Планирате...но дали и остварувате? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Планирате...но дали и остварувате? (15.12.2009 15:36:46)

Колку од вашите планови сте оствариле ?
Ако сте планирале 10 работи за наредниот ден, месец...колку сте реализирале а колку сте ги оставиле за некој нареден пат?




vezilka RR -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (15.12.2009 15:40:01)

уф, јас секогаш многу, многу, многу планирам, а ако остварам пола од тоа, задоволна сум..не знам дали премногу планирам или е до тоа што сум флегматична :)))




profesorica -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (16.12.2009 9:07:06)

многу планирам но не заршувам се на време баш како што сум планирала.така е кога сакам се[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

некои планови сеуште не ми се реализирани[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] се надевам еден ден.




ripce -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (27.12.2009 10:58:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

многу планирам но не заршувам се на време баш како што сум планирала.така е кога сакам се[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

некои планови сеуште не ми се реализирани[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] се надевам еден ден.



и јас на моменти се фаќам себеси дека некогаш за некои работи сум преамбициозна, и тогаш најчесто не реализирам како што сум планирала. Како минуваат годините и созревам, сфаќам дека некогаш е подобро планот да не ми биде премногу амбициозен, за да не настапи разочарување и незадоволство од сама себе, поради тоа што не сум успела нешто да направам како што сум сакала.

Имам и јас не реализирани планови, на приоритетните им давам предност во поблиска иднина, а оние потешко остварливите се надевам дека ќе доживеат остварување еден ден.




mother 29 -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (27.12.2009 13:40:52)

јас обично кога планирам нешто и успевам..некогаш многу лесно ,некогаш со многу труд!а најкриво ми е кога ке ме зезне во некој мој план мм!е тогаш ми иде да го [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (27.12.2009 13:49:39)

Хм... кога-како. За нешто до кое ми е навистина многу дојдено го започнувам веднаш, ако нешто не ми е приоритетно, знам да го одложам. Некогаш околностите или одредени лица се испречуваат пред моите цели, тешко ми е, но се борам и никогаш, никогаш не се предавам ... Особено на се ми влијае расположението. Кога сум многу нервозна оставам да помине некое време, не можам да работам нешто во таква состојба. На моменти сум песимистка, на моменти голема оптимистка, но се е до денот и мигот. Сум се борела сама против сите долготрајно, тешко е, но не и залудно. Верувајте, се е до потребата и желбата. Кога сакаш нешто да оствариш толку многу и упорен си во тоа, Целата вселена е насочена кон тебе и безрезервно ти помага. Кога тргнуваш и застануваш на секој чекор, не очекувај позитивен исход и не окривувај никого ...




Bitolcanka -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (27.12.2009 13:51:15)

СО ГРАДИ СМЕЛИ КОН ГОЛЕМИ ЦЕЛИ [sm=smiley36.gif] [sm=bravo.gif]




Bogdancanka -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (27.12.2009 13:56:09)

за планирање често планирам али не остварувам се за жал[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




profesorica -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (29.12.2009 10:32:29)

и сега????

дали го остварувате секој план?




profesorica -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (12.1.2010 11:27:01)

ајде мамички на оваа тема, баш ме интересира вашето мислење, дали и колку планирате и колку од вашите планови не се отвариле поради ХХХ причини??




pacuvce -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (16.1.2010 0:01:58)

Остварете сé што сакате


Законот на привлечност е многу едноставен: желбата привлекува желба. Многу е тешко да го истренирате мозокот секогаш да размислува позитивно,па затоа често пати со негативни мисли го привлекуваме песимизмот во нашиот живот.Главна цел е да го научите мозкот да размислува на позитивен начин и да ги насочите мислите кон остварување на сопствените цели.
Во главата креирајте ситуација која сакате да се случи, и таа навистина ќе се случи (дали во исти или поразлични околности, но ќе се случи).Клучен момент во овој процес е фреквенцијата. Фреквенцијата која ја користите додека планирате, размислувате или сонувате за своите цели, креира енергија потребна за создавање на такви ситуции. Како радио станица која мора да биде поврзана со соодветна фреквенција , така и мозокот мора да биде прилагоден на соодветна фреквенција за да го остварите замисленото.Тоа значи дека мозокот мора однапред да го подготвите за креирање позитивна ситуација.
На пример – доколку сакате да испратите порака на личноста која ви се допаѓа, ако размислувате вака: "сигурно нема да ми одговори", тогаш пораката ќе ја составите баш така и личноста која ќе ја прими нема да има потреба да ви одговори.Меѓутоа ако размислувате позитивно, ќе напишете порака која сигурно ќе ја заинтересира другата страна.Ако сакате нов автомобил, исчистете ја гаражата и направете место за него. Разгледајте ги понудите и кредитите кои се нудат иако немате моментално можности. Размислете колку е убаво чувството да го возите тој автомобил. Погледнете ги промотивните каталози. Ќе ви дадат дополнителна мотивација.Или ако сакате во животот да привлечете партнер со одредени квалитети – сами почнете да живеете според тие квалитети и барања.
Како и било која друга особина и законот за привлечност може да се извежба. Морате да дефинирате што ве оддалечува од вашите цели и зошто вашите мисли креираат негативни очекувања.Не е доволно само да сакате нешто. Морате да го привлечете тоа и со мислите и со позитивните очекувања.Постојат многу избори кои се поставуваат пред нас секојдневно како улица. Дали таа улица ќе ве оддалечува или ќе ве приближува до вашите цели зависи само од вас и вашите мисли.




pacuvce -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (16.1.2010 0:10:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Ако сакате нов автомобил, исчистете ја гаражата и направете место за него. Разгледајте ги понудите и кредитите кои се нудат иако немате моментално можности. Размислете колку е убаво чувството да го возите тој автомобил. Погледнете ги промотивните каталози. Ќе ви дадат дополнителна мотивација.


