за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Од каде купувате облека за Вашите најмили? КАде има попусти,?Ајде да си размениме мислења искуства и информации па да не лутаме низ целиот град
17.03.2009, 18:30
Еца
6692
Јас најчесто за Мартина купувам од Бисер или од детските продавници кои се кај нас во Ново Лисиче, кои навистина имаат доста убава облека и не многу скапа.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
18.03.2009, 09:18
vesna_kr
217
Јас во последно време почнав да купувам од еден бутик во Беверли многу многу убава роба има и не е премногу скапа.
21.03.2009, 14:18
mis.
3845
Elena sumsetala niz lisice navistina ima ubava garderoba vo buticite pod zgradite no cenite se poskapi za razlika od mazari i cento.Tuka mozes da ja najdes istata garderoba po poeftina cena. Vesna_kr koj e toj butik vo beverli? Vo femily sshop do zeleniot pazar ima dva standa so odlicna garderoba i cenite se ok.Na edniot stand koga ke vlezes se pravo ima roba od grcija na jambo i po realni ceni imaai butik na zeleniot pazar karsi tezgite so garderoba kaj se prodava i hrana,ribi ima nadvor.Ima ubavi stosni kebenca postelnini i kvalitetna grcka garderoba.
23.04.2009, 19:23
mis.
3845
На 17 мај планираме крштевка за Стефан па ако може да ми кажете каде можам да најдам добра гардероба каде би можела да ги облечам моите две ангелчиња.Сакам Стефан да биде најубаво облечено бебе па се прашувам каде би можела да одам за да најдам се што ми треба.
24.04.2009, 00:32
Octavia
617
Samo vnimavajte, mnogu butici prodavaat kineska obleka kako grcka, bidejki ja kupuvaat uvezena preku Grcija! Kineskata obleka cesto e zastitena so formaldehid koj e kancerogen! Nikako ne e za decinja! Duri zabelezuvam kineski detski farmerki na koi pisuva ne zemja na proizvodstvo, tuku uvezeno od se prodavaat nad 1000 denari, kako demek grcki, i ligjeto veruvaat deka se grcki zaradi cenata. Vnimavajte na toa. Oblekata moze da bide mnogu stetna za decinjata ako ima razni hemikalii na nea.
06.05.2009, 11:02
Јасминка
36
Јас би ја препорачала продавницата „Анжи“ (позади пазарчето Буњаковец) каде на едно место може да се најде голем избор на убава и квалитетна облека.
19.08.2009, 07:34
profesorica
5709
i jas kupuvam od anzi i zadovolna sum, a isto nekogash mi se slucuva da mu kupam nekoe parce od Okaidi i od Wenice.Vo koja boja najcesto gi oblakate vasite deca i koj stil najcesto go izbirate?
последниве неколку пати му купувам од Анжи, ок се, еве тренерчињата ги утепа од носење...И во Бисер му купувам, од една продавничка на аголот внатре, имаат екстра пижами и боди...
15.12.2009, 22:14
April
1257
Анжи порано повеќе ми се допаѓаше, сега некако нивната роба ја има насекаде, а и цените им се повисоки, порано беа попристапни...супер бутик за детска облека е Вигор - Порта Влае и Т.Ц. Алуминка - Карпош
15.12.2009, 23:08
STRUMFETA
566
Na Filip, mu kupuvam obleka od sekade.Bidejki dosta se setame navamu-natamu,znaci se sto ke mi se dopadne. Najcesto obleka ponova obleka na Uniqe kids, sto e navistina kvalitet.Od Okaidi imam zemuvano bluzicki, pantaloni i palto i ne sum kojznae kolku zadovolna,samo imeto go plakas, a koga ke procitas na surovinskoto pisuva deka se sieni vo Kina.I dosta cesto tatko mi mu kupuva od Grcija.A za po doma, da gi isflekame vednas, ne mi e tolku bitno,prednost davam na nasi proizvodi.
15.12.2009, 23:28
Cacko
1127
Kupuvame najcesto vo Anzi i vo struzanka(se iznenadiv kolku ubavi raboti ima u struzanka i poeftini),a znaeme da kupime nesto i od buticite u leptokarija(ima mnoooogu butici za deca)
10.01.2010, 19:01
dragana_vane
263
Utre ke odan za SK da mu kupan na Vidan obleka za prviot rodenden. Moze da mi kazete kade mozam da go najdam toj butik Anzi? Nesto sto navistina sakam da najdam se nekoi interesni tregeri! Kade mozam da gi najdam?
