cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Алергија на хемикалии

clock-img

28.06.2010, 22:24

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Покрај широкиот спектар на алергии кои ги напаѓаат бебињата и децата,постои и алергија на хемикалии, која многуте педијатри сеуште не ја прифаќаат.
Кај Миа понекогаш на телото (обично на градите) се појавуваат ситни точкички, кои после бањање се губат. Беа во многу мал број и брзо се губеа, па матичната не им обрна поголемо внимание. На последниот преглед ми предложи да ставам дупло помалку прашак и омекнувач, да видиме дали е случајно од тоа. И вистина, Миа не се нафрлила оттогаш.
Дали сте приметиле вакво нешто кај вашето бебе и дали некој ви спомнал дека е можно да е од хемикалии?




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

28.06.2010, 22:31

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Кога Јана беше многу мала се исфрли така на раменици и јас се шекнав. Одам кај педијатарот а она ми вика гледајќи ја онака од далеку: „Е добро де, ништо не и е, некоја контактна алергија од некоја хемикалија“.
Потоа за среќа и помина а јас ништо не сменивuser posted image .
На внук ми сеуште (3,5 месеци) му ги перат алиштата на рака, повеќе пати ги плакнат и не ставаат никаков омекнувач зарад таа алергија на хемикалии од сретства за хигиена.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

29.06.2010, 09:22

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

И мојата ќеркичка исто така имаше црвени точкички на градите и кога ја однесовме на педијатар, ни рекоа дека е можно да е од прашок за перење, и докторката ни препорача да користиме само НИла, бидејќи тој е послаб. 

clock-img

29.06.2010, 09:46

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Потоа пак ни се јави алергија, па докторката рече дека е од Јекодермот (бидејќи перам со НИла- не може да е од тоа), па ни рече да ја мачкаме со Пантексол- и еве од тогаш нема ништо, за среќа.
И сега сакам да почнам да користам некое млеко за тело, од овие бебешкиве, ама се ми е мисла да не и се јави пак некоја алергија.
Ајде помогнете ми какво млеко за тело користите вие?

clock-img

29.06.2010, 14:49

clock-img

nataly_13215

pencil-img

99

zdravo, felly kazi mi kolkavo e bebceto i dali nekoj od vas roditelite imal nekoja alergija dosega ili nekoi promeni na kozata. Od koga i e alergijata dali se cesa? sto se e stavano? pisi mi i privatna poraka ako si od skopje da ti pomognam.pozdrav

clock-img

29.06.2010, 15:18

clock-img

Isabella

pencil-img

111

Nikakvo hemisko sredstvo, samo cista voda. Ja banjame samo vo voda od koga se rodi pa do denes, ima 5 i polovina meseci i e perfektno cista. Na prasanjeto do koga samo so voda, detskata doktorka ni odgovori "dodeka ne pocne da mirisa" user posted image . Ne koristime nikakvi kremi ili masla za telo, edinstverno Pavloviceva za gazeto. Od prasaci koristam tecen gel senzitiv i omeknuvac senzitiv za nejzinite alista, a vlazni maramcinja isto senzitiv. Do sega nemame nikakov problem so kozata!!!

clock-img

29.06.2010, 15:27

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Za sreka sega nema nikakva alergija. A inaku prethodno posle kapenje ja mackavme so jekoderm, a sega so panteksol mast i nema nisto.

clock-img

04.12.2015, 20:35

clock-img

MajaLeon

pencil-img

9

Јас на моето синче алиштата му ги перам на раце еве веќе 4 месеци, до пред 1 недела му ги перев само со прашак Merix (детски) а почнав сега и со омекнувач Semana реков да пробам и го набљудував цел ден не се нафрли и не е алергичен на омекнувач. user posted image

Последни статии

article-img