Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнало. Со добра подготовка за н...
Време за бебето
Ви недостасува ли телото што го имавте порано?
Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хранеше за сите тие месеци, ср...
Фотографии
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближно тригодишна возраст, поми...
Физичка активност
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, извршен директор на Daumling Kin...
Развој на детето
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалата на возрасните. Со специја...
Опрема и додатоци
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата и општата благосостојба на ...
Развој
Пет лоши практики за хранење со шише
Хранењето со шише отсекогаш се сметало за полесен начин на хранење. Веројатно тоа е причината што...
Исхрана
Практична babylove трајна торба на подарок од ДМ
Од 1 до 31 август, односно до истек на залихите, со сметка над 499 денари за купени babylove прои...
Основна нега
Последно на форумот
Последни статии
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очекувате од него во месеците к...
Нега
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнало. Со добра подготовка за н...
Време за бебето
ПАКЕТ ПОДАРОЦИ
Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.
Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!
Пријави се и следи го развојот на своето дете
Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.
1. НЕДЕЛА
2. НЕДЕЛА
3. НЕДЕЛА
4. НЕДЕЛА
5. НЕДЕЛА
6. НЕДЕЛА
7. НЕДЕЛА
8. НЕДЕЛА
9. НЕДЕЛА
10. НЕДЕЛА
11. НЕДЕЛА
12. НЕДЕЛА
13. НЕДЕЛА
14. НЕДЕЛА
15. НЕДЕЛА
16. НЕДЕЛА
17. НЕДЕЛА
18. НЕДЕЛА
19. НЕДЕЛА
20. НЕДЕЛА
21. НЕДЕЛА
22. НЕДЕЛА
23. НЕДЕЛА
24. НЕДЕЛА
25. НЕДЕЛА
26. НЕДЕЛА
27. НЕДЕЛА
28. НЕДЕЛА
29. НЕДЕЛА
30. НЕДЕЛА
31. НЕДЕЛА
32. НЕДЕЛА
33. НЕДЕЛА
34. НЕДЕЛА
35. НЕДЕЛА
36. НЕДЕЛА
37. НЕДЕЛА
38. НЕДЕЛА
39. НЕДЕЛА
40. НЕДЕЛА
41. НЕДЕЛА
42. НЕДЕЛА
1. Недела
Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци!
Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци! Иако сеуште не сте бремени, овој датум е важен за да пресметате кога е терминот за породување, затоа запомнете го. Оваа недела веќе се брои како прва недела од бременоста.
Прочитајте повеќе
2. Недела
Сакате да забремените? Сексот и покрај тоа нека биде забавен.
Додека вашата јајце клетка се подготвува за на пат кон матката, обидете се да живеете што помирно. Одбегнувајте стрес, посветете внимание што повеќе на самите себе. Можете заедно со идниот татко да си дозволите романтичен одмор, па нека биде и викенд, можеби токму тогаш ќе создадете нов живот.
Прочитајте повеќе
3. Недела
Во вашиот стомак во овој момент се случува заведување на јајце клетките и сперматозоидите.
Ако во овој момент дојде до оплодување, може да се случи за две недели тестот за потврдување на бременоста да биде позитивен! Некои мајки при вгнездување на оплодената јајце клетка во слузокожата на матката приметуваат слабо вагинално крварење. Тоа е таканаречено крварење поради вгнездување, што претставува вообичаена појава, затоа не грижете се премногу.
Прочитајте повеќе
4. Недела
Единствено вашето тело знае дека сте бремени.
Ако на крај од оваа недела направите тест за потврдување на бременоста , сигурно ќе покаже и втора црта, црта на животот. Честитаме на сите кои овој резултат го очекувале, односно силно го посакувале, а посебно честитки за оние кои цртата ги погоди како гром од ведро небо!
А да не дојде до забуни, две црти значи: БРАВО ТАТО! БРАВО МАМА!
Прочитајте повеќе
5. Недела
Асоцијација на бременост? Во оваа недела мачнини, секако.
Мачнината е една од најчестите знаци, а настанува поради хормонот HCG (Human chorionic gonadotropin) кој се појавува во бременоста. Овој хормон ја поттикнува штитната жлезда да лачи поголема количина на тироксин, кој е задолжен за регулирање на метаболизмот. Оваа недела е период на интензивен развој на органите и ткивата на ембрионот.
Прочитајте повеќе
6. Недела
Се чувствувате поинаку? Време е да направите тест за потврдување на бременоста.
Бремени сте веќе цел месец. Нивото на труднички хормони расте. Освен мачнина, бременоста ја следат и други симптоми: набрекнати гради, темни брадавици, лош метаболизам, гасови, често мокрење...
