|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  34 35 [36] 37 38   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Опрема за новороденче
14.5.2015 10:59:15   
miana
DOBRO RINGERAJA, KE GI SREDITE LI NEKOGAS PROBLEMITE? PISUVAM OGROMEN POST PO NEZNAM KOJ PAT I PRC NEMOZAM DA GO ISPRATAM...AMAN VEKE, OVA REVOLTIRA!!!!!! user posted image user posted image user posted image user posted image


I sega na kratko ke napisam deka i jas mislev deka transporterot ne e korisen, no ispadna deka po korisno i po iskoristeno nesto od nego nema!!! Kupete si inema da zazalite...( imav namera mnogu po detalno da vi objasnam kako go koritev i sto mi kaza ortopedot za transporterot, ama da kinam zivci pak so ova prblemive nemam nmera)

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 876
   RE: Опрема за новороденче
15.5.2015 17:37:38   
Hopeful RR
Еве ние како се снаоѓаме, се уште ни е тазе, ама некои работи од одма се гледаат.

Имаме купено хард кор седишта за од 0-18кг, но ортопедот ни рече дека транспортер е неопходен затоа што нема како да се донесе детето од точка А до точка Б без него, освен ако не сакаме да се изложиме на сериозни ризици и опасности. Па така, купивме и два транспортери, најобични, и сега за сега тој дел ни е ок. Големите седишта ќе почекаат. Да имаше опција близначка количка со транспортери, секако ќе се одлучевме за тоа, но бидејќи нема, купивме вакви седишта, но нејсе. Мислам дека комбинација 2 во 1 за единечна количка е таман, корпа ич не е потребна, за тоа е транспортерот, кој држи стабилно и цврсто.

Во однос на креветче, бидејќи сме луѓе што сакаат патувања, се одлучивме за две монтажни креветчиња. Сега мора да спијат во едно, но кога ќе снемаат место ќе ги одвоиме. Испитував и анализирав многу, и бидејќи секако ни требаат такви, не гледам потреба зошто да дуплирам и да купам плус обично, класично креветче, посебно па две. Но сепак, купивме супер душек за класично креветче, не за монтажно (душекот е од Федербау) и мислам дека оваа комбинација е супер. Ем не фрлам пари за куп креветчиња, ем не трупам предмети. А за парите, монтажните и не се баш евтини - нашето е 90е, што е поскапо од просечно дрвено креветче, но секако е попрактично, бар за нас. Плус момент е и тоа што ова креветче е за до кај 3 години, па после кога ќе треба голем кревет, има поента да се инвестира во тоа.

Во однос на облека, дефинитивно најдобра опција се шпилхозни. Имам и комбинации со пантолончиња, и тоа е ок, но шпилхозни се наједноставни. чиста работа. Одоздола боди без ракави или со кратки ракави и толку. Е сега ми доаѓа скапо, пошто ми треба дупло повеќе, но пробувам да комбинирам, сва среќа времето е ок па брзо се сушат. Ако најдете негде евтини шпилхозни, одма известете ме user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 877
   RE: Опрема за новороденче
13.10.2015 10:13:27   
bucko mal
Jas si ja pobarav temava da se potsetam sto treba za novorodenche. Odma da kazam deka ne e za mene pu pu pu , neka dava gospod kaj sto treba.
Moja draga bratuchetka e bremena I nemozam da vi kazam kolku se raduvam, pa ushte I devojce epten merak mi napravi. Znam deka pari e najdobar poklon I toa sekako ke I pratam ama sakam da I pratam I edno paketche so najpotrebni raboti za bebe.
Pokraj garderoba, ke I zemam shisinja za mleko, cucli, lance od kilibar, toplomer, Sudokrem I nekoj takvi interesni raboti. Moze I nekoj ukrasi za detska soba....neznam.
Ako imate nekoj interesen predlog pisete, samo da ne e nesto ogromno na primer kolichka I sl. user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 878
   RE: Опрема за новороденче
13.10.2015 18:58:34   
lukajana RR
Bucko mal јас имам брат во Лондон и баш кога се породив со Ј ми имаше пратено многу убаво пакетче за бебе со секакви работи најмногу облека шпикозни ,фустанчиња , боди ,чорапчиња ,многу квалитетна козметика за бебе што кај нас ја нема спакувана во ранец во која имаше од сапунче до млеко за сончање и чешал ,исто имаше пумпа за измолзување електрична ама никогаш не ја употребив user posted image и термофорче мече и куп други ситнурајки односно се што му кажале дека е за бебе user posted image .
Имаше и пари да облечеш десет бебиња ама ние повеќе се израдувавме на тоа што тој го купил.
Затоа добра ти е идеата да пратиш пакетче ке му се израдуваат многу сигурно

