за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
На малите деца тешко може да им се објасни дека не треба да ги ставаат прстите во штекерот, да не си играат со запалката, да не ги гризат каблите ... За да спречите секоја можност за повреда на вашето дете, погрижете се да ги обезбедите сите места кои во домот претставуваат потенцијална опасност за малите “истражувачи”.
Бања
- Хемикалиите и лековите држете ги во пластични кутии кои децата не може сами да ги отворат. Проверете ги и фрлете ги лековите и хемикалиите штом пројде нивниот рок на траење.
- Никогаш не оставајте мало дете само во када додека се капе. Децата може да се удават и во вода која е длабока 10 cm.
- Ниеден електричен уред не треба да биде вклучен во бањата додека некој се бања.
- Пожелна е заштитна брава која ќе го спречи детето да го отвори орманчето во бањата или фиоката со ножеви во кујната.
Спална соба
- Не оставајте опасни предмети на отворените полици или наткасни.
- Детските кревети не треба да имаат метални окови.
Дневната соба
- Затворете ги штекерите и сокријте ги каблите во домот со нивно спроведување во канал за таа намена, со прилепување за подот со специјална лента или со нивно поставување зад мебелот.
- Не ги чувајте опасните предмети на дофат на децата.
- Купувајте парчиња мебел кои немаа остри рабови.
- Ако имате камин, оградете го со решетки прицврстени за ѕидот. Никогаш не сушете алишта на тие решетки.
- Покријте ги сите штекери со пластични маски, така да детето не може директно да дојде во контакт со струјата.
- Запалките и кибритот никогаш не ги држите на дофат на децата.
Претсобје
- Влезот во куќата мора да биде добро осветлен, особено ако има скали или високи прагови. Најопасни се претсобјата кои имаат мали простирки на глатките подни површини кои се лизгави. Во ваков случај тие треба да бидат прицврстени за подот.
Кујна
- Сите мали домашни апарати треба да имаат кратки кабли (по можност спирални) за да детето не се закачува во нив.
- Внимавајте садовите за готвење со рачките да не излегуваат надвор од границите на шпоретот.
- Приборот за ручање, а особено ножевите и острите предмети нека бидат ставени на место надвор од дофат на децата.
- Аларм за случај на пожар е корисна направа во домаќинството.
Прозорци
- Прозорците треба да ги обезбедите со сигурносни брави за да децата не можат сами да ги отворат. На нив може да поставите и заштитни мрежи или решетки.
- Парчињата мебел на кои децата можат да се качат не ги поставувајте веднаш под прозорецот.
Врати
- На големите стаклени површини на вратите или на плакарите залепете провидна пластична фолија. Така стаклото нема никого да повреди доколку се скрши.
- Држачите за вратата го забавуваат отворањето и затворањето на вратата, па со самото тоа ги спречуваат повредите.
- Изберете врати кои немаат остри рабови.
Мебел
- На рабовите на мебелот може да поставите пластични или гумени штитници.
Скали
- На скалите не треба да се оставаат предмети. Ако се обложени, облогата треба да биде прицврстена, а гелендерот треба да биде добро прицврстен.
Таван
- Поставете ограда околу отворот за влез во таванот, а прекинувачите поставете ги на места на кои ќе можете да го запалите светлото пред да дојдете на таванот.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
28.09.2010, 22:06
Snowhite RR
5042
Не сум искоментирала, значи како вие го обезбедувате домот? Михаил еве почна со дубакот да шета низ цел стан и да фаќа по штекери, да ги отвора вратите од работната маса, фиоките, буричка во кантата, да фаќа во иците од двд плеерот каде што е поврзан со тв итн Кога внукот од девер ми стаса да ги прави овие работи, дома беше се изврзано, излепено, забарикадирано со столици и фотељи, качувано на високо, навистина не ми се допаѓаше глетката, а и ние стасуваме на таа фаза и навистина не сакам и мене станот така да ми изгледа. Ако знаете некој совет, ве молам пишете. За штекерите има посебни капачиња за затворање, мислам дека и за фиоките и вратничињата од куњата има „нешто“ како држач или така нешто што кога ќе отвориш го враќа назад, ако знае некој нека објасни подобро и нека каже каде се купуваат такви работи за сигурен дом на нашите најмили, да не бидат повредени
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
28.09.2010, 22:09
Snowhite RR
5042
Значи сите тие работи ги прави со дубакот, а тек кога ќе почне да оди ехехее, ќе биде весело
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
28.09.2010, 22:22
lukas
2148
lele snowhite so me ceka nabrzo i mene znaci a?nie sme 7 meseci sega zasega samo go trga carsafot ,ednas prevrti kikiri od masa taka,sreka ne mu padna na dubak da lapni...uf uf doprva ke ima trckaranje,hihiihihih,ke oslabam,bez dieta..
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
28.09.2010, 23:11
mama26
3977
i kaj mene ne izgledase bas naj naj ama morav taka radi bezbednosta na deteto.u sekoj slucaj treba nekoj da vnimava na nego celo vreme....iako nie mislime e bezbedno sekogas mozat da najdat nacin kako da ne iznenadat...