Ембрионот оваа недела, од темето на главата до тртката, е долг од 4 до 6 мм. Тоа значи дека за една недела пораснал скоро 4 мм!
Прочитајте повеќе
7. Недела
Вашето дете е големо колку зрно ориз. Голем човек!
Веќе во првата недела можете да добиете или дури и да изгубите неколку килограми. И едното и другото е сосема нормално, секако под услов редовно и здраво да се храните. Сега не е време за диети, бидејќи на плодот му е потребна разновидна исхрана и редовни оброци, за правилен раст и развој!
Плодот од темето на главата до тртката е долг од 7 до 9 мм. Приближно како зрно ориз!
Прочитајте повеќе
8. Недела
Во бременоста нормално е да се загуби расположението, а да се добие во тежина. Ниту едното, ниту другото не е баш пријатно, нели?
Што ве чека на првиот гинеколошки преглед?
- општ гинеколошки преглед,
- ултразвучен преглед,
- мерење на крвниот притисок,
- тежина,
- контрола на крвта.
Во оваа недела плодот веќе почнува да се размрдува. За жал, сеуште е премал за да ги почувствувате неговите движења.
Прочитајте повеќе
9. Недела
Дали конечно сфативте што се случува со Вас?
Чести знаци на бременоста: замор, мачнина, несвестица, болни гради, лош метаболизам, а пред се опстипација. И безбоен исцедок од носот, односно чувство на затнат нос или дури и повремено крварење можат да бидат знаци на бременост.
И плодот доживува големи промени. Оваа недела почнува да се развива р’скавицата и јазикот, додека основната структура на очите е веќе развиена .
Прочитајте повеќе
10. Недела
Уште една позитивна страна на бременоста: желбата за секс е незапирлива!
Дали сте приметиле дека небцата ви се потечени и додека ги миете забите ви крварат? Тоа е последица на хормоните и зголеменото количество крв во телото.
Долниот дел на стомакот веќе се заоблува. За стомакот во мала мера е виновна матката која расте, а повеќе се приметува поради надуеност во цревата. Носете комотна облека и размислете како ќе им соопштите на семејството и пријателите дека сте бремени.
Прочитајте повеќе
11. Недела
Сеуште имате мачнини? Поради бременоста или поради тежината што ја покажува вагата?
Добивањето на тежина во првото тромесечје кај секоја трудница е различно. Некои брзо добиваат неколку килограми, а кај други тежината воопшто не се менува, додека оние кои се борат со мачнини можат дури и да изгубат некој килограм. Сите можности се сосема природни и безопасни, секако, под претпоставка дека редовно и здраво се храните. Немојте да ги прескокнувате оброците! Повеќе му штетите на плодот, отколку на самите себе, иако најкритичниот дел во развојот на плодот е завршен. Сега е на ред побрз развој на плодот од минатите недели. На почетокот на оваа недела должината на плодот е 3 см, а на крајот на неделата дури 5 см.
Прочитајте повеќе
12. Недела
Мачнината ја чувствувате се помалку. Да, секако... Добро, барем така би требало да биде.
Сеуште можеби имате мачнини или чувствувате замор. Тоа би требало наскоро да престане, а некои трудници ќе ги чувствуваат уште некоја недела.
Со ултразвучниот тест кој се вика нухална бразда се утврдува ризикот од Даунов синдром, односно трисомија 21. хромозом во плодот. Тоа е најчеста хромозомска неправилност кај живородените деца. До промени кај повеќето доаѓа случајно, во моментот на созревање на половите клетки кај еден од родителите, најчесто мајката. Стручните лица на сите трудници им го препорачуваат овој преглед!
Прочитајте повеќе
13. Недела
Дали на своите родители и пријатели веќе им кажавте за бременоста? Па време е ...
Како и сите други, и оваа недела плодот е прилично активен. Освен што весело плива во својот мал базен, до сега под небцата се развиени сите млечни заби кои на сонце ќе излезат по раѓањето, поточно во 6. месец или подоцна. Плодот е сега тежок околу 28 грама, а исто толку и плодовата вода. Долг е од 6 до 8 см.
Прочитајте повеќе
14. Недела
Што имаат заедничко трудница и средношколка? Полудени хормони.
Во овој период кај некои трудници се јавува таканаречената linea negra, темна вертикална линија која се протега од врвот на стомакот до срамната коска. Настанува како резултат на зголеменото дејство на естрогенот врз меланоцитите, клетки кои го произведуваат кожниот пигмент – меланин. Темната линија по породувањето се губи. Некои трудници приметуваат дека и жилите на градите стануваат се поизразени и брадавиците потемни. Сето тоа е дел од подготовката на градите за доење.
Прочитајте повеќе
15. Недела
Не преоптеретувајте се со претерано чистење. Имате одличен изговор!