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 13.10.2015 18:59:49 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 879
   RE: Опрема за новороденче
14.10.2015 15:43:13   
Kvisko
Buckomal навистина добра идеја. Можеш да и пратиш и сетче за јадење за поголемо бебе место шишињата. Јас обично тоа сум купувала за повојница и ептен се радувале зашто шишиња си купувале сами. Исто сум купувала и сетови со чешелче четкиче и прибор за нокти како нешто поинтересно ако е ептен мало бебето. Неколку пати имам носено и сетче со една бела глина па во неа се прават отисоци од раче и стапалце (ова како нешто што сам нема да го купиш зашто ќе го сметаш за трошење пари) а ептен му се срадуваа зашто останува како спомен.

Е сега ај јас да си прашам за мене што ми треба од опрема. Креветче дрвено добивме на поклон (користено ама е како ново) и ќе му купуме само убаво душече. Плус ќе треба веројатно да купиме уште едно за нашата викенд дома ама за тоа се мислиме да купиме патно креветче па да си го пакуваме за патувања. Коритце планирам да купам нормално и полус купко и сталак зашто имаме само гоелм туш место када. Ме буни само комодата. Дали купувавате посебни комоди. Гледав некои со место за облекување одозгора и со вградено коритце ама е многу мало коритото и полус тоа би значело дека бебето ќе се бања во соба а тоа не ми се допаѓа од аспект на мокрење на се наоколу. Плус овие ваквите се премногу скапи па ако ни треба комода би ја направиле. Прашањето ми беше дали користевте посебна подлога за пресоблекување ставена на нешто или ги пресоблекувавте поинаку. Се трудам сега да направам барем план за да не лутам кога ќе почнеме да купуваме.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 880
   RE: Опрема за новороденче
14.10.2015 16:20:41   
Bea
И мене ми е многу рано, ама пусти мерак, само подгледнувам нешто.
Нас спалната ни е многу мала и освен за креветче до спалната, немам место за ништо друго.
Планирам да земам вакво кревтече (се надевам ќе ми успее сликава) со додаток за пресоблекување, кое ќе ми стои во дневната, да служи и за дремки преку ден, а понатаму здравје и како игрална.
user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 881
   RE: Опрема за новороденче
14.10.2015 16:57:54   
nataly86
Да не те разочарувам но мислам дека ваквите креветчиња воопшто не се практични...јас имам две дрвени и сум презадоволна по препорака на моја блиска кој имаше едно дрвено едно вакво....мислам дека е многу долу бебето и смета мрежата..јас преку решетките во дрвеното ги покривам ноке, дават шише држам за раче е сега во ваквото незнам како би било тоа....инаку на изглед и мене ми се многу поубави и плус нели имаат додаци за пресоблекување но мислам дека дрвените се најисплатливе нели повеќе години се планира да се користи

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 882
   RE: Опрема за новороденче
14.10.2015 17:23:30   
Bea
Nataly, таман работа, секој совет е добредојден. Јас за во спална секако планирам класилно дрвено креветче. Идејата за ова ми е да биде нон-стоп во дневна, за преку ден и за пресоблекување, бидејќи немам многу место во спалната, а и бепче преку ден да си лешкара до мене :) Не знам, допрва ќе следат одлуките.
Инаку бебто не лежи скроз долу, се монтира еден додаток внатре во креветчето и душечето доаѓа на стандардна висина како и во креветче. После тоа се трга и останува како оградица за играње. Мана е што тие душечиња се многу меки и секако би требало да се докупи некое поквалитетно.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 883
   RE: Опрема за новороденче
14.10.2015 18:08:40   
Hopeful RR
Еве јас со директно искуство со вакво креветче - презадоволна сум.

