|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Психотерапија - совети и искуства
18.11.2015 11:20:54   
sandriana RR
Темава сметам дека е повеќе од потребна да ја отвориме, со оглед на тоа во какво стресно време живееме.
Просто е загрижувачки фактот колку луѓе, особено млади луѓе, се соочуваат со различни психози, за кои треба да најдат најсоодветен начин да се справат.
Би сакала да споделиме мислења, совети и искуства за тоа каде се потребни медикаменти, каде може да помогне само психотерапија.
Кои се најсоодветни профили-професии да бидат психотерапевти?
Колку имате вакви искуства, колку сте задоволни, кого би препорачале?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Психотерапија - совети и искуства
18.11.2015 12:37:44   
Kvisko
Ајде еве јас да го скрѓам мразот па да пишам нешто што знам.

Прво има два типа на ментални растројства: психози и неврози.
Психозите се пратени со пореметувања во електрохемиското функционирање на мозокот како на пример шизофренија, биполарно растројство (психотична депресија и манија), параноја и други слични. Кај психозите обавезно се оди со медокаментозна терапија (лекови) и без таква терапија човекот никогаш нема да функционира нормално зашто леквоите всушност служат да се врати хемиската рамнотежа во мозокот. Тука во третманот главен е психијатар бидејќи е медицинско лице ми може да препишува лекови. Помош му е психолог а од психотерапија скоро и а да нема корист зашто при вложување на сосотојбата пациентот губи контакт со реалност. Дијагностицирањето на ваквото растројцтво го прават психолог и психијатар тимски.

Неврозите од друга страна се она од кое што најмногу луѓе страдаат. Постојат повеќе типови и главно кај нив е дека човекот е свесен дека има проблем и најчесто бара помош. Дијагностицирањето и тука се прави од страна на психијатар и психолог и тука најмногу помага психотерапијата зашто проблемот не е во пореметување на електрохемиско фунцкионирање на мозокот туку причината најмногу лежи во немоѓноста на личноста да се псрави со предизвиците кои ги носи животот или па одредени стресни ситуации (кои може да се случиле многу одамна ама имаат реперкусии сега). Кај неврозите ако постои голема анксиозност, страв, тага и слично може да се вклучат лекови кои служат само како помош на почетокот за да може да се почне со психотерапија. Психотерапијата може да биде и во вид на советувањее или пак во вид на длабинска анализа зависи од самата состојба и подготвеноста на клиентот (тука дури не се ни користи зборот пациент). Самиот третман може да трае и повеќе сесии па дури и година дена или повеќе ама помага во решавање на коренот на проблемите.

Е сега психотерапијаа треба да ја води некој кој има лиценца за тоа. За да може некој да стане психотерапевт треба претходно да биде психологи или психијатар. Курсевите за лиценцирани психотерапвети траат околу 5 години а потоа има наоски за дообука и слично.

Кај нас во моментов најактивни и најмногу распространети се гешталт терапевти кои имаат и меѓународни лиценци и свое друштво така што ако се оди кај некој од нив мислам дека има одреден степен на сигурност дека знаат што прават. Исто така кај нас има и психодрама и семејна терапија, како и трансакциска анализа ама вакви терапевти има помалку. Она што е битно при психотерапијата е да се оствари контакт меѓу терапевтот и клиентот и да се најде вистинскиот психотераписки пристап кој најмногу одговара на личноста на клиентот.

Е сега за тоа колку е ова кај нас табу ич не сакам да коментирам, а за тоа пак колку не се прави разлика меѓу лекови, психијатри, психолози и психотерапевти е жално дури и да се пишува.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Психотерапија - совети и искуства
18.11.2015 12:57:34   
marchi
Се мислев и јас да отворам ваква тема ама не ми текнуваше соодветен наслов и опис, инаку јас сосен се сложувам со коментарот на kvisko. А сум многу згрозена од такви психички растројства посебно од последиците кои секогаш се непромислени.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Психотерапија - совети и искуства
18.11.2015 14:18:04   
Kvisko
Зошто да си згрозена? Психозите се болест кај се лекува како и секоја друга. Кај нас приблемот е што гледајќи да не биде семејството осудено од комшии и останати „глупаци“ не се реагира на време и тогаш настануваат проблеми. Со соодветна терапија за која е потребно подолго вреем да се пронајде и е по пат на обиди и грешки и луѓе со психози може да функционираат „нормално“. А баш заради вакво згрозување од околината тие луѓе со таков проблме и нивните семејства живеат во криење и страв цел живот.
Неврзоите од друга страна сите ги имаме некогаш во животот. Некој успева сам да се избори со нив некому ќе биде потребна стручна помош. Ама од неврзоите нема „страшни“ последици освен за самата личност која повторно за да не биде етикетирана е осудена да пати во тишина. Или ете да бара апчињеа за смирување наместо вистинскиот пристап.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Психотерапија - совети и искуства
18.11.2015 19:39:23   
sandriana RR
Ајде сега јас конкретно да го споделам мојот проблем, кој и те како ме тангира, и се трудам да најдам соодветно решение, но не сум сигурна дека знам каде да го барам. Всушност, ова е проблем на моето потесно семејство.
Момчето има 33 години, високо образовано, вработено и ситуирано. Мислам дека проблемот се разви последниве месеци (помалку од 1 година) како резултат на притисок дека нема девојка, а време му било да се жени - типична појава на дужебрижници во нашево опкружување. Момчево (интровертен тип од секогаш), осетлив (што би рекле народно) по природа, и да не навлегувам во други детали на анализа на личноста, потпаѓа под притисоков и доживува психички крах во форма на параноја. Ја забележав во умерена форма пред 2-3 месеци, се обидов да повлијаам јас, но неуспешно, и паранојата го доживеа врвот пред 3 недели, кога на негово барање го однесов на хоспитализација. Доби општа дијагноза на минлива акутна психоза, 2 недели болнички третман и сега е веќе 1 недела дома, само на медикаментозна терапија, која ги регулира симптомите на параноја (ги нема веќе). Но, се уште е далеку од состојба да може да функционира сам - не сака да седи сам дома, добива панични напади, тресења и вознемиреност, несигурност во себе дека ќе ја надмине состојбава.
За психотерапија не рекоа ништо конкретно, те, може да се договори со психолог малку понатаму. Јас лично, како лаик, сметам дека од психотерапија би имал полза, да научи да се справува со можните кризи и да научи да живее со состојбава.
Дали има некој искуство со ваква или слична состојба?