Дали сте знаеле дека во овој период од бременоста срцето пумпа дури за 20% повеќе крв отколку пред бременоста? А до крајот на бременоста таа количина уште се зголемува. На крајот на бременоста срцето ќе мора да пумпа дури 30- 50 % повеќе крв отколку пред бременоста. Ова е време кога гинеколозите со ултразвучен преглед можат да го определат полот на бебето. Сепак не земајте го тоа здраво за готово. Често се случува на еден преглед да кажат дека е девојче, а наредниот дека е машко, или обратно.
Прочитајте повеќе
16. Недела
Која е таа пеперутка која ми лета во стомакот?
Дали можеби сте помислиле дека нежното скокоткање во стомакот е всушност првото движење на вашето бебе? Некои трудници, меѓу кои оние што не се прв пат трудни, можат веќе сега да ги почувствуваат движењата на плодот, а повеќето ги чувствуваат некаде меѓу 18. и 20. недела од бременоста. Какво неверојатно чувство!
Прочитајте повеќе
17. Недела
Една стара изрека вели: секоја бременост чини еден заб. Затоа подобро посете забар.
Плодот во овој период неверојатно брзо расте, затоа можете да приметите и добивање во тежината. До сега трудницата во просек добиваше од 2 до 4,5 кг. Иако, како што веќе кажавме зборуваме за просек, секоја идна мамичка е приказна за себе. Ве потсетуваме дека мора да пиете доволно течности! Стручните лица препорачуваат 8 чаши течности, рамномерно распоредени.
Прочитајте повеќе
18. Недела
Заборавеноста е вообичаена во бременоста. Единствена работа која не смеете да ја заборавите е дека сте бремени.
Малиот човек веќе има 20,5 см, а тежи скоро 200 грама, весело мрда, се врти ваму- таму, го цица палецот, ика, трепка и уште многу работи! Сега веќе знае да прави и гримаси, што може да се види и на тродимензионалниот ултразвучен преглед. Немојте да заборавите да го потсетите гинекологот да ви даде и сликичка од прегледот.
Прочитајте повеќе
19. Недела
Килограм помалку или повеќе, денес е ден да се разгалите. Дозволете си големо парче торта или пица.
Нежни влакненца го прекриваат целото тело на фетусот. Влакненцата ќе останат на плодот скоро до неговото раѓање, а кај некои новороденчиња и по породувањето можат да се приметат остатоци од влакненца, пред се на ушите и на лицето. Сега на кожата на плодот почнува да се јавува »верникс«, бела мрсна материја која ја штити кожата од влијанието на течноста во која плодот плива.
Прочитајте повеќе
20. Недела
Во стомакот имате една мала, ситна точка, која од ден на ден се повеќе станува голема.
Честитаме, ја преживеавте првата половина од бременоста. Доаѓа период на брзо растење на матката, затоа стомакот видливо се напнува. Плодот ја притиска бешиката, па често мокрите. Некои трудници малку потешко дишат, бидејќи внатрешните органи, пред се желудникот, поради растењето на матката ги притискаат белите дробови. Оваа недела на ред е ултразвучен преглед кој се вика морфологија. Испитувањето е многу важно, бидејќи гинекологот детално го прегледува плодот и дава конечно мислење за развојот.
Прочитајте повеќе
21. Недела
Време е за рекреација. Прошетајте до фризер.
И еве не во втората половина на бременоста, а вие никако не можете да поверувате колку брзо поминаа првите 20 недели, зарем не? Брзото растење на плодот во овој период полека се смирува. Сега на ред е фаза на брзо добивање на тежина.
Прочитајте повеќе
22. Недела
Некое време сте се пазеле да не останете бремена, а потоа се јавила желбата што побрзо да забремените. Време е да се опуштите!
Веројатно вашата сексуална желба е на високо ниво. Опуштете се и уживајте во водењето љубов со својот партнер. За интензивните оргазми виновно е зголеменото количество на крв во телото. Ова е период на вистински спонтани и опуштени сексуални моменти.
Прочитајте повеќе
23. Недела
Дали некогаш сте добиле толку многу совети како сега за време на бременоста?
Дали со партнерот разговаравте да биде присутен на породувањето? Ако партнерот не сака да учествува немојте да го терате на сила. За време на породувањето, за вас одлично ќе се погрижат докторите.
Но, вистина е дека емоциите при раѓањето се неописливи, затоа партнерот нека ви се придружи во породилната сала веднаш по породувањето. Породувањето е големо искуство, затоа е важно и за мајката и за таткото да остане во убав спомен. Искрен разговор за ова е навистина важна работа.
Прочитајте повеќе
24. Недела
Дали воопшто сте свесни што ве чека? Покакани пелени, непроспиени ноќи... неизмерна љубов!
