|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Адаптирано млеко
25.12.2009 12:47:44   
mis.
И јас Стефан го дохранував со лактовит пред да му дадам кравјо млеко бидејќи само тоа сакаше да го пие.Изгледа најблиску му беше до мајчиното, не знам.Најефтино е само што кога го барав во Гевгелија го немаше бидејќи денешниве педијатари ретко кој го препорачува а зошто не знам.Порано сите бебиња беа на лактовит.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Адаптирано млеко
14.1.2010 8:26:09   
Bile
Prvoto dete mi porasna so Aptamil od prv den i sum navistina zadovolna. Sega planiram da kombiniram na bebeto doenje so adaptirano od pricina sto slabicko mie. Na 4 meseci ima 6 kg a i onaka slabicko izgleda.
Inaku za Aptamilot se veli e najblisku do majcinoto mleko.

_____________________________

Gorana i Stefani

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Адаптирано млеко
24.1.2010 1:42:40   
S*B*
ние на почеток со NAN ама после имавме проблеми со столицата, па се префрливме на APTAMIL и сме многу задоволни и на Филип супер си му е.

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Адаптирано млеко
6.2.2010 11:03:03   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Е сега една информација за млекото Аптамил, прочитав дека било повлечено од пазарот поради некои нерегуларности ама не знам колку е точно.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Адаптирано млеко
6.2.2010 11:16:08   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Матеа

Е сега една информација за млекото Аптамил, прочитав дека било повлечено од пазарот поради некои нерегуларности ама не знам колку е точно.


Сега зборев со директорот на градска ,овде кај нас и ОВА СЕ ЧИСТИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ!АПТАМИЛОТ СИ Е ВО ПРОДАЖБА!и прв пат слушна од мене!

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Адаптирано млеко
6.2.2010 11:18:18   
ripce
Јас читав на еден српски сајт, ама за Милупа не за Аптамил...

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Адаптирано млеко
6.2.2010 11:25:33   
ripce
Сепак имало нешто...         

30.01.2009
ОТКАКО СРБИЈА ПОВЛЕЧЕ СЕДУМ ТОНИ СОМНИТЕЛЕН „АПТАМИЛ“
Инспектори во потера по бебешкото млеко со црни точки

Инспекторите на Дирекцијата за храна вчера итно ги проверуваа сите резерви на млекото за доенчиња „аптамил 1“, произведено од германската фирма „Милупа“, откако агенциите јавија дека во Србија ова млеко е повлечено од пазарот под сомнеж дека може да биде опасно за здравјето. Српскиот пазарен инспекторат утврдил дека во анализираните примероци на храната за бебиња „аптамил“ се содржеле црни грутчиња од „туѓи материи“, кои можат да бидат опасни за здравјето, не прецизирајќи го нивниот хемиски состав. Во официјалната информација од Инспекторатот само се наведува дека овие состојки не можат да се растворат во вода, а хемиските анализи ќе бидат готови по десет дена. По овие сознанија, од српските аптеки се повлечени 7.200 килограми од млекото во прав „аптамил“, кое се користи како замена за мајчиното млеко. Среќна околност е што неквалитетното млеко лесно се забележувало, па родителите воопшто не им го давале на децата. По овие информации, македонската Дирекција за храна одржа итен состанок и испрати на терен повеќе инспектори за да проверат дали и во македонските аптеки има „аптамил“ со сомнителен квалитет. До затворањето на весникот немаше официјална информација за наодите на инспекцискиот надзор. - Секторот за инспекциски надзор ќе ги проверува сите пратки на ова млеко увезено по серии и од нив ќе ги зема потребните параметри за проверка на безбедноста и на сите својства на млекото. Доколку се утврди каква било сомнителна супстанција, со одлука на Секторот за инспекција, тоа веднаш ќе биде повлечено од пазарот - изјави вчера д-р Божин Петрески, раководителот на Секторот за инспекциски надзор од Дирекцијата за храна. Вештачката храна за доенчиња „аптамил“ ја има во македонските аптеки и е многу користена. Генерален увозник на ова млеко е фирмата „Аксон трејдинг“ од Скопје. Во оваа фирма велат дека не треба да се крева паника затоа што оваа реномирана храна за бебиња се произведува во 250 различни погони и фирми од групацијата „Даноне“ во повеќе земји во светот. Не мора да значи дека во Македонија е увезен „аптамил“ токму од истата пратка што стигнала во Србија и за која се смета дека е неисправна, велат во оваа компанија. Државниот инспекторат во Србија излезе и со официјална информација дека станува збор за млекото „аптамил 1“ со датум на производство 10 октомври 2008 година, со рок на траење до 10 април 2010 година, и со сериски број 28404, впишан покрај баркодот. Во фирмата, која е главен дистрибутер за Србија, велат дека вакви грешки се можни при пакувањето на храната. - Станува збор за карамелизирани честички од сува материја за кои е нормално да се појават во овој производ и кои на висока температура ја менуваат бојата - изјави Милорад Бучан, претставник на фирмата-увозник на „аптамил“ за Србија додавајќи дека е уверен оти овие состојки не се опасни за здравјето на децата. Иако нашиот сектор за инспекциски надзор е вклучен во системот РАСФФ со седиште во Брисел, за брзо известување при откривање на увезена неквалитетна храна, досега македонскиот инспекторат не добил известување од Брисел за „аптамил“ со сомнителен квалитет. Во ваквите инцидентни случаи, кои не се откриени навреме, се интервенира така што се прават дополнителни анализи при јавување на каква било информација за неисправност на производите, велат во инспекторатот.


