|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Шум на срце кај дете
29.12.2009 18:38:27   
ripce
Шумовите на срце во детската возраст се честа појава, но во најголем број не се знак на сериозна болест. Тоа се звучни "феномени" што настануваат од турболенцијата на крвта , при движење низ срцевите шуплини и низ крвните садови. Ако турболенцијата се создава низ срце со здрави структури, шумовите не се патолошки - тоа се невини шумови.

Постојат и органски шумови, кои се создаваат од абнормални срцеви структури. Најчесто - стеснување (стеноза) на валвулите (залистоци), стеноза на крвните садови, лабави валвули, отвори (дефекти) на септален ѕид на срце. Тие можат да бидат вродени или, пак, стекнати (поради прележана ревматска треска). Органските шумови, т.е. шумовите што настануваат поради абнормалности на срцевите структури често се проследени со други клинички симптоми: заостанување во телесната тежина, тахипнеја (забрзано дишење), рецидивантни респираторни инфекции, преголемо потење, брз замор при напор, помодрување при напор. За поставување на дијагноза потребно е упатување во повисока специјализирана установа и дополнителни иследувања: електрокардиограм, рендген, ехокардиограм и други. Децата што се без симптоми најчесто не се лекуваат, но постојат препораки за радикално лекување на секоја инфекција, превенција со давање на антибиотици при мали хируршки интервенции (вадење заб, тонсилектомија...), а со напредок на кардиохирургијата постои можност за оперативно лекување.

Невини (функционални) шумови се тие што настануваат кај анатомски и функционално здраво срце и крвни садови. Не се проследени со други клинички симптоми - се работи за здрави деца. Кај околу 35 отсто деца во определен период од детството се слуша невин шум. Речиси кај половина од новородените во првите денови на живот постои невин шум, кој подоцна исчезнува. Интензитетот на невините шумови се зголемува при тахикардија (забрзана работа на срцето) од која било генеза, било поради возбуда , покачена температура, слабокрвност.

Причини за појава на невини шумови се: анемија (поради намалена вискозност на крвта), покачена температура (зголемен аутпут на срцето), поради тенок граден кош кај децата често се слушаат шумови, најверојатно поради нормалната турболенција на крвта низ срцето и крвните садови.

Клиничкото значење на невините шумови на срцето е во тоа што непрепознаени и погрешно протолкувани можат да поттикнат комплицирана и долготрајна дијагностичка постапка и да ги оптоварат и родителите и детето со страв од болест. Родителите треба да сфатат дека се работи за безопасна појава, дека срцето на детето е здраво, дека не се потребни никакви иследувања ниту какви и да е ограничувања на физичката активност на детето.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Шум на срце кај дете
29.12.2009 18:54:39   
Еца
Уште во текот на бременоста може да се постави индикација за ултразвучен преглед на срцето на плодот – фетусот (фетална ехокардиографија). Ова не е рутински ехопреглед кај секоја трудница, туку е индициран само во одредени случаи. За разлика од ехопрегледот на плодот во целина, кој го извршува гинекологот, фетална ехокардиографија изведува исклучиво добро обучен педијатриски кардиолог.

По раѓањето на бебето, постојат повеќе причини за контакт и за следење на децата од детски кардиолог.

Една од најзначајните причини се, секако, вродените срцеви маани. Оваа голема група заболувања со широк дијапазон на тежината на аномалиите бара темелно теоретско знаење на лекарот, но и богато искуство за правилно водење на малите пациенти. Од витално значење за болното дете со срцева маана е правовремено откривање и дефинирање на аномалијата. Но, исто толкаво значење имаат и умешноста на процената на тежината на мааната, утврдувањето на потребата од оперативно лекување (не секоја маана се оперира) и предоперативното водење на децата кај кои е неопходна хируршка интервенција со одредување на адекватна кардиолошка терапија.  Долготрајното кардиолошко следење на децата по операцијата на срцевите маани и откривањето на евентуалните постоперативни компликации се исто така дел од работата на детскиот кардиолог.

