ИЗВОРНА ПОРАКА: anaana
ubavo e na deteto da mu se objasnat site vrednosti, od humani, do materijalni. dobro e deteto da znae deka od ljubov ne se zivee. ama ne treba da gazi po se za da dobie poveke pari. toa e veke do vospituvanje na deteto
ama ne e ubavo spored mene da mu go kroime na deteto celiot zivot. sekoj roditel go saka najubavoto i najdobroto za svoeto dete, ama sepak toa mora samo da si go naogja patot vo zivotot. da si odlucuva samo sto saka a sto ne saka
ova bidejki biranje na profesija e vo godini koga deteto e dosta svesno, sekako vo pomali godini nie odlucuvame za nego :)))
Се сложувам. Никој ништо не може да ти гарантира, не постои општо правило, ама поаѓам од факт дека оно што е во самата личност, некоја дарба, талент, не за џабе е таму, може и треба да се искористи.
Ако е детето воспитувано да знае да се цени себеси, а исто така и дека како возрасен треба да биде способен да се снајде и грижи за своето идно семејство, да не биде паразит во опшеството, се може да се усклади-да се добие една здрава личност, која притоа ќе биде исполнета со оно што прави. Можеби ќе треба уште нешто дополнително да работи во животот,ама ако некоја дарба се загуши во личноста, тоа е како дел од него да се одземе.
Бидејќи дарбата, некоја уметничка црта што некој ја поседува, е како канал каде личноста се изразува, нешто внатрешно од себеси што подарува на светот. Тоа не треба да му се одзема, по цената на сите материјални добра. А пак ќе речам кога нешто се прави со целото битие, тоа не останува незабележено.