cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Дали вреди да се биде добар човек?

clock-img

08.06.2010, 20:23

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Додека сме деца сите работи во околината ни се розеви, како стануваме возрасни се соочуваме со многу проблеми и неправди во животот, кои често пати не доведуваат до погрешни чекори...

Во последно време се повеќе го поставувам ова прашање дали во сегашно време вреди да се биде добар човек, дали многу често добрината станува злоупотребена...?


_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

08.06.2010, 21:30

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Секогаш мислев дека вреди, всушност така ме учеше татко ми дека "Добрината со добрина се враќа". Сигурна сум дека беше во право, дека вредеше да се биде добар човек, но во негово време. Сега ако си добар, добронамерен и чесен ќе те згазат. Ќе те искористат и ќе те фрлат user posted image Затоа научив да бидам безрезервно добра со најблиските и со оние кои заслужуваат, во кои имам доверба. Со другите не сум лоша, но не дозволувам да допрат до мене, за да не можат да ме повредат.
На работа е друга приказна, таму мора да си сперлив, остроумен и постојано на штрек...инаку некој друг ќе ти го земе работното место.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

08.06.2010, 21:39

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

уффф...тешко прашање...мислам дека вреди...ако не за друго, за лична сатисфакцијаuser posted image
кога сум добра со другите, добро се чувствувам


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

08.06.2010, 22:11

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Се согласувам со Мајка на Мартин дека добрината се исплаќа само во поглед на лично задоволство. Другите не не' наградуваат за нашата добрина туку како што рече Палешка се обидуваат да не искористат, да не згазат и  фрлат кога веќе ќе немаат полза од нас. Има една огромна, горка вистина во реченица „Нема вечни пријатели, има вечни интереси“user posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

08.06.2010, 22:37

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Јас мислам дека вреди. Заради нашиот внатрешен мир и спокој. Јас гледам да сум во мир со сите, доклоку е до мене (така пишува и во библијата).
Инаку мирот не може никој да ми го одземе, само јас самата, ако дозволам да се исполнам со лутина, гнев и завист.
Тоа секогаш гледам да не се случи.
За луѓето откако се разведов, престанав да се замарам, па мислам дека малку потешко можат да допрат подлабоко и да ме пецнат. Така се покажало во пракса.
Инаку вреди дефинитивно, а волците околу нас ќе ги изеде нивната желба да ни напакостат.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

08.06.2010, 23:00

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Ne vredi, nesakam da obrazlozuvam, samo mozam da kazam NE VREDI. Kolku poveke si dobar tolku po na glava ti se kacuvat i te gazat, i ako gi ostavis ke te pregazat i vo zemja ke te zakopat. Bas za ova zboruvavme so mm pred eden cas.user posted image

clock-img

09.06.2010, 00:20

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Не вреди да си добар, но немој да бидеш и лош. Јас секогаш му велам на мм, прво да си погодиме ние дома, а после на другите, затоа што во денешно време никој не знае да цени. Ако му направиш нешто лошо ќе го памтат, а доброто го забораваат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

09.06.2010, 09:48

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Се согласувам со Мајка на Мартин дека добрината се исплаќа само во поглед на лично задоволство. Другите не не' наградуваат за нашата добрина туку како што рече Палешка се обидуваат да не искористат, да не згазат и  фрлат кога веќе ќе немаат полза од нас. Има една огромна, горка вистина во реченица „Нема вечни пријатели, има вечни интереси“user posted image
potpis

clock-img

09.06.2010, 10:00

clock-img

Saturn

pencil-img

208

Знам дека сум наивна, но категорична сум во тоа дека вреди да се биде добар човек. Не верувам во тоа дека само „лошите“ се успешни и среќни. И кога сум малку „лоша“ после тоа се чувствуам толку мизерно и ужасно, никогаш добро. Се оптеретувам со својата постапка или со тоа што сум го рекла, така што бидувањето лош повеќе ме измачува. Вреди да се биде добар, познавам добри, среќни, реализирани луѓе, финансиски добро средени и секогаш е уживање во нивно друштво. Истите имаат многу вистински пријатели.
Сепак не верувам дека тоа може да биде некаква одлука која ќе си ја донесеме: дали да бидеме добри или лоши. Како си скроен таков ќе бидеш. Пател или не, тоа ти е, таков си.