Срцевите аритмии (срцебиење,  екстрасистоли - „прескокнувања" ) се чести тегоби во детската возраст. Разликите од возрасните се во значењето и во сериозноста на симптомите, како и причините што ги предизвикале. Педијатарот-кардиолог критички ја проценува состојбата кај детето (дали станува збор за функционални нарушувања како најчести кај децата) и одлучува за потребата за лекување. Во доменот на детската кардиологија, секако, спаѓа и откривање и лекување на секундарните срцеви промени, кои се јавуваат како последица на други основни заболувања или терапии на тие заболувања (хронични белодробни заболувања, цистична фиброза, кулиеви анемии, ревматски заболувања, терапија со цитостатици и друго).

Но, кога зборуваме за консултации со детски кардиолог, не можеме да не ја споменеме големата група здрави деца, со невини шумови, кои се чести пациенти во педијатриските ординации. Важноста на овој банален проблем е токму во правилното објаснување на родителите за функционалноста и несериозноста на проблемот. Со тоа се избегнува погрешното толкување дека секој шум на срце е знак на срцево заболување, кое би ги ограничило децата во нивниот нормален живот и во физичката активност.

< Поракaта ја уредил Еца -- 29.12.2009 18:56:20 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Шум на срце кај дете
29.12.2009 18:58:55   
Еца
Лани кога лежевме во Козле, кога ја прегледуваа мартина едната докторка рече дека слуша шум на срцето.Толку многу се испалшив, не можам да ви опишам, но подоцна во разговор со друга докторка исто од Козле ми кажа дека кај секое дете кога е болно, посебно ако има пневмониа, обавезно се слуша шум на срцето. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Шум на срце кај дете
29.12.2009 19:02:08   
Bile
Taka Eca ubavo si napisala deka uste vo bremenosta se vrsi pregled na fetus ili ekokardiografija koja ja vrsi dobro obucen pedijatar kardiolog. Jas go imam praveno ovoj prgled i toj se sostoi od tri prgledi vo odredeni nedeli od bremenosta i se vrsi detalen pregled na srceto.

_____________________________

Gorana i Stefani

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Шум на срце кај дете
29.12.2009 19:03:41   
Anushka
корисна тема!!!!
големиот си има шум,па нема, па има... само се нервирам и секирам

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Шум на срце кај дете
29.12.2009 20:10:36   
mother 29
user posted image  ZA TEMATA!
vo pubertetot imav jas nevin шum,koj se pojavi vo toj period i posle сам од себе се изгуби..ама уште се секавам на исплашенато лице на мајка ми!
Марко до сега го имам носено на ехо преглед ,не заради некоја причина,туку рутинска проверка.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Шум на срце кај дете
29.12.2009 20:17:12   
mami
кај мене се појави шум на срце уште во 3 одделение, кој некаде во 5 веќе премина во јака аритмија, и ми правеше проблеми едно време...од 3 одд па наваму сум на бедоксин, а по потреба и нешто појако за смирување, бидејќи аритмијата ми се јавува кога сум премногу вознемирена. Од таа причина ми беше многу страв за породувањето но докторот ме уверуваше дека нема да има проблем..
Е тоа што никој не ми кажа е дали може да е наследно?и мајка ми има проблеми со срцето, на татко ми мајка починала од инфаркт, па се плашам дали сум му го прнела тоа и на Лукаuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Шум на срце кај дете
30.12.2009 8:57:42   
profesorica
дедо ми кој почина, вујко ми и мајка ми имаат шум на срце. Но јас немам, ми с епојави некоја аритмија во пубертет но кратко траеше.а Дамјан сеуште не сум го носела на рутинска проверка.не ми ни текнало.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Шум на срце кај дете
30.12.2009 14:34:39   
mother 29
СИСТОЛНИ ШУМОВИ
Тонот на невин шум е најчесто од вибраторен и ежекционен тип (крешчендо-де- крешчендо тип). Најдобро се слуша во III интеркостален простор, од левата страна на стернумот. Шумот се намалува во стоечка положба. Кај вентрикуларен септален дефект (ВСД), шумот се јавува со првиот срцев тон и е често пансистолен, но може да завршува во средна систола кога дефектот е мал. Шумот често е свиречки. Punctum maximum на шумот обично е лоциран во III-IV интеркостален простор.