Движењата на плодот во стомакот се доста изразени и силни. Стомакот понекогаш се изобличува, а често приметувате дека се поместува на една или друга страна.
Поделете ги моментите на клоцање, боксерско удирање и поместување на газето со неговиот татко.
Прочитајте повеќе
25. Недела
Тато, каде си? На мама и треба масирање на табаните.
Во овој период внимавајте на знаците кои укажуваат на прерано породување. Не сакаме да ве плашиме, но добро е да внимавате на промените и во случај да се појави некој од знаците веднаш барајте помош од доктор.
Прочитајте повеќе
26. Недела
Уф, повтoрно ме удри! Слободно удирај, колку што можеш посилно. Така барем знам дека си добро.
Braxton-Hicks контракциите се сосема безопасни грчења на матката кои се појавуваат во нередовни интервали, а со нив матката се подготвува за породување. Од време на време ги чувствувате како краткотрајно стегање на мускулите на матката. Доколку контракциите почнат да се јавуваат во редовни интервали, итно морате на преглед.
Прочитајте повеќе
27. Недела
Колку чудесно е вашето големо тело. Употребете ги заводничките фантазии на бременоста.
Добредојдовте во последното тромесечје. Влегувате во период на брзо добивање на тежина. Во неа припаѓа тежината на матката, плодовата вода, зголемено количество на крв во телото и секако плодот, а понекогаш некој грам и вишок маснотии (ваши, не на плодот).
Не заборавајте на здрава и разновидна исхрана.
Прочитајте повеќе
28. Недела
Замор, мачнина, грчеви, лошо расположение... Колку прекрасна работа е бременоста!
Во овој период дури кај половината трудници се открива намалено железо во крвта. Како последица на тоа се јавува слабокрвност која се манифестира со голем умор, безволност, бледоликост и забрзана работа на срцето. Кај повеќето слабокрвни трудници може да дојде и до несвестица. За можните потешкотии поразговарајте со гинекологот.
Женските гради имаат во просек околу 200 грама, а во бременоста секоја поединечно може да има дури 800 грама.
Прочитајте повеќе
29. Недела
Немате што да облечете? Тешете се дека не сте единствените... а имате и оправдување... трудни сте!
Според стручните лица плодот покрај чувствителноста на звук и светлина го развил и сетилото за вкус и мирис. Што може да намириса и вкуси, за жал не знаеме. Но, ви препорачуваме да избегнувате ненадејни звуци и заедно со своето детенце да слушате музика која ве смирува или ви дава енергија.
Прочитајте повеќе
30. Недела
Асоцијација на бременост? Баш се е големо и округло.
Лошо спиете? Тешко наоѓате пријатна положба? Помогнете си со ставање на перници под стомакот, позади грбот и меѓу нозете, а можеби подобро ќе спиете во полуседечка положба. Пред спиење обидете се што повеќе да се релаксирате, слушајте го своето тело, на некои добро им доаѓа туширање, додека други ги заспива читањето...
Прочитајте повеќе
31. Недела
"Мама, и јас сакам бебе! Многу јадам, но стомакот никако да ми порасне." Ина 3,5 години.
Телото на трудницата произведува хормон, релаксин кој ја опушта карлицата и со тоа се грижи за полесно доаѓање на детето на свет. Нејзиното опуштање можете да го почувствувате и како болка во карлицата.
Прочитајте повеќе
32. Недела
Вистина е, породувањето боли! Но не толку, за жените да одлучат да не раѓаат друго дете.
Во овој период мислите на идната мајка се занимаваат со породувањето кое се ближи. Дали породувањето навистина е толку болно? Ќе можам ли јас тоа? Кога морам во породилиште? Како ќе ги препознаам контракциите? Како да ги мерам? Што да направам ако ми пукне водењакот? Како воопшто ќе знам дека ми пукнал водењакот?
Прочитајте повеќе
33. Недела
Убава си! Баш си секси! Трудна си!
Ако почнат многу да ви отекуваат нозете и лицето, а при тоа и повраќате и имате силни главоболки, веднаш одете на доктор. Можеби се работи за преекламсија кој во бременоста значи сериозна компликација. Симптомите се висок крвен притисок, отекување и протеини во мокрачата. Значи, доколку ги приметите набројаните симптоми, веднаш одете на доктор.
Прочитајте повеќе
34. Недела
Веќе се подготвувате за доаѓање на детето.
Вашите мисли се насочени кон породувањето и нега на новороденчето. Во школата за идни родители детално ќе ви објаснат како изгледа породувањето и неговите три фази, затоа на кратко ќе ги повториме.
Прочитајте повеќе
35. Недела
Асоцијација на бременоста за оваа недела? Веројатно, често одење во тоалет.
