|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 18:00:35   
ripce
Јас го имам користено Хумана чајот за доилки, барав кај нас во Штип, Хипп, но немаше во ниедна аптека, па како го отворија Нук Бејби центарот земав Хумана, мислам дека беше некаде околу 220 денари... Додека доев пиев по една шолја околу 250мл дневно, имав за тој период доволно млеко, не знам не бев забележала разлика дали чајот навистина ја поттикнува лактацијата, дека пиев секојден, навика ми беше, така да не знам дали ако не сум пиела ќе имав помалку млеко, а за тоа дали чајот го подобрува квалитетот на млекото не можеме да знаемеuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Проблеми со доењето
8.2.2010 18:04:21   
mis.
За чај за доилки имаме тука дискутирано,се надевам ќе ви помогнат постовите.

< Поракaта ја уредил mis. -- 8.2.2010 18:08:04 >

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 13:18:48   
Палешка РР
И јас мислам дека ми снемува навечер млеко, кога Миа ми плаче и нон-стоп бара да цица user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 13:24:06   
Tanja K.
Ние завршивме со цицање.Немам веке и затоа сега само се дохрануваме.Нокно време почна на секои саат и саатипол да се буди за цицање.Влече бебе у велико али што,ништо само воздух.Е сега откако почнав да и давам млеко и преку нок супер е си спие нема гајле.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:17:26   
Палешка РР
Е да. Докторката ми рече дека сум била нервозна и насекирана затоа сум немала доволно млеко. Да отспијам да се смирам и ќе се среди и да не си ставам во здрава нога трн со адаптирани млека.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:22:37   
BEBICA
E ubavo ti rekla doktorkata Paleska.Nemoj da mi se lutis jas veke imam spomeneto kolku e bitno da bides smiren za da imas mleko no ne sakav da se povtoruvam za da nebidam dosadna.user posted image user posted image user posted image
Mene na 6 meseci mi se sluci od stres posto imavme smten slucaj vo semejstvoto jas go izgubiv mlekoto vo desnata grada tri dena nemav i mislev deka nema da mi se vrati, no za golemo cudo se vrati.Samo smireno.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:24:36   
Палешка РР
А како да бидам смирена кога таа вришти, а јас не можам да ја смирам. Има ли поголема болка од тоаuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:29:49   
BEBICA
Of zlato znam site sme prosle niz toa em ti nervozna em ona nervozna.Nervozata se prefrluna od tebe na nea.Moras da bides jaka toa ednostavno e taka znam deka e tesko.
Smirise i samo razmisluvaj deka se ke bide vo red stavija na gradi so stomaceto na tvoite gradi i ona ke ja oseti tvojata toplina mirisot na tvojata koza kako i otcukuvanjata na tvoeto srce ke ja smiri.Toa ti garantiram 100%.
Aj pokasno ako mozam da najdam ja od net simnuvav soveti od najcuveniot svetski poznat pedijatar kako da se smiri bebeto.Moram da odam Monika bara da jade.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:33:16   
biljana16
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

И јас мислам дека ми снемува навечер млеко, кога Миа ми плаче и нон-стоп бара да цица user posted image


Истиот проблем го имам и јас преку ден го дојам малиот и се е како што треба а навечер осеќам дека нема млеко и малиот по цело време бара да цица. Јас само навечер прво го дојам а после го дохранувам со мала количина на млеко и вака ми е многу полесно.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:41:58   
Leonida
Палешка јас веке си почнав со адаптирано млеко. Пишував претходно погоре да не се повторувам, но бебето ми плаче и колку да се трудам да биде само на доење не може, бидејки нејзе не и стига.  И  мене ми збореа да не почнувам со адаптирано, но доволно беше месец и 20 дена да се трудам и гледам дека откако почнав после секое доење да и го бутам шишенцето она е смирена. Инаку претходно 24 часа скоро се боревме и на крај пак завршував со една доза дневно Нан1. Ти не се откажувај одма, потруди се деновиве и види како ке ти иде, дај боже да се стабилизиратеuser posted image

П.С. Немој многу да го мислиш, и тоа влијае на тебе и на млекото, ке се среди.user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:50:46   
mother 29
јас не гледам проблем ако детето  е сито............значи било со какво млеко
гледам проблем ,ако детето плаче зашто е гладно
и од каде таа аптија спрема адаптираното...поубаво ли е да е гладно и да плаче....не ми е јасноuser posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 15:56:17   
Leonida
Па мене педијатрите ми викаа НИКАКО не почнувај со адаптирано. Демек колку повеке ми е на гради толку повеке мене ке ми се ствара млеко. И има вистина во тоа, но кога неколку дена гледаш дека не е сито детето и многу често бара, значи треба да се превземе нешто. Па сега прво дојам и после и ја давам флашата, а до кога ке трае тоа не знам, а и не е битно. Најважно ми е бебето да си е сито

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 16:16:04   
cevlice
Ма кога бебето вришти за храна колку да се трудиш да стои на града ништо не правиш.
Лесно е да кажат никако адаптирано млеко , а тебе срцето ти плаче да го нахраниш.
Секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете.

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 18:29:37   
Leonida
Ме интересира дали некоја друга имала вакво искуство да не е доволно само доење па да треба после секој подој да се додаде адаптирано млеко. Сакам да знам дали е возможно да се раниме на тој начин подолго време или да очекувам дека полека се помалку ке имам млеко за доење додека конечно не бидеме само на адаптирано. Јас искрено многу сакам да дојам и да нема потреба од дохрана, но што да правам кога не и стига на бебушкаuser posted image  

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 18:32:49   
ripce
Ние така се раневме... не му стигнуваше моето млеко, па го дохранував со Хумана... некаде до 7,5 месеци така теравме... кај нас одбивањето беше заради тоа што му никнаа забите и почна да ме гризе, што на него му беше многу интересно, па почна градата да му биде играчка, да не цица, и постепено се одби... инаку да со текот на времето количината на млеко се намалува, како резултат што не е само на доење.

