writing-img

Би советувале одбрана и одмазда или повлекување!

  
clock-img

26.05.2009, 23:54

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Како би постапиле кога вашето дете би го удрило некое друго дете? На пример во градинка некое детенце го удрило вашето најмило како би реагирале и што би му рекле на вашето дете? Би го учеле да се тепа и тоа, утредента да му врати или да и каже на воспитувачката и да седи мирно?

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

27.05.2009, 08:46

clock-img

mami

pencil-img

8680

па прво ке разговарам со воспитувачката и ке му кажам да си седи мирно и да не се закача, ама ако тоа почне константно да се повторува е тогаш ке си седнам на муабет со неговите родители и ако ништо не превземат ке му кажам да врати на ударите- па нема цел живот оно да трпи некој да го тепа

clock-img

27.05.2009, 10:01

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Е баш јас имав неколку ситуации со Мартина, надвор таа да притрча кон некое дете и тоа да ја удри.На неколку пати така, и веќе му пукна и и дома и реков Никогаш да не сум те видела прва да се закачаш со деца, треба да си играте и да се дружите, но ако некое те удри, слободно врати му.И така неколку пати и кажував и децата знаете дека се сунгер.Излегуваме пак и штом ја виде тоа момченце(а не се знам со неговите за да сега одам и им објаснувам, мислам надвор сме гледаат што им прави детето, па требада бидат свесни и да реагираат)како Мартина се приближува кон групата дечиња, и се стрча и оп ја плесна, е сега беше она акција реакција, ама Мартина му удри бокс и ова почна да плаче.Ништо не изреагирав, ја фатив за рака и тргнавме да си го бараме нашиот другар Лука.Е веќе не се повтори да биде удрена од тоа дете. Мислам треба да се научат децата да знаат од мали да се чуваат и да не дозволуваат поради некои такви деца да се повлечат во себе.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

27.05.2009, 10:10

clock-img

mami

pencil-img

8680

елена се сложувам со тебе..детето треба да се одбрани а не да трпи да биде тепано...а мразам кога има тотално несовесни родители кои гледаат дека детето им е тепач и ништо не превземаат

clock-img

27.05.2009, 10:16

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Па токму тоа и ме изреволтира, а тоа дете покажува сила на секое друго дете, и баш сите коментиравме надвор колку е безобразно, ама сигурно не очекуваше од Мартина таква реакција, ама си го доби.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

27.05.2009, 17:27

clock-img

niki

pencil-img

4299

Jas imam interesna situacija doma. Cuvam edno devojce od edna poznata moja dodeka raboti, devojcevo ima 15 meseci, a kerka mi 27. Kerka mi nikogas deca ne udirala prethodno i bila mnogu prijatelski nastroena sekogas, ama so devojcevo nastanuva vojna bidejki i dvete sakaat ista igracka. I bidejki mojava e postara i gi otrgnuva igrackite od race, ovaa malava ke ja ispleska so racete. Gi karam si zboram ama se mi se cini djabe. Denes malovo ne ja udri kerka mi, ama pak ovaa nejze ja udri za prv pat, si gi smenija ulogite.
Neznam sto veke da pravam so niv, celo vreme izigravam sudija i pak edna od niv ne e zadovolna ili i dvete.

clock-img

27.05.2009, 19:16

clock-img

biba

pencil-img

50

Uste od mali sum gi ucela da vrakaat ako nekoj gi zakaca, a prvi ne smeat da dugnat raka, zatoa sovetuvam na site da ne go trgaat deteto po strana i tie da gi resavaat nivnite zakacki, tuku da gi ucat decata samite da se branat.

clock-img

07.10.2009, 11:48

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

дефинитивно би советувала одбрана значи ако го удрат да врати а прв да удри никако

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 7.10.2009 11:49:08 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

07.10.2009, 12:07

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

И јас би советувала одбрана, никакво повлекување.А кога ќе почне да разбира син ми ќе го советувам да не дига прв рака на друг.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

06.02.2010, 22:20

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

имавме ние таков проблем со дете од градинка...дури и до родителска ке ја дотеравмеuser posted image

му велев јас на Марко да се тргне кога некој ке го закачне во градинка ,ама кога ми идеше 2-3 дена по ред дома изгребан,сменив тактика...сега е главен во групата..доста се жалев јас од други деца,нека се жалат малку и тие од мој Маркоuser posted image

clock-img

06.02.2010, 22:42

clock-img

nadica

pencil-img

4381


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

па прво ке разговарам со воспитувачката и ке му кажам да си седи мирно и да не се закача, ама ако тоа почне константно да се повторува е тогаш ке си седнам на муабет со неговите родители и ако ништо не превземат ке му кажам да врати на ударите- па нема цел живот оно да трпи некој да го тепа





потпишувам 100%

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

08.02.2010, 13:36

clock-img

zami

pencil-img

574

Bidejki sin mi odi vo gradinka normalno deka sme dosle do temeva.