Купивме вакво од финансиски причини - едноставно прескапо ни беше да купиме две дрвени, плус две вакви, а вакви секако ни требаат за патувања. Со логика дека ова се користи максимум до 3 години, одлучивме да не инвестираме во нешто со толку кратка употреба.
Го купивме од Солун, некои си 90е, и откако се родија бебињата, мм отиде и купи уште едно исто такво. Има две нивоа на кои се става душекот, исто како и кај дрвено креветче, и е цврсто и стабилно. Купивме класичен бебешки душек од Федербау, не онаков што се предиплува, и се си е ок. Моите се уште спијат заедно во едно креветче, ама наскоро ќе ги одвоиме бидејќи им станува тесно вака...

Во однос на комода за преповивање, јас немам, од причина што немам кај да ја ставам, немам што да и правам откога ќе заврши периодот на преповивање, а плус и тоа што се скапи. Сега за сега ги пресоблекувам на трпезариска маса, која ми е целосно адаптирана во baby station, но можно е да продолжам на кревет. Ако се има простор и пари, таква комода е ок.

Во однос на корито, имам едно од Бреви со минималистички дизајн и задоволна сум. Почнавме да ги бањаме во купатило, но сега ги бањаме во дневна, за додека го бањам едниот го гледам и другиот user posted image Кога се расположени, прскаат и со раце и со нозе и знае да се направи вода наоколу, ама не е страшно. Наскоро ќе се селиме и ќе имаме класична када, па коритото ќе оди во када и така планирам да ги бањам.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 14.10.2015 18:10:49 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 884
   RE: Опрема за новороденче
4.11.2015 11:49:15   
Kvisko
Ние одлучивме да си направиме комода за преповивање. Односно да направием комода со димензии како тие за преповивање која потоа ќе може да стане дел лод детска соба. Тоа што кај нас го има на пазар ич не ми се допадна. Сите комоди се со вградено корито во нив и се скапи заради тоа а коритото ми се гледа скроз непотребо зашто е ептен мало. Таква комода само со пулт за преповивање има во Mothercare ама се од 14000 па нагоре. Така што на комодата што ќе ја направиме ќе ставиме одозгора дел за преповивање и завршена работа. Потоа тој дел ќе се отстрани и готово.
Корито ќе купиме со сталак за да може да стои и во купатило и во соба ако има потреба. Се надевам дека сум ОК со размислувањето.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 885
   RE: Опрема за новороденче
4.11.2015 12:07:59   
nataly86
Супер си со размислувањето..јас си направив комода со две фиоки во горниот дел а долу дупли вратнички...горе си ставив подлога за повинја купена од бертони 700 ден до неа имав простор за влажни пелени кремчиња и слични тракатанци...до кај 9 месеци редовно таму ги преповивав...сега веке се големи но сеушѕе ми служи како шкафче за нивни алишта и горниот дел тракатанци нормално...ке почекаме и новово бебе да го израстиме на него па после ке оди во нивнаѕа детска како дел од мебелот..
ЗА бањање исто од бертони коритце со постоље кое исто до 1 година го користевме сега само коритцето во вц...јас супер ги искористив двете работи

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 886
   RE: Опрема за новороденче
4.11.2015 14:49:38   
Kvisko
Nataly86 ај сега малку да те подраспрашам околу искуства со комодата. Кои димензии ви е комодата (ние се мислевме 80-100 долга, 85 висока и околу 50 длабока/широка)? Дали купивте тврда или мека подлога за повивање или од меките? Како ја поставивте подлогата. Ако се постави по должина тогаш се ми е нешто страв да не неми биде удобо зашто тогаш на бебето му се приоѓа од страна или пак едната рак удира во ѕид или грешка сум. Има опција видов на интернет да се постави некако како да штрчи од комодата и тогаш треба тврда подлога и останува поголем дел за ситници ама па не знам тоа што ќе штрчи да не се испоудираме во него. Ептен филозофирам ама ете таква сум си се да премислам по три пати.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 887
   RE: Опрема за новороденче
4.11.2015 15:56:57   
nataly86
хахаха не замараш воопшто..иста сум и јас...димензии се дожина 1,20 ширина 60 висина 85 долу двете вратнички и фиоките си се по 60 см некако така беше како идеално (според мајсторот) подлога имам од меките поставена е право така да си имам пристап кон фиоки и шкавчиња (пример почнувам да прсоблекувам гледам и боди валкано амо пушташ една рака и на дофат имаш боди user posted image ) оваа подлогата малку излегува од масата но со текот на времето си најде лежиште и се прилагоди user posted image така и бебе на право и поголем простор за тракатанци од страна. јас имам кутија од џамбо ставено и внатре ги чувам сите нивни работи..крем пудра млеко за тело павловикева влажни ем онака ми е се на едно место ем не ми расфрално. тврдите мислам дека се подолги за разлика од меките..

