cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Бактерии кај предвреме родени бебиња

clock-img

27.03.2010, 18:53

clock-img

Annuska

pencil-img

7

Здраво.
Јас сум нова на форумот и ме интересира дали има некој искуство со КЛЕБСИЕЛА кај предвреме родени деца, колку  е опасна и колку брзо може да се излечи.
Се породив во 34-та недела . Бебето беше 1.400 гр. и сеуште е на интензивна нега

clock-img

30.03.2010, 15:16

clock-img

Saturn

pencil-img

208

Здраво Annushka,

Јас во принцип не сум многу стручна за да одговорам на прашањето, но за жал на мои пријатели им се случи истото, дополнително со ешерихија коли. Она што го разбрав е дека таа бактерија најчесто се „закачува“ во болнички услови. Разбрав дека имало повеќе такви случаи во Гинеколошко-акушерскиот центар (на клиника). Тоа е бактерија поврзана со менингитот, но не бил оној опасниот вирусен, но не значи дека е и безазлено. Се зависи од детето. Се третира со јаки антибиотици, знам дека даваат антибиотици кои би го спречиле одењето на антибиотикот во мозочето. Детето може во рок од отприлика месец- два да се исчисти потполно од тоа, а дали ќе има последици дури покасно може да се види.

Се може да заврши без никакви последици, но стресот и секирациите на родителите се неминовни. Ваквите мали ангелчиња се препраќаат на детско оделение, таму најчесто ги води др Сајковски. Човекот е навистина ептен стручен.
Испраќам многу позитивна енергија и сила до сите мали златца што сеуште не си дошле домче од болница после пораѓање user posted image

clock-img

01.04.2010, 13:37

clock-img

Annuska

pencil-img

7

Фала за одговорот, разбрав и од други за што станува збор,. Моето мало анѓелче нема да се врати дома, за жал. Мојата Ќерка ја нема повеќе. Посакувам на никој да не му се случи ова што ми се случи мене. Најмногу ме боли што јас немав никакви бактерии и родив здраво бебе кое добро напредуваше со килажата, и преку ноќ се смени се, таму ја фати бактеријата.
Како да се преброди ова?
БОЛИ МНОГУ!!!

clock-img

01.04.2010, 13:43

clock-img

Annabel

pencil-img

425

Анушка мила, иако не те знам, навистина ми е многу жал и немам зборови што можат да те утешат...Биди силна, се надевам имаш поддршка од сопругот и најблиските.

clock-img

01.04.2010, 13:47

clock-img

mis.

pencil-img

3845

анушка мила многу ми е жал за тоа што ти се случило.немам зборови за да те утешам,нема зборови што ќе ја намалат твојата болка.Мора да бидеш јака и да издржиш и колку што можеш да ја намалиш болката во тебе.Имај верба дека еден ден ќе го имаш твоето бебенце во раце.Ние сме тука со тебе да те ислушаме и да ти помогнеме колку што е можно повеќе да ја намалиме твојата болка.Гушки за тебе

clock-img

01.04.2010, 13:52

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Аnnuska,немам зборови да ти кажам колку ми е жал и колку многу ме погоди ова што ти се случило!
Биди храбра, а знам дека ќе бидеш, зошто ние жените и во најтешките моменти наоѓаме храброст и сила да продолжиме понатаму!

clock-img

01.04.2010, 13:59

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image annuska многу ми е жал за тоа што се случилоuser posted image user posted image user posted image знам дека што и да кажам нема да ти ја намали болката...user posted image user posted image но мораш да бидеш храбра, ние сме тука со тебе за да те подржувамеuser posted image





_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

01.04.2010, 13:59

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Мила наша,најмила Annuska...Што да кажам,веројатно сега за тебе нема тежина...Најголемата тежина ти ја имаш во твоето срце....Тежината наречена празнина...Ги нема малите рачички да те гушнат,милите очиња да те погледнат,нема дел од тебе,сега...Дел кој секогаш ќе фали... Биди храбра,веројатно ќе речат сите...Ќе речам и јас,иако знам дека храброста не напушта тогаш кога нешто лошо ќе се случи...Кога ќе се скршиме и нема враќање назад...Самата си кажа...Таа е сега мало ангелче,кое ќе те прати секогаш во животот,каде и да си...Најдлабоко сочуство до тебе,душо моја...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