Negde imam pisano za nasiot slucaj, imeno vo prva mala grupa odnosno na nekoj dve godini, vo grupata im dojde novo detence koe svojot otpor prema gradinkata go iskazuvase taka sto gi grizese drugite deca. A sin mi bese edinstevniot koj go druzese, sto dovede do nekolku zagriza na obrazot so maks. golemina i modrinka koja traese po nekolku dena.
Nie stasavme do direktorkata, ama problemot si pomina sam od sebe i sega se najdobri drugari.

Jas go sovetuvav sin mi da go izbegnuva, ama toj kako za inaaet, pravo kaj nego.
Sega e malku pogolem i poznavajki si go deteto sekogas koga ke kaze nekoj deka go udril ili butnal probuvam od nego da go izvlecam celiot nastan, bidejki ne sekogas drugiot e kriv.
I sekako podobro e da vrati otkolku da bide ,,tepan,, ama se si ima granica.

Za sreka sega za sega sin mi samiot odlicno se spravuva so vakvite slucai i procenuva kaga da vrati a koga ne. Ne deka e cveke za mirisanje, zosto znae da se rcka i da predizvika nekoj da go udri.

Ama seuste se mali za da pocnam da gi svakam ovie raboti ozbilno, ama koga ke trgne vo skolo, e togas sekako deka ke go ucam , da vrati, ama nikogas da ne pocnuva prv.



_____________________________

Allways look on the bright side of life!

clock-img

14.05.2010, 01:11

clock-img

sinolicka

pencil-img

180

prv da se zakaca nikako a ako go udrat da vrati odma nikako da potklekne.moze ne sum vo pravo ama vnukot koga bese pomal sekoj den si doagase od gradinka i se zaleze deka go tepa se edno isto dete(vnukot e mnogu miren).go sednav do mene i mu rekov ako pak te udri da mu vratis.sledniot den koga go zemavme od gradinka vospitackata ni se pozali dekavnukot nas  go udril detetoi mu ja raskrvaril ustata.posle toa nikoj ne ni go zakacase vnuceto

clock-img

14.05.2010, 10:49

clock-img

niki

pencil-img

4299

Јас сум против насилство меѓу децата и постојано кога ја читам темава се чудам на она што опишувате дека се случува во градинките. Едно дете постојано напаѓа друго, а каде се воспитувачките да таквото однесување го санкционираат? Мало дете од 2, 3, 4 години да го учиш да врати ако е нападнато е бесмислено. Тие на таа возраст незнаат да ја проценат ситуацијата и се природно насилни, бидејки сеуште незнаат добро вербално да се изразат, удирањето им е инстиктивен одбранбен систем. Она што ние како родители би требало да го правиме е да ги научиме да бидат толерантни, а не да ги учиме да се бранат, таа природната нивна агресивна природа да ги научиме да ја канализираат на друг начин, а не со удирање на другарчето. Да, деца се и така растат, се соочуваат со несогласувања и реагираат, но родителите или другите лица на кои им се доверени на чување треба да зборуваат дека удирањето во напад, одбрана и одмазда е едноставно неприфатливо и лошо однесување и треба да биде соодветно казнувано.



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

08.05.2011, 23:26

clock-img

mami 3.

pencil-img

60

Jas sum za odbrana. Jas i mm gi ucime da ne zapocnuvaat tie, tuku da se branat. Kraj kraeva ni eden roditel ne bi ostavil deteto da im bide bokserska vreca da go udiraat a toa samo da se povlekuva nastrana. Zatoa sto pred nekolku meseci edno dete ja udri malava moja so igracka po glava ali bas teska igracka, taa pocna da place, jas i kazav na majkata taa samo mu vikase "ne,ne,ne" i jas nisto pak si cutam. Sleden pak taka kerkickata nejzina, mojava ja udrila po vrat zatoa sto mojava zela stolce da nosi i na mojava cel vrat i bese crven. I mene mi pukna filmot koga stanav ja oterav taa vo p... m... i i se razvikav pred site i i rekov deka decata nejzini sto pravat ne e u redu i da ne im vika samo "ne,ne" tuku treba da im objasnis zosto ne smee toa da go pravat, zemaat igracki zelezni i se udiraat vo glava, tie ne znaat sto e toa opasnost i sto mozat da napravat so toa.