Првите анализи се охрабрувачки


Почетните резултати од микробиолошките и од физичко-хемиските анализи на земените мостри, направени во лабораториите на РЗЗЗ, покажуваат дека се е во ред со производот - информира вчера Дирекцијата за храна.
Фирмата што е увозник ги има сите дозволи и сертификати, а серискиот број на пратката „аптамил“ е ист како тој што е испорачан во Словенија, каде што не е повлечен. Инспекторите се уште се на терен, во магазинот на фирмата што е увозник, и секое пакување поединечно се проверува - се вели во информацијата.



_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Адаптирано млеко
6.2.2010 13:31:05   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Сепак имало нешто...         

30.01.2009
ОТКАКО СРБИЈА ПОВЛЕЧЕ СЕДУМ ТОНИ СОМНИТЕЛЕН „АПТАМИЛ"
Инспектори во потера по бебешкото млеко со црни точки



Сепак имало нешто ..но во 2009 година...................и на фанер соковите го имаа доживеанао истото...и знак прашалник е дали е тоа само политика,лоша реклама или нешто трето...
Сегашниот Аптамил,кој се наога на рафтовите по аптеките е исправен и немаат никаква наредба за повлекување на истиот!
затоа мамички кои давате Аптамил на своите малечки.....немој да се плашите,претходната информација е од 30.01.2009
поздрав од Александар-Градска аптекаuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Адаптирано млеко
8.2.2010 19:32:50   
cevlice
Колку се загрижувацки овие информации, на кого сега да веруваме ние .
ШТО ТИ СЕ ВИКА БИЗНИС.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Адаптирано млеко
12.2.2010 22:36:21   
Еца
Скандал со бебешката храна за доенчиња ,,хумана,,На пазарот се јавува две кутии на хумана 1 со различен хранлив состав за доенчиња а наменети и двете за иста возраст–кој е вистинската ?
Едниот увозник е Еуроалба. Тврдат дека нивната кутија хумана со напишаниот состав е оригиналната храна наменета за бебиња од 0 до 6 месеци –обвинуваат дека другиот увозник е ,,зегин,, на неговата кутија има друг состав и тој е наменет за бебиња после шестиот месец односно дека одговара на хумана два а не како што се продава како хумана 1 .
Од фармацевската компанија зегин тврдат дека тоа е крајно неодговорно и невистинито тврдење –нашата кутија хумана 1 за бебиња од о до 6 месеци е оригиналната кутија која се продава на германскиот пазар и во сите земји од европската унија .На нејзе точно е напишано за која возраст на доенчиња е наменета бебешката храна вели Механџиски
На самата кутија пишува за која возраст е наменета храната на неа пишува дека е од првата недела таа оригинална кутија од германскиот производител вели директорот на фармацевската кутија,Зегин,,
Тој објаснува дека Ова не е прва манипулација на ,,еуроалба,,.ги лажат мајките и со електролите на хумана наменети за дијареа кај бебињата со тоа што пишуваат дека се наменети за доенчиња од 1 месец а самиот германски производител хумана тврди дека е за деца од една година ..
Дирекцијата за храна за овој скандал прв слуша но уверува дека нема фалсификувана храна на пазарот .инспекторите најавуваат дека утре ќе излезат на терен и ќе ја проверуваат бебешката храна хумана –која е оригиналната млечна формула и со кој состав одговара за бибињата од 0 до шест месеци