Inaku, toj Family shop se naoga kaj zelenoto pazarce na partizanska? Da mi kazete nekoi dukan za taka interesna detska garderoba... da ne lutam....
10.01.2010, 19:04
April
1257
Анжи се наоѓа на пазарчето Буњаковец, на почетокот кога одиш од црквата...прво имаш Тинекс и веднаш од десна страна, долу по скалите е Анжи...таму би требало да најдеш трегери... Фемили Шоп не е на Партизанска, спроти Градска болница е, пред влезот на Зелено пазарче
10.01.2010, 19:35
Anushka
1392
Драганаване, Фемили Шоп е на Теодосиј ГОЛОГАНОВ, да, спроти Градска болница. Сепак, јас би ти предложила да појдеш и во Рамстор и во Магнолија (во новиот Тинекс - Зебра, во Капиштец). Сега таму има гоооолеми попусти и навстина можеш да најдеш квалитетна и убава стока за малку пари. Често ми се случувало да купам од тезга, од Фемили или од пазар, а слично, поубаво да го најдам во некоја луксузна продавница, на попуст, со иста или пониска цена.
10.01.2010, 19:46
lilit
294
дали има некој искуство со Graco количките сакаме да му купиме на другото бебе видов една денес со релаксатор наместен во неа и ептен ми се допадна и ако некој знае каде ги има?Леле пак ке имам бебе после 6 години интересно ми е!
10.01.2010, 20:01
Anushka
1392
ах, Лилит... а мене колку ми е интересно после 15 год.? Вака, јас имав Чико и ја користев за двата сина (пред тие 15 год.) и едвај чекав да ја фрлам. Во тоа време немаше некој избор, па спортска (чадорче) си купив Грако. Беше скапа, ама секој денар се исплатеше. Дури, во неа го возев мрзливиот поголем син и кога имаше 4 години!
10.01.2010, 20:09
lilit
294
Баш и си помислив на тебе кога го пишував она 6 години значи ок се фала за одговорот.
10.01.2010, 20:14
Палешка РР
7505
А право да си кажам и јас поим немам од бутици за бебешка облека Сум купувала ехееееј, пред 14 години и тоа за машко. Утре морам да се расшетам по чаршија, ако дозволи принцезна Миа
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
10.01.2010, 20:19
caci20
1049
Vo Sofiland ima po pust i ima dobri raboti a ne mnogu skapi
10.01.2010, 21:24
nana
72
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilit
дали има некој искуство со Graco количките
Презадоволна сум од граковата количка ја имаме со релаксатор и сите останати додатоци закон е, по какви не услови е дрнкана и гајле нема сеуште е многу сочувана за толку безмилосно користена
_____________________________
God helps those who help themselves
12.01.2010, 14:07
dragana_vane
263
Vcera bev vo sk, ima ekstra popust vo Name It!!! Soravia. Totalna likvidacija. Mu kupiv pantaloni na Vidan, Kosulka, i 2 mailci.. Mnogu dobar kvaliti, niski ceni. Pobrzajte... Dali nekoj e kupuvaj od ovaa prodavnica, da mi kaze iskustvo negovo... mi se pristori vcera deka ke ja zatvaraat prodavnicata.....
25.01.2010, 07:24
Adriana
1
Neznam dali go znaete butikot MO kids. Izgleda deka e brzao otvoren, vo TC BISER. Imaat ekstra roba, mnogu raznovidni i unikatni parcinja. Mi kazaa deka celata roba im e od Avstralija.
Jas zemav farmerki i kosula za bebence od 6 meseci. Bas me raduva sto i posle perenjeto se pokazaa ekstra. Prezadovolna sum.
Dokolku i nekoj drug ja znae prodavnicava me interesira kakvo e vaseto mislenje.
27.01.2010, 13:07
pacuvce
1289
Драги мои,само што се вратив од град и еве една препорака за бутик каде има тотална ликвидација и многу убава роба по добри цени...Имено се работи за продавница која се наоѓа во Палата Македонија (наспроти Пеко на ул.Македонија) и се вика Емпорио Јуниор...Јас сега на син ми му купив два пара фармерки по 490 ден.и една блуза за 390 ден.Има многу убави работи и за помали дечиња...Секако посетете го...