Кај атријален септален дефект (АСД) punctum maximum обично е во II-III интер- костален простор од левата страна. Вториот срцев тон е постојано раздвоен, како и за време на експириум. ЕКГ-то покажува парцијален блок на десната гранка. Висок срцев шум на десната страна од стернумот сугерира бикуспидна аортна валвула или аортна стеноза. Индицирана е ехокардиографија.

Тонот на шумот предизвикан од пулмонална стеноза е погруб отколку кај АСД
како и од физилошкиот ежекционен звук. Затворањето на пулмоналната валвула е задоцнето и води до постојано раздвојување на вториот срцев тон. Шумот лесно се слуша и на левата и на десната страна на грбот. Систолниот шум не треба да се смета за физиолошки пред да се отстрани можноста за постоење аортна коарктација. Покрај палпација на феморален пулс, мора
да се измерат и крвните притисоци на десната рака (сфигмоманометар) или нога (осцилометар). Нормално систолниот притисок измерен на ногата е исто толку висок колку и на раката. Шумот предизвикан од аортната коарктација обично најдобро се слуша на грбот од левата страна на 'рбетот. Кај доенче со срцева мана и мал кардјиален аутпут, шумовите тешко се слушаат.
Физиолошкиот ежекционен шум е дијагноза која се исклучува.


СИСТОЛНО-ДИЈАСТОЛНИ ШУМОВИ
Дијастолниот шум ретко е невин. Венското враќање е единствениот бениген дијастолен шум. Овој мек шум се слуша и во систола и во дијастола над клавикулите, обично подобро на десната страна. Шумот исчезнува кога се притиснати југуларните вени, при свртена глава или кога детето лежи со спуштена глава.

Перзистирачки дуктус артериозус предизвикува шум што се слуша во систола и продолжува да се слуша по вториот срцев тон (континуиран шум). Punctum maximum е над левата клавикула. Шумот често се слуша и на грбот.
извор.педијатрија

< Поракaта ја уредил Еца -- 3.1.2010 23:44:19 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Шум на срце кај дете
3.1.2010 12:48:29   
ripce
Примена на егокардиографијата во детската возраст 

Ултразвучните бранови се високо фреквентни звучни бранови, кои се нечујни  за човечкото уво, но имаат особини да, во заисност од  густина на ткивата, делумно се апсорбираат а делумно се одбиваат од нив. Користејќи ги овие особини, современите ехо апарати-ехокардиографи, преку своите едно и дво-димензионални техники, даваат можност за детален приказ на нормалната или патолошки изменетата анатомијата на срцето (комори, предкомори, срцеви прегради, залистоци, крвните садови, срцево кесе). Тро-димензионалната ехокардиографија нема раширена практична примена во детската кардиологија. Со доплер техниката (континуиран, пулсен, колор) се регистрираат протоците низ срцевите залистоците, крвите садови, но и низ патошките дефекти.   Токму поради сите овие особини, примената на ултразвучната техника во педијатриската кардиологија, доведе до спектакуларен прогрес во дијагностицирање на срцевите заболувања кај децата, особено вродените срцеви мани. И по триесетина години од воведувањето, оваа неинвазивна метода го задржува дијагностичкиот примат во детската кардиологија.



< Поракaта ја уредил ripce -- 3.1.2010 12:49:48 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Шум на срце кај дете
3.1.2010 12:49:11   
ripce
Што е тоа што ја фаворизира ехокардиографијата како дијагностичка метода?   

