cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Вежби според крвна група

clock-img

04.08.2009, 09:50

clock-img

mami

pencil-img

8680

Одамна е познато дека метаболизмот и губењето на вишокот килограми може да се постигне доколку се почитуваат одредени правила поврзани со типот на крвната група.
Како функционира оваа диета?

Метаболизмот всушност е хемиска реакција која се одвива помеѓу крвта и внесената храна. Оттука, доколку се совпаѓаат доаѓа до забрзување на метаболизмот, а со тоа и губење на вишокот килограми. Исто така се вели дека исхранаta според крвната група оневозможува појава на многу болести кај човекот. Ова се вели во студијата на нутриционистот, д-р D' Adamo. Што ќе јадете, кои вежби се соодветни за вас, зависи од вашата крвна група.

Нулта крвна група.
Kрвната група нулта е најстара крвна група. Од тие причини се вели дека луѓето со нулта крвна група имаат бавен метаболизам. Најголема полза ќе имате ако јадете жилаво месо, риба и пилешко. Се препорачува да избегнувате житни култури, зрнеста храна како ориз или грав и леб. Вашиот организам може да поднесе многу енергични вежби.

А крвна група.

Луѓето што имаат крвна група А треба да уживаат во зеленчукот и во овошјето. Месото и не им е толку потребно. Секакви вегетаријански специјалитети на база на соја се добредојдени. Вашиот организам има потреба и од житни култури, затоа за појадок јадете ги со јогурт. За вас се препорачуваат нежни вежби за истегнување, на пример пилатес.

Б крвна група.

Овде станува збор за мошне издржлив и брз метаболизам. Слободно можете да консумирате млеко, млечни производи и месо. Но, се препорачува да избегнувате житни растенија, леб, леќа. Секаков спорт е дозволен сé додека сте умерени со вежбите.

АБ крвна група.

Оваа крвна група се нарекува уште  и модерна бидејќи е најмлада од сите типови. Луѓето со крвна група АБ имаат сензитивен дигестивен систем. Затоа им се препорачува да избегнуваат тешко сварлива храна како пилешко, говедско, свинско. Може да уживаат во морска храна, млеко од соја и млечни производи. Најмногу им одговараат вежби за смирување и релаксација, како јога и медитација.

Сé уште не постои потврда за вистинитоста на ова тврдење. Не велиме дека нема некоја поврзаност меѓу крвта и храната, особено кога станува збор за тоа што повеќе ѝ е потребно на одредена група. Но, на крајот сепак се сведува дека и ова е само диета. Немаме доволно научни докази за некому да забраниме да не јаде лубеница лете.

< Поракaта ја уредил mami -- 4.8.2009 9:51:48 >

clock-img

07.08.2009, 01:48

clock-img

Лејди

pencil-img

187

АБ крвна група.
Оваа крвна група се нарекува уште и модерна бидејќи е најмлада од сите типови. Луѓето со крвна група АБ имаат сензитивен дигестивен систем. Затоа им се препорачува да избегнуваат тешко сварлива храна како пилешко, говедско, свинско. Може да уживаат во морска храна, млеко од соја и млечни производи. Најмногу им одговараат вежби за смирување и релаксација, како јога и медитација.



Или ептен ми е погоден карактерот и метаболизмот или е ова вистинаuser posted image
со исклучок на морската хранаuser posted image

clock-img

15.09.2009, 09:27

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Јас усм А позитив.Мене се ми е погодено освен за вегетаријанската исхрана.Јас сум месарка!

< Поракaта ја уредил profesorica -- 15.9.2009 9:28:16 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

15.09.2009, 09:29

clock-img

mami

pencil-img

8680

мене ми е точно погодено, комплетно..јас сум А позитив, месо мразам , освен пилешко. И да се канам да почнам со пилатесот ама некако тешко ми одиuser posted image user posted image user posted image

clock-img

15.11.2009, 13:15

clock-img

mami

pencil-img

8680

еве со Лука денес малку вежбавме, јас вежбам, тој се смее пред менеuser posted image user posted image

clock-img

17.01.2013, 16:00

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Нулта крвна група.
Kрвната група нулта е најстара крвна група. Од тие причини се вели дека луѓето со нулта крвна група имаат бавен метаболизам. Најголема полза ќе имате ако јадете жилаво месо, риба и пилешко. Се препорачува да избегнувате житни култури, зрнеста храна како ориз или грав и леб. Вашиот организам може да поднесе многу енергични вежби.




Leleeee a jas se sprotivno od ova....vo posledno vreme se cuvstvuvam kako balon,apetit neviden..od vcera pocnav da skokam na jazeuser posted image

Последни статии

article-img