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Психотерапија - совети и искуства
19.11.2015 13:58:48   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

.......Момчето има 33 години, високо образовано, вработено и ситуирано..... проблемот се разви последниве месеци ...како резултат на притисок дека нема девојка, а време му било да се жени......Момчево (интровертен тип од секогаш), осетлив (што би рекле народно) по природа............. потпаѓа под притисоков и доживува психички крах во форма на параноја..........


sandrianaRR, отсекогаш сум била отворена на форумов и се надевам нема погрешно да ме сфатиш, се што ќе напишам е со најдобра намера да помогнам. Според мене, што не значи дека сум во право, можно е да се работи за две причини:

- хомосексуалност, или
- проблем со изразување сексуалност кон девојките, проблем со ерекција, сексуална несигурност и неискуство...

Овие напади кои ги доживеал во никој случај не се случајни и не настанале тек така од муабет дека време му е да се жени. Најдобро да се побара психолошка помош, но ако сака и со тебе отворено да разговара, да каже и да се отвори што му е проблемот.

Моја препорака е д-р Љубинка не знам презиме во 8-ми септември мислам дека е, пробајте да закажете кај нејзе. Што и да е, отворено треба да зборува со некого и кога ќе знае што му е проблемот, тогаш полесно ќе се надмине или барем ќе се ублажи.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Психотерапија - совети и искуства
19.11.2015 14:57:51   
Kvisko
Sandriana додека е акутна состојбата не е препорачливо психотерапија особено кај акутни психози. Мора прво да се даде шанса лекови да ја вратат рамнотежата а потоа да се види дали бил само изолиран напад или па ќе се повтори. Ако бил изолиран напад тогаш е добро да се почне со психотерапија штом состојбата ќе се подобри, односно штом е исчезнат параноидните тенденции.
Тогаш може консултација со психолог а потоа и со психотерапевт.
Психолотог обавезно треба да нпарави тестови на личност и разговор за да се види структурата на личноста па потоа да се препорача психотерапија.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 19.11.2015 14:59:02 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Психотерапија - совети и искуства
19.11.2015 22:24:52   
sandriana RR
Loveable Me, тамам работа грешно да те разберам user posted image Штом прашувам тука, очекувам и отворена сум за секакви информации, искуства и сл.

сексуална несигурност и неискуство...

Сметам дека ова е дел од проблемот....заедно со нереализирана врска со девојка која особено ја симпатизираше и во која полагаше надеж некаде пред летото.
Инаку, хоспитализацијата беше во 8ми Септември, се погоди др. Ивчева, што бар мене ми остави солиден впечаток.
Со мене момчево разговара, онолку колку си признава себе, толку ми кажува и мене - постојано вели дека е нереализиран емотивно (ете, имам толку години а немам абер од формирање семејство, не можам ниту девојка да најдам).

Kvisko, благодарам на исцрпните насоки за моиве лутања, бар да знам на каде да го насочувам, да не инсистирам непотребно и предвремено на психолози.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Психотерапија - совети и искуства
20.11.2015 12:35:03   
marchi
*Зошто да си згрозена? Психозите се болест кај се лекува како и секоја друга.*

epa prvo da odgovoram na ova prasanje.kako da ne se zgrozam koga od nisto lugeto se agresivni nervozni pa potoa sleduvaat onie psihoticni sindromi kako anksioznost depresija... na kraj slusas si ja ubil soprugata si go frlil deteto...zarem toa ne e za zgrozuvanje?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Психотерапија - совети и искуства
3.10.2021 16:54:53   
Aleks88
Јас пред месец дена бев на болница сам тотално изгубен.Сум бил и порано изгубен но не до толку да не можам да јадам. Им кажав дека нема да можам да се грижам за себе и дека нема да ја земам терапијата, но не ме задржаа. Бев на друг доктор, ми даде егонил и Каликста. Сега сум подобар ама уште имам мака. Бев на контрола, но докторот како да беше незаинтересиран и како да не сакаше да ми обрни внимание. Само го напиша извештајот и ми препиша терапија. 

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?