за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Деновиве на интернет кружат статии дека твитер фановите покреваат иницијатива Дизни хероината Елса од цртаниот филм Ледено Кралство(Frozen) во продожението да и најдат девојка со што таа ќе стане првата геј принцеза. Се почнало кога 17 годишната Алексис Изабел на твитер споделила хаштаг #ДајтеидевојканаЕлса (#GiveElsaAGirlfriend), кој потоа е ретвитуван неколку илјади пати. Во своето објаснување Алексис вели дека додека растела никогаш не видела принцеза да се заљуби во друга принцеза. Индустирјата секогаш ни претставуавала девојки кои се вљубуваат во ѕверови, огри кои стануваат човечки суштества, дури и жени кои се вљубуваат во пчели. Но никогаш не сме виделе хoмосексуална врска. Понатаму, младата активистка, која е геј објаснува дека сексуалната ориентација на Елса ќе ја смени играта, со тоа што на младите девојчина ќе им се даде шанса да разберат дека една принцеза може да сака друга принцеза исто како Пепелашка го сака Принцот и дека тоа би било витално за нивниот развој, заклучува таа. Никој не заслужува да биде изолиран и збунет за тоа кој е. Се што ни треба е некој да ни покаже дека постојат и други опции за нас, друг вид на принцези и друг начин да се има среќен крај каков што заслужуваме, вели таа.
Ме интересира какво е вашето размислување за ова? Дали се согласувате со оваа девојка дека тоа би било добар начин да им се објасни на нашите деца дека постои и нешто друго освен брак/врска помеѓу маж и жена или сметате дека тоа е табу и не би требало да го има во цртан филм?
06.05.2016, 13:51
sandriana RR
2924
Хомосексуалноста не е табу, или не би требало да биде, но сметам дека не и е место во цртан филм кој го гледаат деца од 3 - 4 години. Зошто? Затоа што толку мали деца се уште ја учат и ја разбираат основната врска машко-женско (која е основна биолошка нормална врска - за опстојување на видовите), и се друго, поразлично само би ги збунило. Во ред е да се најде начин да се доближи, објасни и разстигматизира постоењето на геј, но не сметам дека тоа е во ваков вид на цртан филм, следен од најмладите.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
06.05.2016, 19:07
lukajana RR
1481
Лоша идеја ептен , јас не би дала моите деца да гледаат таκов цρтан. Во ноρмални семејство би станала голема забуна за односите меѓу ρодителите . Сигуρно го планиρаат за децата во хомо бρаκови ама не е ноρмално на тоκκу мали деца да им се пушта таκов цρтан
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
07.05.2016, 19:36
Defne90 RR
1991
Хомосексуалноста како сексуална ориентација воопшто не ја оспорувам и во никој случај не су, против таквите врски.Е сега сето тое е нешто што сепак е одлика за светот на возрасните и тие прашања во врска со сексуалната ориентација би требало да ги засегаат само возрасните и зрели луше.И во никој случај не и е место во детски цртан филм што само може да ги збуни нејзините најмали гледачи:Јас како мајка во никој случај не би дозволила моите деца да гледаат таков цртан филм во кој се промовира нешто што сепак колку и да не сме против тоа и колку и да веруваме во слобода во сексуалчна ориентација, сепак е неприродно.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
15.05.2016, 08:35
Палешка РР
7505
Сметам дека на ваков начин многу девојчиња ќе бидат разочарани и збунети. Толку е популарен тој цртан филм и толку многу мали девојчиња се идентификуваат со Елса, што е крајно безобразно да се користи во вакви цели Децата кои ја гледаат и обожуваат Елса (2-8 години) се многу мали за да сфатат дека нивната хероина нема да има принц, туку ќе биде геј. Немам ништо против ЛГБТ заедницата, но оставете им ги хероите со кои децата растат на раат.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
25.05.2016, 12:59
vezilka RR
4931
Моето мислење е дека ако воопшто ставаме сексуална ориентација во приказната, тогаш може таа да биде во сите насоки. А во сите приказни има сексуална ориентација., секаде има пронцеза и принц. Јас сметам дека треба да има ликови со поинаква сексуална ориентација во цртаните и прикаските и на тој начин на децата тоа нема да им биде чудно и табу.
Уствари цртаните се толку полни со стеротипи врз кои децата ги градат своите идентитети, што мене ми е иритирачки. На пример, малтене сите принцези се претставени како тенки, високи убавици. Значи уште од таа возраст им се сугерира некој идеал. Па ако се машки ликови тогаш мора да бидат силни, бестрашни хероишта. Тотално безвезе.
Истото е и по ова прашање. Кога веќе си се згнал да претставуваш врска, покажи им ја целата вистина. Треба да бидеме малку реални, Светот се менува. Правилата навигра се менуваат. Се повеќе информации им се достапни на децата. Така да дали ќе го видат тоа во цртаниот или на интернет, некаде ќе го види, и ќе му треба објаснување, е што потоа..Тука сме ние родителите понатаму одговорни. Тоа што ние ќе му го всадиме, таков став ќе изгради понатаму.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
26.05.2016, 12:08
niki
4299
Vo serijata Once upon a time Elsa dobiva devojka Tinejderi ja gledaat taa serija, verojatno za nea e namenet komentarot Licemerno e celo rastenje da im pretstavuvame mit kako vistina a potoa vo najcuvstvitelniot period na sozrevanje koga seksualnosta im e svera na interes da im se frlaat takvibombi Ne fer da gi vospituvame decata da veruvaat vo zabludi i koga ke treba da se soocat so realnosta da bivaat sokirani od nasite lagi i licemerja Svetot e poubavo mesto dokolku vo nego vladee iskrenost
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together