за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Во истражувањето се вели дека, контракциите лесно ги поднесувале поради создадената еластичност на карлицата. Потврдено е дека постои и помал ризик од компликации за време на породувањето, во смисла детето да се заглави и остане без кислород. Уште една добра вест е тоа што многу полесно мајките се враќаат во форма, после бременоста. Дали секоја трудница смее да вежба? Пред се треба да се консултирате со вашиот гинеколог, со цел да потврди дека физичката активност не е штетна за вас и вашето бебе. Вежбањето најчесто се препорачува после првите 3 месеци. Претходно жената е осетлива, се соочува со големи промени и не би можела да поднесе голем физички напор. Од друга страна, вежбањето може да биде опасно и да предизвика спонтан абортус. Кои вежби се добри за трудниците? За почеток е добро да се подготват мускулите на карлицата бидејќи тие учествуваат во чинот на породувањето. Станува збор за мускулите кои ја држат матката, дебелото црево и мочниот меур. За време на бременоста, овие мускули трпат големи промени под влијание на хормоните, и стануваат млитави. Доколку ги зацврстите многу полесно ќе се породите. Многу добро ќе ви дојдат и вежбите за истегнување. Ќе се ослободите од болките во грбот и мускулите на нозете. Ќе се намали и чувството на тензија во вратот. Комбинирани со техники за дишење и релаксација, ќе ви помогнат да се соочите со промените. За време на второто тримесечје, вашето тело почнува да се менува и визуелно. Стомакот веќе се забележува. Вежбите за истегнување и релаксација го намалуваат негативното влијание на хормоните врз мускулите и зглобовите. Во овој период можете да се соочите со болки во грбот и правилното држење. За да го одржите правилното држење на телото и да воспоставите добра рамнотежа која е суштинска за вас правете вежби за зајакнување на 'рбетот, грбните и стомачните мускули. Третото тромесечје е најкомплицирано. Доаѓа до отекување на рацете и стапалата. За ова ви се потребни вежби кои ќе ги изведувате исклучиво со тие делови, за да не дозволите задржување на водата. Вежбите ќе ви се најдат и во проблемот со отежнатото дишење. Тие го шират градниот кош и воздухот полесно циркулира. Освен тоа вашата психичка состојба ќе биде на незавидно ниво, бидејќи за време на активирањето на мускулите се лачи хормонот на среќата- ендорфин. Најважно правило: Морате да внимавате на исхраната. Секако дека вежбите влијаат на тежината, но тоа не значи дека навистина треба да седнете и да јадете за двајца. Дозволен лимит е, покачена телесна тежина за само 10 килограми.
27.07.2009, 17:53
ripce
2148
да и јас имам читано дека дозволено е зголемување на телесната тежина 10-12кг... но јас качив 20кг, всушност 10кг имав повеќе од пред бременоста, во првите 3 месеци ослабев 10кг, многу повраќав...ги вратив тие 10 и +10
27.07.2009, 23:19
niki
4299
Dokolku se raboti za zdrava bremenost, jas smetam deka treba da se vezba toa ke go olesni poroduvanjeto, ili ako ne vezbanje bar setanje. Inaku bidejki najcesto trudnicite se soocuvaat so bolki vo grbot, jas licno bi preporacala joga, navistina pomaga i gi namaluva bolkite.
28.07.2009, 08:29
mami
8680
мене ми рекоа дека брзото породување ми се должи на тоа што не седев мирна дека цело време бев во движење, секаде каде можев одев пешки, дома имаме скали па се качував по нив по 10000000 пати во денот и сето тоа придонесе за брз пород. Занчи трудници наши- вежбајте ке си олесните и себе и на бебушот
28.07.2009, 08:35
niki
4299
Pa i mene isto, samo vo prvite meseci lezev poradi mnogu povrakanje no koga toa me pomina se odnesuvav najnormalno, sekade peski, odev i na pazar i pazarev, rabotev po doma, so ogromen stomak jas segde se pikav, se navednuvav, site mi vikaa da usporam malku a jas im vikav pa trudna sum ne sum bolna i imav tolku mnogu energija, nesto nevideno. A kegelovi vezbi pravev postojano i koga odev i koga sedev, ama postojano, od sabajle do vecer. I mi ostana vo navika, nesvesno go pravam i sega i se fakam sebe si kako gi pravam a sega nema ni b od bremenost.