Како што спомнавме, ултразвукот овозможноста извонредно прецизна проценка на градбата и работата на срцето, што е услов за сигурна дијагноза на срцевите мани, без примена на инвазивните техники како што е катетеризација. Дури 80% од децата со индикација за хируршко лекување на вродените срцеви мани, се упатуваат на операција само врз база на ултразвучната проценка.   Особено значење има и фактот што ехо прегледот представува една сосема безболна и нештетна метода, која, доколку е потребно, може да се повторува повеќе пати без ризик од  несакани ефекти. Возраста на детето не представува пречка или ограничувачки фактор за улразвучниот преглед. Се применува во сите возрасти, почнувајќи од првиот ден по раѓање. Ехокардиорафскиот преглед веднаш по раѓање, уште во породилиштето, има особено значење, поради можноста за рано откривање на вродената срцева мана и превземање на соодветни мерки.   Ултразвучниот преглед се изведува со поставување на сондата во одредени позиции на градниот кош (се добиваат различи пресеци на срцето). Смиреноста и соработката на малите пациени е битен момент при за прецизноста на ехо прегледот,избегнување на лажно позитивни или лажно негативни резултати.   Трансезофагеална ехокардиографија (со воведување на сондата преку ханопроводот) во детската кадиологија не е рутинска метода и се  применува само интраоперативно, за проценка на успешноста на оперативната или интервентната корекција.  

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Шум на срце кај дете
3.1.2010 12:50:11   
ripce
Кога е индициран  ултразвучен преглед на срцето кај децата?   

Секогаш кога постои сомнение за вродено или  секнато заболување на срцето. Најчеста причина за упатување на ехокардиолошки преглед е слушнат шум на срце  Останатите симпоми и знаци кои се индикација за ехокардиолошка проценка во детската возраст се: модреење, тешко дишење, градна болка, замор, срцева аритмија, срцебиење, покачен крвен притисок. Не помалку значајна е примената на ехокардиографијата во следење на децата во пост оперативниот период, после операција на срцето или интервентно решавање на срцевата мана.      Поради физиолошките особености на детското срце и правилната интерпретација на наодите, кардиолошкиот и ехокардиографскиот преглед кај децата треба да биде реализиран од страна на детски кардиолог. Неговото познавањето на физиолошки дозволените варијации во детската возраст, клиничките и ехокардиографски карактеристиките на вродеите срцеви аномалии (како најчеста проблематика во детската кардиологија) и техничките можности на современите ехокардиографи, дава поголема сигурност во дијагностицирањето и следењето на децата со конгенитални кардиопатии.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Шум на срце кај дете
29.1.2010 21:13:46   
topce
во 8-мо одделение ми најдоа шум на срце, демек ми било тоа од нагло што сум пораснала. Во средно се онесвестив на физичко и бев на кардиолог со сите испитувања. И на крај излезе дека имам големо срце, таква ми е конструкцијата на телото и вообицаено е за жени над 178цм да имаат малку поголемо срце и тоа си е најнормална работа како и секој друг орган. И нормално останав бремена и пак си отидов кај Наумовски и човекот ми вика супер одлично и тоа да се пораѓаш со природен пораѓај и битно е да спортуваш. И бременоста ми помина супер и пораѓајот, му кажав на гинекологот ми рече тоа не е болест и во 19 недела и во 26-28 недела и детето на 4Д го гледавме се си беше нормално. битно е да знаат од што е тој шум за да не креваме ние родителите паника.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Шум на срце кај дете
23.5.2010 14:02:34   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: irena 123

Me interesira dali na nekoj od vasite deca mu otkrile sum na srce odnosno Ventrikularen septalen defek?


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Шум на срце кај дете
23.5.2010 14:30:58   
eda bebe
mojata mala 2 godisna se rodi so sum .dvegodini nemame nikakov problem so nea se razviva normalno redovno ja nosam na kontrola se smaluva sumceto do 7 godini rekoa doktorite ke se zatvori.problemot e toa sto nie roditelite mnogu se sekirame vikaat doktorite 50 posto vo makedonija ziveeatso sum nasrce

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Шум на срце кај дете
23.5.2010 15:09:04   
Bogdancanka
Срцевите шумови се чести во детската возраст

Шумовите на срце во детската возраст се честа појава, но во најголем број не се знак на сериозна болест. Тоа се звучни "феномени" што настануваат од турболенцијата на крвта , при движење низ срцевите шуплини и низ крвните садови. Ако турболенцијата се создава низ срце со здрави структури, шумовите не се патолошки - тоа се невини шумови.

