ripce -> RE: Лимон (23.12.2009 14:36:20)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца мамички да не ве плашам, ама лимонот се воведува многу подоцна, некаде после 9 месец. Ајде други информации, искуства ако може[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Да не знаеш што да правиш... педијатарот што е во службата за вакцинација во здравствениот дом кај нас, ме советуваше дека најдобар извор на витамин ц е токму лимонот и заради тоа да му капнувам по неколку капки во чајчето, тоа беше уште на 5-6 месечна возраст. Сега, посебно кога фати ладново и сезоната на грип обавезно му капнувам по неколку капки во сокчињата и во чајчето. И не знам немаме проблеми заради тоа. Сакам да споделам искуство со портокалот... Немаше никаков проблем кога му го цедевме и помешувавме со сок од друго овошје, ама баш пред една недела кога бевме на гости кај чичо му на мм, и таму му дадоа да јаде портокал, си мислев нема ништо да му биде, ама потоа кога земав да му менам пелена, на препоните имаше црвенило. Мој заклучок дека е од портокалот, зашто тој ден и претходните не беше јадел ништо ново. Па отсега знам дека цитрусно овошје портокал, лимон, мандарина нема сигурно да му давам да јаде, а како сок во мали количини и тоа помешан со сок од друго овошје да.
|
|
|
|