Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Православни Vs. католички празници 4.11.2012 20:31:05
Ikana
Што мислите за трендот кој што доминира во последно време, да се слават католичките празници како Св. Валентин, Ноќта на Вештерките и други? Сметате ли дека треба луѓето од друга вероисповед да ги празнуваат овие празници, иако се католички или треба да се придржуваме кон нашиот религиозен календар? Дали е ова само тренд или последица на глобализацијата? Кои празници Вие ги празнувате и зошто?
RE: Православни Vs. католички празници 4.11.2012 21:34:48
niki
ova spaga vo domen licen intimen izbor... ne sme site vernici nekoi se pripadnici na nekoja vera no istata ne ja praktikuvaat drugi si ja praktikuvaat samo svojata vera nekoi se ljubiteli na praznici pa bi slavele se
nie gi praznuvame drzavnite praznici na Grcija otkako kerkickata trgna vo predskolsko ateisti sme po ubeduvanje no po poteklo sme pravoslavni htistijani pa slavime Bozik i Veligden po star kalendar za da ja zapoznaeme kerkickata so tradicijata na nejzinoto posiroko semejstvo, obelezuvame i Grcki Bozik bidejki tuka ziveeme slavime nova godina bidejki cel svet ja slavi, a spremam i svecen rucek za pravoslavna nova godina Sv. Valentin se poklopuva so Sv. Trifun i otsekogas toj den mi bil ubav, veruvam vo ljubov, sakam vino, ne slavam no mi se dopaga pozitivnata atmosfera sto vladee vo toj period i pod vlijanie na site srca nasekade pagaat doma poveke guski i baknezi nok na vesterki ne slavime, ni grcive ne slavat, si imaat tie svoj praznik vo Mart koga organiziraat karnevali pa i toa poradi deteto obelezuvame sepak najgolemi praznici ni se rodendenite i togas e najsveceno i najveselo e kaj nas doma, ova za nas kako semejstvo ima najgolema smisla znaci od se po nesto, kasa popara ona na sto najmnogu se protivam e slavenjeto na kukna slava, svekrva mi e razocarana sto ne sakam da ni ja proslei vo nasledstvo semejnata im slava, no vo toa ne gledam nikakva smisla bidejki vera ne praktikuvam
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Православни Vs. католички празници 6.11.2012 13:37:26
vezilka RR
Јас мислам дека некои празници, како овие два што се горе спомнати толку се имаат искомерцијализирано што не сум сигурна дека уште спаѓаат во верски празници. Нешто што ќе достигне толкаво ниво на комерција не може истовремено да биде и верско, верското е интимно. Сакам да да кажам дека ако најавиш велигден со реклама дека тоа ја губи смислата, или добива поинаква смисла. А и не верувам дека луѓето кои ги одбележуваат овие празници, барем голем дел од нив, не го прават тоа од верски побуди, туку заради забава.
RE: Православни Vs. католички празници 6.11.2012 22:53:39
niki
po moe viduvanje i religiite denes se iskomercijalizirani, posebno vo poranesni komunisticko-socijalisticki opstestva do vcera ne veruvavme vo bog, ne krstevavme deca, ne se vencavavme vo crkvi ne slavevme salvi i sega odednas tie isiti stanaa drzavni praznici, odednas site stanaa vernici, odednas crkvata na site vrati, i kaj treba i kaj ne treba Sv. Valentin i Nok na vesterkite verojatno se prifakaat poradi zabava, posebno za decata i iskreno ne gledam deka bi stetele nekomu vo princip ako znaes koj si, od kade si i sto si edno maskiranje ne te pravi pomalku vreden ne znam sepak pisuvam od aspekt na nekoj koj ne veruva vo niedna vera i site praznici gi smetam besmisleni, no sepak se del od narodniot folklor i kako takvi ne moze da se ignoriraat
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Православни Vs. католички празници 7.11.2012 11:35:13
Ikana
Наидувам на некои несогласувања и во нашите православни празници, па и ми треба објаснување бидејќи не ми е баш јасно следново...некои православни христијани кршат лепче на Бадник, додека други прават пита со паричка на Василица. Ние сме од оние кои прават пита на Василица. Кој е мотивот позади овој ритуал да речам?