од вестите на Канал5


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Адаптирано млеко
13.2.2010 11:05:32   
Еца
Оваа порака е од Запче:

lele navistina me zagrizi ovaa informacija mojot sin e so humana1 od 11dena ja kupuvame od zegin i ja koristevme onaa od euroalba no veke posledniot mesec ni ja davaat onaa sto ja uvezuva zegin germanskata na koja pisuva deka e od prvata nedela, a sega izleguvaat informacii deka e od sestiot mesec. Dali nekoj od vas koristi humana kakvo e vaseto iskustvo, i kako mozat da si igraat so zdravjeto na decata.Sega nevistina ne znam sto da pravam 


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Адаптирано млеко
13.2.2010 12:32:33   
Adrijana
Lele i jas se preplasiv vcera koga slusnav na vesti. Eva prviot mesec dena bese na Humana 1 ona so germanskata kutija, pa posle prviot mesec pocnavme da zemame od onaa slovenska mislam deka bese, znaci od samiot pocetok sme ble so greska mleko. A taa kutrata bas prviot mesec se sekavam kolku mnogu placese i se svivase, koj znae kakvi grcevi imalo deteto, moze ne e od toa, no mozebi i da e od mlekoto. A sto e najcudno, na onie lepenkite sto gi stavaat na kutiite, kaj sto pisuva na makedonski jazik, procitav deka Germanskoto i slovenskoto pakuvanje na Humana 1 se potpolno identicni. Ne znam veke sto da mislam, nema smisla sto si igraat so nas, vo ova vreme da ne znaes na kogo da veruvas. Sramota 

_____________________________



(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Адаптирано млеко
13.2.2010 13:00:00   
Еца
Повеќе ништо не ме чуди, луЃето станаа толку себични што се дрзнуваат да се богатат на здравјето на нашите најмили. И пак никој нема да одговара, што, е најтрагично, и по некое време грешките се повторуваат...

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Адаптирано млеко
16.2.2010 21:56:15   
Leonida
Имам отворена кутија Нан 1 малку потрошена ако сака некој кој ја користи истата да му ја дадам. Ја купивме пред 5 дена но ја сменивме ние со Хипп пробиотик затоа што има многу грчеви. Кој сака нека ми пише на ппuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Адаптирано млеко
17.2.2010 19:03:31   
ripce
Кога почнавме со адаптирано д-р ни даваше кутии од германското пакување Хумана 1, неколку пати само имаме купено од НУК Бејби Центарот (дуќан на Еуроалба) кој се декларира како застапник на Хумана... после кога преминавме на Хумана 2 земавме од Зегин, пиеше до 9ти месец и ние не сме имале проблеми од типот на грчеви и сл., освен што во 9 месец почна да одбива да го пие адаптираното млеко, па моравме да почнеме да му даваме кравјо, кое без проблем си го пие.

А и братучетка му на мм, ми спомна дека забележала разлика помеѓу германското и хрватското пакување на Хумана, демек хрватското послабо и се растворало оставало честички по шишето при протресувањеuser posted image

Веќе човек да не знае кое адаптирано да го избереuser posted image Најубаво е да нема потреба од адаптирано, мајчиното секако дека е најздраво и најсигурно, ама што ако мора и адаптираноuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Адаптирано млеко
17.2.2010 19:44:25   
topce
ние од 3 месец почнавме со ХИП и јас прво на web site-от си проверив какво е оргиналното пакување што треба да пишува на него и какви се производи има на ХИПП кои одговараа за возраста, е да знам германски така што можев да проверам. Истото беше и за сокчињата и кашичките кои ги купувавме од Зегин. ХИПП имаа убаво се сеќавам тогаш био производи и нив ги форсираа на европски пазар, а кај нас беа обичните. се утепав барајќи ги тие био и само во големите зегин ги имаше ама не сакав од другите бидејќи на сајтот им пишуваше дека за био гарантираа со некојси сертификат, баш тогаш излезе аферата со нестле сокчињата и кашичките.интересно беше што на ХИПП внатре во кутијата пакувањето беше како алуминиумска ќеса и на нејзе имаше исто декларација на германски како таа на кутијата, како се раствара и што содржи.еднаш ми се погоди да нема и му викам на мм којзнае што е ова дај ние друго да си купиме.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 13:48:55   
mother 29
Еве повторно скандал........кај Еуроалба
Електролититe Хумана на увозникот Еуроалба ќе се поништуваат во отпад Електролитите Хумана кој се користат за доенчиња против диареа и повраќање се повлечени од македонскиот пазар – Бирото за лекови утре ќе ги уништува.
Увозникот Еуроалба испечатил лажни декларации на електролитот –на нив пишува дека се за доенчиња од првиот месец, а производителот ги наменува за едногодишни деца ..
Електролитите кој ги увезува Еуроалба се повлечени од пазарот бидејќи имаат неисправни декларции,на нив пишува дека се за деца под една а производителот ги наменува за деца над една година –електролитите ќе одат во отпад и ќе се поништуваат, вели директорот на бирото за лекови Илчо Захариев.

