Веќе ни е познато гостувањето на Еца во Журнал каде зборуваше за соработката меѓу РР и Бебешките приказни.
Како што беше најавено, стартуваше соработката на нашата Рингераја со Бебешките приказни во склоп на емисијата Журнал на сител телевизија. Нашето последно дружење во игротеката Тиквичка го означи стартот на оваа меѓусебна соработка која се надеваме дека ќе прерасне во прекрасно уживање за сите нас.
Дел од оваа соработка помеѓу порталот РР и Бебешките приказни на Сител телевизија ќе бидат и снимањата на рингерајки и рингерајковци бебиња и деца, чии мајки и татковци ќе зборуваат на различни теми за своите деца, а видеата ќе бидат поставувани тука, во оваа тема, за сите ние како членови на РР да може да ги видиме.
Инаку емитувањата ќе бидат на Сител телевизија во склоп на Бебешките приказни кои одат околу 8 часот во емисијата Журнал.
Во тој контекст би сакала да ве информирам дека во вторник на 10.11.2009 околу 8:15 часот на Сител телевизија ќе се емитува снимањето на мој Дамјан, на тема Сликовница.Сите што сте во можност гледајте не,а за оние што нема да бидат во можност да не гледаат ќе биде постабвено клипче од You tube.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 10:14
mother 29
4405
проф ве снимаа ли?беа кај вас или како ?!
06.11.2009, 10:32
profesorica
5709
да ...не снимаа дома кај нас.Разговаравме на тема:Сликовница!!! колку Дамјан го влече читањето, колку е заинтересиран, кои сликовници му се омилени и така.Интересно.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 10:38
mother 29
4405
да не потсетеш ден претходно ,да не заборавиме!
06.11.2009, 10:43
profesorica
5709
Да да обавезно во понеделник ќе потенцирам . кој може и од работа на зулу нека гледа а јас работам на случајот како да обезбедам клипче за на ју тубе.ќе биде!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
06.11.2009, 12:26
mami
8680
потсети ме во понеделник попладне да наместам да се снима, па ке го поставам во средата
09.11.2009, 13:56
Mila na mama
1152
Утре( вторник) 10.11 гледајте го Дамјан на професорица во Бебешки приказни на Журнал. Прилогот е за сликовниците и нивното влијание врз развојот на фантазијата и говорот кај децата. Колку слика, а колку текст, застапеност на колоритот наспроти текстот, задржување на вниманието зависно од возраста. Почеток околу 8 15. Мами те молам намести за снимање и тоа снимено сосе најавата во која ќе се спомне рр и што може да се најде на порталот како и за нашата соработка.
_____________________________
love u all
09.11.2009, 13:58
Mila na mama
1152
Следна тема Ортопед и широк повој. Ми треба искуство од родител. Помогнете ми да ја убедам мис она е со тв искуство, ја снимав на рр журката.
_____________________________
love u all
09.11.2009, 14:02
profesorica
5709
ајде мис обавезно да се согласиш, јас те уверувам не е ништо страшно, во домашна атмосфера опуштено и супер ќе испадне ќе видиш.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
09.11.2009, 14:02
mother 29
4405
ајде мис те убедувам
ауууууууу јас не сум знаела дека мила на мама е нашиот "новинар"
09.11.2009, 14:04
profesorica
5709
Мами нека снима за секој случај а и јас нешто се трудам да обезбедам па може ќе поставам и клипче на ју тубе за сите да го гледаат.
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
09.11.2009, 14:14
Еца
6692
Да, да утре ќе гледаме обавезно, а еве и еден јавен апел до сите мамички, тука да дискутираме која тема е добро да ја обработиме, кој би сакал да го каже своето искуство, некој проблем што го имал со своето дете и начинот на кој го надминал. Еве јас се договорив да направиме прилог за Алергија на млеко и млечни производи и јас ќе го кажам моето искуство. Ајде мамички да помогнеме со своите искуства, давајте предлози, пријавувајте се...
< Поракaта ја уредил Еца -- 9.11.2009 14:15:32 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
09.11.2009, 14:16
Mila na mama
1152
Убави испаднавте не се секирај ко Швеѓани да сум снимала
Инаку договорив уште една тема со педијатар за температури, вируси, промена на надворешна температура како влијае, дали е вирус или бактерија, кога сируп, кога чепче а кога само туширање и разладување. Кои испитувања се неопходни.
Мамички сите имаме искуство на оваа во овој период посебно актуелна тема. Која сака да го сподели своето и да ги посоветува понеискусните?
_____________________________
love u all
09.11.2009, 14:18
profesorica
5709
а баш ме интересира, дали ќе бидат вклучени само членови од Скопје или е можно снимање по другите градови?Бидејќи имаме доста активни членови кои можат многу да кажат а се од друг град, кочани или слично.
Мила на мама???
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
09.11.2009, 14:19
mother 29
4405
јас однапред кажувам...скарана сум со камерите
09.11.2009, 14:20
profesorica
5709
хаха и јас така викав, хаха ама ме стави во небрано Мила на мама и морав се шегувам, супер е, не е ич страшно.а оваа темава за температура не да ќе ти легне Мотхер29 уф уф!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
09.11.2009, 14:23
mis.
3845
Леле кај ме најдовте за камери сум А плус сум во некој хаос спремам дупли роденден на моите дечиња и тешко ќе најдам време ај понатака да се стабилизирам со хаосот во мојот живот.
09.11.2009, 14:24
mother 29
4405
има многу пред мене ехххххххххххејјјјјјј мами,мисс.....
и зашто да прават лугето арчови до кочани кога таму во ск.на брзина
09.11.2009, 14:29
Mila na mama
1152
За другите градови теба малку организација зашто ако одам на пр. во кочани треба покрај Мотхер 29 да снимам уште 2-3 прилози од Кочани и околината да ми биде оправдано патувањето. Прва ми е во план бетпет и храбрата Теодора, а за другите патувања ке се договараме, здравје има време.
_____________________________
love u all
10.11.2009, 08:01
profesorica
5709
За некоја минута најверојатно по вестите на сител ќе почнат бебешките приказни - КЛИК И ГЛЕЈ
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
10.11.2009, 08:28
Еца
6692
и јас чекам, најверојатно сега ќе биде.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
10.11.2009, 08:29
srekna mama
316
ајде да гледамееее
10.11.2009, 08:38
srekna mama
316
Бравоооо! и за Дамјан и за мама!Одлични бевте
10.11.2009, 08:40
profesorica
5709
многу го употребував зборот ЗНАЧИ-хахах од трема. беше.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
10.11.2009, 08:46
STRUMFETA
566
bez gajle profesorice,izgledavte prekrasno i dvajcata.Samo pofalni zborovi i se najubavo.