За последните недели од бременоста карактеристични се: несоница, почесто мокрење, тешко подвижно тело, кое тешко пронаоѓа состојба во која пријатно се чувствува, а можеби и напнатост поради породувањето кое се ближи.
Прочитајте повеќе
36. Недела
Зошто на стомакот немате прозорец? Би погледнале внатре да видиме што прави бебето.
Просечна тежина на фетусот е 2,7 килограми. Бебето е веќе долго околу 45 см. Во овој период повеќето од плодовите малку се спуштаат, па на идната мајка и се олеснува дишењето, но тоа воедно значи дека почесто ќе оди во WC, бидејќи ќе ја притиска бешиката.
Прочитајте повеќе
37. Недела
Дали торбата за во породилиште веќе е подготвена? А гардеробата за одење дома?
Почетокот на изненадувањето веќе не треба да ве изненади. Доенчето е веќе подготвено за живот во нова, поинаква средина. Само прашање е уште колку ќе седи скриено во матката.
Прочитајте повеќе
38. Недела
Сега веќе нестрпливо го очекувате породувањето. Можеби ќе причекате уште малку.
Може да се појават лажни контракции кои можат да бидат многу силни. Една од разликите меѓу вистинските и лажните контракции е во нивниот интервал. Прочитајте и за другите разлики (ЛИНК)
10% од жените породувањето го опишуваат како многу болно, а исто толку го опишуваат како безболно искуство. Останатите 80% се некаде помеѓу во опишувањето на своето искуство.
И тие податоци покажуваат дека породувањето не е ништо страшно, како што го замислуваат некои мајки. Не заборавајте дека прагот на болката е различен од една до друга личност.
Прочитајте повеќе
39. Недела
Труднице, уште ли си тука?
Фетусот е толку голем што во матката има многу малку место. Тоа значи дека веќе не може да се мрда како што можеше порано. И покрај тоа морате да изброите барем 10 движења на ден, обично меѓу 8 и 17 часот. Во спротивно обратете се кај својот доктор.
Прочитајте повеќе
40. Недела
Се чувствувате огромно и округло. Без грижа, веројатно сте такви...
Опуштете се и мирно почекајте го денот Д кога ќе добиете нов член во семејството. Мислата за породувањето нека не ве загрижува. Искуството од породувањето навистина е болно, но посебно и за многу мајки (за жал) единствено.
Само 6% од децата се раѓаат во предвидениот термин. 98 % од трудниците се породуваат во периодот од две недели пред или по предвидениот термин за породување.
Половиот однос може да биде причина за почеток на породувањето... затоа, брзо под ќебе.
Прочитајте повеќе
41. Недела
Сексот и оргазмот го забрзуваат почетокот на породувањето. Тоа е само пријатен вовед во породувањето.
Околу 40 % од трудниците се породуваат по предвидениот термин за породување. Причини за тоа има многу. Една од најчестите е погрешно одредена должина на траење на бременоста.
Прочитајте повеќе
42. Недела
Уште ли сте тука? Нема уште долго! Ви посакуваме многу среќа.
ПОРОДУВАЊЕ.
ПРВО ПЛАЧЕЊЕ.
СЕМЕЈСТВО.
МАМА, НОВОРОДЕНЧЕ И ТАТО.
ВИ ЧЕСТИТАМЕ!
Прочитајте повеќе
1-4 НЕДЕЛИ
1 МЕСЕЦ
2 МЕСЕЦИ
3 МЕСЕЦИ
4 МЕСЕЦИ
5 МЕСЕЦИ
6 МЕСЕЦИ
7 МЕСЕЦИ
8 МЕСЕЦИ
9 МЕСЕЦИ
10 МЕСЕЦИ
11 МЕСЕЦИ
12-17 МЕСЕЦИ
18-23 МЕСЕЦИ
2 ГОДИНИ
3 ГОДИНИ
4 ГОДИНИ
5 ГОДИНИ
6 ГОДИНИ
7 ГОДИНИ
8 ГОДИНИ
1 до 4 недели
Добре ни дојде драго новороденче!
Новороденчето се прилагодува за живот надвор од материцата и во тој период е најосетливо и потполно зависно од грижата и негата на родителите. Првиот месец е период на запознавање и прилагодување со семејството на новиот член. Тоа е многу убав и емотивен, но и доста напорен период.
Првата година, од раѓање па до првиот роденден, го викаме период БЕБЕ. Првите четири недели од животот дополнително ги дефинираме и викаме период НОВОРОДЕНЧЕ. Едно мало новороденче веќе држите во прегратка!
Прочитајте повеќе
1 месец
Ништо веќе нема да биде исто како што беше, откако имате бебе! Се ќе биде неспоредливо поубаво!