Прво,немам гаража...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Моментални можности=0...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Промотивни каталози ако гледам,после тоа ми се  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]...А дека е убаво чувството,ке размислувам секогаш кога нема да ми запали колата наутро кога каснам на работа,кога ке ми се издиши гума,кога ке ми протече хладњакот (извинете,ама не ми текнува како се вика на македонски)и уште 1.000.000 други работи...Ама,здравје...Ќе биде и тоа...




pacuvce -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (10.3.2010 21:57:32)

Целите во вашиот живот

Во ред, си го поставивте сопствените цели во животот. Нивното остварување е навистина лесно, единствено што се бара од вас е да се насочите кон нив и да преземете акција за да ги остварите.
За почеток еве 8 чекори што ќе ви помогнат.
1. Поставете си точна цел – Што конкретно сакате да постигнете? Не се срамете, и не бидете мрзеливи – земете пенкало и лист, и запишете ја вашата конкретна и специфична цел.
2. Фокусирајте се на само една работа во моментот, а потоа продолжете со задачата што логички следува - Запрашајте се – Што треба сега да направам за да дојдам чекор поблиску до остварувањето на мојата цел?
3. Едуцирајте се – Просто е. Размислете кои информации и вештини ви се потребни за постигнување на целта, и пробајте да ги совладате и научите.
4. Започнете веднаш – Што, уште не сте се зафатиле со работа?!?!?! ПОЧНЕТЕ ВЕДНАШ!
5. Научете да им кажете НЕ на сите работи што ви го одвлекуваат вниманието - Ви ѕвони телефонот? Некој тропа на врата? Комшиите прават генерална проба за свадба? Не наоѓајте причини за одложување - ИГНОРИРАЈТЕ СÈ!!!
6. Оценувајте и прилагодувајте се – Од време на време, застанете и погледнете зад себе. Дали има напредок? Ако да, супер - преминете на чекор 7. Ако не – застанете и размислете. Сигурно ќе најдете начин како да направите мали измени и прилагодувања во планот, што ќе ви го донесат посакуваниот успех.
7. Концентрација до исполнувањето на целта - ви текнува на чекорите 5 и 6, така? Супер. Навраќајте им се почесто - многу ќе ви помогнат во остварувањето на целта.
8. Повторете го процесот - да, до овој степен веќе сте ја исполниле задачата што сте си ја поставиле во чекорот 2. Сега е време да го повторите истиот процес за задачата што логички ви следува за остварувањето на посакуваната цел.




Adrijana -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (11.3.2010 12:21:29)

Poradi toa sto ne mozam da ostvaram se od planiranoto, malku pomalku planiram[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (22.11.2010 0:47:18)

За разлика од порано си давам помалку задачи, си поставувам помалку цели и гледам тие да бидат реални. Ако не сум во можност нешто да реализирам не ни започнувам.




vesna1 -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (22.11.2010 8:27:16)

Do sega skoro site planovi mi se ostvarile, no samo za eden nemozam da soberam hrabrost. NE MOZAM DA OSLABAM( sve vikam ke pocnam da drzam dieta i nikako sve mi se jade)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (28.3.2012 16:10:37)

Mnogu planovi imam,del se izrealizirani,no normalno ima uste mnogu...Bavno mi se ostvaruvaat poradi finansiski problemi...zboram za krupnite planovi




mamicki -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (28.3.2012 16:25:26)

Se shto kje isplaniram, realiziram, pa ako treba i po zileti da gazam za da stignam do celta! Neverojatno sum uporna, tipicen horoskopski Bik [sm=jezicek.gif]




JovanaJ -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (28.3.2012 16:29:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Se shto kje isplaniram, realiziram, pa ako treba i po zileti da gazam za da stignam do celta! Neverojatno sum uporna, tipicen horoskopski Bik [sm=jezicek.gif]

Identicno! [sm=bravo.gif]




Snow Queen -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (18.4.2012 21:24:26)

Нормално е во животот да има и угорници и удолници, но многу полошо е да не се обидеш, отколку да се обидеш да паднеш и потоа гордо да си станеш и да продолжиш.
Лесно е да се збори остварување на помали цели и планови, тоа скоро на сите им успева.
За мене остварување/успех е нешто од поголемо значење, како на пример:
Прва и основна цел во животот ми е да основам семејство со саканиот,да имаме три слатки дечиња,и да живеам во куќа(цел живот сум во стан:(: ).Да завршам факултет.Да се вработам во администрација. Но уште нешто што највеќе од се би сакала е да станам врвен спортист.
Овие желби според мене моментално се доста реални,доста сум млада-така да имам време да ги остварам, и едноставно се стремам кон нив,се надевам дека еден ден ќе станат јаве.

Тој што се труди успева, а тој што не ни мрднал со прстот сега само може да се прашува што би било кога би било.




bucko mal -> RE: Планирате...но дали и остварувате? (10.6.2013 23:50:18)

Jas mislam sekoj sto se trudi uspeva koga-togash,samo so pozitivna misla
jas imav zakoraveno mnogu godini no vo posledno vreme se mi ide od raka se nadevam taka I ke prodolzi[sm=smiley1.gif]




Страница: [1]