|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   соја млеко
9.7.2009 14:01:15   
mami
Од кога може да му се дава соја млеко? имал некој искуство со ова? дали може тоа да биде замена за обичното млеко?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: соја млеко
9.7.2009 22:53:18   
bambi
i mene ova me interesira, gledam deka vo nan ima mleko od soja.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: соја млеко
10.7.2009 7:32:20   
Еца
Соиното млеко технички не е млеко, туку напивка направена од соини зрна. . Бидејќи е сиромашна со маснотии и холестерол, сојата ги намалува опасните липиди во крвта. Покрај тоа што го штити срцето и го намалува ризикот од срцеви заболувања, соините протеини и изофлавони го намалуваат ризикот од рак на дојката и на простатата и го намалуваат лошиот ЛДЛ-холестерол. Редовното консумирање храна од соја помага да се намали и ризикот од остеопороза. Аминокиселините што ги среќаваме во соините протеини ги задоволуваат истите базични потреби на човековиот организам како и животинските протеини - но тие се без опасните заситени масти, холестерол и лактоза. Затоа, соиното млеко е погодна напивка за луѓето алергични на лактоза.  Една шолја млеко добиено на овој начин содржи 8-10 грама протеини, 4-5 грама јаглени хидрати, 4-5 грама масти. Дневната препорачана доза соини протеини е 25 грама, така што 2,5-3 шолји дневно од соиното млеко со оваа концентрација на протеини ќе бидат ваша ефикасна алатка во борбата да го зачувате срцето здраво.

Бидејќи Мартина беше алергична на млеко (лактоза) ние почнавме да го користиме од 8 месеци. Се уште го пие заедно со какао.Немавме никакви проблеми, иако бевме предупредени дека и тоа припаѓа во групата на алергени.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: соја млеко
10.7.2009 8:40:26   
mami
Значи можам да му го давам место обичното? и кое? она што се прави од прав или она како тетрапак што е?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: соја млеко
10.7.2009 9:36:40   
Еца
Јас би ти препорачала она во прав што е,без никакви додатоци, бидејќи има со арома на ванила, па со витамини, понатака можеш и такво некое да воведеш, но за почеток обично и ќе го правиш  поретко, на пример едно лажиче мало ќе раствориш во 200 мл топла вода.Секогаш ти е свежо направено, малку сум поскептична за тетрапакот(абе бог да чува сумuser posted image )user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: соја млеко
10.7.2009 9:38:04   
Еца
Е сега сакав уште нешто да нагласам, навистина доста читав за соиното млеко и она што ми остави впечаток е дека за мажите демек и не е добра варијанта, а за жените е навистина делотворно и здраво.Баш ќе прочепкам и ке пишам нешто повеќе околу ова.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: соја млеко
19.7.2009 22:17:44   
mami
уф, го пробав пред некој ден она со вкус на ванила, во мало тетрапак пакување- некако како празно, ни вода, ни млеко..не ми се допадна баш

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: соја млеко
6.9.2009 23:48:29   
Еца
Изворна порака БИСЕР:

zdravo na site.nova clenka sum i ne se snaogam bas najdobro ama se nadevam ce me razberete (pomognete). imam dve cerki 7god so operirani krajnici na 5god.vtorata ima 2,5 god i za edna godina imase mozebi 15 pati gnojna angina.na imunologija ni velat see vo red so nea,na usno deka emala za vadenje krajnici i e slabokrvna malku.najnovo edna lekarka ni preporaca da isfrlime od ishrana se sto ima kravjo mleko(bidejci pie po 1.5 lit na den -preterano e znam) i da pie samo soino mleko. go pieme vece eden mesec so strav da ne gresam.po malku i davam jogurt i sirenje.vo nedoumica sum

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: соја млеко
7.9.2009 21:32:14   
Еца
Бисер дали успеа да ја пронајдеш темата?user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: соја млеко
13.9.2009 17:24:51   
mia
od kolku meseci moze da se dava mlekot od soja maliot moj mi se odbi na sest mes.iod togas nesaka nikakvo mleko samo sok  sega ima 7 mes.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: соја млеко
14.9.2009 0:16:36   
biser
благодарам елена ја најдов темата и ме смирува тоа сто вашите деца го пијат соиното млеко од помала возраст и немаат проблем.мојата ќеркичка има 2,5 години и откако пие соино млеко (1 месец) почна да јаде нормално по три оброци, инаку си пиеше само млеко (1,5-2 лит.на ден) и се нервирав што не јаде ништо.сега преку ден не бара млеко ама ноќе си бара на секои 2 часа меменце ,никако да се одучиме.малку и мешам и оризово млеко со витамини ,да не и е многу соиното, а и го правам ретко 1 лажиче на 250 грама.единствено ме плаши да не и фали калциум за коските ама ова од виталија има божем и калциум.сега за сега добро е па ќе видиме.инаку  на форумов има толку многу теми и проблеми за читање што моиве ми изгледаат некако полесни. криво ми е што немам многу време за читање и пишување.поздрав  до сите