Друго што те интересира слободно прашувај
Поздрав

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 888
   RE: Опрема за новороденче
4.11.2015 20:08:16   
lolla RR
Ние немаме комода, немавме каде да ја ставимеа и ме нервираше што мора од страна на неа да застанам па подолгата страна е изложена без заштита. Пресоблекувалната, те подлогата ја ставивме на креветчето на решетките и супер функционираше до пред некое време, бебе се издолжи и многу мрдаше ама си заврши своја работа подлогата. Сега го пресоблекувам кај стигнам (на под за да можам право раце да измијам) само ставам водонепропусна подлога испод.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 889
   RE: Опрема за новороденче
5.11.2015 10:58:07   
bucko mal


Jas denes kupiv za bebeto nesto kako so mrezichka za vnatre da se stave ovoshje. Ovde na forum go vidov ama neznam od koja majka bese preporachano I na koja tema
Dobri idei mi dadovte zenichki, bas takvi nekoj trakatanci sakam da kupuvam. Vidov edno interesno ogledalo za vo kolaza na sediste se stave, ama sum slusula bebe ne se stava pred ogledalo aj si vika belja da ne si zema. Tamu svekrvi, tetki strini hihihihih
Isto taka moram da najdam kniga vo koja se zapisuva se za bebeto, mnogu mi e krivo za M sto ne mu zemav.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 890
   RE: Опрема за новороденче
8.11.2015 13:38:31   
bitolcanka82
Zdravo devojki, eve i jas da pisham sho se spremivme za doaganjeto na bliznacinjata.Iako jas ne sakav da kupuvam ushte sega bidejki sum 24 nedela i mi izgledashe rano mi dojde sestra mi na gosti so prviot podarok kolickata pa za 2 nedeli so nea se ova iznakupivme.Krevetceto ni e pozajmeno od vnuk mi pa za prvo vreme i dvata ke spijat tamu isto i relaksatorot a kupvme: po 2 shishinja od chico na promocija so kaucuk cucla, sterilizator za shishinja, cedalka za shishinja, cetka za mienje na shishinja, toplomer za vo voda, digitalen toplomner za telesna temperatura, nozicki za noktinjata, 2 komleti za od bolnica, podloga za presoblekuvanje, 2 krpi so kapuljaca za kapenje, kadicka so anatomski dodatok, 2 peleni potanki, 2 podebeli kebenca, 2 postelnini i mislam toa.Sega me interesira shto ushte ke ni treba za pocetok pa da im podelam na babite da kupat neshto user posted image user posted image pozz za site

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 891
   RE: Опрема за новороденче
8.11.2015 14:49:41   
Kvisko
Bitolcanka браво за вас. Скоро сте спремни. Јас уште не дум нешто спремна од пусти страв.
Мене сега вака ми текнува дека ви треба нов душек за креветчето (ова е препорака од лекари) и постелнина. И плус шпилхозни и бодиња.
Ние сега за сега имаме креветче кое ќе ни го дадат малку користено и ни фали ново душече. Купивме количка и седиште за кола од 0 до 4 години со изофикс. Сега се мислиме некако да позајмиме транспортер, а ако не се снајдеме ќе купиме нешто поефтино ако ни треба. Нарачавме комода со додаток за преповивање да се направи и имаме уште неколку бодиња, и два пара шпилхозни и толку за сега.