01.04.2010, 14:11

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Што и да ти кажам мила Анушка знам дека нема да те боли помалку, само ти посакувам Господ да ти даде сила да издржиш со подршка на најблиските и еден ден повторно да се радуваш на еден мал живот. Не можеш да замислиш колку ми е жал, зашто и јас имам изгубено едно детенце и потполно те разбирам како се чувствуваш. Моите две бебиња (близначиња) се родија пред време и едното живееше само три дена и до ден денес никој не не извести и не ни кажа зошто не преживеа. А Никола ја имаше истата бактерија КЛЕБСИЕЛА која јас никогаш не сум ја имала и најверојатно ја фатил таму, ама за голема среќа кај него се излечи додека лежеше на Интензивна. И мене многу работи ми останаа неразјаснети во врска со другото бебенце за кое немам никаков документ да се види што се случувало со него и зошто го изгубив синчето. Анушка, знам дека боли многу, и ден денес ме боли за моето мало чедо, ама мораш да бидеш силна да се бориш и понатаму за да се израдуваш на едно мало бебенце кое ќе ти ја ублажи болката, а сите ние сме тука за тебе да ти дадеме утеха и поддршка.

clock-img

01.04.2010, 14:31

clock-img

Saturn

pencil-img

208

Оф леле колку ми е жал user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Ни на пријателите детето уште не им е вратено дома, уште е во болница. Еве веќе 2 месеци е во болница, но ни кажуваат дека го исчистиле од бактеријата, но за последици не се знаеuser posted image
Мила Анушка, многу ми е жал, премногу. Имајте сила, по некое време сигурна сум дека повторно ќе се сретнеш со две мили окца со кои ќе си дојдете дома здрави и прави.

clock-img

01.04.2010, 14:36

clock-img

Annuska

pencil-img

7

Фала на сите што се обидувате да ме утешите, мамасане и мене ништо не ми кажуваат како мојата ќеркичка ја фатила бактеријата, дури криеја од мене за каква бактерија станува збор, не сакаа ништо да ми кажат, и уште не ми е јасно како се тоа случи. Знам дека треба да се гледа напред, да бидам силна итн ама многу е тешко.Барем да не ја запознаев, мислам дека полесно ке ми беше, а вака се дружевме една недела, се беше во ред, ја галев, и на крајот си дојдов сама дома.
Зошто се случуваат вакви неправди

clock-img

01.04.2010, 15:00

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Жал ми еuser posted image user posted image user posted image Мислам дека што и да напишам повеќе, излишно е!

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

08.04.2010, 09:29

clock-img

Palce

pencil-img

123

Лелеее Анушка незнаеш колку ми е жал...user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Прими сочуство и од мене,знам дека ти е тешко и ни едни зборови сега нема да те утешат но пробај да бидеш силна и да продолжиш понатаму...И јас едно бебенце имам изгубено но тоа почина уште во стомак и не е исто кога ќе го родиш па од после да почине...
Што се однесува до бактеријата...јас незнам за каква бактерија станува збор но и докторите на дет клиника интенизвен оддел знаат дека таму им хараат еден куп бакетрии а ништо не превземаат...Децата ќе се родат здрави -прави и од една бактерија ќе се случи најлошто..Јас се породив во Љубљана баш од тие причини,заради интензивниот оддел кај нас..Барем во Љубљана се грижат безпрекорно за чистотата каде што лежат бебињата во инкубаторите...Кај никого ништо не интересира,само се гледаат нивните интереси,пари...а никој не се грижи за детските животи...Овде ни рекоа,па подобро што сте си отишле таму...овде недај боже може некоја бактерија да ве спопаднеше..:Еееееј замисли,луѓе на одделот што работат го зборат тоа...Знаат и ништо не се превзема,демек ако те фати,те фати,ако не супер ќе биде...СРАМОТА едноставно за негрижата за децата и за државата која ќе гради споменици на плоштад место да се направат подобри болници...Лелее многу сум изреволтирана посебно сега кога слушнав дека едно невино детенце починало,а моќело да биде здраво и живо...Мамасане незнаев и за тебе дека си го изгубила другото бебенце таму...И како бе може да не ти објаснат што се случило? Па што не ги тужиш?
Извинете за огромниов пост...
Анушка уште еднаш...премногу ми е жал..пробај да бидеш силна..
Гушки до другите....user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