clock-img

09.06.2010, 14:12

clock-img

elle

pencil-img

613

волците околу нас ќе ги изеде нивната желба да ни напакостат.

user posted image
Без разлика дали ќе ни се врати доброто со добро,не треба да чекаме некој да ни врати за добрината што сме ја направиле,Господ гледа се и тој нека не благословува доволно е...''кога некој ќе те удри по едниот образ сврти го и другиот''-така рекол Исус,а јас сум христијанка и го почитувам тоа правило


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

clock-img

09.06.2010, 14:14

clock-img

niki

pencil-img

4299

Луѓето не ги делам на добри и лоши, секој има една добра и една лоша страна. Која од нив ја презентира во јавност зависи од домашно воспитување, стекнато животно искуство, моментална состојба психичка, здравствена, финансиска каква год, од неговата перцепција за тоа како луѓето го доживуваат и др.
Дали вреди да си добар, во која смисла? Сигурно само од добрина не можеш да станеш богат, ти требаат и други квалитети. Општо ако зборуваме, вреди да си добар, ама зависи со кого. Со детето сум најдобра, со мм и со членовите на семејството сум добра, до онаа граница додека добрината не се искористува. Со останатите, кога како, не им правам лошо, но не се тепам ни да им правам добро, си гледам за себе  и за моите пред се.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

09.06.2010, 14:38

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Вреди да се биде добар..за себе а не за другите, за кога ќе се свртиш назад да немаш за што да се каеш и совеста да ти биде чиста. Што се однесува до злоупотребата на добрината еве што мислам. Мислам дека добрината и наивноста се две различни работи..значи ако дојдеш до момент кога ќе си помислиш дека твојата добрина некој ќе сака да ја злоупотреби, и ако одбиеш да сториш добрина..тоа не значи дека си престанал да бидеш добар..Напротив само не сакаш да те манипулираат. А ако си почнал да броиш на колку си има напраил добрина а колку од нив не ти вратиле со добрина..е тогаш некаде по пат со добрината си се разминал.. Мене ме воспитувале дека вреди да се биде добар и чесен..и јас така ќе ги воспитувам своите деца..

clock-img

10.06.2010, 10:24

clock-img

Gari68

pencil-img

192

Дефинитивно вреди да бидеш добра личност.Кога сум добар со некој или правам добрина никогаш не очекувам да ми се врати со истото.Верував дека кога си добар дека ке ти се врати со добрина кога навистина ке ти биде потребно тоа,што на крај се уверив,кога ни требаше најмногу помош се најдоа добри луѓе кој прв пат ги сретнавме и ни помогнаа.Да се биде добар не значи да се биде и наивен па да се дозволи да те згази некој па да имаш главоболки од својата добрина.Малку сум повозрасен од повеќето рингерајки  кој детството и младоста ја поминав во едно друго општество каде најважно беше да се биде човек , а не да се трча по пари и при тоа да не е гледа кого ќе уништиш само да дојдеш до материјално богатство.
кога си добар и си правел добрина секогаш ќе има некој покрај тебе да ти помогне, а ако си бил зол и лош спрема луѓето кога ќе западнеш во невоља ниту еден нема да најдеш да ти помогне.
Затоа никогаш не ја ставајте на кантар добрината со материјаното богатство, и не правите лоши работи као би дошле до повеќе богатство

clock-img

10.06.2010, 10:28

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Vredi da se bide dobar covek . Zlobata go unistuva covekot

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

10.06.2010, 19:47

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Вреди да се биде добар..за себе а не за другите, за кога ќе се свртиш назад да немаш за што да се каеш и совеста да ти биде чиста. Што се однесува до злоупотребата на добрината еве што мислам. Мислам дека добрината и наивноста се две различни работи..значи ако дојдеш до момент кога ќе си помислиш дека твојата добрина некој ќе сака да ја злоупотреби, и ако одбиеш да сториш добрина..тоа не значи дека си престанал да бидеш добар..Напротив само не сакаш да те манипулираат. А ако си почнал да броиш на колку си има напраил добрина а колку од нив не ти вратиле со добрина..е тогаш некаде по пат со добрината си се разминал..



Потпис!