clock-img

09.05.2011, 10:01

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Повлекување никако. Не сум ни за одмазда, некако прејак ми е зборот одмазда кога се работи за мали деца, но ако некој ја истепа/гризне/бутне ќерка ми, знам дека таа ќе врати. И никогаш ништо да не сме и рекле, таа си е таква, ако ја закачаш одма ќе ти врати. А и во градинка ги учат да враќаат, да не биле мутавкиuser posted image да трпат некој да ги тепа, и ако некое дете удри/гризне друго ова треба да му врати. Не знам колку им е добра оваа тактика.
Кај ќерка ми има едно дете кое многу гризе, скоро сите деца се обележани од него. И му се зборува стално дека не треба да гризе, но еве веќе цела година ова се случува. И сега им викаат на другите деца - Ако Лука ве гризне, гризнете го и вие, да види како е.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

09.05.2011, 21:13

clock-img

mama26

pencil-img

3977

povlekuvanje ne,mojov direkno resava na lice mesto.

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

09.05.2011, 22:02

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Најпрво ќе и кажам на учителката, па ако се повтори ќе побарам да разговарам со родителите, но смирено, без карање зашто можеби и тие не се криви за однесувањето на детето. Но ќе им посочам да обратат внимание на проблемот.
А секако дека на син ми ќе му советувам да врати, но никогаш прв да не напаѓа.
Зошто да седи како гревче и да не се брани, а некој да го удри или гризне?


_____________________________

Live and let live

clock-img

09.05.2011, 22:07

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Јас сум против насилство, ама и против поттикнување насилство. Мислам дека не треба децата да се поттикнуваат да ги решаваат така проблемите. Ни наставниците, ниту пак родителите да ги поддржуваат или пак советуваат. Премногу се мали и невини и чисти за така да ги валкам заради несовесни родители и наставници. Не викам дека треба да дремат некој да ги тепа, ама кога можат апсолутно да избегнуваат насилство.Не е добро, а и некој може да биде вистински повреден!


< Поракaта ја уредил виктори -- 9.5.2011 22:08:18 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

10.05.2011, 11:45

clock-img

anedespo

pencil-img

940

Jas nikogas ne sum se karala so roditeli nitu imam namera toa da go pravam, iako mojot sin redovno jade kotek vo gradinka. Toa mi e glupavo. Pa setete se dodeka ste rastele. Sega se tepate so drugarka, za pola saat ste pak nerazdelni.
Go ucam sam da se izbori(kolku pati se slucilo na igraliste da go butka nekoe dete, jas ne reagiram, ne go branam, go gledam kako se izboruva sam. Mu zboruva na drugoto dete da prestane zasto ne e ubavo, e potoa ako deteto e stvarno otok moze da dobie i kotek od nego). E jas i vo toj slucaj nema da reagiram duri i majkata da reagira, jas nema da go skaram moeto dete,  samo ke vnimavam da ne go povredi so nekoj predmet.


clock-img

10.05.2011, 16:24

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

не ги учам ни да се повлечат ниту да тепаат други деца. Не е важно кој прв почнал удирање дете е удирање дете. Прочитајте кај сакате ќе ви пишува дека кога дете удира дете или гризе не треба да го учите другото да му врати, ниту пак вие треба да вратите за да види како е...Знае оно убаво како е, и него некое дете го удрило, изгребало, каснало - што мислите од кај научило да удира? Децата се мали за да донесат одлука кога да удрат кога не. Насилство со насилство не се лечи тоа многу пати е докажано.

На почеток кога моите близначки тргнаа во градинка секој ден ми се жалеа дека ги удира едно детенце кое исто така има брат близнак...Наводно стално едниот од нив удира, гребе, ама и другиов не заостанува баш. Јас секогаш им викав да му кажат дека не смее да ги тепа и дека тоа не е убаво, да го искараат, да му подвикнат и да му кажат дека со него не сакаат да си играат зошто гребе и тепа и да си одат на другата страна од занималната и да го игнорираат, односно да не му обрнуваат внимание. За еден месец моите и близнациве станаа најдобри друграи и детево више никад не ги удри.