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 892
   RE: Опрема за новороденче
8.11.2015 17:41:17   
Bea
I nie isto... Razgleduvam po netov, ama uste ne sme kupile nisto.
Kolicka ke ni kupat pa planiram taa da bide so transporter (ne znam od korpa dali ke imam potreba, se nekako razlicni mislenja slusam). Kvisko, za kakva se odlucivte vie?
Relaksator ke pozajmam na chicco eden i ke treba krevetce i dusece kvalitetno da kupime. Mesto za presoblekuvalna nemam, iako mnogu bi sakala, pa razmisluvam za nekoja varijanta vo dnevna vo kombinacija so kupko. Ovie sitnive stvari za sega ne gi razmisluvam - sisinja, termometri, cucli... Uste ne mi e jasna razlikata pomegu kaucukiva, lateks u silikonska cucla :) ama toa verojatno sinko ke si kaze sto mu odgovara.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 893
   RE: Опрема за новороденче
9.11.2015 9:41:08   
sandriana RR
Mesto za presoblekuvalna nemam, iako mnogu bi sakala, pa razmisluvam za nekoja varijanta vo dnevna


Доколку имате дрвено креветче, а немате место за поставување комода, препорачувам ваква подлога за преслекување, која се монтира на креветчето
user posted image
Чини околу 1400 денари, има од долу два жлеба за упасување на едната страна од оградата на креветчето(што не му даваат можност да се лизне напред-назад, плус чичак лента на другиот крај).
Мене ептен ми бркаше работа до кај 9-10 месеци, дур не почна бебе да збеснува, да не сака да лежи.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 894
   RE: Опрема за новороденче
9.11.2015 15:50:49   
Kvisko
Беа ние купивме количка Peg Perego Book 51. Ја купивме од Солун и малку „збеснавме“ ама отсекогаш мене ми било битно да имам убава количка па ете еден каприц да си остварам. Инаку ја биравме да ни се допаѓа на изглед, обавезно да може да е врти седиштето да гледа кон мене или напред (не само корпата или транспортерот да гледа кон мајката). Исто ни беше битно да е стабилно седиштето кога стои на количката зашто има колички каде седиштето се држи само две точки, а нашата има како пластична подлога на кое седиштето се прикачува па делува ептен цврсто. Инаку кај нас нема Peg Perego од пред некое време и баш ми е жал заради тоа зашто однос цена квалитет им е супер (на Запад важат за далеку подобро марка од Chicco или CAM на пример, а со цена барем кај нас се тука некаде зашто кај нас се напукани цените на опрема). Зедовме само количка без корпа зашто и вака седиштето се врти па слушајќи совети од тука и со оглед дека бебето ќе се роди скроз во зима корпата ја проценивме за непотребна. Транспортер не зедовме да биде во пар со количката зашто во момнетот имаше или три во едно или само количка. Потоа тука го најдовме седиштето што го пишав со изофикс па тоа го купивме и транспортерто или ќе го позајмиме на неколку месеци или ќе купиме некој поефтин за почеток а после ќе го користиме седиштето.
За преповивалната мислам дека опцијата од Sandriana може ептен да ти одговара зашто не ти зафаќа ич простор. Тоа со купкото комбинацијата не знам како ќе ти функционира и колку е исплатливо (претпоставувам дека сакаш од тие што имаат анатомкса када и преповивална одозгора со отворени полици). Јас кога ги гледав комодите што имаат корито вградено во нив ми се гледаа непрактични зашто коритото е ептен мало и мислам брзо се препраснува а плус така ќе мора да се бањате во соба и ако бебето мрда се околу ќе биде вода. Вака посебно корито може по потреба да се носи каде сакаш.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 895
   RE: Опрема за новороденче
9.11.2015 19:07:28   
lolla RR
Мислам од копрпа се нема потреба ама транспортер ми е маст за првите месеци. Од се, најискористено, и тоа до кај 7-8 месеци, го пакуваш од дома и тераш. Купко не ми се допаѓа, ниту полици се ептен потребни ако немаш место, алишта во плАКАр најобичен. А када добро е да е со постоље, ние имаме на КАМ и е топ.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 896
   RE: Опрема за новороденче
10.11.2015 15:06:14   
Melanija RR
За бебе сешто треба но и немора.Корпа и релаксатор ниту мислев ниту купив. За пресоблекување ставав пешкир од големите ќе го легнев и како сакав ќе си седнев. Мислев дека таква даска за на кревет ќе ми треба, но кога се роди М ја немавме да сватиф дека и немора. Она што треба е гардероба најповеќе. Знам се е мерак,стерилизатор е веројатно ок но воопшто не е неопходно.Исто и многу шишиња.Ако бебето се дои требаат две шишиња и толку ,нема неко е потребно време да се стерилизираат.
Размислете си за трошокот, не само за меракот user posted image