Електролитите ги оптоваруваат бубрезите на доенчињата –не смее да се внесуваат големи концентрации, бидејќи развојот на доенчето од првиот месец е многу чувствителен објаснуваат од Клиниката за детски болести ..Неонатолозите првпат слушнаа дека ваков производ со лажна декларација се продавал на пазарот,признаваат дека ги препорачувале на мајките за да не дојде до дехидрирање на нивните доенчиња ..Не смеат државните органи да дозволат да се манипулира со производите наменети за доенчињата за тоа треба да се понесе одговорност едногласни се педијатрите од одделот доенче и метаболизам..
Увозникот Еуроалба денеска не сакаше да одговори зошто е направена лажна декларација на електролитите Хумана .. Државните органи утврдуваат на какви се санкции ќе подлежи увозникот Еуроалба


(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 15:14:52   
Bile
ve procitav site i sega sum vo pogolema dilema???????????
prvoto dete mi porasna od prv den so Aptamil i  sum prezadovolna.
no sega treba da vovedam dopolnuvanje so adaptirano mleko i neznam koe da kupam........... Sovet???????????
blagodaram sekoj predlog ke go cenam

_____________________________

Gorana i Stefani

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 15:23:50   
Adrijana
Eva od pocetokot bese na Humana1, a veke tri meseci e na Laktovit, i super napreduva, sega e 4 meseci i e kako bubreguser posted image , a i user posted image Laktovitot e najeftin.

_____________________________



(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 15:25:23   
mis.
Стефан кашичките му ги правев со лактовит бидејќи само тоа го прифати и сум задоволна а башка е најефтино.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 23:16:31   
pacuvce
Од денес сме на ХИПП 2,некаде до 10 месеци,за да до годината преминеме на Хипп 3...По препорака на педијатар...А со Андреј беше поинаква приказна...До осум месеци цицаше,а потоа преминавме на обично млеко...Во почетокот малку разредено,а потоа нормално... Е сега,не требало така...До годината,на адаптирано...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 23:18:26   
mami
ние бевме до 9 месеци на адаптирано- Аптамил 2 и после на обично..само неколку дена на разредено и после чисто млекце до ден денес

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Адаптирано млеко
24.2.2010 23:23:09   
S*B*
Ние со Филип наш сме од почеток на дохрана со NAN1 па после имаше проблеми со столицата па сменавме на Aptamil и сега е све во ред од 3,5 месеци почнавме и кашички да му даваме по два оброци во денот и супер си напредуват.Браво за тој што го измислил адаптираното млеко.

_____________________________

СМЕЕЊЕТО Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ!!!Да се смееме за подолго да живееме!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Адаптирано млеко
27.3.2010 12:53:17   
Весна
Вчера купив Аптамил во кесичка што е од по една доза, колку за проба. Првпат мм купи од НАН и кога Јана конечно повлече, голтна неколку голтки, веднаш поврати се` живо и диво. И синојка се обидов да и` дадам, не сакаше да цица од шишенце па и дадов со лажиче и кога врисна да плаче, аууф. Го пробувам млекото, а тоа грозно да ти било, бљак. И кажете ми, сите се такви гадни на вкус или можеби јас лошо сум го подготвила (иако прецизно се придржував до упатството)? user posted image
П.С. се обидувам да и` дадам од адаптираното затоа што ноќе не ми стига моето, па заспива малтене гладна. user posted image

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Адаптирано млеко
27.3.2010 13:21:15   
Natasha5
dada Vesna site taka mirisaat ako si se pridrzuvala do upatstvoto nemaj gajle site imaat takov vkus i miris,ama toa e

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?