08.04.2010, 11:09

clock-img

matushka

pencil-img

510

Lele mila, me rasplaka.. zal mi e mnogu. Bidi hrabra, kolku i da e toa nevozmozno, ostani uporna i veruvaj deka srekata ke dojde na tvoja strana i ke go imas najubavoto bebe na svetot.

clock-img

08.04.2010, 11:25

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  навистина многу ми е жал што ви се случило сето оваа малку се сите зборови за вашата утеха но сепак животот продолжува user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

08.04.2010, 13:20

clock-img

mamasane

pencil-img

140

Палче, еве да ти одговорам за другото бебенце. Да не грешам душа ама мислам дека за него повиновни се докторите на Интензивниот оддел на Гинекологија каде што лежев 8 дена пред да се породам и дури седмиот ден ме прегледаа на ЕХО за да констатираат дека плодовата вода е скроз истечена кај едното бебе што беше прво поставено и кога го прашав докторот што значи тоа и може ли нешто да се направи тој цинично ми одговори дека не може вода со инка да ми стават. А неколку дена им викав дека чувствувам како нешто ми истекува и дека влошките ми се влажни а они на тоа ми рекоа дека сигурно е од некоја инфекција и на тоа остана, никој не сакаше да се потруди да ме прегледа, а ако тоа на време се воочеше дека плодовата вода истекува можеби ќе ми беше живо и другото бебе, зашто разликата меѓу него и Никола беше само 20 грама и се до тогаш беше во ред со него. Ама изгледа тоа што останал без плодова вода неколку дена си го направи своето. Можеби и немам право ама бидејќи не добивме никакво известување за тоа што е причината што ми почина бебчето, сега може само да претпоставуваме. После сето тоа што се случи бевме премногу потресени и неизвесноста околу тоа како ќе биде ситуацијата со другото бебе си го направи своето и бевме под преголем стрес така што немавме сила да почнеме да испитуваме зашто се заврши на тој начин.

clock-img

05.05.2010, 17:55

clock-img

bibice

pencil-img

1

Здраво! Разговоров ме мотивираше да се зачленам на форумов и да Ви го раскажам и мојот случај.
Како прво голема благодарност до сите вработени на одделот за Интензивна нега при Детската Клиника,сите тие се стручњачи кои прават све што е во нивна моќ. Се породив пред Нова год. во 36 недела поточно 3-4 дена само што влегов во 9ти месец,со пукнат водењак и со провокации родив ќерка.Таа имаше потешкотии со дишењето и наредниот ден,утрото со Брза помош ја однесоа Скопје,на Интензивна нега.Да се вратам назад,не стигнав да ги направам микробиолошките брисеви зашто мојот гинеколог сметаше дека има време,дека ќе се породам точно на терминот(а јас се породив 27дена порано), а на брисевит земени во 3от месец од бременост ми открија Ureaplasma urealithicym која според мојот гинеколог ја имала секоја 2ра жена, и која не е потребно да се лечи.Сега,да се вратам кај ќерка ми,имаше пневмонија,прво и одкажа едното белодробно крило,кое беше дренирано,па другото и тоа дренирано,се стабилизира состојбата,изолираа Klebsiella aerogenes,за среќа антибиотикот кој и беше даван одговараше на оваа бактерија,дополнително се накалеми Escherichia colli,настана сепса и секој ден го поминував во пекол,во неизвесност.одделена од мојата душа.За среќа све добро се заврши,си дојдовме дома точно на 40от ден од раѓањето.Прашував од што настанала пневмонијата, и одговорот беше дека наследила инфекција од мене која ја предизвикала пневмонијата кај ќерка ми, исто и предвременото раѓање.Можеби придонесе и Уреоплазмата неизлекувана,никој незнаеше со сигурност.Најважно ми беше дека помина.Бебувчињата се најкревки,полесно се лепат бактерии на нив,имунитетот им е заслабнат.Решена бев да направам микробиолошки брис,за да сум сигурна и чекав одреден период.Резултатот беше ист за  Ureaplasma urealithicym,уште си ја имам,плус во цервикалниот и вагиналниот брис откриен ми е Streptococcus agalactie. Барав информации за овој стрептокок,за кој гинекологот ми кажа(се разбира новиот) дека кај новороденчињата предизвикува тешки конатални инфекции, и јас прочитав дека овај стрептокок кај новороденчињата предизвикува пневмонија,сепса,менингитис. Па сега се лечам и јас. Многу ми е жал за сите бебчиња кои не успеале да се изборат, а иначе тие се најголеми борци