RE: Православни Vs. католички празници 7.11.2012 12:00:59
nadica
odgovor za ikana: i vo naset_o pravoslavie vo razlicni kraevi na Makedonija ima razlicni nacini na slavenjeto na istiot praznik
e sega za ova pravoslavni protiv katolicki gi slavam pravoslavnite domasna slava imenden i sekako rodenden, a katolickite i mene ne mi e jasno zosto gi slavime i zosto primame i nivni adeti kako deverici? vo pravoslavieto nepostoi ima samo dever 1 a ne poveke starosvatica? vo pravoslavieto e starosvat, brat ili bratuced na svekrvata ... aj da ne zabeguvam od temata ama i nie imame isti praznici sto se na druga data spored nasiot kalendar
< Поракaта ја уредил nadica RR -- 7.11.2012 12:01:41 >
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: Православни Vs. католички празници 7.11.2012 12:06:34
Ikana
Да Надица, мене ми рекоа наводно дека Власите ја славеле Василица, и на таа вечер најчесто се коцкале. Меѓутоа не ми беше логично ако само Власите ја слават Василица, зошто тогаш, на пример и цела Битола ја слави Василица...чудно е малку нели Како и да е, празник како празник, да сме живи и здрави и да празнуваме!
< Поракaта ја уредил Ikana -- 7.11.2012 12:07:04 >
RE: Православни Vs. католички празници 7.11.2012 12:44:21
amateuress
site praznici mi se ubavi ako sluzat za da se sobere semejstvoto, i ako ima ubava atmosfera :) ne sum vernik vo nekoja oficijalna religija, pa odnosot mi e totalno relaksiran.
fanatizam voopsto ne mi se dopagja, duri ni vo mala mera, vo smisla na moralo na ovoj den ova, na onoj ona, a od pregolemi potrosuvacki euforii vo vrska so praznicite me fakja panika, i zatoa ponekogas gi izbegnuvam.
RE: Православни Vs. католички празници 7.11.2012 13:48:41
penelopa
Живеам во држава која е прокатоличка така да сите неработни денови и празници зависат од католичките празници. Најголемите попусти, распродажби се за БОжиќ -24, 25 Декември и за Католички Велигден- тогаш не се работи. Некако се навикнав на тоа но секако ние си ги славиме православните празници- гледаме барем за Божиќ, Велигден за домашната слава да се собереме и колку толку да го обележиме денот.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
RE: Православни Vs. католички празници 7.11.2012 14:31:04
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Наидувам на некои несогласувања и во нашите православни празници, па и ми треба објаснување бидејќи не ми е баш јасно следново...некои православни христијани кршат лепче на Бадник, додека други прават пита со паричка на Василица. Ние сме од оние кои прават пита на Василица. Кој е мотивот позади овој ритуал да речам?
ona sto jas sum go cula od poupateni mnogu rituali koi mu gi pripisuvame denes na hristijanstvoto se vsusnost ostatoci od paganski obredi koi se praktikuvale pred da bidat hristijanizirani a gi odrzale i prifatile i vo novata religija so cel polesno da gi preobratat moeto semejstvo spaga vo krsaci na lepce na Badnik, a pak na mm krsat lepce na Bozik, a i oni se pravoslavci sekoe selo svoja politika
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Православни Vs. католички празници 8.11.2012 8:16:22
Cipi Ripi
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј - Митровден Ова е нашата куќна слава, ја празнуваме сите, баба ми и дедо ми на заслугот, мајка ми и татко ми на денот, а ете се случи да таму кај што се омажив ја слават само оваа слава отсекогаш. Јас многу се радувам на Митрвден бидејќи нели ќе се собереме сите, и ќе си ги видам сите роднини и пријатели. Јас ги сакам празниците, православните, католичките не ги славам ниту сум ги славела. Со мм никогаш не сме си купиле поклони за Валентајн. Ноќ на вештерките, тоа па ич нејќам да го коментирам. Омилени ми се празниците околу нова година, Св. Никола, Бадник, Божиќ, Св. Јован.
RE: Православни Vs. католички празници 8.11.2012 9:40:55
dostickage
Na ovoj den pred 3 godini si gi vidov moite . Prethodno ne sum obrnuvala vnimanie na denot iako sum znaela deka e praznik,megjutoa posle stana najgolemiot praznik vo mojot zivot.
RE: Православни Vs. католички празници 10.11.2012 16:02:11
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi
Фала Икана. Ете заборавив да кажам дека татко ми се вика Димче, тој слави и слава и име. Вечно име на сите што слават денеска.
И татко ми се вика Димче. Ама јас заборавив да му честитам име
Инаку, свекор ми и маж ми се католици. До душа, мм е крстен во католичка црква, но покрај свекрва ми се слават тука православни празници, затоа што свекор ми не е многу многу по овие верски работи. А мм само на хартија што се вика е католик, дома си славиме христијански празници, ама свеки за католички велигден фарба неколку јајца колку да се одбележи, а за католички божиќ одиме кај сестрата на свекор ми на вечера и пак на некој начин се прославува. А свети Валентин-малентин никогаш не сме славеле.
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.