cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Ајде да пишуваме Кирилица

  
clock-img

17.03.2009, 13:22

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Сите ќе се согласите дека треба да се потрудиме на форумот да пишуваме на кирилица! Еве неколку упатства:

1. Избор на Македонска поддршка:

а) Македонска поддршка е веќе поставена на вашиот компјутер
Во овој случај имате 2 начини да ја промените поддршката од Англиски на Македонски и обратно

  • Со истовремено притискање на ALT и Shift
  • Во делот на тулбарот - долу десно, постои ознака EN, со клик на него, ќе ви се понуди опција за избор на македонска поддршка (МК), потребно е да кликнете за промена на подршката

б) Македонска поддршка сеуште не е поставена на вашиот компјутер
Во овој случај потребно ве делот на тулбарот - долу десно, да се позиционирате на ознаката EN, потоа со десен клик на ознаката ви се појавуваат неколку можности за избор. Изберете settings, по што ви се отвора нов прозорец во кој е потребно да притиснете на копчето ADD, по што добивате нов прозор во кој на паѓачкото мени Input language треба да одберете Fyro Macedonian (за жал е Фиром означено бар на мојот компјутер user posted image ). Ви останува само да потврдите за изборот со клик на ОК а потоа Apply.

2. Користење на македонските букви кои не се обележани на тастатура

Еве каде може да ги најдете буквите кои можеби ви создаваат проблеми при пишување со Македонска поддршка.

Ш - {
Ѓ - }
Ч - :
Ќ - "
Ж - |
Њ - W
Љ - Q

 
Па да пишуваме Кирилица!



_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

17.03.2009, 14:23

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image Браво Јулие,за ова имаш пијачка во барот од менеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

22.04.2009, 07:47

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image vcera kom.mi bese blokiran, maz mi vikna nekoj da go napravi,i kasno si zamina, sega koga da pisuvam i so makedonska poddrska pak mi pisuva latinicauser posted image edvaj cekam da stane maz mi i da go bara toj da mi kaze vo sto e problemot,se porbav ama ne odi....ke vi pisam pokasno koga ke si ja vratam kirilicata nazad na mojot kompjuter!user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

22.04.2009, 07:56

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

draga Elena, sve je za nešto dobro;) ja sam tvoju poruku prečitala puno brže
ali čitam kako napraviti kompjutor, da pisuva cirilicu pa ništa ne razumjemuser posted image

opet trebam pomoč konvertera http://www.agora.org.mk/goodbytes/enmkonvert/default.asp

nadam se da češ uskoro pisuvat na kirilicata

clock-img

03.06.2009, 12:53

clock-img

Еца

pencil-img

6692

 Мало потсетување за оние кои одвреме навреме забораваатuser posted image

http://www.youtube.com/watch?v=-GicVHQLZh4


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

05.06.2009, 20:22

clock-img

Боцко

pencil-img

806

Поставување на поддршка за македонски јазик (проширено)
Се врши на следниов начин:
1. Кликнете Start, па потоа на Control Panel.
2. Двоен клик на Regional and Language Options.
3. Кликнете на табулаторот Languages, потоа на Details, и на крајот кликнете Add.
4. Под Input Language, пронајдете и изберте го FYRO Macedonian.
5. Под Keyboard layout/IME, кликнете на кодна страница за тастатура FYRO Macedonian и потоа кликнете OK.


_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

05.06.2009, 22:57

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

пуно хвала бадбаби за п.м., успело ми је user posted image user posted image user posted image
за сад само покушавам, надам се да сам све добро направила, ха, ха, ха

за оне које читате, дали изгледају сва слова ок или нешто фали

поздрав од агнес77user posted image

clock-img

05.06.2009, 23:07

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image user posted image user posted image Браво Агнес...само така продолжи...супер ти оди..сите букви се точни...БРАВО

clock-img

10.06.2009, 11:38

clock-img

lide78

pencil-img

128

срамота со латиницава,ама навика

_____________________________

Колку убав ден!

clock-img

27.08.2009, 08:05

clock-img

mami

pencil-img

8680

http://www.youtube.com/watch?v=-GicVHQLZh4

ајде ова за добро утро и за потсетување на една азбука која ја имаме одамнина

clock-img

27.08.2009, 11:19

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Македонски се пишува со Кирилица! user posted image user posted image user posted image user posted image
Со пишувањето на кирилица, значи постоиш, значи постои Македонија!


user posted image МАКЕДОНСКИ СЕ ПИШУВА СО КИРИЛИЦА

Иако е создадена пред повеќе од 10 векa, токму тука на нашиве простори, во земјата на древни цивилизации, со прегорната работа на светите Кирил и Методиј и со посветеноста на Епископот Охридски Свети Климент, како и многубројните ученици и мисионери, кои нивното дело го продолжиле, се чини дека во временското и просторното траење, кирилицата по малку неправедно како да се подзaборава. Поточно, сета нејзина убавина, инспиративност и сликовност, со сè поретката употреба, како да потклекнува.

КИРИЛИЦАТА Е УБАВА
Еднакво е убава, испишана со мајсторската рака врз пергаментот по кој се лизга перото или со техниките на новите мајстори, сместени на компјутерските тастатури. Со спојување и комбинирање на 31 буква од нашата азбука, можат да се изразат сите зборови на овој свет. Само со зачувување и со користење на кирилицата, може да се изрази сета нејзина убавина, но и да се зачуваат колективниот идентитет и индивидуалното определување на секој од нас. И затоа: додека пишуваме на кирилица – постоиме. Сè додека ја користиме кирилицата, сето она што е најблагородно и највредно во нашето колективно и индивидуално битие ќе биде зачувано. Зачувано од заборав и вредно за траење. А постои само она што трае.