На доенчето му е потребен мирен и нежен родителски пристап. За да се чувствува добро, родителите мораат да го прилагодат својот начин на живот на новиот член на семејството. Намалете го темпото! Така порано и подобро ќе ги забележите сигналите со кои бебето Ви ги искажува своите желби и потреби. Одговарајќи на нив ќе допринесете за развој на здрав однос и меѓусебна поврзаност. Тоа е всушност почеток на комуникацијата меѓу Вас и бебето.
Прочитајте повеќе
2 месеци
Доењето, пресоблекувањето и бескрајно долгите прошетки со количка, уште некое време ќе бидат Вашата главна преокупација.
Сеуште е рано да се зборува за разгалено дете, затоа што неговите желби се еднакви на неговите потреби, па нема да го разгалите ако го смирувате неговиот плач.
На доенчето му е потребна барем една сакана личност, со која ќе може да развие посебен однос. Обично тоа е мајката. Односот полн со љубов, грижа и нега му овозможува да се чувствува сигурно и прифатено. Притоа, во првата година, таквиот однос е потребен за правилен социјален, емоционален и ментален развој. Запамтете дека позитивните искуства во овој период се незаменливо животно богатство за детето.
Прочитајте повеќе
3 месеци
Доенчето е центарот на Вашиот свет, но не заборавајте и на партнерот!
За доенчето најдобра храна е мајчиното млеко, кое во првите четири до шест месеци комплетно ги задоволува неговите потреби, освен за витамин Д кој треба да се додава, за да се спречи појава на рахитис. Во тек на секое поединечно хранење составот на млекото се менува, на почетокот е поводлесто за да може доенчето да ја угасне жедта, потоа е погусто и побогато со калории, кои ќе го заситат доенчето. Затоа е важно бебето да ја испразни дојката, затоа што со тоа се поттикнува создавање на млеко. Ако не успеавте да доите, или го изгубивте млекото, не грижете се! Вашето дете и покрај тоа ќе израсне во здрав и чудесен човек, како и многумина пред него!
Прочитајте повеќе
4 месеци
Малку помалку пријатна страна на родителството: недостаток на сон!
Доенчето разликува ден и ноќ, повеќе спие ноќе (околу 10 часа), а му требаат уште три пати по два часа одмор во текот на денот. Повеќето доенчиња (пред се доени) се будат ноќе еднаш до два пати, заради хранење. Некои веќе спијат по шест часа во континуитет. Овој месец ќе забележите дека доенчето има воспоставено ритам на спиење и будност. Дневните одмори се отприлика во исто време. Навечер има свој час за спиење и наутро час за будење. Ако е изразито активно во време кога би требало да спие, размислете дали е можеби преуморено, затоа што неговата вообичаена динамика може да биде последица на замор. Многу уморните бебиња потешко заспиваат и понемирно спијат.
Прочитајте повеќе
5 месеци
Дајте му на доенчето многу љубов и внимание. Не грижете се, нема да го разгалите!
Насмевката на Вашето дете не е веќе “беззабна”! Ако устата ја краси некое ново запче, веднаш почнете да го чистите. Чистењето на забите нека биде низ игра! Така доенчето ќе научи дека тоа е важна секојдневна активност. При изборот на четкичка за заби прочитајте ги упатствата на произведувачот, а кај првите заби може да си помогнете користејќи газичка намотана на Вашиот прст.
Прочитајте повеќе
6 месеци
Кога последен пат имавте време за себе?
Довербата во родителите е најважниот темел на емоционален и социјален развој на секое дете. Без доверба, детето не може да се чувствува сигурно и сакано. За развој на квалитетен однос и доверба треба да се трудите уште од раѓањето на бебето. Тоа можете да го постигнете со задоволување на неговите основни потреби. Ако родителите се огласуваат на детскиот плач, го хранат и негуваат, доенчето се чувствува сигурно и сакано. На тој начин почнува да им верува на родителите. Доенчето не се раѓа со чувство за љубов, затоа што при раѓањето не е свесно дека е одвоено од мајката. Со тек на време ќе се научи да ги сака родителите со одлучна и неограничена љубов, која не може да се спореди со ниедна друга љубов.
Прочитајте повеќе
7 месеци
Ку–ку !
Во осмиот месец од животот, на детето му требаат и други продукти освен млекото. Секако, при воведување на други продукти, продолжуваме со доење, или хранење со шишенце. Препорачливо е новите состојки да се воведуваат во мали количини. Во исхраната воведуваме само една нова состојка дневно, или ја додаваме кон веќе испробаната состојка, на секои 3-4 дена, за да знаеме од што е можната алергиска реакција. Во првата година треба да се ограничи употребата на сол и шеќер.
Алергијата на храна може да се манифестира како реакција на органите за варење (повраќање, пролив, омалаксаност), промени на кожата (осип), а многу ретко потешкотии во дишењето (течење на носот и тешко дишење).