Заборавив да допишам... до 7,5 месеци цицаше и го дохранував, до 9 беше на адаптирано млеко, па кога наполни 9 почнавме со кравјо млеко....


< Поракaта ја уредил ripce -- 11.2.2010 18:34:01 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 18:34:57   
Leonida
А од колку месеци почнавте така?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 18:42:00   
cevlice
И КОЛКУ ПАТИ ДНЕВНО МУ ДАВАТЕ МЛЕКО

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 18:46:24   
ripce
некаде од 2 месеци...
Немој да се потресуваш и нервираш затоа што немаш доволно млеко и го дохрануваш детето со адаптирано... Јас кога требаше да почнам да го дохранував слушав најразлични совети од мајки кои демек имале млеко на претек, нивното дете само цицало, па како демек само цицањето било здраво, а адаптираното го оквалификуваа како најголемо зло за децата... Плачев, се нервирав, се додека не сфатив дека подобро е детето да биде сито, отколку да гладува.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 18:48:57   
ripce
Отпочетокот го доев и му спремав минимална количина адаптирано, да видам колку ќе испие, за да знам колку му недостасува од мајчиното млеко... како растеше почнав да му давам еднаш наутро цел оброк и еднаш навечер цел оброк, измеѓу цицаше.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 19:07:29   
Leonida
Епа кај мене како поминува денот се повеке и треба дохрана, на пр. од сабајле пие 10, па 30, па 50, а навечер еднаш се буди и тогаш не и треба. Не знам дали би успеало ако и воведам таков режим како твојот, мислам дека во тој случај пак премногу често би барала да цица преку ден. user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 19:18:45   
ikipp
jas ja dohranuvam,dzabe so e nonstop na cicka,nemam.i ja dohranuvam.nekogas po cicanje,nekogas cel obrok


(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Проблеми со доењето
11.2.2010 19:21:40   
ripce
Леонида кога кажав дека му давав оброк наутро и навечер мислев кога беше поголем тогаш пиеше и по 150 мл... + уште кога почнав да го дохранувам д-р му рече дека за неговата возраст и кг би требало оброкот да му биде околу 100-110 мл, но нему толку не ми стигнуваше, плачеше, и му спремавуште 30 мл и тие ги испиваше.

< Поракaта ја уредил ripce -- 11.2.2010 19:22:31 >


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Проблеми со доењето
12.2.2010 7:05:37   
Палешка РР
Се надевам дека кај мене се среди и дека нема да се повтори. Синоќа имав доволно млеко и Миа си спиеше цела ноќ. Нормално дека ниедна мајка нема да го остави детето гладно и дека ќе премине на адаптирано млеко, ако нејзиното не е доволно..но не треба откажување заради една ноќ, мајчиното млеко е храна и лек.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Проблеми со доењето
19.2.2010 12:11:57   
Весна
Леле луѓе, детево вчера речиси цел ден беше будно, се` на се` да подздремна едно два-три саати. Се` некако кенкаше, па накратко ќе засилеше со плачење, за потоа да се играме, гукаме и сл. па накратко ќе здреме. А се будеше цицајќи си ги рачињата. За греота. А јас мутава, додека да ми светне дека детево можеби е гладно. И наместо да почекам убаво да ми надојде млекото па да и` дадам, цело време и` давав да цица онолку колку што има само за да се смири. Еееееее кај ми беше паметот?! Па спремајќи и` адаптирано и додека се каневме да потфати, што никако не успеа, млекото ми надојде, Јана си се нацица и од 23ч. па се` до 5ч. спиеше ли спиеше.

Ова го пишувам тука, за случајно да не на некоја неискусна мамичка и` се случи истото, па детето да не си го држи гладно цел ден и да помисли дека нема млеко. user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Проблеми со доењето
19.2.2010 12:38:40   
BILJANA_G
Zdravo Vesna. Da go spodelam i moeto mislenje za cicanjeto.I jas se porodiv vo 34 nedela pa da ti kazam kakvo bese moeto iskustvo.Dodeka bevme vo bolnica samo ednas cicna se bese na mleko od spric.Se si mislev deka ne saka da cica bidejki e sita.Nikogas ne se otkazav postojano probuvav i ja stavav na gradata.Otkoga si dojdovme doma istoto bese ne sakase da cica a mleko imav.Vo pocetokot se odmiolzuvav i taka od sise piese,a isto pak ja stavav na gradata nadevajki se deka ke cica.Se odmolzuvav dva meseci i otkoga pocna poveke da bara tolku mnogu nemav i najizmenicno i davav i majcino i NAN. E veke posle tretiot mesec veke nemav epten pomalku i prodolziv samo so nan. A sto se odnesuva na toa deka ako spie deteto ne e gladno kaj nas ne bese taka,bidejki kaj mene maleckata mnogu spiese i nemozev taka da ja ostavam da ne i dadam.Edna den probav i taka da i dadam duri koga ke se razbudi,mnogu dolgo spiese i na kraj pak i dadiv NA i mi bese mnogu krivo sto taka ja ostaviv gladna tolku dolgo. Mozam da ti kazam ako cica ne se otkazuvaj  ako ne ke probas so odmolzuvanje pa duri potoa da razmisluvas za drugo. Kako i da e eve ja i stoako bese poveke na NAN ubavo napreduvase vazno e deteto da ne e gladno.

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?