Врски кои секоја жена мора да ги проба во животот
Пред "оној вистинскиот” со кој ќе го поминете животот, секоја жена би требало да има неколку попатни љубови. Постар фраер кој ќе и пренесе искуство, секси тип за една ноќ, летна љубов која ќе и остане во убаво сеќавање, лошо момче кој ќе ја научи да ја почитува добрината.
Па да тргнеме со ред.
Прва љубов
Секоја жена се сеќава на својата прва љубов и таа е како своевиден темплејт за идните врски. Без разлика на тоа колку време поминало од Вашата прва љубов, првиот бакнеж, првите пеперутки во стомакот никогаш не се забораваат.
Оттогаш, сигурно многу сте научиле, но првата љубов е нешто посебно што никогаш не бледее.
Лошо момче
Тој Ве "вози”, лаже, не одговара на повици, но Вие и понатаму се "палите” на неговиот заводнички поглед и прегратки кои Ви ги дава "во капки”. Можеби ќе треба да помине време да сфатите дека непочитувањето не е секси. Во секој случај, лошото момче ќе Ве научи да го цените добриот фраер, кога ќе Ви се појави во животот.
Летна романса
Тој ќе Ви прати сангрија и ќе Ве заведе на плажа на зајдисонце. Со него ќе заборавите на обврските, на проблемите. Тој ќе направи да го поминета најромантичното лето, без обврски, без планови, без услови и засекогаш да остане во сеќавање како убава летна авантура.
Врска на далечина
Далечината ќе го пробуди кај Вас романтичарот кој сонува и пишува љубовни писма. Со него ќе споделувате доцни ноќни разговори. Со него, уште повеќе ќе уживате коха конечно ќе се видите. Само внимавајте романтичната врска во Вашата глава да не е илузија која ќе се згасне кога ќе откриете дека има уште неколку такви љубови.
Постар фраер
Тој е сериозен, софистициран и има доволно пари кои е спремен да го потроши на Вас и да Ве размази. Но, во секој случај, имал пари или не, постариот фраер ќе му даде нова димензија на Вашиот живот. Искусен, смирен, со веќе дефинирани цели, ставови и желби ќе Ви угодува како на принцеза. И нему нема да му биде лошо, со Вас ќе заборави на неговата поранешна жена и на кризата во средните години.
Сексуален предатор
Со него сте само поради сексот. Целата Ваша комуникација надвор од спалната соба, прекинува. Но, затоа во креветот е вистински мајстор. Со него, фрчат страсти и точно знае каде, кога и како да Ве допре.
Недостапен
Мажот кој е недостапен, било да е оженет, живее далеку или е емотивно недофатлив, кај Вас ќе го пробуди ловецот и ќе се надевате дека токму Вие ќе бидете таа среќница која ќе успее да го трансформира. На Ваша несреќа, веројатна нема да успеете, но секако ќе биде интересен предизвик.
Фраер за една ноќ
Овој тип едноставно ќе Ви овозможи уживање и тоа ќе биде сексуално ослободувачко искуство, без никакви обврски. Со него ќе уживате без грижи дали ќе Ви се јави следното утро. Во тој момент ќе се чувствувате секси и полни со самодоверба. Уживајте во страствената ноќ и ослободете се од вината.
Тип кој Ве сака повеќе, отколку Вие него
Тој ја користи секоја можност да Ви покаже колку Ве сака. Во друштво зборува колку сте посебни и горд е на Вас. Не е лошо да се биде со некој, кој толку многу Ве обожава.
Флерт со девојка
Било да се работи за бакнеж, страсни ноќи или само флерт, не е лошо да пробате и да видите зошто се дига толкава прашина околу тоа. Бидете за момент Katy Perry.
Некој сличен на Вас
Со овој тип имате многу заеднички работи, делите исти пријатели, интереси, кариера. Врска со "самите себе” може да биде добра, додека не почнете да се иритирате еден со друг со толку многу сличности.
Модерен маж
Тој знае да ја вклучи машината за перење алишта и знае да ги подели шарените од белите алишта. Не му е тешко да зготви за заедничките пријатели и ќе Ви помогне околу чистењето на станот. Не е лошо да видите како е да се биде во врска со ваков маж, но внимавајте, покрај него Вие би можеле да се почувствувате како посилната половина.
Пријател кој Ви станал љубовник
Тој ги видел сите Ваши мамурлаци, знае за незгодните детали од Вашето минато и добро му се познати сите Ваши љубовни промашувања. Врската со поранешниот пријател е најудобна врска, бидејќи најдобро се познавате.
Оној вистинскиот
И конечно вистинскиот. Смислата на врските и експериментирањата е потрагата по оној вистинскиот. Сите раскинувања, солзи, добри и лоши искуства водат кон него. Со него, разговорите се лесни, привлечноста е магнетска и двајцата ги сакате истите работи од животот. Тој можеби има малку од сето гореспоменато, но тој едноставно е совршениот микс.
ме инспирираше статијата да проговориме за нашето минато,врски ,љубовници,фраери,......кој од овие сте ги "поминале"?
ајде ..размислете,пребројте и пријавете
< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:57:33 >