Прочитајте повеќе
8 месеци
Каков беше животот пред бебето?
Околу осмиот месец доенчето почнува поинтензивно да ги искажува своите чувства и многу ужива во гушкање и галење. Со комбинација од гласови, движења и фацијални мимики изразува незадоволство, лутина, радост, интерес, страв, изненадување...
Заедничкото време наменете го за разговор. Слушајте го своето детенце и одговарајте му со зборови секогаш кога ќе се огласи или насмее. Ќе го развеселите ако се обидете да го имитирате.
Прочитајте повеќе
9 месеци
Вашето доенче почнува весело да се движи низ просторот и време е за играчки кои може да ги турка пред себе, или да ги влече зад себе (топки, валјаци, играчки со колца...). Сепак најинтересни му се предметите кои ги наоѓа додека лази и истражува. Внимавајте да ги отстраните сите опасни предмети, затворете ги вратите и заштитете ги скалилата. Посебно внимавајте на отворањето фиоки, за детето да не ги потфати прстите.
Со заедничко читање обидете се да му ги приближите книгите. За овој период примерени се сликовници со дебели картонски корици и листови, а посебно ќе му го привлечат вниманието сликовниците кои имаат сокриени слики, затоа што отворањето ќе ја разбуди неговата љубопитност. Изберете сликовници кои имаат јасни, шарени слики на кои ќе бидат работи кои детето ги виделo и кои му се интересни. Зборувајте му за луѓето од книгите, ќе ве слуша со голем интерес.
Прочитајте повеќе
10 месеци
Како времето брзо лета!
Детето почнува да се осамостојува. Свесно е за своите способности и затоа почнува да ја одбива Вашата помош, затоа што сака се да направи само. Сеуште не успева да направи се што сака, што често ќе го манифестира со немир и лутина. Во оваа возраст се појавува и тврдоглавоста.
Детето кое се чувствува сигурно покрај родителите, во секоја нова ситуација ќе бара помош од нив. Ако родителите реагираат со страв и загриженост и детето ќе биде уплашено и ќе заплаче. Детето кое има доверба во родителите и со нив има топол и добар однос, ќе развие здрава самодоверба и ќе знае да се цени. Тоа ќе му помогне да се соочи со предизвиците во животот и ќе му овозможи добро да се разбира со луѓето околу себе.
Прочитајте повеќе
11 месеци
Ве боли грбот? Не грижете се, уште малку па Вашето дете ќе прооди...
Во овој период треба да почнете да го воспитувате и да го учите на ред детето. Иако детето го разбира значењето на зборчето НЕ не очекувајте дека секогаш ќе ве послуша. Многу е важно кога детето ќе го опомените дека нешто не знае и ќе го употребите зборчето НЕ, да останете сериозни и после тоа да не попуштате. Ако се смеете додека изговарате забрани и ограничувања, тие зборови ќе изгубат смисла.
Прочитајте повеќе
од 12 до 17 месеци
Прв пат во градинка? Мамичке немој да плачеш...
До 18 месеци детето употребува од пет до дваесет зборови, а разбира многу повеќе. Комуникацијата сеуште е невербална. Кај здраво дете говорот се развива спонтано, истовремено со емоционалниот и моторичкиот развој, ако живее во околина во која добива доволно поттик и разбирање. Научниците и педијатрите немаат усогласено мислење за тоа кога можете да ги очекувате првите зборови на детето и кога е време за загриженост ако детето не зборува. Првиот збор на детето очекувајте го од 7. до 15. месеци, а во некои ретки случаи и подоцна. Очекувајте 50 зборови меѓу 18. и 30. месеци и комбинации на зборови меѓу 16. и 30. месеци. Првите смислени зборови се јавуваат по првата година, до 18. месец. Првата поврзаност меѓу зборовите се јавува околу 14. месец.
Прочитајте повеќе
од 18 до 23 месеци
Дали забележавте дека долго веќе не сте шеф во семејството? Толку се мали, а толку одлучни!
Вашето дете пие од шишенце? Ако одговорот е да, тогаш наполнете го со вода, а не со сок или млеко. Обидете се што поскоро да го одвикнете од тоа. Пред се, штетно е доколку детето заспие со шишенцето во уста. Освен тоа што може да се засркне, слатката течност полека тече низ цуцлата, завршува во детската уста, се разградува во киселина и предизвикува кариес во раното детство. Ако на детето не му ги миете забите, сега е крајно време да почнете. Низ игра нека научи дека редовната хигиена на устата е многу важна.
Прочитајте повеќе
2 години
Двегодишните деца се бесконечно напорни. Но и пубертетот брзо ќе дојде, а тогаш ќе посакате детето повторно да биде мало.