Постојат и органски шумови, кои се создаваат од абнормални срцеви структури. Најчесто - стеснување (стеноза) на валвулите (залистоци), стеноза на крвните садови, лабави валвули, отвори (дефекти) на септален ѕид на срце. Тие можат да бидат вродени или, пак, стекнати (поради прележана ревматска треска). Органските шумови, т.е. шумовите што настануваат поради абнормалности на срцевите структури често се проследени со други клинички симптоми: заостанување во телесната тежина, тахипнеја (забрзано дишење), рецидивантни респираторни инфекции, преголемо потење, брз замор при напор, помодрување при напор. За поставување на дијагноза потребно е упатување во повисока специјализирана установа и дополнителни иследувања: електрокардиограм, рендген, ехокардиограм и други. Децата што се без симптоми најчесто не се лекуваат, но постојат препораки за радикално лекување на секоја инфекција, превенција со давање на антибиотици при мали хируршки интервенции (вадење заб, тонсилектомија...), а со напредок на кардиохирургијата постои можност за оперативно лекување.

Невини (функционални) шумови се тие што настануваат кај анатомски и функционално здраво срце и крвни садови. Не се проследени со други клинички симптоми - се работи за здрави деца. Кај околу 35 отсто деца во определен период од детството се слуша невин шум. Речиси кај половина од новородените во првите денови на живот постои невин шум, кој подоцна исчезнува. Интензитетот на невините шумови се зголемува при тахикардија (забрзана работа на срцето) од која било генеза, било поради возбуда , покачена температура, слабокрвност.

Причини за појава на невини шумови се: анемија (поради намалена вискозност на крвта), покачена температура (зголемен аутпут на срцето), поради тенок граден кош кај децата често се слушаат шумови, најверојатно поради нормалната турболенција на крвта низ срцето и крвните садови.

Клиничкото значење на невините шумови на срцето е во тоа што непрепознаени и погрешно протолкувани можат да поттикнат комплицирана и долготрајна дијагностичка постапка и да ги оптоварат и родителите и детето со страв од болест. Родителите треба да сфатат дека се работи за безопасна појава, дека срцето на детето е здраво, дека не се потребни никакви иследувања ниту какви и да е ограничувања на физичката активност на детето.

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот eda bebe)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Шум на срце кај дете
23.5.2010 17:45:06   
Maca25
Јас сум родена со шум на срце, кој после пубертетот исчезна. Како помала, некаде од 3 одделение па се до 1 година средно се јауваше и аритмија и затоа многу често лежев на детска клиника. Мислам дека откако ја добив првата менструација се исчезна. Моите беа многу загрижени, бев мала, многу често лежев во болница и бев еден вид експериментално глувче, ме клукаа со лекови и на крај се исчезна без да забележам. Фала богу оттогаш немам некој послебен проблем, освен тахикардии одвреме навреме. За тоа си пијам бедоксин. Во мојата фамлија има срцево болни, дедо ми почина од инфаркт, татко ми исто така имаше пред неколку години, но никогаш не ми паднало на памет да ја однесам нина на преглед. Јас во бременоста направив ехо на срцето и покажа дека се е во ред. Се надевам дека нина нема наследено ништо од ова. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Шум на срце кај дете
9.7.2010 10:40:14   
majka 79
jas vo pubertetot imav nevin sum na srce, koj kako dojde taka pojde.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Шум на срце кај дете
9.7.2010 10:46:42   
mama26
i jas maco si se rodiv so sum na srce  ama sega go nemam.neznam kaj mi otideuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Шум на срце кај дете
28.11.2011 21:11:28   
mama kate
zdravo sin mi se rodi so sum na srce mu otkrija deka e Vsd sega bevme na dve kontroli ama seuste nisto se nema podobreno ima 4meseci user posted image ama sepak super si napreduva i vo tezinata, ne pomodruva i premnogu e veselo dete user posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Шум на срце кај дете
11.1.2012 3:21:35   
crvce
Mama Kate moeto detence ima veke polni 9 meseci,koga se porodiv posle 3 dena otkrija sum na srce,vo sk go gledaa na eho mi kazaa srcev defekt ,,tetralogija falot,, i deka se operira no posle 6 mesec,nie nastojuvavme da odeme porano vo Bugarija i zaminavme koga maliot imase 3 meseci tamu ni kazaa dena ima VSD i go operiiraa,SEGA IMAME ZDRAVO MALO ANGELCE ,moa preporaka e odete vo Bugarija.dosta citav i gledav na youtube ,za deca so vsd idealno vreme za operacija e od 3 do 6 meseci,,a i stom si jade toa e uste podobro,zasto moeto detence bese so normalna tezina a vo Bugarija go vikaa debelko zasto obicno decata so srcev defekt tamu bea mnogu slabi i nekoi cekaa da postignat kilaza za operacija,,,,mnoggguuuu pozdrav do vas ,VI posakuvam se najdobro i molimte pisi kako ste,,,user posted image