Добрината која ќе ја направите денес луѓето честопати ќе ја заборават утре...ПРАВЕТЕ ДОБРИНА како и да е. (Мајка Тереза)

Од искуство ми се случило кога сакам да бидам лоша кон некого (не во буквална и најгорна смисла, едноставно кога ќе излезе "лошата во мене-двојничката" user posted image user posted image user posted image ) неубаво се чувствувам, виновна, нечовек, сама себе се критикувам, "се јадам" едноставно. Сум била наивна (можеби и сеуште сум), но сепак помагам секому ако сум во можност. По извесно време (порано или подоцна) доаѓа и обратната ситуација - оние на кои им сум пружила помош - тука се за мене. Од некои дури бев и изненадена во позитивна смисла. Некогаш погрешно ги проценуваме луѓето. На било кој кога ќе му стапниш на ногата ќе биде лош. Кога и на лошото враќаш на фин начин (не мило за драго), на останатиот му правиш "услуга".

Во животот не го добиваме она што го сакаме и она што ни треба - го добиваме она што го заслужуваме. Порано или подоцна наградата нема да не одмине.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

10.06.2010, 23:11

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

jas mislam da vrediuser posted image

“Goodness is the only investment that never fails.”
Henry David Thoreau

clock-img

12.06.2010, 10:59

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

вреди да се биде добар човек
еве една поговорка
Ako ste dobar lugeto mozat da ve obvinuvaatza sebicnost… kako i da
e BIDETE DOBRI [Majka Tereza]


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

29.11.2014, 00:25

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

мислам дека не вреди на денешно време ако си добар само те искористуваат user posted image

clock-img

29.11.2014, 00:39

clock-img

elenaanamarija

pencil-img

120

nikako...
ama sepak bidete dobri barem zaradi sebe i zaradi onie koi gi sakate

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 29.11.2014 13:35:57 >

clock-img

29.11.2014, 01:16

clock-img

caciana

pencil-img

863

Za tie sto zasluzuvaat da..user posted image

clock-img

22.02.2016, 18:43

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Вчера додека се шетавме трбаше да ја спуштам количката преку неколку скалила и тргнав стандард нели,сама,зашто никој никогаш не помага.Е овој пат се изненадив,човекот што стоеше тука и чекаше некој,се понуди срамежливо да ми помогне и откако го направи тоа ,нормално му заблагодарив.На мојата благодарност ,тој не ме ни погледна туку само со наведната глава ми климна и јас си продолжив.Зашто? Затоа што тој беше сиромав,со износени и малце закинати алишта и се срамеше да ме погледне.Ми заплака душава,верувајте.Сакав да се вратам и да го изгушкам,посакав да му возвратам некако,ама не знаев како user posted image Се гледаше дека е чесен и добар,затоа војува низ животот за да преживее user posted image . Се гледаше дека работи мачно и заработува за парче леб,ама само затоа што не знае како да ги користи сите зла на денешницата ( измама,лага,нечесност...) тој животот го поминува во беда.Секако ќе рече некој,но со чиста душа и срце,а јас се прашувам -ВРЕДИ ЛИ ?!?
Животот е премногу краток,вреди ли да се биде добар кога доброто во луѓето го нема.Која корист ја има еве овој човек од својата добрина,кога најголемите криминалци живеат во луксуз,а тој најверојатно секој вечер седи буден мислејќи како да ги замени веќе дотраените патичиња на син му?!? Најмеката перница била чистата совест ?!? Е Бога ми НЕ Е !!! Сигурно помирно спие политичарот со милјарди евра на сметка,отколку сиромавиот и поштен чие дете носи пет броја поголема јакна,зашто нели,треба да трае со години истата ! Како дете на транзицијата,го искусив животот и вака и така.Можеби скептик,можеби песимист,како сакате наречете ме,но јас не верувам дека добрината се исплати.

clock-img

22.02.2016, 19:04

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

мaми се нaпишa, немaм штo дa дoдaдaм и јaс се пoвеќе мислaм декa вo денешнo време не вреди дa си дoбaр чoвек, бидејќи никaде немa дa стaсaш вo oвoј денешен живoт сo дoбринaтa.......

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

22.02.2016, 21:01

clock-img

kapina

pencil-img

4327

Da vredi ne za lugeto tuku zaradi gospod on ja gleda sekoja nasa dobrina

Последни статии

article-img