Дома кога моиве две ќе се закраат одамна сум забележала дека не функционира да им кажувам да вратат...затоа сега ги игнорирам и ако едната плаче и викам оди тоа реши си го со сестра ти, договорете се кога кој со што ќе игра, а до тогаш јас нема да ви зборувам, исто како да не сум тука....И ги игнорирам - немате поима каков ефект има ова....Многу ги навредува што не им зборам-одма се договраат и закачката престанува ОТИ ЦЕЛОТО ГРЕБЕЊЕ И ГРИЗАЊЕ и ШТИПЕЊЕ Е САМО НАЧИН ДА СЕ ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ. Кога ќе видат дека не привлекуваат внимание престанува претставата... 

clock-img

11.05.2011, 07:30

clock-img

mami 3.

pencil-img

60

Jas obicno ne se karam so drugi roditeli, ali ako vidam dek toa dete pred nivni oci se tepa, a oni ne reagiraat, onda odma stanuvam i im vikam deka toa ne e u redu, kako na primer toa dete sto ja udri malava moja so teska igracka po glava, majkamu gleda i ne reagira, toa dete pred nejzini oci si zema nozicki vo race i si se seta taka, taa pak ne reagira sto da mu teknese togas da gi udri moive dve ili bilo koe drugo dete, moze vo oci da gi udri so nozickite ili glava da im dupne. Znaci decata ne znaat sto e toa opasnost, i sto moze da se desi ako taka se udiraat. Na taa majka i rekov 100 pati deka deteto nejzino mnogu se tepa i na kraj koga mi dojde preku glava i i se razvikav pred site, treba da ceka da odnesam dete na hitno vo bolnica pa da reagira.

clock-img

11.05.2011, 15:44

clock-img

ferdunde

pencil-img

49

Pravilo nema...sekoe dete e prikazna samo za sebe i sekoj slucaj e slucaj sam za sebe...koga moeto dete trgna vo gradinka prvo se zalese sekoj den deka nekoe detence go tepa...jas na toa mu vikav da mu objasni so ubavo deka se drugarcinja i treba da si igraat a ne tepaat...megutoa situacijata ne se popravase stalno moeto dete bese tepanoto...iako ne sum za nasilstvo pocnav da go ucam da se brani...t.e da im vraka na tie sto go tepaat....e sega vo golem grupa situacijata se smeni toj e glavniot zakaco i si vikam da ne pogresiv sto mu velev da vraka ? Ne sum i samata pametna sega go karam i mu vikam duri i drugo dete prvo da pocne nesmee da vraka tuku da se trgne i da kaze na ucitelkata...i toa odi taka vo prvite 3 dena posle toa stara pesna pak so tepanje.....samo se plasam da ne prodolzi taka koga ke trgne sega vo prvo odd. zosto tamu e se drugacie...nema postojan nadzor od vospitacki i moze nesakajki pogolem problem da napravat

clock-img

11.05.2011, 15:51

clock-img

mama26

pencil-img

3977

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Не викам дека треба да дремат некој да ги тепа, ама кога можат апсолутно да избегнуваат насилство.Не е добро, а и некој може да биде вистински повреден!

tocno taka,zatoa sto ako uste sega vrakaat odma mozat pogolemi i da nastradaat


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

clock-img

27.11.2012, 16:04

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Koga se sluci da ja ispogrizat na 4 mesta,i toa rani ostaeno,prvo sto napraviv otidov kaj upravitelkata da vidam zosto e dozvoleno da se sluci toa...deteto kako dete ni najmalku ne go krivam,bidejki se deca od 2 god i kolku edno dete moze da razbere ako mu zboruvas da ne go pravi toa...
Posle taa rabota,se smiri situacija vo gradinkata,bidejki i direktorkata bila informirana...Na M sekogas i zboram da ne se zakaca,da se guska so decinjata,da si igra i vo princip i ne e nekoe nemirno dete se do pred edna nedela koga pocna nas po doma da ne tepa,a i vcera udrilo nekoe devojce i stanala tepacka...
Pa pak zborenje mnogu,kazuvanje deka ne se ubavi tie raboti pa ke vidime...Vo sekoj slucaj ne bi ja sovetuvala da si kjuti i da trpi dodeka nekoj ja zakaca i ja tepa,pre bi kazuvala da se odbrani..

Последни статии

article-img