< Поракaта ја уредил niki -- 28.7.2009 8:37:27 >
28.07.2009, 20:42
Палешка РР
7505
Лелеееееееееее, јас со страв се наведнувам па не да правам вежби. Ајде можеби понатаму ќе се опуштам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
29.07.2009, 09:20
mami
8680
ајде палешке, па зошто така..не мора да трчаш на лента, некои лесни вежби, јога, пилатес за бремени, се се тоа здрави вежби кои ке придонесат за полесно породување
15.11.2009, 10:34
mami
8680
Трудници- вежбате ли?ајде не бидете мрзи, размрдајте се малку
20.11.2009, 09:58
m@gic
49
Драги мамички, јас еве сум 16-та недела од бременоста но уште не сум почнала со вежби. Мојот доктор вели дека не требам
< Поракaта ја уредил Палешка -- 20.11.2009 10:40:30 >
20.11.2009, 10:10
biljana16
340
Jas krajot na cetvrtiot mesec ne mozev ni od krevet da stanam a kamo li da vezbam. Togas lekarot mi rece deka ne smeam ni edna skala da kacam za da ne go izgubam bebeto. Sega pak mi e zabraneto da vezbam ama mi rece deka treba mnogu da pesacam.Inaku sega kacuvam mnogu skali sekoj den a za poragajot neznam kako ke bide. Pozdrav.
20.11.2009, 10:14
mami
8680
За секоја трудница е различно...кај некои е дозволено вежбање, кај некои како кај Билјана16 е строго забрането, затоа пред да почнете да вежбате консултирајте се со вашиот гинеколог за тоа што би можеле да вежбате, и по колку време
20.11.2009, 22:03
karla
224
Sekoja bremenost e razlicna i zatoa dokolku trudnicata se cuvstvuva dobro za vreme na bremenosta i dokolku toa ne i e zabraneto od ginekologot preporaclivo e da vezba. Jas bi Vi preporacala Joga za trudnici vreuvajte mi ke Ve preporodi a vo isto vreme i mnooogu ke Vi go olesni poroduvanjeto. Jas uste vo vtoriot mesec pocnav da vezbami se do krajot, dva pati nedelno. Se porodiv spontano so kreka od 58cm i 4 500g a slobodno mozam da kazam deka poroduvanjeto mi tecese lesno. Zatoa idni mamicki, ako se e vo red so vas i Vasiot plod ne se dvoumete da pocnete so vezbanje.
16.03.2010, 08:19
vektor
14
најважно од се е да се следи редовно бременоста...доколку се е во ред со плодот, матката, плацентата, доколкукрвниот притисок е во нормални граници, и повеќе од потребно е да се вежба во текот на бременоста... Активна бременост е нешто што е неопходно во современиот начин на живот, кога се што сакаме за јадење ни е достапно, а потребата од физичко напрегање е минимална (кола, лифт, се на дофат... Затоа не треба да се плашите од вежбите...со правилна контрола тие ќе допринесат да имате здрава бременост и полесно породување...
16.03.2010, 08:26
vektor
14
Кога е жената бремена, таа е особено емотивна, има тешкотии, тегоби кои секојдневно ја мачат... Еден од начините да се отстранат овие тегоби е вежбањето... При тоа телото се опушта, добива тонус кој го помага правилното држење, но и умот психички се растеретува од сите мисли и тегоби...едноставно после вежбањето трудницата се чувствува подобро... А тоа на сите многу ни значи и ни е потребно...
16.03.2010, 08:32
dostickage
2181
Apsolutno tocno.Jas ne vezbam megjutoa nema dena a da ne sum pominala 6 kilomoetri peski.Od dma na rabota i od rabota doma,vkupno 6.I odlicno se cuvstvuvam.Ednas da odam so kola ili so avtobus a rabota vednas mi e tesko.Definitivno vezbanjeto pravi podobro da se cuvstvuvam.A tezinata - popravena sum 0 gramovi a vekje sum sesti mesec nikomui ne mu e jasno kako :) Jas toplo preporacuvam vezbanje ili pesacenje zavisno od moznostite i sekako dokolku bremenosta e normalna.
