|
RE: Трудници, што јадевте денес? 25.11.2014 11:56:15
|
|
|
|
Hopeful RR
|
Хумус јадев секој ден додека го правев ивф-то, и тоа толку многу што ми се смачи Ама може сега пак да си направам, по ист рецепт го правам и јас и прекрасен е! Lolla, пробај стави му и кумин, многу добар шмек му дава, баш арапски. Инаку наут обожавам - најчесто го спремам така што откако ќе откисне една ноќ, го запржувам со кромид и домати, му додавам вода да се крчка додека не се редуцира, и со зачини, излегува супер густа манџичка. Инаку, вчера на работа не можев да си го фатам редот. За доцен појадок изедов само две банани, а после каснав две варени гевречиња и два розеви домати. Дома вечерта јадев две варени јајца со салата од авокадо, домати и пиперки, со интегрално лепче од Јонташи (омилени ми се нивните лепчиња) со малце кашкавал, потпечено во рерна. Добро де, и едно мало еурокремче изедов, од оние во градинка што ги даваат За денес, почнав со јаболко, банана, две мандарини, и имам тука три киви. Ќе видам што ќе каснам уште на работа, а дома планирам компир салата со свежа салата.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|
|
|