ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
Мене и на сестра ми, мама дефинитивно ни е најдобра пријателка..и не само мама, туку и тато. Од секогаш сме биле слободни да разговараме со нив и за најтабу темите, буквално како со другарките, така и со нив, за дечковци, за секс, за проблеми во школо..ништо не сме таеле од нив. Кога велам како со пријателка тоа воопшто не значи дека не сме ги почитувале или слушале. Па јас и пријателите ги почитувам..Никогаш не сме се карале или викале едни на други, секогаш сме ги слушале нивните совети, но секогаш било оставено на нас да одлучиме што ќе правиме. Не сме имале строги забрани, туку само топли препораки. Со нас тоа функционираше одлично..и јас сакам да бидам мајка исто како мајка ми.
Мајка ми воопшто не беше ваква мајка, ниту пак и успеа да биде авторитет, а јас се трудам и сакам таква мајка да и бидам на ќерка ми.
По мое мислење строго авторитетното поставување кон некого само води да се создаде јаз меѓу луѓето наспроти да донесе било што позитивно.
Јас воопшто не сум авторитет за мојата ќерка, но таа не ме вика на име туку мамо и баш вчера ни се случи нешто што е доказ дека ја почитува мојата личност и потреби. Спиеше и кога спие јас времето си го користам за себе, читав нешто. Се буди и веднаш орна за игра почна да ми носи играчки. Јас само махинално и реков: Те молам остави ме да завршам со ова и потоа ќе дојдам да си играме. По некое време мм ме прашува што таа прави бидејќи едноставно ја снема, ни глас не и се слушаше. Јас пак отсутно одговорив дека веројатно си игра. Тој појде да ја провери и ми вели дека си ја земала омилената кукла си се гушнале и гледа во плафон, едноставно ништо не прави. Дури кога завршив појдов кај неа, си се изгушкавме и реков благодарам што ме почека и убаво си се изнаигравме потоа.
Вакви слични ситуации сме имале безброј досега. За ова да се постигне не е потребен авторитет, доволно е човек да знае да каже чекај не можам сега. Нормално постојат работи кои се едноставно невозможни и за нив секогаш се трудам да дадам логично објаснување разбирливо за неа и да објаснувам додека не разбере зошто тоа нешто не се може, никогаш не се повикувам на тоа јас сум ти мајка и ќе биде како што јас ќе кажам.
И тек кога ќе порасне мислам дека пријателскиот однос ќе дојде сосема до израз и ќе допринесе да имаме отворен и искрен однос полн со взаемно почитување и разбирање. Сега за сега само поставуваме темели за тоа. Но, живи били па видели велат Србите.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together