cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Беби рецепти

  
clock-img

09.03.2009, 12:23

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

Тарана со павлака
од 12 месеци

  • 30 гр. тарана120 мл.вода
  • 20 гр.путер
  • 100 мл.павлака
    Во тенџере на оган се става водата и путерот и малку сол доколку тараната не е солена. Кога ќе зоврие водата со путерот се додава постепено тараната и постојано се меша.Потоа се остава да се вари 15 до 20 минути.Кога ќе биде готова тараната се става во тањирче и кога малку ќе се подизлади се додава павлаката

  • clock-img

    09.03.2009, 12:26

    clock-img

    vesna_kr

    pencil-img

    217

    Каша од јаболко и банана
    (од 6 месеци)
    Потребни состојки:


  • едно јаболко
  • една банана
  • една супена лажица мелени плазма бисквити
  • малку вода или млеко
    Излупете го јаболкото,исечете го на парчиња и ставете го да се вари во претходно провриена вода.Варете околу 2-3 минути.Свареното јаболко и бананата, измиксирајте ги во блендер.Мелените плазма бисквите потопете ги во топло млеко или во водата во која се вареше јаболкото и додајте ги во овошната каша.

  • clock-img

    09.03.2009, 12:27

    clock-img

    vesna_kr

    pencil-img

    217

    Десерт од јаболка и крушка
    2 јаболка
    1 круша
    1 жолтка од јајце
    ½ кафено лажиче сок од лимун
    1 кафено лажиче кафеав шекер
    1 кафено лажиче вода
    Излупете, отстранете ја сршта и исецкајте ја на малечки коцкици јаболката и крушата . Додајте ги лимоновиот сок и водата . Крчкајте на тивок оган во мал сад додека не омекне овошјето, околу 20 минути.
    Згмечете или направете пире со посакуваната густина.Матете ги јајцето и шекерот додека не се изедначи смесата. Печете на 175 Целзиусови степени околу 15 минути..
    Јадењето се служи изладено.

    clock-img

    10.04.2009, 17:39

    clock-img

    mama H

    pencil-img

    3

    Сте пробале ли банана и кисело млеко? Супер е бебето ептен го јаде.

    clock-img

    28.04.2009, 23:11

    clock-img

    mama Sanja

    pencil-img

    12

     Zosto receptot so tarana e od 12 meseci?
    Taranata se dava i porano, kako i makaronite, spagetite i pavlakata.

    clock-img

    29.04.2009, 08:21

    clock-img

    mami

    pencil-img

    8680

    пити од зелечук:
    морков
    тиква
    компир
    пашканат
    брокула
    по желба пилешко
    од се ставате колку што мислите дека би сакале вашите најмили
    се убаво се сецка, тиквата се ренда и се става да се издинста убаво- брокулата посебно од останатите...кога ке биде се убаво разварено, се цеди остатокот од водата, се додава брокулата и се става во намачкани со малку путер калапи за мафинс и се пече 30мин во загреана рерна
    се сервира со што сакате...Лука ги сака со павлака
    а се дава откако бебушот ги пробал сите артиклиuser posted image

    clock-img

    29.04.2009, 09:04

    clock-img

    mis.

    pencil-img

    3845

    Тараната содржи млеко и може од тие прижини потребно е малку да се почека.А макароните и шпагетите нели содржат јајца или им давате без јајцаuser posted image user posted image user posted image а за клутен мозе и порано.

    clock-img

    29.04.2009, 22:54

    clock-img

    mama Sanja

    pencil-img

    12

    Makaroni, spageti i davam od tie bez jajca sto se, jas i za nas gi koristime tie, ima i tarana od razni proizvoditeli, i od nea ima so jajca i bez jajca, so mleko ili bez mleko, zatoa me zbuni od 12 meseci.

    clock-img

    20.06.2009, 19:03

    clock-img

    Еца

    pencil-img

    6692

    Мамички горе во содржина во рецепти ви напишав неколку рецепти за бебиња во Исхрана за бебе, видете дали ви се допаѓаат и дали сакате уштеuser posted image user posted image

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    clock-img

    20.06.2009, 20:19

    clock-img

    mis.

    pencil-img

    3845

    Елена рецептите се супер па ако знаеш уште сподели ги и со нас.Инаку не ми е јасно какви снегулки се става тие од виталија или оние на хипп,милупа...А оние што се прават со млеко со какво да го спремам пошто немам доволно за со него да спремам храна,адаптираното да го вријам?или кравјо за мали бебиња ???Имам 100 прашања па ајде појаснете ми ги дилемите.

    clock-img

    20.06.2009, 20:36

    clock-img

    Еца

    pencil-img

    6692

    Мис, какво млеко во моментот пие?Со такво ќе му ги подготвуваш и оброците, инаку за житариците ако си му давала од хип и не ти направиле алергиска реакција тогаш можеш слободно и житариците на виталиа.Јас од 8 месеци директно почнав со корнфлекс и онаа мешавина на 4 типа житарици, убаво ќе ги сварам во нашиот случај со соино млеко (бидејќи потопени не можат да омекнат толку како за бебе)и со блендер ги пасирав, со тек на време почнав и непасирани да и ги давам.И фала богу досега ние не сме имале проблеми со крвта, и се си мислам дека житариците многу беа значајни во нејзината исхрана.

