Hopeful RR
|
И јас се подзаборавив lolla, ич не се замарај, само нека си ужива буцето, убаво го храниш! Вчера бев ептен примерна - за доручек си направив смути од јаболко, круша, банана, урми, разни семки, аронија и вода, а за ручек боранија со морков и кромид, заедно со салата од патлиџан, авокадо и козјо сиренце. Вечерта каснав лепчиња со сирење и пиперка. Денес нешто слично, во обратен редослед - сабајле овошје, јаболко, круша и банана, пред да одам на лекар имав некој ран ручек од лепчиња, сирење и пиперка, а сега кога конечно завршив, ја дојадов боранијата од вчера, и пак со салата од авокадо и патлиџан. Многу инвентивно! Се потепав и од пиење вода, увиј чај и коприва, тоа веќе не го ни рачунам. Пошто веќе не сум на бед рест, од утре ќе почнам посериозно да си готвам.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|