Мислам дека млечните производи кај нас се преценети, искрено, посебно млекото само по себе. Не само што повеќето луѓе се нетолерантни на лактоза бидејќи после 3 година се губи ензимот лактаза и повеќето не го знаат тоа, туку и навистина нема толкава потреба од нив, посебно па како што се јадат кај нас - уз секое јадење. Дури мислам дека подобро човек да јаде месо (ако е здраво и органско) отколку млечни...
Еве да зборам за себе - како вегетаријанец од мала, јас бев зависна од млечни, ама скроз, и се што ми се случуваше со телото го сфаќав како нормално и неповрзано со тоа. Но, тек откако ги откачив по совет на доктор и нутриционист, ја увидов разликата, и не можам да ви опишам како се препородив. Се ми се среди - крвната слика ми се оправи, и менструалните болки се намалија, гастритот и хеликобактерот исчезнаа, и енергијата ми се зголеми, башка што ослабев - ехеее. Станав спортски активна, додека претходно бев мрзелива и безволна. Не дека сум алергична или имам којзнае какви проблеми од млечни, ама за мојот организам е најсоодветна веганска храна. Откако видов што ми се случи, почнав да читам и да се интересирам, и дознав дека всушност повеќето луѓе и не треба да јадат млечни производи заради опасностите од казеинот (протеин во млекото) и неможноста да се свари лактозата, и дека тоа се рефлектира на микро ниво кое не ни можеме да го приметиме. Затоа, јас советувам секој да проба - еден месец да исфрли се што е млечно, па да види дали има разлика или не. Притоа, има истражувања дека токму народите кои јадат многу млечни и имаат остеопороза - балканските и јужноевропските. За разлика од тоа, азијатите воопшто не се замараат со тоа и имаат најмалку случаи на остеопороза. Тоа дека треба заради калциум е мит, и всушност остеопороза се создава од вишок калциум.
Е сега, млечните производи не се скроз наскроз забранети, и откако комплетно се средив здравствено, не сум веган туку вегетаријанец заради тоа што сакам јајца , и дозволено ми е да си каснам и млечни, но повремено и со усул. Секако, млеко не пијам, не ни можам да поднесам, но урда во омлет или кашкавал - да, секако имаат помалку лактоза и се полесни за варење. И секако, не ги јадам секој ден, туку повремено, еднаш до двапати неделно, во мали количини, и со многу свежа салата за да се сварат полесно. Сигурна сум дека не се неопходни за здрава бременост, како што ни месо не е неопходно, но ете, барем со усул.
Уште една потврда добив од кардиологот кај кој бев пред некој ден, кој е невиден стручњак, и кој ми рече ич не се замарај со вегетаријанство, слободно биди си веган, најздраво е тоа, а секој што ти вели обратно - нема поима од медицина и здравје.
Така што, rajna.vojvoda, ако си решена, пробај да исфрлиш или барем да намалиш, а за во тек на бременост не се секирај, не е тоа дека мора да се товиме и да јадеме се што ќе ни се понуди. Има тон вегански и вегетаријански мајки кои се и поздрави од другите, и се е до квалитетот на храната. Секако е подобро да јадеш леќа и салата отколку пржено свинско со хопли и кашкавали Како и да е, не ме сфаќајте погрешно - не наметнувам вегетаријанство, немам намера да терам никого да не јаде месо и не осудувам никого, затоа што ислам дека секој може да си процени за себе што и како треба да јаде. Ова е тоа што функционира за мене, и само споделувам мои мислења и искуства
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015