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
28.09.2010, 23:17
Felly RR
7977
Исто и кај нас, ние обезбедуваме со столици, табуретки......
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
фаќа по штекери, да ги отвора вратите од работната маса, фиоките, буричка во кантата, да фаќа во жиците од двд плеерот каде што е поврзан со тв (на МАтеа и беше тоа најомилено, ама ги извадовме жиците, па ги заборави) итн
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
29.09.2010, 11:55
blue_blue
893
Snowhite се тоа што си навела се купува во NUK, Ciccho, Mothercare и во Jumbo во Солун имаше, овде не сум видела, ама сигурно ќе донесат. Има и за штекери и за вратички да ги затвориш (оние што се две вратички од шкавче), има и за фиоки, има и за ивици од маси, комоди гуми што се лепат. Не се баш евтина инвестиција, ама се многу корисна. Инаку од што имам читано за детска психологија, психолози велат дека на детето не треба да му се вика не, не таум, не тоа, не ова зошто тоа не разликува што е тоа не, за него вашата реакција е само - со ова го привлеков вниманието на мама/тато значи пак ако направам вака, пак ќе ми обрнат внимание. Велат да ги игнорирате, или ако стане опасно по живот да ги тргнете беш никакво објаснување. Кога ќе бидат од 2 години нагоре може да се почне со објаснување зошто е нешто опасно. Ќерка ми се качуваше на ептен висока комода на која ги пресоблекував како бебиња. Секогаш кога ќе се качи викаше по мене, демек мамо се каќив и рипаче горе. Иако срце ми беше во петици ја оставав и ја игнорирав, не и обрнував внимание. После 3 пати престана да се качува, сосема изгуби интерес.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
Не сум искоментирала, значи како вие го обезбедувате домот? Михаил еве почна со дубакот да шета низ цел стан и да фаќа по штекери, да ги отвора вратите од работната маса, фиоките, буричка во кантата, да фаќа во иците од двд плеерот каде што е поврзан со тв итн Кога внукот од девер ми стаса да ги прави овие работи, дома беше се изврзано, излепено, забарикадирано со столици и фотељи, качувано на високо, навистина не ми се допаѓаше глетката, а и ние стасуваме на таа фаза и навистина не сакам и мене станот така да ми изгледа. Ако знаете некој совет, ве молам пишете. За штекерите има посебни капачиња за затворање, мислам дека и за фиоките и вратничињата од куњата има „нешто“ како држач или така нешто што кога ќе отвориш го враќа назад, ако знае некој нека објасни подобро и нека каже каде се купуваат такви работи за сигурен дом на нашите најмили, да не бидат повредени
29.09.2010, 12:23
mami2
417
Има доста работи во Џамбо, поефтини се отколку во Чико. Јас како докажан параноик во однос на детската безбедност правев неколку работи: - на масата во дневна прекривач затегнат со ластик, на ногарките замотани перничиња слични на оние за пластичните столици; - на половина фиоки и вратички извадени рачки, ставени магнети од внатрешна страна; - на фиоките во кујна протната пластична цевка од првата до долу; - на прозорците ги променивме рачките со онакви што се со клуч; - сите средства во купатило се во плакар без рачка, само со брава; - на едно стаклено масиче залепив фолија од долна страна;
Се што може да се бутне од типот на украси, вазни, и да се повреди е кренато, јас не сакам нон-стоп да викам и да ги ограничувам децата во движење и запознавање на просторот, а и да бришам прашина од непотребни работи.
Не се грижете ако домот изгледа како во предвоена состојба, има време кога ќе биде се како во музеј.
Се ова ме чека пак за еден месец... бебушот порасна, па ќе ги ставам тркалцата на дубакот...
30.09.2010, 13:13
Snowhite RR
5042
Баш пред некој ден видов продавница на Jambo во Прилеп, па ќе појдам да видам што има Инаку и јас мислам ако се игнорира детето побрзо ќе загуби интерес да прави така, наместо цело време да му се вика не, не, ете внук ми на пример колку повеќе му забрануваа толку повеќе одеше на истите места до ден денеска, иако има 2 години. Јас би направила вака, ако отвора во работната маса и вади работи оттаму, ќе наредам пластични чаши и садови, односно предмети со кои не може да се повреди, во фиоките исто така ќе ставам алишта и хартија, а другите работи кои не се за префаќање ќе ги ставам поназад, т.е. на недостапни места. Е сега ова ми е планот, па ќе видиме, тоа не значи дека и јас нема да го направам станот, како што вели мами2, како во предвоена состојба
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
30.09.2010, 13:21
anedespo
940
Јас немав вазни и такви ситни предмети со години, станот е супер безбеден за децава. Не ги ограничувам, нека играат слободно. Само имав проблем со ташната на свекрва ми , ја оставила на стол а внатре еден куп лекови и детево лапало дијазапами, среќа што веднаш видовме па на чистење во болница. Ако ти пазиш другите не пазат. Масите ми беа сите со кебе фрлено одозгора да не ги исчукаат главите од ивиците, а во се што е во кујна на нивни дофат нема ништо опасно. Се е горе.