Треба солидна количка, секое бебе сака ако активно го возите во количка.СЕдиште во кола секако.А нели имаше нешто седишта кои се како со транспортер или грешка сум?Ние немаме кола па затоа не ни беше потребно

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 897
   RE: Опрема за новороденче
10.11.2015 15:59:41   
Kvisko
Melanija има трансортери и тоа се всушност седишта за кола за новореденче то кај 9 кила. Тие имаат и рачка па се носат со тебе а ако и количката е од иста или компатибилна марка можеби ќе можат да се монтираат и на количка ако количката има таква опција. Потоа има седишта за кола кои може да бидат од новореденче до 18 кила (негде околу 4 години иили барем така пишува) и седишта од 9 до 18 кила или од 9 до 36 кила. Новите Европски прописи се сега сменети па на пазар има и седишта што одат по висина наместо тежина. Плус на тоа има и врзување со изофикс (колата мора да ја има таа опција) или со појаси (пак Европските регулативи сега форсираат изофикс не појаси). Така што ова со седиштата може како и се друго да испадне цела наука.
Инаку за целата опрема си е така како што кажа може а и не мора. Ние на пример правием посебна комода и ќе имам додаток за преповивање зашто имаме една плус спална па секако комодата ќе стане дел од детска соба во иднина здравје боже, инаку ќе барав друга варијанта. Мене секако ми треба на пример сталак за корито зашто имаме туш кабина па без сталак немам како да го ставам коритото било каде (е сега разбрав дека уствари сталакот е поскапиот дел и сеуште не ми е јасно зошто веројатно за да ти извлечат некако пари кога ќе те начекаат).
Не бев сигурна дали воопшто ми треба на почеток шишиња ама можеби ќе земам две да си ги имам.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 10.11.2015 16:01:04 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 898
   RE: Опрема за новороденче
11.11.2015 10:23:36   
Felly RR
Kvisko, ние зимово се капиме во дневна, пошто само тука затоплуваме, и кадичката ја ставаме на масата, а под неа ставаме голем најлон да не се водени. Не знам како е кај вас - може сте со парно, па планираш да го капиш во купатило, ама верувај и полесно е во дневна, кај што ти е се на дофат, одколку да го избањаш во купатило па да го виткаш во крпа и да го преносуваш во др соба кај што ќе го облекуваш. Посебно што кај нас капењата првиот месец и пол беа со многу плачки - гледавме што побрзо да го завршиме. На почетокот го бањавме и на трпезариската маса - на еден крај, кадичката, веднаш до неа, на кебе, имав подлога за преслекување, и вадиш од кадичка одма го легнуваш тука, и бришиш, облекуваш.
Пресоблекувална мене ми беше и тоа како потребна. И грбот и половината ми се укочуваа ако се наведнам, не можев да се исправам. Среќа што во спалната имаме две комоди, ставени една над друга доаѓаат во висина тамам за пресоблекување, да не се наведнувам, па и тука си имав ставено кебе, и подлога, па некако така импровизиравме за капење и пресоблекување.

Шишиња мислам дека нема да ти требаат уште од почеток. Ние сме само на доење, и имаме едно шише, го користиме за чајче, а тоа го даваме еднаш во денот, евентуално два пати, така што има време за стерилизација и за миење. Друго е ако user posted image е на АД, ама тоа се купува и одпосле.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 899
   RE: Опрема за новороденче
11.11.2015 14:42:57   
Kvisko
Felly да со парно сме затоа и размислувам на ипција бањање во купатило. Секако во прво време веројатно ќе се бањаме во соба, ама тоа ќе биде собата со комодата и преповивалната. Трпезариската маса не ми е опција зашто е стаклена па на неа се се лизга.
Сега сум во потрага по пристојна цена за сталакот зашто има и ненормални цени.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 900
Страница:   <<   < Претходна страница  34 35 [36] 37 38   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  34 35 [36] 37 38   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?