clock-img

12.05.2010, 00:11

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Предвреме родените деца се особено осетливи на инфекции затоа што нивниот имун систем сеуште не е развиен а тие се родени пред да добијат адекватни нивоа на имуноглобин G од мајката кој ги заштитува до созревање на сопствениот имунолошки систем. Сепсата претставува многу сериозна состојба и одлагањето на нејзиното третирање може да биде опасно по животот а иницијалните знаци се неспецифични и тешко се воочуваат. Поради овие причини, доколку постои сомневање за сепса се препорачува третманот со антибиотици да започне без да се чекаат резултатите од хемокултурата а потоа доколку е потребно терапијата да се модифицира. Неонаталната сепса може да се категоризира како рана (започнува во првите 6 дена од животот) или одложена (почеток после првата недела од животот). Раната сепса е асоцирана со пренесување на микроорганизми од мајката на детето било трансплацентарно, било преку колонизираниот родилен канал и најчесто се работи за group B Streptococcus (GBS), Escherichia coli, Haemophilus influenzae, и Listeria monocytogenes па емпирискиот третман со антибиотици е насочен кон овие бактерии. Антибиотици од избор за првиот ден од животот најчесто се ампицилин или пеницилин во комбинација со аминогликозид (гентамицин). Некои автори препорачуваат цефалоспорин од трета генерација наместо аминогликозид но овие лекови често предизвикуваат витамин К дефицитарни хеморагии (што во случајот може да биде спречено заради администрацијата на витамин К), резистенција се јавува значително побрзо отколку кон аминогликозидите, а забележани се и антагонистички реакции со други бета лактамски антибиотици (како што се пеницилините). После петтиот ден терапијата треба да се прилагоди кон резултатите од хемокултурата. Терапијата треба да се прекине по 2-5 дена доколку хемокултурата е негативна и не се најдени ризик фактори кај мајката. За разлика од иницијалната сепса, терапијата наменета за одложена сепса во својот спектар  да ги вклучува и болнички стекнатите микроорганизми како што се стафилококус, ентерококус и Pseudomonas aeruginosa. Комбинацијата од пеницилин или ампицилин во комбинација со аминогликозид е ефикасна и за третман на одложена сепса, меѓутоа во случај на нозокомијални инфекции се преферира нетилмицин или амикацин. Доколку постои сомнение за инфекција со псеудомонас комбинација од аминогликозид и цефалоспорин (цефоперазон и цефтазидим) или пеницилин со широк спектар (Пиперацилин и азлоцилин) е терапија од избор. Во случај на инфекција со стафилококус, треба да се пристапи кон терапија со пеницилиназа резистентни пеницилини (oxacillin, nafcillin, и methicillin) или пак  ванкомицин како алтернатива.

Литература:
Newborn Services Clinical Guideline http://www.adhb.govt.nz/newborn/Guidelines/Infection/AntibioticsForNeonatalSepsis.htm ·
Neonatal Sepsis(Sepsis Neonatorum http://www.merck.com/mmpe/sec19/ch279/ch279m.html ·        
Respiratory Distress Syndrome http://www.emedicine.com/ped/topic1993.htm ·        
IPA Journal (INCH) Vol. 9 #1; Article: "ANTIBIOTIC USE IN NEONATAL SEPSIS", http://www.healthnet.org.np/pediatric/yurd.html

< Поракaта ја уредил Тања -- 12.5.2010 0:13:02 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

22.05.2010, 00:47

clock-img

mama maca

pencil-img

58

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

05.01.2011, 17:06

clock-img

Saturn

pencil-img

208

после многу месеци од последниот мој пост на овој форум случајно во весник прочитав дека бактеријата клебсиела „косела“ бебиња на Клиника. Неколку бебиња умреле на едно дежурство. Грозен текст, државниот санитарен инспекторат мнооогу одамна не бил таму. Имало уште две гадни бактерии и децата кои биле на интензивна нега биле најзагрозени (веројатно таму биле бактериите најмногу). Катастрофа