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    clock-img

    20.06.2009, 20:39

    clock-img

    Еца

    pencil-img

    6692

    Инаку имам уште рецепти кои деновиве ќе ги поставам, денес нешто и времето ме омалаксаuser posted image user posted image

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    clock-img

    20.06.2009, 20:43

    clock-img

    mis.

    pencil-img

    3845

    Елена ние уште се доиме а му давам млечни кашички на хипп.милупа и хумана кои се подготвуваат со вода и тие му ги мешам со овошје и зеленчук но ќе пробам и на виталија со адаптирано и да ги изблендирам.Но адаптираното ли да го варам?

    clock-img

    20.06.2009, 20:58

    clock-img

    Еца

    pencil-img

    6692

    Мис искрено јас немам користено адаптирано млеко, но ќе видиш во упатството како се подготвува, јас пример кашичките и ги правев со вода и додека е топла и додавам лажиче соино млеко и мешав.Ако некоја од мамичките правела кашички со адаптирано млеко ќе ја замолам да ни пише и да ни објасни малку поубаво.user posted image

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    clock-img

    20.06.2009, 21:21

    clock-img

    mis.

    pencil-img

    3845

    Елена фала ти многу навистина ми помогна.Ќе се обидам да ги најдам и ќе му понудам дали ќе сака но прво да се консултирам со педијатар.user posted image user posted image user posted image

    clock-img

    21.06.2009, 09:26

    clock-img

    mami

    pencil-img

    8680

    mis не го вариш адаптираното...само го спремаш како и обично за пиење ког му го правиш и такво го ставаш...тој веќе наполни 6 мес така? можеш да пробаш со обично кравјо и малку водичка, јас така му ги правев и повеќе ги сакаше

    clock-img

    24.06.2009, 07:49

    clock-img

    Еца

    pencil-img

    6692

    Мамички горе во содржина во рецепти ви напишав уште рецепти за бебиња во Исхрана за бебе,овој пат повеќе супи, и сакам само да ви кажам дека доколку сакате, телешките коски можете да ги сварите, да ја процедите водата, да ја оставите да се излади и да ја замрзнете во замрзнувач во садовите за лед што се, или во кеси како лед што мрзнеме.Така два до три пати неделно кога му правите солен оброк на детето да ставате по една коцка од телешките коски.Поздраво нешто , здравје!Јас редовно правев вака за малата,а и сега понекогаш.

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    clock-img

    09.07.2009, 04:51

    clock-img

    bambi

    pencil-img

    96

    Aj pisete nekoj recept za so pcenkarno brasno?
    Pcenkata na lino ne ja saka pa sakav da probam nesto so pcenkarno brasno i jogurt na primer. Inaku se raboti za 7 mesecen bebus.user posted image












    clock-img

    09.07.2009, 08:53

    clock-img

    mami

    pencil-img

    8680

    бамби и мојот не ја сакаше пченката сама како кашичка, па му ја мешав со оние овошните од лино или пак му рендав јаболко во неа и така проаѓаше

    clock-img

    09.07.2009, 13:50

    clock-img

    mis.

    pencil-img

    3845

    Беби рецепти можете да најдете и во содржина/рецепти

    clock-img

    14.07.2009, 10:36

    clock-img

    Еца

    pencil-img

    6692

    Мамички поставив нови беби рецепти горе во содржина,рецепти.user posted image

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    clock-img

    02.08.2009, 23:22

    clock-img

    BEBICA

    pencil-img

    2014

    Bambi a zasto mora gotovo pcenkarno brasno na lino mozes i sama da napravis od pravo pcenkarno brasno no ona fino, bas ko brasno a ona gruboto sto e za palenta.
    Moj predlog ti e ovakov
    Vo edno tendzerce stavi edno 120ml. voda i dodaj malku puter i stavi da provre.
    Vo meguvreme vo malo dlaboko tanjirce stavi 50ml.voa i stavi 2 lazicki pcenkarno brasno i rastvorigo kako da pravis puding.
    Koga vodata ke zovrie dodaj go rastvorenoto brasno i mesaj da ne se storat grudvicki, mesaj edno 2-3 minuti toa brzo se vari deka e bas ona fino brasno.
    Koga ke se svari stavi go vo tanjirce, a bidejki maliot ti ima 7 meseci mozes slobodno da dodades ili pavlaka edno lazice ili kiselo mleko.Pa pisimi dali ne bi go probal ava tvojoj mal sin.
    Pozdrav se nadevam deka ti pomognav

    clock-img

    04.08.2009, 14:13

    clock-img

    bambi

    pencil-img

    96

    fala bebica ke probam, inaku imam kerka, Jana, a ne sin.

    clock-img

    04.08.2009, 16:31

    clock-img

    BEBICA

    pencil-img

    2014

    iZVINI bambi ne e namerno no od brzanje sum zgresila i jas imam kerkabutre pravi 10 meseci.ako sakas ke ti pisam uste receptiimam okolu 100tina.A seto toa sum go probala na kerka mi
    Pozdrav

    clock-img

    04.08.2009, 16:32

    clock-img

    BEBICA

    pencil-img

    2014

    vesna receptot so tarana ti e super

    Последни статии

    article-img