(Одговор на членот mia)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: соја млеко
14.9.2009 0:46:08   
biser
сето ова сум го пробала со големата ќерка и пак на 5,5год ги вадевме тие крајници.велат и дека е наследно (јас сум била иста).благодарам уште еднаш ќе пробаме сигурно уште некој рецепт тоа ни преостанува.цвекло и варев ама не сака даго пие голема е неможам со сила да ја терам.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: соја млеко
5.10.2009 13:03:23   
bojanas
Бидејќи Лука беше алергичен на млеко 2 години бевме на млеко од соја на Виталиа и го обожаваше. Кога направивме нови тестови на имунологија и не покажуваше никаква алергија на млеко пробавме со обично. Најнапред не го сакаше а потоа немавме проблем. И сега кога ќе направи опструкција му давам млеко од соја. Ви препорачувам да не им додавате какао или несквик зошто тоа ги заситува и нема да сака да јаде

(Одговор на членот biser)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: соја млеко
5.10.2009 14:41:22   
mother 29
кога бев последен пат во виталиа, му купив соја млеко,тетрапак.ај си викам да пробам ..кога го тресна шишето и ми вели ...мамо дај мекоuser posted image  user posted image  
ама па и јас кога го пробав,има што да се проба.......алал да им е на оние што го пијат.... блакuser posted image

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: соја млеко
21.12.2009 11:34:24   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

Соино млеко?
Па зарем не се препорачува дури по третата година возраст заради алергеност? Имено, ЖМ е хипотироидна а сојата го потенцира тој момент. Зарем кај вас немаше реакции? Од кога прв пат почнавте со соино млеко? И јас многу би сакал на Стефан да му даваме зашто ниту јас ниту жм не пиеме кравјо. Стефан пие само ноќе и тоа 1 Нестле јуниор 1. Другото е јогурт, кисело млеко и сирење. Дали би било ОК да пробам? Какво да му дадам, на Виталија?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Па внимателно треба и со соиното,може да покаже алергија,а може и не,како и со се останато,не се препорачува оризовото млеко пред три години,а за соино можеш да пробаш,но внимателно,ништо друго ново не му давајте тој ден,доколку приметите некоја промена кај Стефан да знаете дека е од соиното млекоuser posted image


(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: соја млеко
21.12.2009 11:39:56   
Anushka
соја НИКАКО!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: соја млеко
21.12.2009 11:47:22   
mis.
Анушка зошто соја никако?user posted image Јас и немам дадено дека пијат кравјо млеко но ме интересира зошто не се дава соја на малите деца?

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: соја млеко
21.12.2009 11:51:02   
Anushka
Светското здр. напедијатри го има прогласено соиното млеко штетно а децата во развој - прави алергии и се сомневаат дека предизвикува стерилитет кај машките деца. Така мене ми имаат кажано мис, а незнам колку е и ова точно

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: соја млеко
21.12.2009 11:53:06   
mis.
Имам 2 машки деца убаво е да се знае.user posted image

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: соја млеко
23.3.2010 16:01:18   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: 21mimi

ве молам одговорете ми дали некој има искуство со соино млеко?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: соја млеко
14.10.2010 11:20:24   
Sara
Ние сме алергични на млеко, ме теши тоа што гледам дека не сме единствени, бидејќи сеуште го дојам малиов (сега има 13 месеци) и јас избегнувам млечни производи (како и јајце и кикирики - и на нив е алергичен), кафето го пијам со соја млеко со вкус на ванила.
Како да имам прочитано на опаковката на соиното млеко дека не е за деца под 2-3 годишна возраст????
Инаку не му давам друго млеко освен Алфаре - на Нестле, а сега сменивме на Аллернова на Новалак и двете специјални адаптирани за деца алергични на кравјо млеко, но се многу скапи (алфаре е 1300 ден, а Новалак 880 ден) и му ги давам со житарки или чоколино - еднаш дневно, и ми трае околу 2 недели.
Се размислував да почнеме со соино млеко, но ме плаши моментот да не е алергичен и на тоа, и дали може да се дава на 1 годишно дете?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: соја млеко
14.10.2010 11:41:58   
Octavia
Мислам дека имам прочитано дека млекото од соја не е за деца под 3 години (?). Инаку, и моето синче беше алергично на млеко, дури и од адаптирано му се исфрлуваше лиценцето каде ќе му капнеше, повраќаше, добиваше црвенило по вратчето (пред да се откажам од пробување кое млеко му одговара) и втората година почна да му се губи алергијата, баш како што ни кажа лекарката. Ни рече и дека децата со светол тен и светла косичка биле поподложни на алергиски реакции првата година. Кај нас, за среќа, алергијата помина сама од себе и сега нормално си пие јогурт, ама млеко не поднесува и ден денес.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: соја млеко
5.4.2013 13:27:32   
Underbelly
Zdravo na site. Nova sum na forumov I ja vidov temata pa sakav da prasam od kade go kupuvate soja mlekoto vo tetrapak? Dali go ima vo pogolemite marketi ili samo vo Vitalia? Isto taka sakav da prasam dali ima I jogurt od soja. vi blagodaram

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: соја млеко
5.4.2013 14:10:20   
Bububebe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Underbelly

Zdravo na site. Nova sum na forumov I ja vidov temata pa sakav da prasam od kade go kupuvate soja mlekoto vo tetrapak? Dali go ima vo pogolemite marketi ili samo vo Vitalia? Isto taka sakav da prasam dali ima I jogurt od soja. vi blagodaram


Соино млеко во тетрапак има во тинекс,а исто има и во прав.
А за јогурт,немам видено

(Одговор на членот Underbelly)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: соја млеко
6.4.2013 12:33:23   
Underbelly
Ti blagodaram Bububebe za odgovorot :)))

(Одговор на членот Bububebe)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?