clock-img

03.04.2011, 00:05

clock-img

bombica

pencil-img

917

Mnogu dobro treba da se ispitaat uslovite na intenzivna na GAK samo ocigledno nema koj da go napravi toa.Gi rodiv moite dve angelcinja na tocno 28 nedeli no za zal ne ziveeja dolgo 2 i 6 dena.Mi rekoa deka pocinale od sepsa sto ja dobile od meneuser posted image 6 dena pred raganjeto mi bea napraveni site brisevi i site bea negativni znaci infekcijata ja nemaat dobieno od mene tuku od nehigienskite uslovi vo bolnicata.Cevkata so koja ja aspiriraa ( ednoto bebe ne uspeav ni da go vidam) stoese do inkubatorot, koj znae kolku pati so taa nesterilna cevka e aspiriranauser posted image A za odnosot na edna od doktorkite...pa ne sakam ni da se podsekam taa zena( da ne ja imenuvam) pred se nema dusa, nema ni ronka covecnost vo nea i ne mi e jasno kako moze takov covek da raboti na toj oddel...grrr i posle 1,5 god mi se kreva kosata koga ke pomislam na neauser posted image

clock-img

04.04.2011, 10:51

clock-img

skorpijana

pencil-img

683

zalno e sto imame takvi uslovi za nasite bebinja i sto sekoj den novi deca zaboluvaat od nekoja bolest ili bakterija bolnicite ni se haos a za personalot da ne zboruvam
higienata a i nivnata neprofesionalnost doprinesuva vo zaboluvanje i negata na novorodenite a i na majkite
se poveke i poveke stanuva loso
na site mamicki koi ne se so nivnite decinja i posakuvam pobrzo da ozdravat i da si bidat so niv da gi gledaat svoite angelcinja kako rasnat i da im se raduvaatuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

clock-img

06.02.2012, 16:21

clock-img

leo#

pencil-img

12

Здраво на сите.
Јас сум нова на порталот.
Најнапред сакам да им посакам среча и мн.храброст на сите мајки кои ги чекаат своите бебенца да им се вратат.За голема несреќа јас ја немав таа можност.Се породив на 20-ти декември и родив близначиња машко 1600 и женско 1320.Причината за предв.да се породам беше тоа што д-ката не ми обратила доволно внимание,а јас имав инфекција Enterococcus1.000.000 ,брисеви ми немаше земено од 4-ти месец кои тигаш беа поз.на кандида и кламидиа но ми даде лекарства.Тој ден кога ги виде рез.од уринокултура (кои сите ги правев на своуја рака без та да ми каже дека тоа е битно) прокрварив и ми прсна водењакот а бев 28 неела и два дена.Ме чуваа недела и пол за да примам две зреења со пукнат водењак.
Се породив на клиника и бебенцата веднаш на клиника.Ни даваа надеж но девојчето почина точно после една недела,а машкото после три недели.Кога прашавме која е причината сите ни рекоа ека тоа е од enterococcusot.Во извештајот пишуваше дека имале klebsiella aerogenes и на нивните инкубатори пишуваше sepsa +.Од каде???????Не ми се верува.Барам на инт.но никаде неможам да најдам дека сепсата и клебсиеллата се од enterococcusot.
Неможам да поверувам дека ги нема моите две ангелчиња.Остнав со празни раце.Немам волја за живот.е прашувам како понатаму?user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ...........................user posted image user posted image user posted image

clock-img

03.12.2012, 20:34

clock-img

marina111

pencil-img

49

знае ли некој каква е оваа терапија и за што се користи
AB TERAPIJA TOLYCAR

clock-img

02.02.2016, 09:24

clock-img

Neurotoxin RR

pencil-img

413


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

Женички, ај помош додека барам информации, некој ако има некое познавање или искуство. Се работи за инфекција вагинална со Клебсиела, значи бељата е направила, жената е отворена, на клиника лежи, во 29 недела. Тој момент го одржуваат, бебушот е добар на ехо, цтг одлично нема контакции, супер е бебето, но... дали некој има инфо дали инфекцијава може да наштети и како може да наштети на плодот додека сеуште е внатре?

Докторите таму даваат одговор дека тоа не се знае, неможе сега да знаат за тоа, тоа би се видело отккао ќе се роди.




За ова пишував во вагинални инфекции за време на бременост, да ве информирам, дека бебчето не додржа и се роди на 31-ви. Сега за сега е стабилно и во инкубатор, родено е во 31-ва недела, и нормално има пневмонија со клебсиела. Родителите сакаат да го пренесат од ГАК на детско одделение што мислам дека е попаметна идеја. Темава не е активна веќе подолго време, се надевам тоа е така зашто немало случаи вакви, но ако има некој позитивно искуство би сакала да ми пренесе. Се молам за сите мали борци, да издржат и да си дојдат дома со своите родители.

Последни статии

article-img