(Одговор на членот mama kate)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Шум на срце кај дете
11.1.2012 3:31:41   
crvce
Aj te molam ako se uste go posetuvas ovoj sajt zasto gledam deka odamna si pisuvala na ovaa tema kazi mi kade gi pravese tie ispituvanja na srceto na bebeto,,pozdrav

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Шум на срце кај дете
24.1.2012 16:03:34   
JovanaJ
Sin mi se rodi so sum na srce. Se ispametiv koga mi kazaa vo porodiliste. Ama bil nekoj nevin sum, navistina neznam medicinski kakva dijagnoza dobi ke treba da proveram ama vo sekoj slucaj ne seriozno i samo trebase da se kontrolira.
Poslednata kontrola ja napravivme na 2.5 godini. Sega imame 5 i sakam uste ednas da go nosam tamam da vidime dali veke pominuva. Posleden pat ni rekoa deka veke edvaj se slusa....site drugi parametri od eho i ekg pregledot bea vo red.

(Одговор на членот crvce)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Шум на срце кај дете
28.1.2012 2:17:19   
crvce
JovanaJ ima sumovi na srce koi sto se sledat i treba da isceznat do kaj 6 god vozrast a ako ne se pravi operacija,nekoi isceznuvaat posle nekoj mesec od raganjeto a kaj nekoi mora da se pravi operacija,,,ne ti e greska da go odneses deteto na kontrola i vo drzavna i na privatno kaj dr Zan Mitrev da bides sigurna,zasto sum zapoznaena so se i da znaes deka se davani dosta gresni rezultati i naodi,(od licno iskustvo ti kazuvam.
ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

Sin mi se rodi so sum na srce. Se ispametiv koga mi kazaa vo porodiliste. Ama bil nekoj nevin sum, navistina neznam medicinski kakva dijagnoza dobi ke treba da proveram ama vo sekoj slucaj ne seriozno i samo trebase da se kontrolira.
Poslednata kontrola ja napravivme na 2.5 godini. Sega imame 5 i sakam uste ednas da go nosam tamam da vidime dali veke pominuva. Posleden pat ni rekoa deka veke edvaj se slusa....site drugi parametri od eho i ekg pregledot bea vo red.


(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Шум на срце кај дете
28.1.2012 9:16:09   
Maca25
Јас сум родена со шум на срце, за кој викаа дека ќе исчезне до кај 5-6 години, ама не исчезна. После несреќата со струја што ја имав на 9 години, ситуацијата со шумот се влоши, јес да мене не ми беше нешто посебно лошо или пак не се сеќавам. Си прележав едно 3-4 години низ Детска Клиника, на разноразни испитувања, им бев како експериментално глувче. Веќе во 8 одделение немаше ни трага ни глас од шумот. Не знам дали има некаква врска со добивање на прва менструација, но после тоа шумот кај мене исчезна.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот crvce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?