30.09.2010, 19:10
elle
613
Страшно е ова што го прочитав со дијазепамот. Во право си ако ние пазиме а другите не пазат џабе е, јас имам проблем со оние црните шноли расеани се низ куќата во секој кош јас не ги користам но не живееме сами колку и да ги собирам, кога почна да лази туку ќе најде некоја и се се плашам да не ја стави во уста или било како лесно може да се повреди со нив но само Господ нека ја чува
_____________________________
Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА
01.10.2010, 14:19
Martins mom
3342
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite
Баш пред некој ден видов продавница на Jambo во Прилеп
Малце надвор сум од темата, ама има Џамбо во Прилеп
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
01.10.2010, 14:44
Snowhite RR
5042
Викендов имавме гости од Скопје и таа, гостинкава прочита на едно место Џамбо, и баш ме праша имате Џамбо продавница? Јас реков не знам, слабо излегувам и прв пат ја гледам, па планирам да проверам деновиве, таа рече според знакот, логото, таа е продавницата
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
01.10.2010, 14:54
Martins mom
3342
Оооо...ај осигурај се дали е вистина Џамбо и информирај ме, па ќе ве посетам
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
01.10.2010, 19:49
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Оооо...ај осигурај се дали е вистина Џамбо и информирај ме, па ќе ве посетам
no problem
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
28.01.2011, 16:50
Felly RR
7977
Ние собата цела ја преорганизиравме, за да биде побезбедна, ама сега нешто друго ме мачи, како го обезбедувавте креветчето кога вашето дете почна само да станува? Што да направам за да не може да се преврти од креветче кога ќе се разбуди од спиење? Зошто некогаш може сум во друга соба, и нема да ја видам дека се разбудила, а сама си станува, и се држи за оградата, и ако се наведни може многу лесно да падне
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.01.2011, 17:32
penelopa
3419
Фели јас мислам да и го спуштите креветчето на најниско ниво така нема да може да се преврти или да падне.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
29.01.2011, 09:17
Felly RR
7977
Е убаво ќе беше да се спушташе, ама не се спушта
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
29.01.2011, 12:18
Twins
1228
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly како го обезбедувавте креветчето кога вашето дете почна само да станува?
Felly jas go imav ovoj problem i prasuvav na poveke forumi megjutoa nikoj ne mi dade konkretno resenie pa samaeve na ovoj nacin go resiv, ne e nekoe resenie ama kolku tolku pomaga.
< Поракaта ја уредил Twins -- 29.1.2011 12:19:34 >
29.01.2011, 17:53
Snowhite RR
5042
И Михаил почна кога ќе се разбуди да станува в креветче, си стои за сега се држи му е интересно, фрла долу се што ќе најде во креветчето, ама ми е страв да го оставам сам, да не се наведни преку креветче да падни, така да скоро и да не го оставам сам.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
29.01.2011, 18:07
mami2
417
Нашето креветче е дрвено и кога ја надминавме фазата „душече најдоле а оградата крената“ ја извадивме страницата која се крева-спушта. По мерка направивме даска која ја прицврстивме на постоечките дупки за нивелација на висината на душекот. Даската беше широка околу 10 см, доволно да штити да не падне при спиење, а кога ќе се разбудеше следеше учење на безбедно префрлање преку даската и спуштање долу на под. Ова му се виде интересно и брзо совлада
06.07.2011, 00:45
nadica
4381
надица сеуште спие во бебешко креветче на кое сама се качува и се симнува преку ограда бидејќи била голема ама сакам или да и ја извадам оградата или да ја преместам во друг кревет како да ја осигурам дeка нема да падне?
< Поракaта ја уредил nadica -- 6.7.2011 0:46:50 >
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
06.07.2011, 08:48
anedespo
940
Jas toa go resiv na nacin sto ja izvadiv ednata stranica od krevetot i go zalepiv do spalnata. Taka da ako saka da se simne odi preku spalnata, a ne se prefrla preku. A i polesno mi e za kontrola navecer.
06.07.2011, 09:02
Felly RR
7977
Надица, има еве и вакви огради за во големо креветче ако спие Ама па според мене се многу скапи. Сепак може да импровизираш нешто слично.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.07.2011, 09:53
Џесика
2036
Надица, јас Борјан веќе неколку месеци го префрлив во голем кревет, 90-200 цм, и од едната страна ми е залепен за ѕид, а од другата страна му ја ставив комодата со негови алишта, а на самиот кревет го заградив со онаква перница за доење, ко потковица што е. Насекаде одоколу имам милион перничиња мали, големи, и ниеднаш не паднал до сеа. Оваа ограда од Фели е супер, ама не ми е таков креветот, немам на што да ја натакнам.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!