Преовладува мислење дека двегодишните деца се многу напорни. Ако им помогнете да го откријат светот околу нив, сите ќе бидат задоволни. Во овој период детето доживува забрзан интелектуален, социјален и емоционален развој. Не само што го запознава светот, туку и се околу него добива смисла.
Во третата година од животот детето ќе ја зголеми телесната тежина за околу 2 килограми, а ќе порасне од 6 до 8 cm.
Прочитајте повеќе
3 години
Дали некогаш сте изброиле колку пати во денот детето го поставува прашањето “Зошто”?
Дали знаете толку да броите...?
Децата многу сакаат да цртаат. Ја користат секоја прилика, или подобро, секоја површина за тоа. Како да ги спречите децата да цртаат по ѕидовите? Прво треба да разберете зошто детето сака да црта по ѕидовите. Од една страна затоа што обожава цртање и сака да обои се што ќе му дојде под рака. Од друга страна развојот на телото му овозможува подобар надзор над раката, кога ја има пред себе, отколку кога ја гледа надолу. Ако раката е пред него, координацијата помеѓу раката и очите е многу подобра. Тоа за него значи дека неговите уметнички креации ќе бидат попрецизни и поубави ако се нацртани на ѕид, отколку на хартија која е на маса.
Прочитајте повеќе
4 години
Мамичке, како излегов од стомакот?
Во овој период Вашето дете ќе го интересира од каде дошло, како се нашло во мајчиниот стомак и како излегло од него. Детската љубопитност е се поголема, стално поставува прашања од каде доаѓаат децата. На малото дете му треба прецизно и правилно објаснување, кое треба да му го дадете со мирен тон. Можете да користите книги, но важно е детето да ги гледа во Ваше присуство. Немојте да го оставите само бидејќи нема да ја разбере содржината и ќе биде уште повеќе збунето.
Прочитајте повеќе
5 години
“Мамичке ти воопшто не ме слушаш!”
Со детето треба да се разговара така што тоа ќе се почувствува сакано, бидејќи впива се што ќе види, чуе, или почувствува. Нашите постапки, или начинот на кој нешто изговараме оставаат на детето долгорочна трага и голем печат. Детето е како сунѓер, се впива. Понекогаш е битно на кој начин му кажуваме, отколку што му кажуваме. Не го споредувајте со врсниците, бидејќи ќе има чувство дека не го сакате. Ако често правите споредби, може да се случи детето да израсне во личност на која секогаш ќе и биде потребна потврда од другите. Покажете му дека го сакате, иако не направило ништо посебно и со тоа порачајте му дека љубовта не треба да се докажува.
Прочитајте повеќе
6 години
Дали воопшто се сеќавате кога Вашиот јунак беше мало беспомошно бебе?
Многу деца во шестата година сеуште имаат проблеми со повременото, или редовно мокрење во кревет. Меѓу нив има повеќе момчиња отколку девојчиња. Проблем во мокрењето е што негативно влијае на детската самодоверба. Детето се срами и заради тоа не сака да преспие кај другарчето, да оди на патување со други деца, бидејќи ако тоа му се случи во присуство на другарите, ќе влијае многу негативно на неговиот развој и на него.
Прочитајте повеќе
7 години
Веќе имате кој да Ви помага околу домашните обврски!
Ако детето сеуште не Ви помага во домашните обврски, сега е крајно време да го навикнете на нив. Обидете се правилата да ги направите што поинтересни, слушајте музика додека работите, или заиграјте заедно со детето. Детето може да Ви помогне така што ќе ги сортира алиштата, ќе ја постави и раскрене масата, ќе се јави на телефон, ќе ги стави чиниите во машина и ќе ги извади, ќе ги навади цвеќињата, ќе ги фрли отпадоците и ќе ја донесе поштата... Не заборавајте да му заблагодарите за помошта! Кажете му колку многу Ви значи неговата помош и поттикнете го да Ви помогне во иднина.
Прочитајте повеќе
8 години
До вчера беше бебе, кога ли толку порасна...?
Иако децата се веќе големи, сеуште им треба доста спиење за правилен развој. Колку ќе биде тоа зависи од детето, но задолжително секоја вечер треба да одат во кревет во исто време. Од прилика им треба од 9-10 часа ноќно спиење. Децата кои недоволно спијат заостануваат во растот, нервозни се, лошо расположени и не дружељубиви. Тие не се успешни толку во училиште, затоа што нивниот мозок не е доволно одморен па заради тоа можноста за помнење е намалена. Ако имате проблеми со спиењето на детето размислете дали Вашето дете доволно престојува на свеж воздух. Попладневната активност или долгата прошетка, понекогаш прават чуда.
Прочитајте повеќе