cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

,,Четвртвековна,, криза

clock-img

18.12.2013, 13:49

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Пред некој ден налетав на еден ваков текст ,, Од 25 до 35 годишна возраст патиме од ,,четвртвековна криза,,.
Да не го копирам целиот текс еве само еден извадок.

,,Иако во периодот од 25тата до 35тата година луѓето се наоѓаат во најпродуктивниот период од својот живот, за голем дел од нив, тоа е период на паника и сомневање во самите себеси, или таканаречена “четвртвековна“ криза.
Соочени со премногу избори, денешните млади ги чувствуваат симптомите на средовековната криза предвреме, покажаа резултатите од истражувањата.

Денешните млади, обидувајќи се да донесат правилни одлуки, често пати се вознемирени, депресивни и се чувствуваат заробени во брак или работа кои не ги исполнуваат нивните очекувања.,,

Поентата е всушност дека е поместена границата на познатата ,,средновековна криза,,. Она што порано луѓето го доживувале на ссвои 35-40 години сега почнува многу порано. Младите луѓе веќе од 20-30 годишна возраст не се задоволни со обичен, просечен живот.

Анализирајќи се себе навистина некогаш сум депресивна и меланхолична, некако незадоволна од животот. Иако не сум човек со преголеми амбиции и очекувања сепак очекував поинаков животен пат. Се чувствувам неисполнета, нереализирана, а годините полека ми минуваат. И покрај сите убави работи кои ми се случуваат ете некогаш ме фаќа некоја криза, некое незадоволство. Ако ви се случува истото а не сте знаеле што е ете одговор, модерна ,,четвртвековна,, криза. Сепак истражувањата покажале дека луѓето кои ја претрпеле го намалиле ризикот покасно во животот да доживеат уште една криза. Страдалци, ве утешив малку?user posted image

Па, рр-ајки ја преживувате (преживавте) ли оваа ,,четвртвековна,, криза, и како се справу(в)авте?



< Поракaта ја уредил elenak RR -- 18.12.2013 13:59:46 >

clock-img

19.12.2013, 11:21

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Според годините на излезот сум user posted image ќе ја преживеам. Незадиволството и депресијата на луќето во оваа возраст мислам дека доаќа од неостварените цели и визии за тоа како сакале да им изгледа животот, а како реално им изгледа. На таа возраст веќе нели образовниот процес завршил и треба човек да ја има започнато својата кариера и со крупни чекори да цепа со напред. Треба да е финансиски способен да оформи свој дом и фамилија, каде ќе воспостави свои семејни традиции и ред и поредок. Е се поретко тоа луѓето на оваа возраст го имаат доживеано во таа форма и затоа е депресијата и разочарувањето. Не би рекла дека се поместила границата на кризата, туку се зголемила сиромаштијата. Така мислам јас.

Последни статии

article-img