КИРИЛИЦАТА ПОСТОИ И ЌЕ ТРАЕ
И затоа своето име пишувај го со кирилица... или името на својата земја... или името на својата мајка... на својата љубов... или имињата на своите желби и тајни. Обиди се да замислиш голема светлечка реклама испишана со кирилица како се „смешка“ преплавена со светлоста на новиот ден и новото доба...Обиди се да погледнеш на ѕидовите во улицата на твоето детство и ќе видиш убава, чиста и читка табла, испишана со убава, чиста и читка кирилица. Сети се на својата прва љубов, на првиот изговорен збор, на својата прва напишана буква, на своето прво писмо, на првата прочитана или напишана книга... и ќе видиш дека сè е поврзано со твоето прво писмо.

Богатството е во разновидноста. А кирилицата нуди толку многу разнолики можности за примена и за унапредување.

Настојувај да ги откриваш сите нејзини волшепства и да бидеш уверен дека во рацете држиш силно и моќно оружје на модерното доба, кое го надахнува нашето постоење.

И сè додека пишуваме на кирилица, ќе постоиме!


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

27.08.2009, 11:24

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Како дополнување на Палешка  http://www.youtube.com/watch?v=ZRDVF2RoAIg  user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

28.08.2009, 22:55

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Јас пишувам кирилица, а ти?user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

28.08.2009, 22:57

clock-img

jana

pencil-img

46

user posted image и ја одсега. Браво за ова што сте почнале овака да нас потикнете да пишеме кирилица, user posted image

clock-img

16.09.2009, 07:10

clock-img

daniel

pencil-img

209

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Сите ќе се согласите дека треба да се потрудиме на форумот да пишуваме на кирилица! Еве неколку упатства:

1. Избор на Македонска поддршка:

а) Македонска поддршка е веќе поставена на вашиот компјутер
Во овој случај имате 2 начини да ја промените поддршката од Англиски на Македонски и обратно

  • Со истовремено притискање на ALT и Shift
  • Во делот на тулбарот - долу десно, постои ознака EN, со клик на него, ќе ви се понуди опција за избор на македонска поддршка (МК), потребно е да кликнете за промена на подршката

б) Македонска поддршка сеуште не е поставена на вашиот компјутер
Во овој случај потребно ве делот на тулбарот - долу десно, да се позиционирате на ознаката EN, потоа со десен клик на ознаката ви се појавуваат неколку можности за избор. Изберете settings, по што ви се отвора нов прозорец во кој е потребно да притиснете на копчето ADD, по што добивате нов прозор во кој на паѓачкото мени Input language треба да одберете Fyro Macedonian (за жал е Фиром означено бар на мојот компјутер user posted image ). Ви останува само да потврдите за изборот со клик на ОК а потоа Apply.

2. Користење на македонските букви кои не се обележани на тастатура

Еве каде може да ги најдете буквите кои можеби ви создаваат проблеми при пишување со Македонска поддршка.

Ш - {
Ѓ - }
Ч - :
Ќ - "
Ж - |
Њ - W
Љ - Q

 
Па да пишуваме Кирилица!


clock-img

28.09.2009, 08:55

clock-img

niki

pencil-img

4299

Ајде и јас да ви се приклучам во кампањата да пишуваме кирилица.
Ама споро ми оди, на компјутер кирилица многу долго не сум пишувала.

clock-img

28.09.2009, 08:56

clock-img

mis.

pencil-img

3845

user posted image user posted image user posted image со тек на време ќе се навикнеш.user posted image user posted image user posted image

clock-img

28.09.2009, 09:11

clock-img

mami

pencil-img

8680

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ники...

clock-img

28.09.2009, 09:19

clock-img

niki

pencil-img

4299

Со секое отворање на одговор треба да менувам јазик, дали е и кај вас така? Ме нервира тоа секогаш заборавам, ке испишам пола пост и тогаш сваќам дека сум пишувала латиница и ај одново.

clock-img

28.09.2009, 09:25

clock-img

mami

pencil-img

8680

зависи, ако работиш преку Internet exporel зависи која верзија ја имаш, пробај да ја апдејтуваш до најновата за да можеш да отвараш повеќе Tabs, а ако имаш Mozila ili Opera не би требало

clock-img

28.09.2009, 15:13

clock-img

kiki_riki

pencil-img

317

а боцко боцко да те немасе ке моравме да те измислиме, колку убаво објаснето а јас зивеев во заблуда дека кај мене на компјутерот не е мозна мк поддрска  фалаааuser posted image

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

clock-img

29.09.2009, 00:36

clock-img

Jasna

pencil-img

44

Еве и јас да ви се придржам....Браво за кирилицата

clock-img

22.10.2009, 08:59

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Додека пишувам кирилица-постојам, затоа мои рингерајковци да пишуваме КИРИЛИЦА.

user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

05.12.2009, 23:20

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Зашто да се бламираме и да пишуваме на латиница во постови кога се зборува македонски, да има недоумици дали е ова ц или ч, с или ш исл. Да се мачиме да дешифрираме зборови кои се така јасни напишани на кирилица, пример една гушка до тебе на латиница би било edna guska do tebe, е сега дали е гушка или гуска ајде разбери. Уште еден апел да пишуваме кирилица на Рингераја!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

05.12.2009, 23:21

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Прекрасно видео како да пишуваме кирилица. КЛИК

_____________________________

And this is my beautiful life ...

Последни статии

article-img