|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Анафилактичен шок
16.5.2010 19:26:55   
Тања РР
Анафилаксата е општа, акутна, потенцијално опасна алергиска реакција, која се јавува непосредно после контактот со некој антиген.
Антигени може да бидат разни лекови (пеницилини, цефалоспорини, прокаин, миорелаксанти), храна (морска храна, јајца, млеко, агруми, итн.) убоди од пчела, оса, стршлен, прехрамбени адитиви, крвни деривати, латекс, телесен напор.

Клиничка слика

Експлозивна појава на симптоми во вид на стегање во градниот кош и околу грлото, тешкотии со голтање, трнење околу усните или пак јадеж, препотување, и субјективно чувство на страв.
Брзо се појавува уртикарија и ангиоедем а исто така и едем и знаци на респираторната слузница (конгестија на носот, зарипнатост, стридор, свирежи), зафатеност на дигестивните органи (грчеви во абдоменот, мачнина, проливи). Истовремено се развиваат знаци на инсуфициенција на периферната циркулација со намален крвен притисок, тивки срцеви тонови и тахикардија (зголемена фрекфенција на срцеви отчукувања). Болниот може да изгуби свест и да умре или од угушување или од затајување на периферната циркулација.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Анафилактичен шок
16.5.2010 19:29:12   
Тања РР

Најпознат анафилактичен шок за кој најчесто слушаме веројатно е оној од употребата на пеницилин, но не е единствен.

Има ли некој искуство со оваа опасна состојба?



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Анафилактичен шок
10.10.2011 12:16:42   
dostickage
jas , licno imam doziveano.
tezok sok i za golemo iznenaduvanje dobien dva i pol casa posle primanje na odreden citostatik.edinstven takov na klinika.a sto e uste pointeresno lekot se dava so proba.nisto ne mi bese , cela doza ja primiv i posle....
mi rekoa deka edvaj sum ostnala ziva.strasna rabota.jas ne bev ni svesna sto mi se slucuva.se sekjavam samo deka imav premngu silna treska i deka si gi vidov sini noktite.pamtam deka nesto me prasuvaa dali se gusam,mi merea pritisok,me slusaa na plukja,na kraj koga se smiri treskata dignav 40 temperatura ... se mi e kako vo magla...

ne daj boze,skraja da e od sekogo.

zatoa mnogu se plasam koga davam nova namirnica na deteto.a i voopsto koga jade nekoi pospecificni raboti iako ne pojavilo dosega alergija

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Анафилактичен шок
10.10.2011 12:58:08   
anedespo
Brat mi imase kako malo dete anafilakticki sok od penicilin. Znam samo deka vleze so majka mi da prima inekcija i oddednas majka mi spiska, dotrcaa site lekari i sestri. Vlegov i jas, bev sitna pa se musnav. Brat mi lezese so prevrteni oci , mu go trzea jazikot so spatula i go ladea so voda. Mu sibnaa edna inekcija i se povrati, ama duri po nekolku minuti. Posle znam deka bese so majka mi da go ispitaat za posledici na neuro. I imase mali koi se manifestiraa kako razvojni problemi (so ucenje) zaradi toa sto mozokot mu bil bez kislorod 2-3 minuti.
Uzasno iskustvo.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Анафилактичен шок
10.10.2011 13:06:55   
Џесика
Среќа што не се сеќавам кога сум добила пеницилински шок, сум имала 9-10 месеци, ми кажаа дека сум отекла цела и сум почнала да се гушам, и тоа се случило веднаш по инјекцијата додека сме биле сеуште во амбуланта, среќа... после тоа, во училишниот период пак примав инјекции пеницилин секоја зима и немав никаква реакција, и проблемот е што на секој лек различно реагирам... некогаш на оспен нема реакција, некогаш на цефалексин се исфрлам по рацете, а на ампицилин- на нозете... и никој не успеал да ми го објасни тоа. На книшката ми пишува CAVE PENICILIN, а сеуште не ми е објаснето. Најверојатно се работи за алергија на некоја состојка што се содржи во пеницилинот, а не на самиот пеницилин...user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 10.10.2011 13:08:37 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Анафилактичен шок
10.10.2011 13:55:11   
Maca25
Јас како мала (2-3 години) имам добиено шок од инјекција пеницилин и од тогаш па навака немам примено ништо што е на пеницилинска база. Целото тело ми отекло и сум почнала да се гушам. Ме однеле право во болница. Среќа што не се сеќавам на ништо .

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Анафилактичен шок
6.12.2012 17:32:09   
marina111
керка ми има дозивеано шок ан лендацин кој и беше ставен со инфузијата се нафрли некои страшни големи пликови кои и го изобличија целото тело а најмногу лицето и главата почна да станува црвена и да се гуши и да се тресе и да се чеша секаде како споулавена срека што бевме на дневна болница веднаш до брза помош па веднаш и ставија синопен инекција во бутот и срека се смирја за некое време

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?