Мислам дека не постои човек на кого не му се слушила барем една необјаснива случка.
Понекогаш мозокот си поигрува со нас, па веруваме дека нешто натприродно се случило, а некогаш нема навистина како да си ги објасниме тие случки.
Мене ми се имаат случено повеќе работи но секогаш сум наоѓала објаснување за нив.
Еднаш ми се случи да не можам да мрднам откако се разбудив, ја гледав собата како да сум будна, ги гледав моите дека гледаат телевизија, а јас лежев на троседот неподвижна и не можев да мрдам, пробав да ги викнам, не излегуваше глас од мојата уста, и на крај видов една сенка која се доближува се повеќе и повеќе до мене. Многу бев исплажена но на крај успеав да се разбудам и ги прашав дали слушнале како викам по нив, бидејќи навистина се дерев дури, а тие ме гледаа чудно, велат не. Чудно беше што кога се разбудив, беше истата програма на ТВ како во сонот, моите седнати на ист начин, се беше исто. И потоа мајка ми ми објасни дека сум доживеала парализа во сон, тоа е кога мозокот се буди пред телото и се чувствуваме заробени во телото, односно парализирани...гледаме што се случува но не можеме да се мрднеме, бидејќи телото уште спие.
Втора случка која никако не можам да си ја објаснам е кога почина дедо ми. Ние тогаш живеевме во странство и не присуствував на погребот. Но, кога се вративме, првата вечер, си седам јас со баба ми во дневна, и одеднаш касетофонот што стоеше до креветот на дедо ми нагло почна да свири...се уклучи радиото. По неколку секунди само се изгаси, а за некоја минута пак се пушти и така неколку пати. Истата вечер влегов да се бањам, и излегувам од бањата за да одам во мојата соба, кога на главата како да осетив рака. Се вртам нема никој. Продолжив да се движам кога пак некој како да ме фати за косата и како да ме погали по главата. Мислам дека крвта ми смрзна и трчанката кај баба ми да и кажам што се случило. Очигледно ми рече дека сум си замислила за последново, ама со радиото?? Тоа нема шанси да сум го замислила бидејќи и таа го слушна. Како и да е, и да било нешто, што е скоро невозможно, добро се уплашив таа вечер.