителна кај нас. Нина сама си бара пред ручек Топла Супичка user posted image .
Секој ден правам нова, гледам секој ден да има различен зеленчук во супата. Најчесто јадеме супа со морков, целер (коренот), пашканат, магдонос и некогаш компир, некогаш брокули, некогаш карфиол, а и 2 пати неделно имаме супа со телешко месо. Еднаш неделно гледам да направам супа со кнедли.
Вие какви супи најчесто јадете? Домашни или од кесичка?


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Супи!
20.2.2011 18:07:37   
Џесика
Уф, и јас обожавам супа, ручекот ми нема смисол без супа, најчесто правам, и кога ставам готова, сепак и додавам зеленчук... секогаш во супата ставам од оној микс од пченка, грашок и морков и плус додавам брокула, пашканат, целер, кромид...а кога правам домашна супа, најубава ми е со ориз и многу малку фиде, рендан морков, микс од зеленчукот и зачини... комбинации милион...  а пошто моево дете само супи јаде, гледам барем да внесе се што му е потребно преку супата...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Супи!
2.3.2011 22:57:02   
baby mama
Zakon mi e samo domasna pileska supa so mnogu morkov,brokula,karfiol,luk,kromid,magdonos,paskanat mmmm ja obozavam.Pravam vo golemo tendzere i ne ostanuva nisto user posted image  

< Поракaта ја уредил baby mama -- 2.3.2011 23:01:46 >


_____________________________

Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Супи!
19.3.2011 17:37:56   
Viktori
супа со кндели од јајца и гриз и мешан зеленчук од кеса.
Планирам од утре диета да задржам со супа некоја, па се спремам од денес user posted image

Инаку денес прв пат правев кнедли па ми остана малку гриз и јајца мешавина, да не знаете за што друго можам да го искористам?

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Супи!
24.10.2012 10:43:26   
Pepelaska *
Супа со кнедли и брокула

Подготовка: Во тенџере на оган ставете 1.5 л вода да зоврие со малку зејтин. Додадете брокула по желба, морков сецкан на кругови и една рака фиде. По некое време, додадете и сварено пилешко месо искинато на парчиња. Кога водата ќе почне да врие ставете ги кнедлите.
Кнедлите се подготвуваат на следниов начин: Во сад, изматете едно јајце, додадете една лажица зејтин и гриз. Мешајте ја смесата се додека не стане хомогена и средно цврста.
Во супата што врие, земете со мала лажичка од смесата за кнедли и оставете да вари уште 3-4 минути.

Денес ке јадеме имаме тазе скината брокула од бавча:), а пилешко и не мора мислам,

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Супи!
24.10.2012 14:15:42   
AnnaMolly RR
Леле, не сум видела дека има цела тема за супи! Мојов јадач само од супи може да живее, па кај нас секој ден, ама буквално секој ден има супа.

Оваа супа му е една од најомилените на Филип.

Супа од пилешки џигери

Кога спремате пилешки џигери за ручек, направете си ја и оваа супа. Многу е вкусна и лесна за правење. Јас правам голема количина, за 4 луѓе + за Филип, па затоа и состојките се во поголема количина.

Откако џигерите ќе се обарат малку во вода и зејтин, пред да почнете да ги пржите одвојте едно 3-4 поголеми парчиња.
Спремете си исечкани 3 големи моркови, еден голем компир, еден кромид, 2-3 чешниња лук, пашканат и целер. Зеленчукот јас го сечкам на коцки (морковот ситно, другите покрупно).

Во тенџере со масло за јадење ставете да се пропржи морковот. Кога ќе омекне малку додајте го останатиот зеленчук, промешајте и пржете го една до две минути. Потоа додајте ги џигерите (исто така сечкани на коцкички) и тие малку да се пропржат. Наполнете го тенџерето со вода, ставете вегета и свеж магдонос и оставете ја нека се вари.

Кога се ќе биде сварено, додајте фиде (по желба, не мора да се додава зашто супата е густа поради зеленчукот) и една полна шоља за кафе со кравјо млеко. Нека зоврие пак супата и готово.

