cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Генетски Хуман Инженеринг - За или Против?

clock-img

08.01.2013, 21:37

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Со напредокот на науката и медицината, ни се создаваат многу нови можности во поглед на прокреацијата и квалитетот на живот. Но што кога науката ќе ни понуди можност, не само да влијаеме на квалитетот на животот, туку и да го создаваме животот како квалитет?

Генетскиот хуман инженеринг има два облика: соматска генетска терапија без ефект на херидитарност и генетска терапија во наследени ќелии кои предизвикуваат промена во наследните гени на генерациите.

Со други зборови, може да се оди до таа екстрема и да се одбира каква боја на очи ќе има детето, кои физички и ментални способности ќе му бидат најизразени, кои болести ќе се искоренат и ред други работи поврзани со генетиката на тој организам.
Сметате ли дека ова е правилно од морален и етички аспект, и дали навистина е позитивна работа на која треба да и се радуваме?
Дали вие, ако ви се даде можност би го модификувале генетски ембрионот или фетусот кој расте во вас?

clock-img

08.01.2013, 21:57

clock-img

niki

pencil-img

4299

najkratko kazano, samo prirodata sozdava sovrseno idealni organizmi, covekot dosega se ima pokazano kako nekoj koj zaradi svoite porivi redovno gi rasipuva i najubavite svoi dela
mislam deka nikogas ne bi naracala bebe po merka, vo ulogata na majka bi se cuvstvuvala dosadno ako sekoja osobina na deteto mi e predvidena, ne bi imalo nikakvi iznenaduvanja, so toa i nikakov predizvik

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

08.01.2013, 21:57

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Не би.
На тој начин се создаваат бесчувствителни еднолични роботи, кои исто и еднобојно размислуваат. Светот нема да биде подобар ако луѓето бидат совршено убави и паметни, туку ако се добро воспитани и ако имаат душа. Светот е убав ваков шаренолик, само малку повеќе љубов да има....

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

08.01.2013, 22:30

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Mojot embrion ne bi go cepkala.
Protiv genetski inzenering sum , bez razlika sto na toj nacin ke se iskorenat mnogu bolesti na denesnicava. Zaradi napredokot na medicinata svetot broi 7 miljardi luge, prosecniot zivoten vek na lugeto e zgolemen, a toa samo navidum e dobro. Edna miljarda luge na planetava ziveat so pomalku od 1$ na den. Tolkava e siromastijata vo svetot, ako i so genetski ikzenering ziveeme podolgo, i stanuvame pobrojni...ke ja prenaselime planetava. Eden germanski matematicar (po profesija bil pop) vo 19 vek presmetal deka resursite na planetata rastat so aritmeticka progresija, a lugeto so geometriska. E pa koga togas ke ja prenaselime planetava i ke nema dovolno za.site. Prirodnata selekcija e najdobra, i sekogas nastojuva kon balans, kolku i da e surov diviot svet, ekvilibriumot se naoga vo racete na prirodata, a nie i prkosime.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

09.01.2013, 08:15

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Сметам дека е позитивна работа што медицината оди напред, ама донекаде и многу себична.Како што пишале погоре природата најдобро знае што прави, а така сите би биле совршени , најубави и слично.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

09.01.2013, 10:01

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Многу чувствителна тема и многу дискутабилно прашање...Се наобразував во област каде генетското инженерство е подгранка и кога би се докопала до работа соодветна на тоа образование би се дообразувала токму на таа тема, баш за и сама на себе да си го дооформам ставот за хуманиот ген.инженеринг. Кога би имале соодветна етика сите, и не би се поведувале од задни мисли и намери за задоволување на своите себични апетити и его, туку строго само за зачувување на живот, или корекција за да може некое мало, недолжно суштество да има достоен и пристоен живот - ДА, би поддржала, во никој друг случај.

clock-img

09.01.2013, 10:28

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

И јас се сложувам со Сандриана....Се додека постои можност да се помогне на мало невино суштество или да се искорени некоја болест, би била за генетски инженеринг, но доколку се е во ред, не би направила таков избор. Природата си е природа и колку и да се трудиме, против неа не можеме...
Знам дека и покрај благородните цели и генетскиот инженеринг би можел да се искористи на многу погрешен начин, па останува прашањето дали би можеле конечно со нешто да бидеме умерени и да не го злоупотребуваме овој метод, кој би можел на многу да им помогне и да го напредне човештвото, наместо да го уназади.

clock-img

09.01.2013, 11:01

clock-img

Ring

pencil-img

602

Има многу за размислување user posted image
Сум против тоа да се користи за да некој си лечи комплекси од типот, сакам дете со сини очи и плава коса, со манекенско тело и слични глупости...мислам дека со тоа наредните генарции многу би наликувале еден на друг, зашто сите би биле по некој терк...а и е против законите на природата
Кога се работи за искоренување на тешки болести, синдроми, наследни болести и други медицински проблеми... апсолутно да
На пример ,ако може да се спречи хемофилијата која се знае дека се пренесува од мајка на син , т.е ако мајката знае дека е носител на тој ген за хемофилија и ако сака да си го заштити детето од болеста не гледам причина зошто да не се примени генетски инжинеринг.
Но пред сето тоа, треба да се рагледаат и многу етички прашања кои треба да се на прво место пред воопшто и да се размислува за генетски инжинеринг

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

clock-img

09.01.2013, 11:21

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Па токму тоа и се прави сега, се разгледуваат етичките моменти инаку да не беше тоа досега мислам дека веќе побајаги ќе се употребуваше. Јас сум дефинитувно за, дури и за физички и ментални предиспозиции. Ние секако и сега се трудиме да личиме сите на еден те ист модел кој ни е понуден преку мас-медиумите. За болестите и физичките недостатоци, не го ни ставам на вагата, за тоа секако сум за. Јас вака размислувам, ние назад кон природата нема да одиме, барем не додека не ни се деси некоја гооолема, ама навистина голема катастрофа. А со науката постојано одиме напред. Е сега треба да видиме како тоа најдобро да го искористиме во позитивни придобивки, а негативните, кои се неминовни, да бидат што помали.

clock-img

09.01.2013, 12:39

clock-img

Calypso

pencil-img

1386

Ние луѓето не сме етички и морални суштества иако се водиме по некои правила и норми, било пишани, непишани. Сите гледаме од лична корист, па што ни е гајле за другите. Генетскиот инженеринг е моќно оружје ако е во погрешни раце. Верувам дека научниците и истражувачите тргнале од побуди, желби и амбиции да откријат начин за искоренување на генетските болести, ама од друга страна, кога ќе сфатат што се може да се направи со ова... user posted image едноставно, човекот нема граници.

Јас лично не би се мешала во работата на мајката природа, таа најдобро си знае. Барем сега засега, ставот ми е таков.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

Последни статии

article-img