Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Сонување во текот на бременоста 11.7.2009 11:53:38
cevlice
Dali na nekoj mu se slucuva da sonuva poveke vo bremenosta odkolku prethodno. imam procitano pred nekoj den deka mozno e pojavuvane na cudni sonista jas licno poveke sonuvam i imam primeteno najveke koga spiam na grb. pa bas me interesira dali nekoj od vas ima slicno iskustvo pisete ve cekam
< Поракaта ја уредил Elena -- 11.7.2009 22:16:34 >
RE: Sonuvanje vo tekot na bremenosta 11.7.2009 12:57:47
alex_mo
Isto i jas,Sekoj den nov son i cesto baram po sonovnicite......ama vrska nema. Sonuvanjeto e pocesto vo bremenosta zatoa sto cesto se razbuduvame ,pa pak zaspivame.Taka barem jas mislam.Ne sonuvam do 5.00h,a potoa sekoj cas u wc i razni sonovi..
RE: Sonuvanje vo tekot na bremenosta 11.7.2009 14:46:19
mami
ова е нешто што најдов за соновите во бременоста- Соништата за бебето што може да ги доживее трудницата во последнито триместар може да ја наведат да размислува дека го губи размерот- всушност тие соништа се нормални и здрави и помагат трудницата на здрав начин да се растовари од грижите и стравувањата. Еве неколку толкувања Сон дека е неподготвена, го загубила бебето во продавница, го заборавила, прпуштила преглед- може само да го изрази стравувањето на трудницата дека не е способна да одговори на барањата на мајчинството Сонува дека ја напаѓаат, ја повредуваат- ја одразува нејзината ранливост Сон дека е затворена и неможе да избега, се дави во базен, заклучена во кола- страв дека бебето ке ја врзе и ке и ја намали слободата Сон дека ја губи привлечноста и нејзиниот сопруг заминува кај друга жена- го одразува стравот на речиси секоја жена дека бременоста засекогаш ке го уништи нејзиниот изглед и сопругот ке замине Соништа за сексуални искуства, + или - кои донесуваат задоволство или вина- ги одразуваат збунетоста и спротивните чувства кон сексот што се чести во бременоста Сон за смрт, воскреснување, се појавуваат мртвите родители или роднини- може да значи поврзување на новите со старите генерации
Сонување во текот на бременоста 11.7.2009 21:10:39
Палешка РР
Да, навистина во последно време сонувам неповрзани работи. Синоќа сонував како од јаболкница берам портокали, па денес мм се уби да пронајде, а никој ништо не му рече
< Поракaта ја уредил Elena -- 11.7.2009 22:17:33 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Сонување во текот на бременоста 11.7.2009 22:19:03
Еца
Леле и јас многу сонувам, но не мислам на соновите, не сакам ниту да размислувам што и како значат, зошто многу пати сум се нашла во ситуација да ми се поклопат во скоро време со реалноста, па ми создаваат некое безвезно чувство.
RE: Сонување во текот на бременоста 19.9.2009 22:18:03
Палешка РР
Си сонувам јас така, секоја вечер. И убаво ми е во светот на соништата, не ми се случило одамна да сонувам нешто страшно или лошо. И обично сонот ми го прекинува грчот во ногата, па станувам, се масирам, се шетам низ станот како кривкуц едно саат време и потоа не можам да заспијам до сабајле.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Сонување во текот на бременоста 9.10.2009 10:04:51
Adrijana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
Си сонувам јас така, секоја вечер. И убаво ми е во светот на соништата, не ми се случило одамна да сонувам нешто страшно или лошо. И обично сонот ми го прекинува грчот во ногата, па станувам, се масирам, се шетам низ станот како кривкуц едно саат време и потоа не можам да заспијам до сабајле.
Ej Paleska kako mene da si me opisala isto se i so grcot vo nogata i se mi isto i na mene Znam deka sonuvam sekogas koga ke legnam, ama nesto vo posledno vreme ne gi pametam sonistata, osven vcerasniot. Sonuvav deka umrel tatko mi, i se razbudiv celata vo solzi, edvaj se smiriv, lipav uste 15 minuti sigurno
RE: Сонување во текот на бременоста 15.10.2009 10:38:34
Весна
што убаво за тебе Палешка Јас претходно, а еве и сега сонувам премногу симболични соништа, ретко ги кажувам за да не ги испалшам блиските, посебно не на мајка ми која веднаш ќе си ги протолкува по свое, па ќе фати да ме замара да идам те на гробишта, те во црква свеќа да сум палела ауууух. Единствено сега ми се зачестени, и тоа ихааа зачестени, оние како што Палешка ги вика „срамни соништа “
Туку, Палешка, која нога ти е проблематична, левата или десната? И јас сум си со иста мака, па ај да видиме дали и во истата нога ќе сме шантрави Мене левата ми кочи
RE: Сонување во текот на бременоста 15.10.2009 11:40:11
biljana16
Jas sonuvav premnogu nepovrzani raboti. No sega vo posledno vreme po celo vreme sonuvam deka predvremeno ke se porodam i deka nesto ne e vo red so bebeto. Iako site ispituvanja se vo red sepak mnogu me faka panika. Dali vi se slucilo istoto i vas? Pozdrav
RE: Сонување во текот на бременоста 15.10.2009 11:44:58
mother 29
немој да се секираш...јас какви чударии сонував додека бев бремена ,умот да ти се земе......еве го Марко во сабота 2 год ке прави,здрав ,весел,...пу-пу сонови се само тоа.....уживај.отиди запали свека за здравје,јас така правам кога лошо сонувам,и веднаш некако ми е полесно на душата ПОЗЗЗ
RE: Сонување во текот на бременоста 15.10.2009 11:48:27
Весна
Па да, нешто слично ми се има случено баш пред некоја вечер. Сонот само што го засонував, но од преголема паника веднаш се разбудив. Сонував дека ми го нема мешето та не стигнав ни да помислам дали е малото добро, веднаш ококорив очите и рацете ги ставив на стомакот, кој си беше на место, гоооолем и малото си мрткаше, лисица мала мамина
RE: Сонување во текот на бременоста 18.12.2009 9:49:12
Палешка РР
Синоќа на сон бев во Турција, сама. Откако стигнавме во Истамбул се загубив од групата, не можев да го најдам хотелот, ја загубив ташната комплет со сите лични документи и пасошот и во сон плачев, плачев, плачев.
Се надевам нешто ќе се израдувам?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Сонување во текот на бременоста 12.7.2013 12:40:57
@bebe
mamicki, znaci toa e normalno sega koga ve procitav i jas sonuvam sekakvi gluposti da ne kazam na najlosoto sto moze da se sluci, znaci i jas ne sum poarna poarna, bas i majka mi sabajle mi rece deka toa bilo bas normalno, mora da priznaeme deka nesto slicno mislime peku den ne onaka konkretno kako vo sonot ne daj boze pa potoa se odrazuvaat mislite vo sonot, nisto posebno, takvi slicni sonovi neli sme sonuvale i koga ne se bile bremeni, sega e normalno hormonite se iskreno posilni od nasite custva, samo opusteno i bas sakav da prasam zasto poveke sonuvame poveke neubavi sonovi otolku ubavi, mozebi e podobro taka, ajde so lesno neka ni e, zatoa vo tekot na denot poveke smeenje