Оваа супа многу често ја прави мајка ми, а пред некој ден јас првпат сама ја направив и се удавивме дома од јадење user posted image

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 24.10.2012 14:16:24 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Супи!
24.10.2012 14:23:58   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Супа со кнедли и брокула

Подготовка: Во тенџере на оган ставете 1.5 л вода да зоврие со малку зејтин. Додадете брокула по желба, морков сецкан на кругови и една рака фиде. По некое време, додадете и сварено пилешко месо искинато на парчиња. Кога водата ќе почне да врие ставете ги кнедлите.
Кнедлите се подготвуваат на следниов начин: Во сад, изматете едно јајце, додадете една лажица зејтин и гриз. Мешајте ја смесата се додека не стане хомогена и средно цврста.
Во супата што врие, земете со мала лажичка од смесата за кнедли и оставете да вари уште 3-4 минути.

Денес ке јадеме имаме тазе скината брокула од бавча:), а пилешко и не мора мислам,


Super eecept Pepelasaka, i jas pravam vakvo nesto.
Samo edna preporaka brokulata da ja stavis na kraj otkako se kje se svari, go isklucuvas sporetot , ja stavas brokulata i go pokrivas tendzereto so kapak.
Ne cini brokulata mnogu da se vari zasto mn lesno i brzo se gubat vitaminite.Koga kje se svari klasicno nema nisto da ostane.
A kako sto kazuvas od bavca deka e sveza , mh mh mh imas srekja so ne sum ti u blizina user posted image  Ja sveza kje ti ja izedam user posted image

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Супи!
24.10.2012 14:24:41   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Леле, не сум видела дека има цела тема за супи! Мојов јадач само од супи може да живее, па кај нас секој ден, ама буквално секој ден има супа.

Оваа супа му е една од најомилените на Филип.

Супа од пилешки џигери

Кога спремате пилешки џигери за ручек, направете си ја и оваа супа. Многу е вкусна и лесна за правење. Јас правам голема количина, за 4 луѓе + за Филип, па затоа и состојките се во поголема количина.

Откако џигерите ќе се обарат малку во вода и зејтин, пред да почнете да ги пржите одвојте едно 3-4 поголеми парчиња.
Спремете си исечкани 3 големи моркови, еден голем компир, еден кромид, 2-3 чешниња лук, пашканат и целер. Зеленчукот јас го сечкам на коцки (морковот ситно, другите покрупно).

Во тенџере со масло за јадење ставете да се пропржи морковот. Кога ќе омекне малку додајте го останатиот зеленчук, промешајте и пржете го една до две минути. Потоа додајте ги џигерите (исто така сечкани на коцкички) и тие малку да се пропржат. Наполнете го тенџерето со вода, ставете вегета и свеж магдонос и оставете ја нека се вари.

Кога се ќе биде сварено, додајте фиде (по желба, не мора да се додава зашто супата е густа поради зеленчукот) и една полна шоља за кафе со кравјо млеко. Нека зоврие пак супата и готово.

Оваа супа многу често ја прави мајка ми, а пред некој ден јас првпат сама ја направив и се удавивме дома од јадење user posted image


I ova stavam u jelovnikuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Супи!
24.10.2012 14:43:05   
AnnaMolly RR
Нема да згрешиш, направи му ја на В.

Ај уште една супа од мене (можам книга за супи да напишам).

Супа од тиквички + готова супа од печурки

Една поголема тиквичка се лупи и се вадат семките. Се ренда на крупно и се стиска за да се исцеди од водата.
Изрендајте морков и компир на крупно, исечкајте кромид и магдонос.
Во тенџере пропржете ја тиквичката со морковот, па ставете вода и додајте ги компирот, кромидот и магдоносот.
Нека се свари зеленчукот убаво.
Во 100 милилитри ладна вода растворете една готова крем супа од печурки. Со кутлача извадете малку од врелата супа и додајте ја во садот со супата од печурки со постојано мешање. Ставете едно 3-4 кутлачи супа. Потоа тоа ставете го во тенџерето со постојано мешање и оставете да се вари на тивко околу 5-6 минути.



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Супи!
24.10.2012 15:15:54   
arh_diz
Teleska supa so stavilj
Varam teleska koska i meso , potoa dodavam eden kompir se vari , pred da se svari go dodavam staviljot varam uste 5 minuti .Nekogas dodavam i razmateno jajce .Koga ke se svari ja serviram so edna lazicka pavlaka

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?