16.06.2010, 10:06
arh_diz
7198
Jas ne vezbam . Nekako ne mi se odi na vezbi . Zatoa se trudam poveke da pesacam
_____________________________
Биди тоа што си
18.06.2010, 13:36
Анче
25
Вежбањето во текот на бременоста е најубавото нешто што можете да си го дозволите, не само себеси туку и на вашето бебе. На бремените во текот на часот им укажувам да освестат дека не се сами во тоа што го прават туку партнер во вежбањето им е бебето, како всушност и во секоја друга активност, само што тогаш имаме отсутност на свесност. Свесноста што се вежба на часот по јога се пренесува и после тоа. Таа е важна за се што правиме, а во бременоста и помага на жената да развие поблизок контак, ментална и емоционална поврзаност со бебето уште пред тоа да се роди. На тој начин се поставуваат основите на една здрава и урамнотежена личност што верувам дека секоја мајка го посакува тоа за своето бебе и за себеси.
_____________________________
сакам да го променам светот, затоа почнав да се менувам себеси
28.07.2010, 11:30
none
491
kako da vezbam koga doktorot mi vika samo da lezam so mojte 39 godini i samata nemozam nisto da pravam odma se zamoruvam na prav pat malce peski da odma i tolku mi e he he a vezbanje zdravje posle poroduvanje
25.01.2011, 00:33
Боцко
806
zm sekojdnevno vezbase yoga skoro do posleden den pred poroduvanje i mnogu, mnooogu pesacese. ne samo sto ne besestetno, tuku mnogumpozitivno po nea.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
04.05.2011, 19:44
belluci
4
I JAS MISLAM DEKA NEOPHODNO E DA SE VEZBA ZARADI SEBE NO I ZARADI BEBTO SE PODOBRUVA SOSTOJBATA NA SRCETO KAKO I SE NAMALUVA RIZIKOT ZA PNATAMOSNI SRCEVI OSTETUVANJE POSLE POROGAJOT.NO NORMALNO AKO SME VO SOSTOJBA AKO NEMAME KOMLICIRANA BREMENOST TOGAS TOA E PREPORACLIVO
04.05.2011, 19:48
belluci
4
ZNACI NORMALMO TREBA DA VEZBAME ZA DA SI POMOGNINE SEBE I DA SI GO OLESNIME POROGAJOT
04.05.2011, 20:48
mila mama
1616
Jas igrav tenis do 22-23 nedela i posle toa samo pesacev. Navistina sekoj den pesacev do posledniot den kolku i da se osekav umorna na krajot i, poragajot mi bese lesen. Dali od toa ili ne, samo eden Gospod znae
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
12.05.2011, 09:33
dragicka
1
Da vi kazam iskreno jas mnogu se namaciv so kilogramite posle bremenosta ........uf kolku samo mi se jadese ... Za vreme na bremosta praktikuvav dva meseci joga i se custvuvav super...bi im preporacala na site trudnici da posetuvaat kurs joga barem dva tri meseci od svojata bremenost. A za visok kilogramite posle bremenost pa i za vreme na bremenost bi vi go preporacala sledniot sajt, Pregnancy whiout pounds, http://20ab5axqqcm08k7atdsg2ct06w.hop.clickbank.net/?tid=JSGPPLBW. Mene navistina mi pomognaa sovetite od Michelle Moss!!! So sreka na site
13.05.2011, 13:23
mila28
1052
А каде одеше на часови по јога??? Часови исклучиво за трудници?
ИЗВОРНА ПОРАКА: dragicka
Da vi kazam iskreno jas mnogu se namaciv so kilogramite posle bremenosta ........uf kolku samo mi se jadese ... Za vreme na bremosta praktikuvav dva meseci joga i se custvuvav super...bi im preporacala na site trudnici da posetuvaat kurs joga barem dva tri meseci od svojata bremenost. A za visok kilogramite posle bremenost pa i za vreme na bremenost bi vi go preporacala sledniot sajt, Pregnancy whiout pounds, http://20ab5axqqcm08k7atdsg2ct06w.hop.clickbank.net/?tid=JSGPPLBW. Mene navistina mi pomognaa sovetite od Michelle Moss!!! So sreka na site
15.05.2011, 09:08
Snowhite RR
5042
И јас би препорачала јога за време на бременоста, јас одев 2 месеци од прилика, не можев повеќе затоа што имав проблеми со лошење и повраќање, ама кога можев дома вежбав после тоа. Инаку во нашиот град нема посебна програма, односно група за трудници, ама докторот знаеше дека сум бремена и ми кажуваше кои вежби да не ги правам и правев некои други додека другите правеа некоја која не смеам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away