за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Блиските, роднините, пријателите, почитувачите на неговото дело денес ја одбележуваат петгодишнината од смртта на Благоја Ристески - Платнар. А тоа што велат дека умрел, тоа не е ! Тоа само неговата птица склопила крилја.За Платнар знам, неговиот орел ги рашири крилјата за последен лет, да го однесе Платнар Горна Земја.
20.10.2009, 08:01
mami
8680
Палешке драга
немој денес да се нервираш, тој е со тебе во срцето..го знаеш тоа
20.10.2009, 08:09
Палешка РР
7505
Летни Силјане
Пердувот од песја пена во сонот ти сека крилото разглобено душата во горчлив залет а трудна лапавица во домот Ти го гледам лицето белутрак во умот блеснат од старците премрежено се присенува Летни Силјане летни не чипчи се намќор по меѓите гумното пуза прекриено на трпезата сенка ѕвездена Летни Силјане летни ти знаеш се за облаците за модрата крв врз снегот Во воздухот очите ти два писоци од птиците Коњарски две морни премисли а само една смрт - летањето Летни Силјане летни ...
Благоја Ристески - Платнар
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
20.10.2009, 08:35
Весна
771
„...Кога ќе умреш - ако умреш - два анѓели засмолени со мирис смоквин низ стапиците од душата препречени ќе те вознесат горе кај небото е нацртано со рака и ќе бидат без здив пред издивот твој последен а ти не ќе знаеш - ако не знаеш - да заиграш со нивните одблесоци во твоето око што не се умртвува веќе...“
(а тој знае!!! )
Благоја Ристески - Платнар
Вечна му слава!
20.10.2009, 11:52
Еца
6692
На македонската јавност ќе и остане познат како поет, писател, драматург, колумнист. На Прилепчани како боем и човек кој не ги признава законите на животот туку оние на духот.
Сите сили на овој негов дух без граници ќе ја внесе и во контраверзната драма „Спиро Црне“, „Летни Силјане“, „Ибро Јаране“, „Лепа Ангелина“, „Венко“, преведувани на неколку јазици.
Во нив, а и во колумните објавени во весникот Дневник вика богатсвото на македонскиот архаичен јазик му е јазик кој произлегува од длабочините на самиот македонски бит. Книгата за Серафимите и Херувимите која ќе ги смести овие колумни и романот „Долна земја“ се сведоци за неговата љубов кон богатсвото на македонскиот јазик како и наградите добиени на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
20.10.2009, 11:53
mother 29
4405
R.I.P.
20.10.2009, 12:07
vezilka RR
4931
Македонија ќе го памети како драматург, писател, поет, колумнист..и ќе му биде вечно благодарна за неговите дела. Мене лично, секогаш ќе ми остане во сеќавања по неговите колумни кои толку прекрасно ги пишуваше, на толку прекрасен јазик..и ќе му бидам вечно благодарна оти токму преку неговите колумни се потсетив колку е прекрасен нашиот македонски јазик..
Вечна му слава....
05.03.2010, 09:02
Палешка РР
7505
Ете и тоа ми се здаде: Видов анѓел! Не еден, туку два анѓела, два серафима свидни, две суштества од сверите горни, етерични, две повесма твар нам непозната, опису недостапна, малуможна.Но сепак: Беа како што ништо дотогаш не било, окото не го населило,наполно провидни, ама јасно видни, во обличје човечко, а човеку неподобни. Кога се укажаа беше како отсекогаш тука да биле, кога исчезнаа со себе ја однесоа и претставата за нив...
(исечок од колумната "Љубовниците")
< Поракaта ја уредил Палешка -- 5.3.2010 9:03:42 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.